Баш, или кога кажуваат дека алпско со 10 витамини е добро за 7 месечно бебе. И така све истите си коментираат и паметуваат секогаш. Не се секирај , ти си супер мајка за своето дете и му имаш направено супер ред.
Во суштина ретко се жалам. А и немам некој кој би ме сфатил. Нека ми е жива мајка ми, живот дава за нас, ама не знае да утеши. Се труди максимално и мисли дека така треба, ама… тоа поише е да ме допука кога сум веќе напукана. И така осамнав скроз прегорена овие денови. Не затера некој период, сите болни со по некој ден пауза измеѓу па пак, па пак, па пак. Прв пат оваа зима и јас и маж тандем, за да биде уште потешко. Деновиве живеам на тајлол хот и парацетамоли. И шеќер. Толку сум исцрпена, што веќе имам несвестици и главава ми шантра. Знам дека бебули ми ги цеди дополнително сите резерви, а како ѓавол сум крива што не пијам ништо за да надоместам. Сешто нешто имам купено од витамини, ама неколку дена пијам, неколку недели во заборав ми е се. За бељата да е поголема, повторно вклучив шеќер оти телово ми бара енергија и така го залажувам. Морам посериозно да си го сфатам ова, ама сум преуморна. Бебули… што му е кој да знае. Скок ли е, заби ли се, ама нон стоп ми е во раце. Ништо не можам да направам оти цело време него го држам. И така… Знам дека нема да трае. За два дена е 8 месеци кои ми прелетаа пред очи, не знам каде. Го мирисам. Го вдишувам оној неодолив бебешки мирис. Она преслатко здивче на млеко кое ветрее со секој ден и маткава чинам ми се превртува. Не само што физички веќе ги исцрпив сите можности, туку поради психата и оние intrusive thoughts со кои се борам откако станав мајка, ова ми е последно бебе. Знам дека мозокот функционира на начин на кој те спрема за најлошото во секоја можна ситуација, ама лично, тој дел ми е најтешкиот во целово искуство како родител до сега. И сега кога грижата ми е х3, веќе ми е премногу стресно и вака, без дополнително овртинкување имагинарни стравови околу секакви возможни, уште повеќе невозможни ситуации околу децата. Пфффф….. Цел за неделава ми е да ги дочувам здрави. Големите се оправија, уште носевите им останаа, бебули уште кашла, ама делува подобро денеска. Зимскиот одмор кој патем е уплатен пред точно 2 месеца, се надевам ќе го поминеме здрави. Останува и да си накитиме дома, да си седиме на топло и да ни е весело. Оваа Нова Година ќе ја дочекам со сите исполнети желби.
Едно дете од скоро 7 и друго од година и 9 месеци, двајцата точно како швајцарски саат чувани. Најдобрата одлука што можев да ја направам. Кој не држел строг ред не знае колку е тоа напорно да се воведе, ама не знаат и колку е полесен животот со бебе кое има рутина. Сум имала лоши денови каде правиш се што сака бебе, кога сака спие, кога сака јаде, и иако тој ден е полесен да се преживее, после следниот се од глава да ти се удри. Така да држи си редот, и уживајте со малото во животот.
А кај поточно се испитува хормони? Јас после одбивањето од доење, ми каснеше циклус 8дена-9, ми дојде и 3дена бев со премногу болки при што завршив на итна. Неделава треба да одам на гинеколог. Пријателки, другарки ми велат тоа били ради одвивањето, но многу сум исплашена. Едно ќе се среди, друго ќе испадне и се така.
