Јас немам вакви другарки ама ја имам фамилијата. Ужасно се нервирам кога моето бебе се споредува со внуките. Едната е 12 год другата е 5 год и кога и да кажам нешто обавезно следува коментар како они така не правеле или правеле. Сега веќе пробувам да не се замарам многу и да не зимам здраво за готово ама на почетокот навистина многу лошо ми влијаеше некогаш имав и моменти кога мислев дека нешто не е во ред со моево бебе.
Ух овој викенд луд, јас некако заморна од цела недела што е кенкава, цела недела со болки никако да пробие циклусот. Од 5 дена, 3 правев два пати јадења за неа затоа што ми загоруваа. Додека ја успијам нешто да направам снемало вода и црно... ајде од поново. И во саботата заморот кулминираше, добив бевме низ град нешто за патување да докупиме. Бебе спиеше више две дремки по сат ипол и сат и 10 мин. И дојде време за трета дремка заспива во 4ипол, мм со неа и јас викам добро спие више 40 мин ќе спие и оваа сигурно сат ипол ај да дремнам и јас пола сат. И така се будиме поминале 2ипол часа дремка за неа. Станав во шок. Знаев дека нема да е лесно вечер и така дете заспа во 9 ипол стана во 10 до 4 спремна да игра да гуга... се боревме до 6 заспа некако и јас дремнав од 6 до 7станав и цел ден хаос. Двајцата сме како згазени она кенкава. И тоа сега заспа пред 15 мин. Се надевам ќе се врати во нормала. Утка во нарачка сум зела млеко за живота два. Чије дете е за пиќе повелете.
@Ladyme , ова ко маж ми да пазарел, тој вака купува, да наима. Туку сакав да кажам дека пред 2 години "негодував" кога ќе ми донесеа алишта за бебе од неколку месеци, за возраст 3-4 години, 2-3 години, јакна зимска огромна тогаш, големи обувки. Како ми се нашло сето тоа оваа есен, пак и зимава. Вака така, порасна дете од одма.
Пф шо има врска. Ја на моево и давав од премлекото (1) до година ипол секако. Тоа 2 купив после ко ептен само пред спиење пиеше. Така да ич не му се секирај, ќе се испие за час.
Од што се опседнав од нервоза со седнувањето и лазењето (и не нема напредок, зошто не можам ни да ја легнам за да ја "вежбам" зошто одма вришти, али whatever), прееска на јадење се фатив како промашувам други нови работи кај неа и уште толку ми падна тешко. Ти је*ем и споредби, и граници, и очекувања и не знам ти што. Така да решив дека нема да идам веќе на гимнастиката затоа што нема ќар за ниедна од нас. Како и да е, 1. Прееска јадеше таратур (душа ќе даде за него) и е единствено што сама го јаде со лажица. Другите јадења со лажица ваљда и се мех и се научи јас да ја ранам па си чека г-ѓица (блв на највисоко ниво, yeah right ). Ама денес ме изненади зошто ептен очигледно ми ја враќаше лажицата во мојата рака за да и црпнам пак, обично се бориме да ја пушти, многу ме израдува 2. Почна да прави МА кога зборуваме дека мачето мјаука, се растопив И така, барем убаво да заврши неделава, за 4 дена бебето мое ќе направи двоцифрена бројка месеци, не можам да си поверувам. Единствено што се молам секој ден е да продолжам да работам од дома за да можам 24/7 да си бидам со неа, за друго баш ми е гајле
Епа жене јас добив на 24дена од претходен циклус, нормално ли е тоа ??? Скроз ме изненади цел живот сум со 28дена циклус трети циклус ми е откако сум породена, првите три месеци немав. Место за викенд поопуштено ја со изненадно добиено ај заврши викендов док трепнав … пак не средив дома ко што сакав да фатам … ако верувате секој работен ден се силам дека во сабота ќе потсредам ствари кога маж ми е дома што висат низ дома незавршени или расфрлени и женава што ми чисти не знае и не треба она да ги разместува и пак ќе дојде викенд и што попрво маж ми сака да прошетаме да готвиме заедно да отидеме негде да се видиме со луѓе и то је то … треп и понеделник пак. Не знам дали сум спомнала во мојов живот пред ќерка ми имав две работи и се вратив минатиот месец веќе на едната пошто ја работам од дома. Три до четири дена од неделата попладне работам мм ми ја чува додуше цело време сум дневна - атеље да цица/ да пресоблечам / ждригнала / црвенкоми било обравчето не знам ти што и на повик сум да се појавам во дневна да проверам што се дешава не дека маж ми не знае све ова ама го имам моментот од маж ми —— мамоооо ај дојди да видиш ова и така поминува време. Ќеренце моја 5ипол месеци, девојчица најмила како вчера да си ја родив, мајкина! Зборот ми беше да дигам ли узбуна дека ми дојде циклус толку рано или не е важно уште сум разреметена од пороѓај
Нели ти реков дека сакав да ја запишам на гимнастика и сеа кога те читам си викам сигурно и мене ќе ме оптеретеше таа докторката дека мојава се врти само од грб на меше а не знае обратно на братучетка моја малиот е 3недели постар и се врти напред назад. Ако дојдев ќе се упознаевме и заедно ќе си кукавме дека ни се назадни ќеркиве Сама подава лажичка твојава бе мила таа а ова со почеток на зборењево ми е врвот на возбуденост, кога ќе почне и мојава да кажува по нешто ќе скокам од среќа. преднекој ден седиме и мм ми и вика ај кажи маааамааа и оваа со устичката пробува да ја намести и нормално само балончиња знае да праи во оваа фаза ама моментот дела пробува нешто со устичето ми беше пресладок
Мене на минимум 28 дена ми доаѓаше, до 32-3, после прв пораѓај просечна должина на циклус 25 дена, некогаш на 24, почесто на 26 добивав. После 3 месеци добив. Сега ќе видиме после вториов како ќе се изреметам . Мислам дека не е за секирање.
