1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    1.249
    Пол:
    Женски
    Имам мерак за китење ама немам сила.. тек пак за раскитување кога ќе ми текне:rofl: Во секој случај ќе украсам, има посебна магија дома кога е украсено, а сигурна сум и бебе ќе е магепсано од сијаличките хаха
     
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    25.976
    Пол:
    Женски
    Украсуваме и ние многу дома. Од ходник, во детската на синко, во дневната, на терасите, секаде светат сијалички и има украси. Веќе ми стигна лампионот со името на бебка, и ирвас за нејзе да го додадам на нашите три.
    Само ние китиме на средината на декември, и стои така до средината на јануари, раскитуваме после Стара Нова Година. Првин да помине роденденот на синко на 10ти декември, па после тоа здравје ќе украсиме.
    Верувам дека и бебка ќе се радува на сијаличките :) мала е уште таа, не лази засега, па безбедно ќе биде.
    Домот ми е најубав тие празнични денови, со синко си имаме традиција на правење колачиња за Дедо Мраз, тој е скоро 7 години ама уште верува дека Дедо Мраз постои и дека тој му ги носи подароците под елка :) Му пишува писмо, па чека утрото после НГ дали ќе има подароци тоа што посакал. Го носиме во куќата на Дедо Мраз овде да му ги каже желбите па да му пренесе на Дедо Мразот од Лапонија хахаха.
    Бадник ми е омилен празник, делиме лепче со паричка, највкусната вечера е тогаш ми се чини, иако е посно се.
    Синко се радува и на Коледе, оди со другарите од маало да коледува :)
    Посебна топлина има тој период. Така сум од дома воспитана и навикната, мајка ми до ден денеска уште си украсува.
     
    На Kjara2025, MeowMeow, Puffy2019 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    3.403
    Пол:
    Женски
    Од каде нарача персонализиран лампион? Лани од Булка земав за големата ама во Германија се преселила девојката изгледа.
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    25.976
    Пол:
    Женски
    Од Casamento, имаат профил на ФБ.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    Малку ќе се уфрлам во муабетот, јас нарачав од merrily.mk на инста, баш денес ми стигна-преубав е.

    И јас сум прееголем фанатик за новогодишно украсување. Уште од дете, дома секогаш ни било многу украсено и овој период ми бил омилен. Е сега, мм воопшто не е заинтересиран за тоа, ама едвај чекам бебо да потпорасне и со него да си создаваме новогодишни традиции.
    @happygirl читајќи те што правиш со син ти секоја година, ми внесе ептеен позитивна енергија и едвај чекам да дојде следната нова година, зашто оваа бебо ќе има 4ипол месеци, па освен да се израдува на сијаличките, не очекувам нешто друго. Ама затоа за следната си се спремам уште од сега :D
     
    На Mumoftwo30, Thinkerbell., Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    8.616
    Пол:
    Женски
    Толку многу работи имаме од дете, играчки на сите страни, без простор за каде трајно да ги приберам, освен нели фрлам или донирам ама пак сеуште игра со сите и не ми се даваат.
    Е ради тоа што претрупано ми изгледа домот и без тоа, новогодишно ќе биде некоја лепенка на прозор, новогодишни навлаки на перничињата и елка максимално кратко време. Околу Св. Никола или после тоа, до наш Божиќ. Ова под услов дете да не добива желба да ја раскитува 100 пати на ден, во тој случај одма прибирам и толку.
    Други украси имам куп, што светилки, што дедомразовци, снешковци, чуда ама ќе останат за подобри времиња.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.607
    Допаѓања:
    14.352
    Пол:
    Женски
    Жити бога што група е ова? Жити бога излези од групава на фб, а и од секоја друга, раат ќе видиш.
     