5 месеци сме и функционираме под одреден редослед. Некако спонтано од 3 месеци воспоставивме ред кој си го држиме цело време. Точно знам кога и колку ќе спие и кога ќе јаде и вака ми е супер знам што да пчекувам, него да незнам што ме чека во следната минута. Домашните исто ни се чудат како успеавме до воспоставиме таков ред (војнички како што знаат да кажат) ама далеку ми е полесно вака. Е сега има скокови има регресии и знае некогаш да се корегира тој ред ама не е страшно. Знам во колку ми заспива навечер и каде и да сме половина час претходно си одиме дома. Не се вознемирувај од непотребни коментари и луѓе и терај си така, подобро ред него безредие. И да, знам и дека е индивидуално и дека на секое дете не може да се воспостави ред
Јас ако не пратам ред со детево мене хаос ми е. Денов ми е планиран според неговото спиење, сеа кога се учеше да спие во градинка хаос ми беше и него и мене, двајцата нервозни не знаевме што да правиме. Кога требало да спие не спиел, кога треба да јаде он дреме. Две недели пред да почне градинка почнав да му терам и ред на јадење од таму. Сите кажуваат колку е важно посебно за бебињата да знаат што следи во текот на денот, будење, јадење, играње, дремка, прошетка итн итн.. дека се посмирени и посреќни одколку кога не знаат што е следно. И не познавам дете кое се изморило и заспало, јас на моево ако му пројде времето за дремка после имам хорор. Блазеси им на тие што немаат. @Mommy. S со упат од матичен гинеколог во болница кај нас испитав хормони.
@Stone нема поубаво од тој војнички ред на бебе, верувај. Синко е скоро 7 години, уште расте според редот и рутината која ја има од мал. Тогаш и мене сите ми зборуваа како го чувам како робот, ама детето си створи здрави навики за спиење, за јадење, за се. Да не кажувам колку мене ми беше лесно да го чувам, затоа што знаев како му е редот. Бебка сега е скоро 7 месеци, и може ме имаш читано дека само кукам од нејзе во темава. Што се не пробав, џабе, никако да и ставам ред прво со спиењето преку ден, а еве сега од тоа зависи и редот за јадење, за оброците. Секој ден има појадок во различно време, оти секој ебан ден таа спие во различно време. А ако не е наспиена нема шанси да појадува и така,хаос сме цело време. Се прашувам како ќе биде за ручек, како за вечера кога ќе и воведам. Скроз ме измести ова породилно и ова бебе, јас сум човек што го цени и сака редот, рутината. Ич не сум спонтана. А и ова не е спонтаност со бебка, ова е психичка и физичка тортура секој ден. Така да чувај си го редот на бебето и ич да не те боли за коментарите од страна.
Добро утро мајки,да не ве означувам посебно сите,фала сите кои ги споделивте вашите мислења многу ми значи.Јасно ми е дека сите деца се различни и дека не се роботи и нормално дека ако нешто не би му одговарало на бебуш не би со сила да го терам било тоа спиење или јадење.Но и кај мене се покажа воведувањето точна рутина многу полесно и за него и за нас.Он сам е свесен дека му е време за дремка сам е свесен дека ќе јаде баш бидејќи секој ден истите чекори.Додека он е добро друго не е битно.Ви благодарам уште еднаш од срце
А да избришеш групите на фб? Онака најдругарски ти кажувам. Јас избришав се тоа кога се роди второто зошто сфатив дека две деца исти не се раѓаат, а камоли некоја Марија од Мајки и деца, Соба за доење или како и да се викаа да ми кажува како треба правилно. Големиот ми беше дете по ред и редослед, се со време и со ред, маллово се роди и ми рече Мами, ај олади, ја сум главен сеа! Супер сте си, ете, си осетила за дремките ќе си ги средиш и готово. Не се замарај ич. Никој не го познава твоето дете подобро од тебе и тоа е тоа, тоа само треба да те интересира. Читај, ама не си зимај при срце.
