Ќе ти избледат. Немаш стрии воопшто на друго место? Јас немам на стомак ама на гзот и градите ми избледуваат со време. И размислувај што доби од тие стрии, имањето на бебе не се мери со ништо . Еве и ние со желба за таа работа еднаш месечно живи сме . Мислам ова е во нормални услови со пораснато дете, сега ова додека не пркне 2 години на гурање ќе бидам
Па таа е положбата за лазење, само да тргне нанапред.. Секое дете буквално своја приказна, еве неколку што пишавме врска немаат искуствата едно со друго. Јас до 2 години не сум знаела да станам од седење мама вика, ќе паднам и толку било, па еве ме добра сум за сега.
Ќерка ми прво седна, па после 2 месеци почна со некое лазење. Сестра ми седнала, проодела , па тек после тоа почнала да лази.
Епа и мене ми немаше мн логика без да знае да лази да седне, ама демек имало. Еве и на нет што читам така вика. И демек ако не од лазечка позиицја, барем еве вака да знае да седне https://www.instagram.com/reel/DDzcIQfJQ7p/?igsh=amZxejI1azA4Zm1i Иначе да, ортопед е Можеби и јас згрешив што откако почна стабилно да седи често ја седнував, ама во денот обавезно е и на меше, ама не покажува желба нит за да седне сама нит за да лази Исто ми е чудно што еве 2 недели и правам некакви вежби за седнување и лазење, ама нема многу прогрес, може и јас не сум доволно упорна или пак не ги правам како што треба. Докторката ме убедува дека јас многу сум и попуштала, затоа вака било
Мојава така не покажуваше желба да се сврти од меше на грб, си дремеше на меше и оп еден ден си почна да се врти и не запира сега меше грб меше грб и се лизга војнички. Јас исто пробував да и покажувам она се нервираше се лутеше. Не викам дека не треба да слушаш доктор ама сепак јас би одела на второ мислење баш ради моментот со насилноста. Порано ни посветувале ли мајките и бабите внимание, не “вежбале” ли толку за да пролазиме, седиме, одиме? Не, никој немал време да се замара толку па пак сите по х време сме застанале на нозе.
@MariaBouli Аман зборов “заостанува” . Веќе кога ти го стави тоа во глава докторката и гледам дека ти прави многу немир што е и нормално, јас би отишла на консултација и кај друг доктор. Ако треба физикална ок, се ќе се среди. Макар што мислам дека за брзо ќе седне и мојот така на страна седнуваше, како на една нога па се исправи наеднаш и седна. Мојот од 6 почна да се мести за лазење, па се влечкаше само наназад, на 7 тргна нанапред војнички и на 8 седна. Ништо не сум го вежбала, едноставно е процес ко и се. Толку си добра и се трудиш навистина не е фер да ти се наметнува дека не работиш доволно со детето кога и ние што децата ни седнале на 8 месеци ништо посебно не сме правеле.
Абе не се фаќајте сеа толку за тоа насилно, може и лошо се изразив Сакаше да каже демек треба да сум многу упорна, и да плаче и да се нервира бебка јас да ја вежбам за да научи. Она така правела на физикална, не и било битно дали бебето плачело. Е сега, мојава кога плаче и се нервира се ми е џабе зошто и не соработува. Така што не знам што да кажам... И да, знам дека не не вежбале и сите сме искочиле во тој поглед океј на крај, ама што да правам кога денешното општество има малце по други норми
@naturally ау, дефинитивно ме уништи со заостанува, сосема си во право. Работата е што ми наби голема грижа на совест зошто стварно пред скоро не правев некои вежби или сл. со неа, баш ја оставав сама да се научи. а само ги гледав, ги зачувував, ама си викав, нека е, ќе си научи во свое време. Дури и за седнувањето, тука знам имавме голема дискусија дали треба да се седнува дете што не знае само да седне, ама јас ја седнував зошто убаво си играше, плус Талески кога зборев со него (само по тел, а и на друга пријателка и кажал) ми рече седнувај ја не е проблем и тоа треба да вежба. И сега грижа на совест за се живо и диво имам....