    На Трагедијаупмм, Carolin. и Stone им се допаѓа ова.
  8. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети,абе има работи ќе прочита човек ќе научи нешто ново различни искуства али има и ...:wasntme:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Бирајте и лампиони кои не се јадат, да не барате по каките :nod:
    Првата нова години за малиот, година и пол имаше, ги изеде сите помеки лампиони. А цврстите ги фрлаше како топка и ги сокрши сите.
    Па елката остана накитена само на на врвот.:rofl:
    Не се откажувајте, пробајте, не ги ставајте сите лампиони наеднаш. Ќе видите како ќе реагира бебе па ќе ги додавате или вадите.
    Или друга опција да купите од оние елките кои светат, и не се ставаат лампиони на нив. Како пирамида се (fingers)
     
    На Noemi, Carolin. и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    12.089
    Пол:
    Женски
    Добро утроооо.
    Оваа година елката нема да ја украсувам,големата ајде разбрана е, ама близнаците бандити живи,нема шанси.( не сакам да си створам дополнителна работа и само да викам нееее,нееее...,немам сили и за елка бранење)
    Земав мала од 40см.некаде високо и ајт...важно ќе имаме елкаааа.
     
    На Yowannty, Mumoftwo30, Peperutce6 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам да ми биде украсено. Оградата со ламбички, мини елка на одморалиштето, врата, сите соби, голема елка. Годинава дури и се подновив, нови бои на елката ќе ставам. Бебуш е мал за да растура ама верувам ќе се радува на шаренилото. Овој викенд здравје ако стигнам или во текот на наредната недела обавезно ќе се украси дома. Ако има една работа што ја сакам во зима, тоа е овој период на украсување. Инаку не сум фан на ладно време:rofl:
     
    На Simon4e0507, Peperutce6, Tulip023 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    3.370
    Пол:
    Женски
    Луѓеее косава почна да ми паѓа ненормално. Сабајле кога станав навлаката на перницата е бела ама црна станала од мојата коса.. Ова е изгледа тој познат период 3-4 месеци пп..

    На бебка еве прва дремка и врви, мн се нервирам зашто преку ден без нишање нема шанси да заспие..
    Јас си направив кафе отидов во друга соба да го испијам, и да слушам како врне дожд омилено отсекогаш :inlove:
    Искрено страв ми е да не се разбуди сега па да ми го растури меракот :devil:

    Се мислам да почнам со вежбање, накај 6-7 би можела мм да ја чува. Мислам дека ептен ќе ми влијае добро. Најомилено ми е трчањето, ми фали многу така да се издувам хаха, ама кај по воздухов во Скопје. Ќе се загушам трчајќи...

    Со бебка веќе ми е многу полесно. Некако како да се навикнавме една на друга, колку се смее кога ќе ме види и кога и зборувам, душ моја мала. Конечно почна и поубаво да ми ручка, а дали влеговме во четврти скок не знам зашто успивањето ни траее предолгоо и пренервозна е..
    Убав ден женски, еве ја почна да кенка толку од моето мераклиско кафе..
    #Momlife ]:)
     
    На Lostinparadise, Katie90, Надеж♥️ и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.793
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl , мислам дека тебе и уште една мајка ве прочитав се жалевте пред некој ден во некоја од темите за вртоглавица, слабост.
    Ако не ти е проблем да ми кажеш дали чувствуваше и тешкотија при дишењето, како да земаш краток здив, дали доби менструација тогаш, и дали си ослабена?
    Деновиве и мене ми се подзавртува, ми се гади некако, слабо апетит а црева кркорат, брзо огладнувам. Вчера добив и се сетив дека гадење и тешко дишење имав пред добивање, се надевам дека ми е од тоа.
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    3.370
    Пол:
    Женски
    Пафи и јас имав минатата недела. Се гушев. не можев да дишам убаво, дури повратив еднаш. Мислев толку ќе ми се случи нешто.
    Ама изгледа ми беше од менструацијата. Значи не можев да дишам до степен што се мачев отварав прозорци.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    611
    Дојдов да се надоврзам на муабетот од Бројче, што е бе ова? Мислам аман кога се регулираат хормоните, до сега се вадев на доењето и фала богу нема да се регулираат за две недели, ама жими се јас не можам да се поднесам тој период, а не па другиве околу мене. Кај и да е мм ќе ме разведе под причина ПМС. :D
    Не мислев дека некогаш едвај ќе чекам да добијам само да се смирам тро. Се' ми смета, се' ме нервира, едвај чекам да почнам со работа, да се пикнам во дувлото - детска - канцеларија и барем да се нервирам со причина. И не е ден-два, минимум една недела порано почнува да излегува лошото од мене, 2 дена пред добивање е на левел 64738737373.
    Ни на неспиење не можам да се вадам повеќе, дете се буди еднаш во ноќта од кога се одби од цицање :D
    Сакам да кажам моево "ни се тера ни се воде" што би рекле.
     
