Ако не иде ќе мораш да одбиеш од доење, така јас престанав, не по своја желба, ама после ќе се врати се во нормала.
Не знам дали е скокот или нешто друго… до пред скокот се заспивавме во 20, 20:30 и спиеше до 7. Со 3-4 подои, некогаш се будеше накај 4,5 па ја презаспивав и спиеше до 7. Сега и да заспие во 20 се буди за еден час си го третира како дремка. Заспива во 22:30 секој ден и спие до 7, 7:30 со 2-3 подои. Пробав ако заспие во 20 па стане за еден саат после тоа да ја презаспијам одма ама не сака, се буди и одма е расположена за игра сака да стане не сака во кревет. Дали ќе се среди ова? Мене не ми е проблем ама мислам дека 22:30 е малце касно бед тајм за бебе… до скокот ли е или вака ќе си остане не знам…
3 дремки. Една од 09:30 обично 40 мин до саат. Па после накај 13:30, таа е долгата, 2 саати. И после накај 18,18:30 пак 1 саат и следно 22, 22:30. Како да ги распоредиме? Секако пробав, еве и денес покасно и беше првата дремка пошто бевме на вакцини. И сега само што се разбуди од последната дремка и знам дека ќе биде журка до 22…
Последната е многу касно, затоа не ти заспива. Да пробаш вториот прозор да ви е пократок. Колку месеци е? Можеби е време за 2 дремки, мојот така цел месец ми шанташе и во 5:30 правеше дремки па не можев до 9 да го заспијам.
6 ипол месеци е. Ајде ќе пробам утре да ја заспијам порано, обично тогаш прошетка имаме ама не сака во количка да спие…
Попладнево прв пат и дадовме вода од чашка со меко цевче од mushie… пие пие се расплака кога и ја тргнавме, циркуз дете
Да си украсите. Нема дете што не ја бутнало елката, па ќе му раскажувате кога ќе порасне. Ќе ставите некршливи лампиони и ќе оставите дете да се радува. Нема да биде совршено декорирана елка како од магазин ниту следните години, ама ќе имате совршено среќно дете на кое ќе светкаат очињата како сијалички и најсовршени празници. Ги оставив моиве да ја накитат, па јас ја прекитив и така уште неколку пати ја прередив, дур не им здосади. Големата веќе напиша писмо до Дедо Мраз, малиот не знае да пишува, тој нацрта што сака да добие за подарок. Традиционално вечерта пред Божик ќе шараат колачиња и пред спиење ќе ги оставиме во чинија до елката, заедно со чаша млеко за Дедо Мраз. На божиќното утро кој прв се издига од кревет (читајте маж ) ги носи претходно скриените подароци под елка и остава “снежни” трагови од дедо мразовските чизми по подот во реална големина. Па грицнува некое колаче и пивнува млеко да изгледа дека Дедо Мраз и стварно наминал. Имам видео од секоја претходна година како отвараат врата во дневна и трчаат до елката во пижами и бушави коси. Не можам ни да замислам поинаков Божик. А не сум некој фанатик. Ама…
И јас сакам мн новогодишна еуфорија китење топол дом … амаааа што маж сум нашла абе секоја година пукнува последен викенд од ноември да китиме не може да издржи до декември. Сега па дека со бебе… секој ден од работа се враќа со сијалички нови, со дедомразовци, снешковци итн за викендов сме спремни и јако почнуваме имаме огромна елка ама па и дневната ни е голема, и ептен со вкус одбрани украси низ годиниве. Ве читам за буткањето … кај нас од наредна година ќе биде тоа вероватно ама нека бутка, не и кратам светкање и радување ќе прередувам и ќе чистам ако скрши нешто да е жива и насмеана и здрава само она најубавите месец ипол следуваат од викендов натака првиот Божиќ со мојата ѕвездичка
Исто. Маж ми е крисмас џанки ептен. За прв Божик со првото дете елка накити во Октомври. 3 недели напна да се кити конечно вчера им дозволив. Сакам само неколку црвени машнички да докупам и остана да се нареди возот околу елката. Среќни и весели празници да си имате.
Исто како naturally што ти пиша и јас истото го имав со бебка пред да ја исфрлиме последната дремка и за од 4 на 3 и за од 3 на 2, пробај продолжи прозори будност и тргнете ја последната дремка.
Леле исто и мм вака ги најадува колачите хахаха. И прави стапки со неговите чизми со брашно, да има траги на паркетот. Имаме клипови од секој 1 јануари утрото кога синко ги отвара подароците, уште сонлив и отечен од спиење Нека се радуваат децата, мене мислам ќе ми биде криво кога синко ќе сфати дека Дедо Мраз не постои
Е уште воз немамееее ама оваа година мора да најдам убав ради бебка сигурно ќе го гледааа убави најубави празници и кај вас
Најубавиот дел од годината. Дури предновогодишните денови ми се поубави од самиот ден. А Божиќ е посебен. Едвај чекам да украсам, иако ќе биде скромно годинава. И како дете многу сакав сијалички и украсено да биде. Уште ги чувам украсите од мала. Се сеќавам колку се радував на Дедо мраз и подароците. Нз колку години имав кога сфатив дека не постои, но штом се сеќавам значи големка сум била. Се сеќавам како татко ми испаѓаше од дома и се преправаше дека е Дедо Мраз. Лани син ми ја куткаше елката лазејќи, а годинава има да ја тресе цела. Ама ако, кејф ми е таква атмосфера.
Проверете си ниво на витамин Д во крвта. Во мојот случај испадна дека сум во огромен дефицит поради доењето. Дури во почетна фаза на Остеопеа сум (намалена коскена густина). Недостаток на вит. Д предизвикува многу симптоми меѓу кои и немоќ, лошење, омалаксаност итн.