Многу нагли временски промени... Јас добивам на 32 (и то вака регуларно само овие последни 4,5год, инаку до 40 знаеше да ме затера порано). И оп минатиот циклус на 26ти 27ми ден добив, што никогаш не ми се случило. Арно ама овој месец сега, 8 дена ми доцнеше и 3 дена ми пробиваше.. Инаку и нормално е со доењето да е така хаотичен циклусот...
Неее, има едно поголемко од твојата исто не се врти од меше на грб, рече не е проблем, битно било од грб на меше тогаш. Само мојата е уназадена, не знам што ја фати толку за заб Многу се интересни кога почнуваат да зборат. Е јас не знам дали веќе ми има кажано мама, мислам дека нема никогаш да знам кога ќе и е првото вистинско мама зошто вика баш МАМА веќе месец-два ама не знам дали мене ме вика или си збори, некогаш ми личи дека сака баш мама да каже, ама не сум сигурна, некогаш мислам дека врска нема. Ама ако, пак ме радува
Мора ти цврсто да се одлучиш. Тешко е знам. Ама ќе одлучиш, ќе му кажеш со разговор. Ќе му кажеш дека мама нема веќе млеко, дека млекото си заминало и сл муабети. Ќе бара пак ќе плаче. Нема да попушташ никако. Ќе ви биде тешко и на двајцата, ама и тоа ќе помине. Само ти да бидеш цврсто решена.
Пред некое време ве читав кога пишувавте за постпартум опаѓање на косата и некако очекував да почне, купив и шампон и серум против опаѓање, се трудев редовно да ги пијам пренаталните витамини АМА не очекував дека опаѓањето ќе почне одеднаш толку интензивно. Мислам дека буквално дента кога син ми направи 3 месеци, почна премногуу да ми паѓа. Две недели само поминаа оттогаш, а имам чувство дека четвртина коса ми ја нема. Влакна насекаде наоѓам, страв ми е да се исчешлам. Најмногу се плашам што кај бебево во раце често наоѓам, иако цело време сум со собрана коса. А тоа се става во уста, па многу ми е страв дека ќе голтне некое влакно. А во бременост колку ми се разубави косата, преубав сјај ми доби... Јасно ми е дека е хормонски процес и дека не можам многу нешто да направам додека само не се среди, ама ве молам кажете дали и кога интензитетот на опаѓање се намалува.
Буквално исто, штом ќерка ми направи 3месеци почна хаосот со косата. Јас бев претажна, цел живот имам мн негувана коса, долга и цврста. Денес после 2ипол месец интензивно ама ИНТЕНЗИВНО опаѓање може да кажам дека келавите места напред ми се пополнија со нови влакна. До пред 2ннедели не можев да ја соберам косата во висок реп зошто бев со огромни залистоци и не можев да си поверувам дека тоа е мојата коса мн се секирав купив ампули за против опаѓање на инебриа плус шампон нивни и од грчка витамини за коса орално. Не знам дали се ова помогна или едноставно природно се обнови ама денес е мн подобро, уште паѓа ама не е така страшно и има мн нова коса
Јас бев и на доктор на 24ден максимум 25 добивам. Значи 5 дена имам добиено за 20 дена пак. И хормони испитав се беше у ред таму кортизолот малку висок ама докторката ми рече се е во ред. Јас научена на 35-38дена ова ми е шок и нон стоп сум у пмс
Јас не бев свесна колку коса сум изгубила се додека не ја собрав во репче пред некој ден. Леле колку бебешки влакна имам, значи од сите страни, над уши, зад уши, долу ниско, горе кај залистоците, колку нова коса ми расте во живот толку бебешки немам видено на мене. Не се секирајте ќе порасне новааа
На 30-31 ден добивав пред бременост. После пораѓај на 25-26, што викаш само со тоа се расправам. Па болки во овулација што во живот сум немала, сега екстремно изразени. Последните 3-4 месеци, почнав да добивам на 28-29 дена, одма подобро ми е