Братучетка ми што ми е ептен блиска вчера ми кажа дека се селат за Германија, и тоа за еден месец. Ме фати таква тага, носталгија, налагодност не знам како да го опишам, ама еве 24 саата покасно јас уште така се чувствувам. Рекоа не можат да издржат тука со 3 деца. Јас не се жалам многу од тоа, во океј ситуација сме. Дом имаме благодарение на моите и нивните паметни инвестиции, кола имаме од 2006, немаме да купиме Cybex количка и Maxi Cosy хранилка, ама со паметно буџетирање шетаме по неколку пати во годината. Ама што правиме со градов, со условите на живеење, таа пренатрупаност, загаденост. Таа себичност секој за себе да си гледа и да не ти гајле за никој друг. Што правиме со државава, да ти е страв болен да останеш, да ти налага да се враќаш на работа за 9 месеци, а не ти дава место каде да го оставиш детето..... Мислам дека кај и да е ќе станеме најдепримиран народ... И не можам да разберам што е толку тешко да се краде пари а да се прават работи што ќе ги усреќат луѓето, зошто мора САМО да се краде. Ај да не мешам политики и срања тука, добредојдовте во мојот депресивен вторник. Како Гарфилд сум, понеделник секако го мразам и ми е мех, ама овој пат и вторников ми е како понеделник.
Здраво мајка, само да кажам мое мислење дека допрва ќе има иселување особено од брачни парови со дечиња, секако кој како ќе има можности. Исто така, тоа иселување нема да биде (само) заради финансии, туку заради работите што ти ги спомна во твојот пост и коишто секој ден сите ги гледаме.
Знам, ама мене тажното ми е што имаме таков лош систем што наместо да не мотивираат да се преселиме во малите градови и села за да избегаме од загадувањето и условите - затоа што во секој главен град има најголеми загадувања и најголема гужва, ама затоа што народот е распореден низ цела држава не се СИТЕ во главниот град како што станува ситуацијата кај нас и се намалува и загадувањето и гужвата и се - они градат систем да те натераат да си одиш од татковината. Еве јас и мм сме умрени да се преселиме на југ, ама прво - мора пак во некој град (иако би сакале на село) зошто мм не вози, а веќе нема превози од селата. Кога бев јас средно од Стојаково до Гевгелија имаше комбе на секои 40 минути од 6 сабајле до 9 навечер, сега има 2 пати во денот. Друго, затоа што сите сме тука, тука е и работата. Не е баш лесно секој да најде работа од дома ако не работи ИТ, плус таа да ти биде сигурна (еве јас работам од дома ама на никаков договор, во секој момент може да ме избркаат како што ми го избркаа цел тим во декември), а во малите места работните позиции се избројани за тие што веќе живеат таму. Не знам, јас некако си викам дека не е тоооолку тешко да се реализира ова се. Јас се уште не можам да разберам - сите тие што се на позиции живеат во Скопје - зар толку им е убаво?
Ние живееме во село кое е 6км од градов, после короната ако не возиш кола си буквално парализиран за одење во град, а сите работат таму. Превоз имаше на секои 5мин само да се симнеш до автобуската нема да чекаш повеќе од 5мин ке наиде некое комбе, сега.. сега е катастрофа. 90% од тие не возат, има само одреден саат кога одат луѓе на работа/школо и сл и тоа е тоа. Имаме кров над глава, добро живееме, не крпиме крај со крај, не можам да се пожалам и тоа само мм работи, јас не работам иако на моето место има вработрно луѓе со средно преку врски нормално и работев тотално не поврзана работа со мојот факс пак не помислував за надвор. Ама одкако го имам детево нема ден а да не помислам колку полесно би му било нему ако ние сега се преселиме некаде. И колку подобар и поквалитетен живот би имал.
Верувам дека не е подобро во Скопје, од аспект на загадување, сообраќаен хаос, пренатрупаност, бетонизирање, ама пак од аспект на услови за деца и повеќе можности за работа е далеку подобро од останатите градови во МК. И да многу лоша политика е тоа со централизацијата, ама јас не гледам дека во скоро време ќе се смени оваа политика, за голема жал.
