Има ли гужва по молови?Неам на кого да остаам бебе а некако со вирусиве шубе ми е.Штета вајкики онлајн што немаат
Што ти е план? Јас многу сакам да ја одвикнам што заспива со неа, ама немам срце кога ќе почне да плаче по неа
Додека е помала одвикнувај. Кога ќе дојде како мојава година и 3 м, и сама ќе знае кај и стои и да ја зима, тешко ќе иде. Еве тешко иде. Само треба да стегнам заби јас и да пресечам и издржам неколку дена. Од тоа која деформација доби на дрударка малава на вилица, уплав имам.
Често ја користите и вака преку ден или само за заспивање? Ние само за заспивање и тоа кога ќе заспие одма и ја вадам па се тешам дека заради тоа не е страшно. Плус блв е од сам старт така да вежба вилица и јазик многу со тоа. А имам желба да не и треба, ама не знам како сега на 10 месеци...
И мојата е за заспивање, некогаш кога ќе зацврсти сон ја плука и не и треба ама некогаш ноќе се расонува ако не и ја вратам назад во уста
Па ќе се успиваме и презаспиваме без нејзе. Ќе видиме колку дена, ама не знам дали постои друг начин.
Како расте се позависна е од неа. За второ дете, цуцла не зимам. И мојава е со храна како за возрасен скроз. Краставица цела грицка од бебе што се вика. Ама иде и знае кај и стои, ќе те поткрене на прсти и си ја зима. Збеснува ако ја нема, плаче. Ама ќе мора да ја тргнеме. Мојава да ја користи како твојата, супер ќе е.
Ајде ќе ти кажеш како ќе поминете Засега сме така, се надевам нема да и текне да ја бара како ќе разбира се повеќе Ама воопшто за ништо друго не и ја давам уште од раѓање. Мајка ми цело време и ја даваше првите 2 недели кога беше со нас и само се каравме.
7ми скок на најјако. Саат ипол се обидувам да ја заспијам и само плаче ништо не и одговара. И еве ја зема татко и и ја заспа. И многу ми е драго тоа, ама таков failure се осеќам во таков момент на плачење ме тера дури. Луда ли сум?
Абе еве дремам на телефон ама не знам зошто така тешко ми паѓа Плус што среќа ќе имавме да вади заби во најјакото од скоковите