Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    3.047
    Пол:
    Женски
    Јас ја седнувам во седечка позиција, не знае сама да си седне од лежење :)
     
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    15.191
    Пол:
    Женски
    Се исправа на сите четири на колена?
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.664
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и годините кога си родил зависи колку брзо ќе се врати либидото, јас на 20+ имав страшно либидо, како и сите млади вајда, како се ближеше 30та и без да родам ми се намали, а откако родив скоро да го немам, 2.5 г апсолутно никаква желба за секс ни сама ни со партнер, никако.
    Не е до изгледот зошто јас никогаш не сум имал проблем со тоа кло изгледам, безразлика на килажа мојта самодоверба секогаш била висока, ама едноставно нешто кликна во мене и веќе немам желба, мада се осеќам дека полека се враќа, ќе видиме.
     
    На troublemaker94 и Stone им се допаѓа ова.
  4. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    3.047
    Пол:
    Женски
    Не, за жал, и не ни сака :) Јас ја ставам за да осети ама се жали и ги шири нозете. Ептен ретко успевам да ја наместам ептен ако и е многу одвлечено вниманието. Моментално единствено што прифаќа е да седи на колена и да си игра со нешто исправена (знаеш како да клечи на маса, ваљда ме сфати :D)
     
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    15.191
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека се исправа?
     
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    3.047
    Пол:
    Женски
    Знае да се фати на едно масиче со активности што го има и се исправа на колена, иако не и умее уште многу, понекогаш и треба малку помош, ама така знае да си стои и да си игра со него. Исто и на продувалка, не да ја бутка туку од предната страна стои на колена на неа и си игра. Вака
    [​IMG]

    Ама на 4 за да лази, никако.
     
    На AngelOfArh и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    15.191
    Пол:
    Женски
    Ќе тргне, оваа фаза и е интересна сега, затоа. Наеднаш после се ќе ти направи, ќе видиш.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    9.933
    Мојов застануваше на 4 некогаш, ама никогаш не пролазе така.
    Седнува на газ и се влече со едната рака, е вака исто, пресмешен е. Нормално паники од страна да не имa проблем со ногата.:D
    Не ми текнува кога почна да седнува сам баш, ама беше после 7.5 - 8ми месец негде.
    Бебе да заостанува ќе се види и по други работи, не само по седнувањето.

    https://vm.tiktok.com/ZMA3HoQJK/
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    6.383
    Пол:
    Женски
    Аи никогаш не сум видела вакво лазење хахахха преслаткиииии :rofl::rofl::rofl:
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    6.601
    @MariaBouli тука мајка на "заостанати" седачи:D
    Моиве сами почнаа да седнуваат на 10.5м. Они се 36 недела родени што би се сметало на 9.5 корегирана ама беше прв пропуштен мајлстон (да не е на време што за седење е 9м). На 4 почнаа да лазат едниот на 11 другиот на 12 пред тоа се влечеа војнички. На 13м тотално немаа баланс да се задржат на нозе и матичната ме искара како тоа не е добро, дека мора да ги вежбам и дека сериозно доцнат зашто повеќето бебиња на 12м веќе оделе. Проодеа на крај на 14м, неколку дена пред 15м. Се исправаа и качуваа на гарнитура (и се симнуваа сами) пред да почнат да лазат на 4. Значи груба моторика им беше крш. Да те лажам дека не се замарав ќе те излажам. Се нервирав и поготово за седењто што го каснеа ми ствараше анксиозност дека каснат со развојот. Ама, бевме кај Антоние на ортопед каде што си ја искажав грижата и ми рече вака: седењето не е фаза во развојот. Дали си видела човек да не знае да седи? Ми рече ставање да седнуваат потпрени со перници никако само полошо правам зашто не им давам мотивација да седнат сами. (Да бидам искрена ги ставав подисправени на перници ама ако ги седнев знаеа да се превртат и расчукаат зашто едноставно мускулите потребни за седење не им беа развиени)
    Исто ми рече дека причина зашто доцнат е зашто се големи бебиња, и дека кај големите бебиња може покасно да дојдат тие вештини. После тој муабет, кога матичната ми дрндаше за стоењето, ја помножив со нула. Нит сум ги вежбала, нит сум ги носела на физикална. Почнаа кога беа спремни и тоа е тоа. Има вежби на интернет, ако сакаш пробај со нив, и ако со другите мајлстонс си е на време ич ама ич да не се секираш. Ќе ти биде смешно за некое време за што си се нервирала.
    Само за инфо, децава се сега 3.5 години, моторика им е одлична, прават се што и врсниците а и веројатно многу повеќе. Не дека по нешто ќе приметиш дека заостанати биле на 10м :D
     
    На Puffy2019, Carolin., Feniksgirl и 6 други им се допаѓа ова.
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    3.047
    Пол:
    Женски
    Другото е супер, фината моторика и зборењето и сл. па и понапред. Да ти кажам решив дека засега ништо нема да правам. Ќе ја "вежбам" ама не до толку напнато, ако сака сака, ако не што да правам. Еве прееска не можев ни да ја легнам за да и покажам, вриштеше, и пробував да и покажам и додека вриштеше, џабе, јас ја влечам она како колбас се мавта, опуштена целосно не соработува така да немаше поента. Ако до полни 10м. гледам дека не се менува ништо тогаш здравје ќе ја носам кај Антоние или кај Тони, па ако толку некој препорача и на физикална.