    На happygirl, Mommy. S и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.672
    Допаѓања:
    20.514
    Пол:
    Женски

    Ау јас плачам два дена пред добиено плачам зошо умрела козата на комшијата. Ептен јако ме дрма, мм само го зема детево и шетаат негде ама плачам и за ланскиот снег и се ме нервира сама на себе сум си неподнослива. Ке добијам и ко нова сум. И не можам да јадам, ми се јаде, јадам и после ми се повраќа и ми се лоши а порано јадев за тројца пред циклус.
     
    На Puffy2019, Mommy. S и Hinebrra им се допаѓа ова.
  17. Mommy. S

    Mommy. S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2025
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    И јас сум истата. Многу знам да се изнервирам. Мислев од хормони, од доење, од неспиење. Сега дете спие по цела вечер.
    Некогаш од реална причина се нервирам.
    Добро мајки, се нервирате ли кога ви се замешуваат мајки, свекрви, тетки, било кој што не поминале повеќе од 2саати со дете?
    Веќе 3пат свекрва ми ме прашува за одбивање од пелени, што сум планирала, ајде време било она ги одбила пред да наполнат две.
    Син ми за некоја недела ќе полни 21месец.
    Го одбивав од доење, сама во се, не чека преселба, и реално одбивањето од пелени ќе е кога ќе наполни 2и кога ќе се сместиме во новиот дом. Кога ќе здивнам и ќе знам кај сум.
    И првпат решив да не ќутам, и велам, кога одлучам јас оти сум спремна тогаш. И ми вели, а не се лутиш што кажувам нели? И велам, таман работа ќе те испушам но не значи дека ќе те послушам. Кога ќе си бидам спремна тогаш.
    Не ме изнервира тоа, ме изнервира што му се жалела на мм дека сум била дрска не требало така.
    Многу се нервирам кога се работи за дете мое и планови мои.
    Нит чекам на некој нит ништо.
    Се нервирате кога некој ви планира што да прајте или претерувам.
    Порано бев тивка, и одговарав со да аха, ама сега навистина сум понервозни. Можда и со право.
     
    На Puffy2019, Simon4e0507, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    8.616
    Пол:
    Женски
    @Mommy. S , како што врват години од едно уво ми влегува, од друго излегува и само климам со глава.

    Еве конкретно за свекрва - споменала неколку пати дека таа одвикнала деца на 2 години ама во зима било ладно и да не стануваат ноќе уште цела година после за секој случај ставала пелени за спиење.

    Мајка ми пак мислам не може да се помири со тоа што дете кај мене е скоро 3 години и е уште со памперси.

    А и општо двете се во фазон, комшивката правела вака, ти не правиш, внуката давала ова, оти ти не даваш итн. И како што реков сега веќе со климам со глава само.
     
    На Puffy2019, Carolin. и Mommy. S им се допаѓа ова.
  19. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.308
    Допаѓања:
    25.703
    Пол:
    Женски
    Аууу па си зборат. Ама не ги перцепирам.
    Ако ја слушам свеки, на 9 месеци, требаше мојата да покажува дека и се кака на пример. Мм и девер ми така правеле.
    Па дека е време да тргам пелени, а детево година и три месеци е.
    Нокширот го гледа, ја ставаме понекогаш, ништо на сила, несакам одбивност да ми створи.
    Игнорирам јас муабети.
     
    На Puffy2019, Carolin., Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.607
    Допаѓања:
    14.352
    Пол:
    Женски
    Да, цело време ми е лошо. Исто и пред да добијам ми е исто вака. Јас добив после 7 месеци од пораѓај. Провери си крвна слика, кај мене до доењето е.
     
    На Puffy2019 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.