Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.609
    Допаѓања:
    14.357
    Пол:
    Женски
    Нормално е јас од 25-29 дена добивам. Веќе не ни пратам од што не знам кога ќе добијам.:rofl:
     
    На Mother of 2boys, Anaroz1 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  2. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    2.273
    Пол:
    Женски
    Од 3 месеци кога направи малиот до 6 месеци ми паѓаше косата. Цели прамени ми паѓаа и наеднаш прекина.
     
    На Tulip023 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.254
    Допаѓања:
    47.060
    Пол:
    Женски
    Ќе престаме наеднаш и ќе имаш нова коса после, знам дека изгледа страшно ама ќе помине, не можеш многу да направиш.
    Еве ми ја косата пред пораѓај
    IMG_0070.jpeg
    Еве ми е ја сега
    IMG_0069.jpeg

    Измеѓу не се ни сликав оти имав само 5 влакна чинам.
    Ова е 2.5г после ама почна да се оправа откако почнав да се грижам повеќе з неа и да пијам колаген.
    Ќе се среди без паника само.
     
    На mal.ecka, Mommy. S, Simon4e0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.609
    Допаѓања:
    14.357
    Пол:
    Женски
    И мене од трет месеци па се до година. Еве сега почна да се стабилизира.
     
    На Simon4e0507, Baby warrior и Tulip023 им се допаѓа ова.
  5. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Само моето бебе лупа со рацете 24/7?Дури и прво ти го центрира носот со рачето па лупа тупаници.Мислам дека и при успивање тоа му е утеха,да ме држи за нос.На маса лупа со раце со тупаници на играчки на земја на све живо и диво не знам како раце не го болат.
     
  6. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    6.280
    кога ќе вика мамамама кога плаче ќе знаеш дека вика по тебе :D
    Ја за тоа мама се изначекав, едниот на 13м другиот на 15м првпат кажаа. Која фрустрација ми беше, тата, тете, баба, сите ги имаа со значење, ама мама никако. сите зборови кои почнуваа на м почнаа покасно да ги кажуваат. Тој што почна на 15м, прв збор со значење имаше на 9м, до 15м имаше 30тина, и кажа прва фраза со два збора пред да каже мама. Ѕид викаше пред да каже мама. Името на кучето го викаше пред мама.
    Се познава дека уште ми е криво, признавам :D
     
    На Mother of 2boys, Mommy. S, Калатеа и 9 други им се допаѓа ова.
  7. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    5.140
    Не е само твојот :lol:, нормална фаза им е.
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    И мојава лупа веќе некој период ама со отворени дланки не со тупаници, на хранилка и на под најмногу
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.609
    Допаѓања:
    14.357
    Пол:
    Женски
    Престаро е мислењето, те молам ако може да ми кажеш како и дали се реши?
     
  10. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Испадна дека не е спазам.
     
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.609
    Допаѓања:
    14.357
    Пол:
    Женски
    Што испадна?
     
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    9.070
    Пол:
    Женски
    Каков колаген пиеш?
    Мене уште не ми е средена косата, мислам последниов месец ми допадна уште тоа што го имав преостанато.
    Додека доев уште убава ми беше косата, откако престанав ми стана катастрофа.
     
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да останам уште 3 месеци со бебка дома зимово, па гледам за неплатено отсуство. Знае ли некоја да објасни подетално која е разликата мегу неплатено отсуство (член 147) и неплатено родителско отсуство (член 170а). Има тема за ова гледам ама не е активна неколку години па да прашам тука можеби некоја користела. Од фирма "не знаат" да ми објаснат, ама викаат требало според член 147.

    Дали со неплатеново родителско отсуство одјавуваат скроз? Дали здравственото е на товар на фонд? И што со одморот што би следувал кога ќе се вратам на работа после тоа отсуство, дали имам право да го користам најнормално или како да сум со ново вработување по 2 дена месечно?
     

    Прикачени фајлови:

    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.185
    Допаѓања:
    15.200
    Пол:
    Женски
    Обичното отсуство е за секој вработен и е 3 месеца секоја година, родителското е кога имаш дете и е 3 месеца вкупно во првите 3 години на детето. Двете се без платени придонеси, двете се прекин на стаж. За одморот не знам да ти кажам за сигурно ама законски би требало да е како од ново да си вработена зошто се друго се смета така, на пример 6 месеца немаш право на исплата за боледување. Буквално како да менуваш фирма со пауза. Единствен бенефит на неплатено отсуство е дека мора да те вратат на работа.
     
