Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.169
    Допаѓања:
    11.899
    Го живеев животов кратко, до пред месец, убави денови беа :rofl: Сеа ако и се појави кога и се спие одма почнува солзи и мамааааааа. А преку ден е лепенка и за дремки и навечер си заспиваше со него. Немам трпение пак да почне:x
     
    На Калатеа, dummy, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    5.552
    Јас немам идеја како ќе почне да заспива со други, цицкава не ја дава за ништо:|.
    Битно си размислувам позитивно и си замислувам колку ќе ми биде убаво и олеснително:whew:.
     
    На Надеж♥️, Noemi, dummy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    6.377
    Пол:
    Женски
    Од прв ден навечер повеќе заспива кај него него кај мене.. превише ми беше тешко на почеток сум пишувала и тука. Сега веќе цел месец он ја заспива навечер зошто е претешка а во раце се нишкаме .. јас сум главна за преку ден 8) татко и ноќно заспивање. Јас влегувам се туширам, средувам лице, облакам пижама и ги чекам во спална :l:
     
    На MariaBouli и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  4. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Петок вечер со свеки ќе ве гњавам. Беше на гости денес, "гости", ја викнавме ние дека морав да завршам нешто работа, инаку не и текнува да дојде да си види внуката.
    Боже мој, и вика на ќере ''Кјара бабе каде е тато?,, Потоа вика, "А каде е ( и го кажува моето име)?,,. Како така, детето да се научи мене да ме вика по име?
    Инаку првата внука, од ќерка ѝ, ме викаше секогаш на име, никако вујна, а мм вујче. Потоа и втората внука исто ја научија така. Кога им кажуваа нешто за мене секогаш со моето име, нѐ вујна. Тогаш им имам спомнато неколку пати ајде кажи вујна, но не ми било толку важно. Но, сега толку ме налути што на моето дете почна истото да го прави. Ако слушнам наредно така да и се обрати веќе нема да преќутам. Морав некаде ова да го кажам, мм вели да не се замарам со глупости, ако уште еднаш така рече он ќе и кажел. А и вика не мора да ја викаме ако не сакам јас. Ако не ја викнеме секако нема ни да и текне да дојде, зафатена е со другите внуци.
     
    На Puffy2019, Надеж♥️, Simon4e0507 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    6.377
    Пол:
    Женски
    Внук ми мајка му си ја викаше по име мн долго. Повеќе го чуваа баба и дедо и они си ја викаат по име детето нормално така сфати дека треба а на братучетка ми и беше хит пресмешно … јас од стално се чудев… па одвај чекам да почне да вика мамо најголема радост на свет ќе ми биде тоа, да реагираш одма!
     
    На 1209, Puffy2019, Kjara2025 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Исто, внуките мајка им си ја викаат по име. Сум зборувала со свекрва ми дека мене не ми се допаѓа таков однос, ама како намерно да прави така. Многу влијае воспитувањето на детето, јас ни на крај памет не сум ја викнала мајка ми на име. Ниту сум имала желба, мама си е мама. Така сум воспитана. Инаку си употребуваат по дома и ( идиотка, глупача...), една на друга, на ќере неколку пати и се имаат така обратено. Ми се гади кога ги слушам, ама баш ми се превртува желудникот. Не сакам и Кјара да ги слушне и така да се научи.
     
    На 1209, Puffy2019, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски

    Со такви луѓе на време ограничуваш гледање и ај пријатно. Никој не е поважен од твојот мир, здравје и твоето бебе.
     
    На 1209, Ladyme, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.254
    Пол:
    Женски
    Хелоу:inlove:

    Не знам каде да прашам, па знам тука ве има повеќе. Предложете ми некое местенце за прошетка со бебе?
    Гледам убаво ќе биде времето викендов па да искористеме.
    :hug:
     
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.169
    Допаѓања:
    11.899
    Ако има сонце Дојран, знам дека ви е горе долу близу, има кај да прошетате со количка, чист воздух, паркчиња со лулашки ем ќе си каснете вкусно.
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Исто ми се има случено и ептен нервира.Не знам дали хормони или што ама ау.Леле бе јас знам дека не се лоши луѓе ама мозок не се уклучува.Среќа мм и ја сме како еден мозок па мислам дека уште пред да помислам он ќе го каже.
    Мене нешто што ме иритира е коа ќе ти кажат ај бе они исчувале 3 деца како не знаат да чуваат...абе пред 30 години и сега исто ли е?Која е таа одбивност кон моментот дека време се менува бе.Па вчера и денес не е исто не па 30 години.Уште па увредени мислиш не знам они се знаат.Леле ако станам таква свекрва ќе се упуцам..
     