    Засега, да е жива и здрава, од пред 2 недели до сеа ми покажува некој напредок, на пример ни на колена не сакаше како што споделив во претходната порака, па сега има желба, кога ја местам за да стане кога е расположена осеќам дека дава отпор со раката ама не може сама, тие рацете изгледа и се слабички, што не ми е јасно како кога на меше се врти во круг не застанува, се издигува убаво до горе ама ете. А за голема ич не е, дури и мала е :D

    А никогаш не ја ставав потпрена со перници, почнав јас да ја седнувам за да си игра и сл. веќе кога видов дека знае да седи стабилно, односно кога од 45-60 потпрена на перница таа се исправше на 90. Ама ниеднаш ми нема паднато кога седи зошто веќе знаеше да седи цврсто и стабилно откако почнав да ја седнувам.

    Мене матичната ми рече да не се секирам за лазење (за седење не зборевме искрено), туку дека сега е важно да покажува интерес за исправање, што и го покажува. Е докторкава ми направи муабет, па како ќе се исправа ако не знае да седне, што може има логика, ама си викам па може двете работи наеднаш ќе ги научи, зашто да лази гледам дека нема намера да научи :rofl:

    Не и се засекирав ептен на муабетот овој пат, ама ме интересираше искуства. Сега гледам дека според вашите звучи како малку да "заостанува" ама пак, не сум се уште премногу загрижена.
     
    На Carolin. и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    6.601
    Сега враќам видеа и проверував датуми, едниот близнак прв пат се исправи на грантура пред да седне сам. Го имам на видео. Секое дете своја приказна. Штом со другиве работи е напред, веројатно на тоа е фокусирана. Ќе дојде на ред и груба моторика. Јас апсолутно не би се секирала ич на твое место. И искрено, не би одела кај истата докторка повеќе
     
    На Carolin. и MariaBouli им се допаѓа ова.
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    3.047
    Пол:
    Женски
    Абе не идам јас кај неа специјално, имаше часови по гимнастика организирано, па сакав да ја однесам ем да се размрдаме, ем да се подружиме :D Имам платено за месецот, па ќе го изодиме, ама за прегледи, совети и сл. понатака ако има потреба кај друг би ја носела.
     
    Последна измена: 20 ноември 2025
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.983
    Допаѓања:
    189.937
    Пол:
    Женски
    Зборот заостанува не го сфаќај трагично, туку како мотивација повеќе да се работи со бебето. Го знам она познатото “секое во свое време”, ама ако може порано и ако можеш да му помогнеш оти па да е подоцна оставено на времето?

    Ќерка ми беше помлитава. Чак и главчето многу подолго не го држеше цврсто, споредено со момциве, кои со цврста глава се вративме дома од родилиште. Така јас за ќерка ми и спомнав на педијатарката при еден преглед дека не се врти, не знам точно кој месец беше, 4-5 месеци ич не памтам и реков таква е мрзлива. И таа ми рече, нема мрзливи бебиња, има само нестимулирани. Е тоа го памтам оти ме здоболе и тогаш го сфатив како лична навреда. Ми легна потоа, сфатив дека не е ништо лично и си почнав да ја стимулирам на под. Без да паѓам во несвест со муабетите леле не знаете дека она се онесвестува од плачење, ич нејќе на под, дрн дрн јариња што ги праев претходно. Кога си ја сфатив работата озбилно, за помалку од 3 недели имаше одличен напредок. Се вртеше и превртуваше на сите страни. И после тоа сите муабети од типот- ај ма остај го кое не проодело, кое не направило ова/она ми се смешни. Се ќе си направат точно, ама и те како си треба работа со нив, оти секое нешто знае понатака да завлече нешто друго, пошо се си е поврзано.

    Женските деца ментално се развиваат побрзо, ама физички почесто им е потребна поголема стимулација. Машките обратно, тие се со тестостерон. Физички побрзо се развиваат нив повеќе им е потребна ментална стимулација. Генерално. Секако не е кај сите исто. Во мое искуство се потврди.

    Зборевме и претходно. Бебе не се седнува дур не седне само. Сега веќе знае дека ти ја седнуваш и не гледа предизвик да го учи тоа. Ова го пишувам и за себе, еве со третово се фаќам најуморна и честопати последниве недели го седнувам за да си олеснам, а знам дека не треба. Ќерка ми седна сама на 7 ипол месеци, второто на скоро 9, а ова е скоро 8 абер нема. Морам да најдам начин да го мотивирам.
     