И мене Каличанин ми рече да ја седнувам и пред сама да седне уште од 6м. Ја седнувам, не пречесто пошто повеќе сака на меше ама да, ја седнувам. Чим доктор рекол дека е ок зашто си набиваш грижа на совест? Зборот заостанува секако ќе ти донесе илјадници мисли и несигурности, мајка си, која мајка сака да мисли доктор дека и заостанува детето. Нормално дека никоја. Оди на второ мислење да не се сеќираш до толку, ама ќе видиш во нејзино време ќе си ги постигне сите мајлстонес, нешто порано нешто покасно, не се роботи живи суштества се
Оди кај Антоније ортоплус нека ја види. За мене он е врв ортопед, толку убаво објаснува за се што се прави, што не се прави и зошто не се прави. Јас сакам кога знам зошто нешто е или не е, ми треба објаснување за да разберам. Не седи така со таа мисла дека заостанува, едноставно верувам дека те јаде цело време, не ни е сеедно кога така ќе каже некој, па само се мислиме и немаме мир. Ете, за свој мир побарај и друго мислење, а не само да го набљудуваш бебето и да се прашуваш, мислиш...
Јас со ваков стрес бев оти беба ич не сакаше на стомак и не сакаше да си ја држи главата и да ја крева и ми беше страв да не не зајакне мускули. Сега кога ќе го легнам издржува дури 2 мин ама главата горе пред да почне да плаче и во раце кога е си ја држи убаво сам си ја врти си разгледува
Абе ние секој ден си имаме по два пати Ама није то то. Не се осеќам ко порано. Инаку не, не сум имала никогаш сега прв пат и затоа ми е шок. Нема врска тоа е , ама како било и како е сега има разлика.. Здравје ќе се среди.
Алал да ви е како стасувате пеперутче. Ние оддвај стасуваме 2 пати во месецот оти или мм е заспан уште пред синко или јас сум преуморна. Малку ти завидувам
Ако го разбудам у 3 саат сабајле ќе сака И преуморна сум и јас ама тоа ми е повеќе одмор од лежење Сабајле и навечер за здравје Не е секогаш успешно ама донт гив ап
@MariaBouli синко почна да седнува сам од лежечка положба на 8.5-9м, се местеше на страна на едната нога па седнуваше. А почна да лази покасно на 10м, прооде на 15м. Никакви вежби не правев со него, само го оставав на подлога, буквално на земја порасна тој. Не користев џампер ни дубак, ниту го седнував пред да почне сам да седнува. Така ми беше кажано од ортопед. Ама секое дете си е различно. Еве бебка сега е 6.5м, дури на 6м почна да се врти од грб на меше. Обратно од меше на грб уште не се врти. И тоа само на кревет се врти, долу на подлогата не, таму само лежи, а секој ден ја ставам ама плаче и не сака на тврдо. За секс сте спомнале, уште не сум имала после пораѓај, и не ми е ништо чудно. Со синко вака мртов коњ бев исто првата година особено. Тогаш ми требаа 7м за прв пат да имаме односи со мм. Сега не знам, верувам повеќе. Либидо немам, во минус е, плус сум преморена со две деца трчам, брзам по цел ден да стигнам со сите обврски по дома, да ги прошетам и надвор кога е убаво времето, ручек да зготвам, алишта и садови да средам. Бебка е ранобудна, станува уште во 6ч наутро, ноќе се буди 2-3 пати за доење секако, и тоа ме убива, недостатокот на сон. Преку ден спие само на мене, инаку е како зајак со дремки од 20мин. И немам ни време да мислам на секс, а камоли желба да имам.
Ме утешивте малце иако стварно не знам што ми е што не можам ни да се опуштам ни желба.Може и до телото е проблем незадоволство од сама себе што знам...ама буквално никаква желба бре.Градиве си ги осеќам ко чорапи ,у сред секс ја размислувам утре бебе што ќе јаде и камерата до нас да слушнеме да не стане.Ќе добијам желба и чим почнеме ќе помине.Кога доаѓа болје време?Си нарачав секси долна облека може ќе ми проработи либидото. Околу делот со седење.Бебе е 8ипол м.Дури пред некој ден сам седна И кога го седнував се клатеше не седеше стабилно. На 7м почна да лази и сеуште лази ,една недела се вртеше на страна и лежеше така и сега почнува се повеќе да седнува сам.Така да ја мислам се во свое време ама ако нешто те мачи @MariaBouli појди на второ мислење,бар нема уште толку главата да си ја тупиш со грижи кои секако постојат.
Ќе се среди телото, сепак сте мали сеуште и хормоните си го прават своето. Јас ужасно се осекав неколку месеци и се плашев дека никогаш нема да се осеќам убаво. Ама еве неколку месеци си доѓам на старата јас.
На темата немање желба за секс после пораѓај Кај мене беше обратно, дури и повеќе сакав од тоа пред да се породам Дали дека некако се осетив како да сум на второ место, и дека цела љубов мм што ја имаше кон мене, ја насичи кон ќерката. Како и да е, либидото до плафон 24/7 ми беше