    На Puffy2019, Eho, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.254
    Пол:
    Женски
    Кај мене па знаеш што се дешава? :D
    Секогаш свекор и свекрва знаат да кажат ,,каде е татооо?” ,,еве го иде тато!” А каде е мама, не се случило до сега. :D Мама небитна де, што ќе му е мама. :rofl:

    На свекрва и беше пред некој ден роденден и го зема бебе доле кај нејзе да го видела. Ок.
    Кога отидов да го земам дека му беше веќе време за дремка, приметив дека боденцето му беше извалкано со торта. А кога почнав да му давам цврста храна, им нагласив што ќе се дава, што не.
    Ми ги спои жичките. Се воздржав дека и беше роденден па не сакав да и го расипам. Ама денеска ја прашав и ми рече: ,,еее па малку само за од машко му дадов, греотка е”. Е па добро ајде, штом е за од машко, простено нека е. :drunk:

    Не знам еве гледам да сум културна секогаш, гледам да не избувнувам за нешто без врска. Ама изгледа колку повеќе им попушташ, толку повеќе се опуштат.
    А како што ве читам па како сите да се родени од една иста мајка.
     
    На Puffy2019, Eho, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Ако можеше татко му да го успие сабајле во 5ипол ќе бев на коњ. Ама не брее морало кај мене, навечер ќе го успијам 1ипол саат не можам да го спуштам во креветче одма станува, сабајле во 5 иста приказна. Кај нас 4 скок е на најјако. Уживааај
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Тој проблем со свекорот го имам. Мм свекрва ми ја вика на име, мислам он скоро сите на име ги вика освен татко му и дедовците. Океј не им смета така го научиле ама јас нема да дозволам моето дете на име да ме вика. И свекорот како за инат каде е.. На име ме спомнува не сум јас така јас сум мама за него одма го пресеков. Ако не пресечеш одма ќе си продолжат така.
    Јас со сопствениот татко за тоа се искарав пред некој ден, до толку ме исклучи. Беба е 4 месеци, јас од старт решив дека нема да повивам. Знам многу мајки и тука дека за спиење ги повиваат додека се мали нели за да не се будат океј, ама пред 30+години децата по цел ден повиени им биле. И он се запна порано оти ги повивале поздрави биле, не се убивале не знам ти што. Да му викам оти немале време за да си играат со вас и да ви обрнат внимание па полесно било повиј го да не мрда и врзи го за креветот да нема каде да оди. Поздрави биле да ама сигурно не од што биле 24/7 повиени.
     
    На 1209, Puffy2019, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Добро значи не сум само јас со такви симптоми. И јас ја отворив вратата од тераса викам морам са вдишам свеж воздух.
     
  15. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Се надевам ќе ти помине веднаш штом ја одбиеш.
    Ќе направам деновиве обавезно, да знам на што сум.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    12.811
    Пол:
    Женски
    Мене па ми се смртно налутени цела фамилија од маж ми, оти на внукот на маж ми ко беше бебе, реков дека наместо стрино јолин, сакам да ми вика јолин.
    Па тоа драми беа, како не сум го сакала детето, како не сум ги политувала, па како сум ги делела ко фамилија и секакви глупости изнакажаа.
    Сакав да речам глеј си твоето и да не ти дреме. Од на бебе ако му рекле како се викаш на име, нема да смени ништо.
    Ќерка ми е две ипол скоро, па не знае дека мама се вика некако. Чудно и падна кога едно нејзино другарче од градинка ми рече џолин мама. Па се налути да каже дека е само мама, нејзина мама.
    Ама не чувана од свекрви воопшто :D.
    Јбг мир у куќа, мир у душа. Ми беше тешко ко беше бебе од неколку месеци, ама сега сум прегорда на нас тројцата :inlove:.
     
    На Mommy. S, Simon4e0507, SanelaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Не е бебе, 1 година има, почнува веќе се да разбира.
    Стариве генерации мислам дека се ќе направат само они да се во право. Ние ништо не знаеме, порано како се растеле деца и такви муабети. Најдобро е сами да ги растеме, помалку проблеми дома. Се надевам нема ние вакви да бидеме на старост:lol:
     
    На MariaBouli, Puffy2019, Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.423
    Допаѓања:
    9.154
    Пол:
    Женски
    @QweenSM , ставав правила што и како за дете и до некаде почитуваа. Кога почна со градинка и таму да јаде се, дома кога почнавме да поткупуваме по некое мини чоколатце, јогуртче си било што, сето падна во вода. Ако ме виделе дека сум дала пудинг на дете, а давам може еднаш неделно, автоматски значи дека баба и дедо ќе дадат 2 дневно.

    За викање и обраќање вика и мама и тато, баба и дедо или дедо Х, ако прашаме како се вика мама, кажува или само име или мама Х.
    Е во последно ни се обраќа ко во турска серија, мајкоооо, таткооооо :?::x
     
    На Carolin., LiquidLuna, Fenix05 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    За ова со баба и дедо мора да си го решиш. Мора да се почитува тоа што ќе кажеш. За доброто на детето не треба да даваат да гледа, за негов правилен развој. Не сакам да зборам какви случаи имам видено од екранизација.
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    15.175
    Пол:
    Женски
    Мајка ми мене ми е свекрва.(facepalm) Бурек со месо и дала…. Бурек со месо и уште лабаво ми вика, па греота е ме гледаше.:drunk:
     
    На Kjara2025, naturally, QweenSM и 1 друга личност им се допаѓа ова.