    На Anchita, 1209, lackygirl и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    5.899
    Пол:
    Женски
    Работа треба нон стоп ако каснат, иначе многу омлитавуваат. Вежби во развојно ми дадоа, онака реални се колкав е развојот и знам дека касни и секој ден вежбаме. Денеска една вежба и кренав нозе право во линија на глава и со раце да движи а напред цел да ја достигне ( далинското најомилено) . Рацете и се слаба страна крева заден дел нозе и газе а раце и се нееднакви со лева се потпира со десна лупа мисли движи. И ставам работи да игра глодалки и ги фаќа само со десна, лева држи доле. Ја фаќам десна до тело и седи се навалува со уста.. левава не ја мрда аиии вака и ја вадам напред и полека ја загледува и почнува со неа да ја брка глодалкава ама 50% послаба од деснава во фаќање и сега така... ќе вежбам раце секој ден... и нозе и вртење. И на мм сега му зборам мора дел ти навечер дел јас наутро да ја вежбаме.
     
    На Carolin. и MariaBouli им се допаѓа ова.
  16. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    3.047
    Пол:
    Женски
    @Yowannty Што да речам, возот за дали да се седнувала или не помина. Различни ортопеди сите различно мислење даваат (иако тука гледам почесто е мислењето да се седнува кога може самостојно). Сега останува што викаш да се најде начин да се мотивираат. Не сум до толку од тие што викаат дека Леле се треска од плачење и сл. И кога кенка не се откажувам, ама ако не соработува воопшто не гледам поента во тој момент да се мачиме и двете, зошто и мене ми е искрено тешко да ја слушам како вреска и како рони солзи, не знам може до мене е ама голем емотивец сум

    @Ladyme Е мм, како потпорасна, така сега освен што се гушкаат и си ја зима да си седи во скут со него ништо не прави. Не дека претходно кујзнае што правеше, ама искрено дека не беше толку интересна, ќе ја оставеше и на земја или ќе ја повишкаше малце. Сега, кога и да поминува време со неа, абе само во скут му седи, и дреме ништо не прави со неа, и пушта музика слушаат, или ја гњави, или си брборат. Прееска му откачив малку и на него, зошто јас сум таа на која што и зборат дека Многу и попуштам и дека заостанува и искрено не ми е сеисто. На работа е ептен, иначе следен пат него ќе го пратев на гимнастика. Башка како мажи (не знам дали само мојот ама понегајле му е, односно по не се стресува, зошто цело време ќе почне да ме охрабрува со Ама ете ја гледаш си седи на меше, се врти, се бутка итн. као демек јас не знам што знае да прави човек. Малце ме нервира.
     
  17. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    5.899
    Пол:
    Женски
    Исто, што се замараш и наоѓаш мани супер е дете ми вика . Му зборам за ортопед треба да се закаже, немало термин има колега работел со нив викам барај го нека најде термин и све само да го потсетувам и ок и пак заборава и пак ќе му речам. И демек еее ќе отидеме ете супер е дете. И му реков си легнал на подлога и гледаш у тел, јас цел ден ја анимирам, вежбам, ја играм ја смеам да не и досадно да не кенка, да не плаче после тешка е...Лошо спијам навечер имам проблем се будам двајцата спијат глупости во глава ми се вртат. И преуморена сум еве они двајца спијат јас неможам да заспијам а уморна сум. Утре сум Ремедика кај Јадранка ќе видам за храна што ќе рече и остало. Некој мора да се замара и да ги тера работите.
     
    На Baby warrior, Mila0000 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.102
    Допаѓања:
    7.065
    и јас го имам тој проблем, мада не знам дали игра улога и доењето, така ми беше со првото дур доев.. уште добиеното ми е шекнато не знам дали сум добила или не, еднаш прокрварев мислев сум добила и толку не се повтори :drunk: памтам со првата ќерка кога престанав да ја дојам ми се нормализираше и циклусот и желбата ми се врати, ама мене килажата мн ми влијае на психата, плус 6 кила сум уште :drunk:
     
  19. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски

    И моево вака лазеше со ногата како бебе. Ама затоа сеа на 2години лази на сите четири пошо ги гледа малите деца во градинка и се гази од смење.
     
    На Калатеа и MariaBouli им се допаѓа ова.
  20. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    4.381
    Пол:
    Женски
    Доброо утро женски..
    Денес бебка прави 3 месеци :) Летнаа бе 3 не знам ни сама како.
    IMG_1851.jpeg Денес е мм дома , ќе излезам со другарки на кафе малце ќе заличам на човек. Тоа ми е хајтлајт од денов , друго класика, ручек, бебе средувај секој ден исто..
     
    На Lostinparadise, MeowMeow, 1209 и 30 други им се допаѓа ова.