@Peperutce6 Убавина Колку косичка има како мојава, јас се зезам дека се родиле со фризура спремни Пеперутче, како вчера да беше кога бевме во исчекување и ни се брзаше да се породиме па споредувавме знаци и разни глупости Се фаќам себе дека со женскава сум многу повнимателна, веднаш реагирам кога плаче не можам да ја оставам да кенка, кога ја држам во раце расплакана издржувам бре, се ме боли ама издржувам без викање без нервози. Со син ми имав многу нервозни испади, се сеќавам многу беспомошна се чувствував, бев скроз ненаспана првите два-три месеци затоа што многу често стануваше навечер, само јас го думкав затоа што маж ми не слуша кога спие, се случуваше да го оставам да поплаче, дури некогаш и како што спомна некоја од членките и ќе се развикав сега што да ти правам, како да те смирам. Веднаш потоа ме гризеше совест па плачев за тоа... Не знам дали е до возраста, одење на психолог, дали до искуството, или до тоа дека сега сум многу понаспана од тогаш, затоа што маж ми е повклучен сега. Јас одам да спремам ручек, кој се надевам нема да е загорен ако се разбуди девојката
Добро утро од една ненаспана мајка. Колку долго трае 4 скок? Спиењево ни е ужас. Успивање трае предолго, а уморен е плаче од што му се спие. Претходно на цице ќе се успиеше, сега и тоа тешко. Фазла од 2ипол саати ноќеска не ми врзува, се буди цело време, тешко се презаспива, плачки во 5 сабајле. Мм пробува да ме смени и он да го презаспие, плаче, вришти ништо живо не сака. Дополнително сум настината оддвај функционирам. Молам бога што побрзо да помине скоков оти ни ја, ни мм ни бебка сме наспани. Си се испожалив утрински ама ајде
8 месеци и уште ни трае Се шалам ама од 6,7м навака (скоро 16м сега), ич не спие. Надежта ни е во одбивање на цице, ама уште незнам кога тоа да го направам... и сакам и не сакам..
Нема да те утешиме ниедна ама таков е за жал 4ти скок, макар и 5ти. Кај нас од 4ти скок па некои добри 2-3 месеци траеше станување на секој час. Море некогаш и на половина час. Живи ненаспани бевме. Јас цело време нервозна, бебе нервозно, абе ужас. Не дека сега сум нешто посебно наспана, ама барем не станува веќе на еден час. Кај нас помина, сѐ надевам и кај вас што побрзо ќе има подобрување.
И ние сме така..за утеха ..утепана сум ..не знам што и е..а во петок сме на вакцина ..убаво е да шетате јас шетам по 2ипол саати секој ден,вртам кругови ама мирна ми е во количка ..колку толку а воздухов па ..лепота ни е само за шетање..дај боже да не е ладна зима и да не е многу загадено да може да шеткаме полесно за сите.
4ти скок е 5 недели, после 5ти е уште 4ри еве ние сме веќе цела недела влезени во 5тиот уште полошо стана Ноќеска жими што спојуваше по 2саати макс и сабајле поспа до 7:40 со мм се чудевме ние станати во 6:15 по навика она спие па земавме да и мериме температура ама нема дете си решило да поспие прв пат откако е родена
Кога сме кај скокови да се пожалам и јас. Во 5ти сме. Со 4ти полесно поминавме. Синојка не сакаше до 12 да заспие. Отидов да се истуширам а таа кај татко и плачела, викала кога искочив очите жар црвени и солзи крокодилски дремките и се по 30-40 мин. Јас не знам како функционира со толку малку спиење, се гледа дека е уморна ама се бори да не заспие. Од 12 до 7 спиеше со два ноќни подои, во 7 веќе станавме. Ќе скренам…
Пафи на крај секој ден ти го сликав стомакот да видиш дали ми паднал дали сум спремна за пораѓај Смешки сме биле.. Лета времето некако Косата и е заштитен знак Ко машка фризурка има поткрената и цела коса смешки е.. Фала Ании
Знам дека нема утеха ама среќаа форумот е тука да си кажеме да ни олесни. На друг кога кажуваш секогаш е Е оти такаа? Или Што мислеше лесно е да си мајка? А дека има и потешко знаам дека има, тогаш за тоа ќе се жалиме За вечер гости се најавија само се надевам дека нема на маса да заспијам
Хахахах леле даа 100% “Зошто ти е нервозна?” Или “Гладна е.” Мајка ми со тоа гладна е па гладна е и еднаш и реков доста више со тоа гладна е. И сега вика Да не е во скок? Хахаха ее викам добро е научи и ти скокови кога и се.
Мајка ми вика што е ова порано немало скокови, многу знаат сега сите на интернетов нови работи измислуваат
Ааа на ова ,, што мислеше, лесно е да си мајка”, на мајка ми и свеки кога ќе се ,, пожалат “ од ќере им викам ,,Ааа што мислеше ти, лесно е да си баба”? Хахахххах
Тој коментар, т.е. прашање за дали сме мислеле дека е лесно да сме мајки стварно не им е на место. Што очекуваат за одговор? Мислев ама се заебав? Нашиов народ навистина нема граница во коментарите и напињањето. Имаше една песна од еден антиталент Драганче, се вика "На маса ќе дремам" Пушти ја кога ќе можеш да се посмееш,затоа што си помлада и не верувам дека ја знаеш.
Јас мн се разочарав од другарки што сега го минуваат истиов период или го минале скоро и кога и да кажам, да се пожалам нешто се им е како натпревар колку со нивните бебиња им било потешко. Кога ќе ги слушнам коментарите ти имаш среќа твоето што заспива така, што јаде онака...моето какво беше...одма се повлекувам.
Јас обратно пак имам една другарка на која секој одговор и е "Тешко тебе". Ј: цела недела маж е втора смена на работа, сама сум со бебе/дете и храна и бањање и успивање и јас да се средам Х: тешко тебе Ј: Детево претешко заспива, се мачам по цел час Х: тешко тебе, моето е за 3 минути заспано И така да не биде само тешко мене, решив да не се жалам барем не пред неа.