    На dummy и Tea SK им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.254
    Допаѓања:
    47.060
    Пол:
    Женски
    Марин колаген од Англија мм ми го донесе, го нема тука. Во вид на капсули е.
     
  16. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.313
    Допаѓања:
    10.916
    Пол:
    Женски
    Се убаво ти објаснила Спајди, само да ја потврдам, за одморот да по закон си како нововработен со прекин во стаж, со тоа што зависи и од фирмата.
    Одјавував јас колега на неплатен беше 20 дена, па кога се врати со одобрување на директор му следуваше одмор како и на другите вработени.
    Збори си со HR кај тебе, нека го доведат прашањево за дискусија на повисоко ниво, да знаеш точно на што си.
     
    На sani99 и dummy им се допаѓа ова.
  17. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Денес после долго време повторно се осетив лошо во улогата мајка.Имено во група на фб пишав за распоред на бебето бидејќи правиме транзиција од 3 на 2 дремки.Искрено не очекував дека толку ќе ме нападнат дека роботски го чувам детево иако не дека не е во целост така па искрено се помислив и дали грешам.Како прв пат мајка без помош единствено што ми остануваше е да читам и да се едуцирам.Детето ми станува и по точен редослед веќе 9м тераме и за јадење и за спиење.И се тоа ни функционира,чим влеземе во спална знае дека е време за спиење заспива во рок од 5мин и спие во креветче точно колку и што треба да му трае дремка.Навечер спие ретко знае повеќе пати да стане најчесто еднаш за млеко и продолжува.Млеко и храна му давам во точно време и неаме проблем.Имаме вечерна рутина и не остануваме подолго никаде ,се враќаме за спиењето.Ме искараа дека не требало да јаде по час туку кога е гладно.
    Сакам да кажам и јас сум помислила на моментот колку рутински едно исто но секогаш сметав дека тоа е најдобро за него.Не знам да разликувам како му е плачот за храна од друго нешто.
    Дали грешам мајки и треба нешто да сменам?
     
    На Kat3r!n@, Carolin. и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.777
    Допаѓања:
    187.375
    Пол:
    Женски
    @Stone ако тоа за вас функционира, бебето е намирено и среќно ич не треба да се грижиш. Сепак се работи за бебе. Допрва ќе менува навики, ќе расте, ќе му растат интересите, љубопитноста, ќе му се менуваат вкусовите, желбите, свесноста. Роботско е ако го форсираш на сила, ама се додека функционира редот, негувај си го. Кога/ако сака промена, кога нешто ќе престане да му одговара, бебето само ќе ти наговести. Нема да е задоволно, ќе одбива работи, ќе сака да пролонгира спиење итн итн, и однесувањето ќе му се повторува во истите периоди, тогаш ќе знаеш. :)
    За храна на пример, пробај понуди го кратко време пред планираното и види дали ќе ти прифати и колку би изело. Според тоа ќе знаеш.
     
    На Noemi, Simon4e0507, dummy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    2.299
    Пол:
    Женски
    Значи ми излезе твојот пост (претпоставувам дека е тој што го видов) и баш ги извртев коментарите. Не сакам да судам, ама те молам не се замарај што пишуваат по тие ФБ групи, за жал многу од жените таму не се ни 10% едуцирани како тебе (искрено не знам ни зошто ги имам групине). После твојот пост ми излезе објава дали давале Цици бебе бисквити и имаше 10+ коментари дека ги давале од 6 месеци со кравјо млекце за доручек, па сеа види си ти :)
     
    На Kjara2025, reliable, angel4444 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.308
    Допаѓања:
    25.705
    Пол:
    Женски
    Година и 3 месеци, има ред.
    Нормално како расте и според нејзините потреби, е тој ред.
    Помала кога беше, не одев некогаш негде, освен ако требало и кога ја чувала мајка ми, исто се водела по тоа.
    Заспиваше секој ден во 19ч. Кај и да сум била, редот и терал.
    Е како расте и кога имала транзиции на дремките, ни требало мал период, да го корегираме редот и да го направиме според нејзини потреби.
    И да си тераш како што ТИ, сметаш дека е најдобро за твоето дете и неговите потреби.
    Тој ред, ќе му стане навика. Мојата сега знае дека кога влегува во купатило , е време за бањање, миење газе. Стои и чека, додека спремам вода.
    Има ред за јадење, спиењето нешто го зеза деновиве, малце спие, ама затоа ќе поместам ручек, вечера, ноќно спиење.
    Рутината е совршена, особено и кога бебе ја тера, без проблем.
     
    На reliable, dummy, Stone и 3 други им се допаѓа ова.