Мислам дека сите откако станавме родители, веќе размислуваме од аспект за подобри услови за нашите деца, што е природно и нормално. Останувам на ставот дека секој кој има можност ќе си го фати патот од МК.
@Stone во родителството нема точен одговор. Едини точен одговор е оној кој функционира во вашето семејство. Не смееш да дозволиш да градиш слика за тебе како родител врз база на туѓи мислења и правила. Истите кружат на големо последниве години, бидејќи некој прави голем профит од постови на темава. Пола од тие што проповедаат насоки за родителствување не се придржуваат до кажаното во реален живот. Јас сум од оние мајки кои не се водат по стриктен распоред и ги следам децата, од проста причина што ни јас не спијам секој ден исто, ни јадам во исто време или исто количински, па ми нема логика ни нив да ги држам војнички. А и децава мои подалеку од оваа круша не паднале . Сум пишувала и претходно, не може да биде исто уморна ако спиела два саати дремка и пола саат. И исто да е гладна ако изела богат со протеини оброк или пола некој посен. Но, тоа не значи дека моево е правилно, твоето не е и обратно. Различни мислења и ставови ќе има секогаш и тоа е во ред.
Во помал град, верувам загадувањето скоро пак исто како и во Скопје. Функционирање без кола, возможно ама се потешко. Градски, па и меѓуградски превоз ограничен, немаш во секој момент, нема известување дали ќе доцни, дали воопшто ќе тргне. Како млади сме оделе постојано во Крушево, пример, автобус на секои 2-3 часа имаше, сега е реткост и прашање дали ќе оди натаму во ден или ако заминеш, дали пак ќе има за назад. Таксисти се помалку и се поскапи. Активности за деца посебно претшколски скоро и никакви. Освен тек тук некоја игротека. За школски барем спорт или слично, некаков тренинг има. Слободно време за преку летото ајде во еден или друг парк, мал, голем има можност. За зима скоро пак ич. Работни места се тие што се. Верувам и платите за нијанса се пониски тука отколку што би биле во други градови.
Па за мене баш тоа што го пишуваш е ред. Да го следиш детето, ако спиело денски, нормално дека нема да спие во 7. Ако јадело преобилно за ручек да направиш полајт вечера, или да не правам 50 оброци зашто денес решиле дека не јадат нешто што до вчера им било омилено. Барем јас така функционирам и си го викам ред А без ред ми е, да ги оставам да не спијат до 11 - 12 зашто ми рекле дека не им се спие. Пошто знам кога станале, колку спиеле и кога точно ќе им се спие и ретко промашувам
И ние се селиме за еден месец. Не да ме фаќа носталгија, претешко ми е на душава. Братучетка ми, тетките внуците, неможам да опишам. Куќата во која пораснав и мирисот на мајка ми. Плачам и пишувам. Јас иако немам родители во Македонија се чуствувам пак носталгично. Но неможеме тука. Сфативме дека од секој можен аспект неможе да се функционира. Се е труло. Ама баш ништо не функционира за жал. Несакам никој да навредам, имам многу блиски кои имаат убав живот овде. Убаво им е. Сакам да кажам толку сакав да дојдат деновиве до преселба, и сега се чуствувам баш измешано. Но среќна сум, зашто од секој можен агол добивме разочарување. Инаку живееме во помал град во Македонија и биди среќна што не живеете на југ. Неможеш да мрдниш со газот без кола, а за работа тешко дека ќе најдиш нешто добро. Тоа што е вработено е вработено. Педијатар немаш. Да не зборам, дете ќе потпорасне неможеш на никакво хоби да го пратиш зашто нема ништо. Еве сакав англиски да се запишам, да се досовршам, неможе треба да патувам до поголем град. За градинка само прва смена работи. И за такви како мене без баба/дедо сервис неможеш да функционираш во ,,село,, Освен да работите земјоделие и да живеете во заедница, тогаш е друго. Затоа велам, исто ко да живеам на страна само без пари хаха.