Е не ни видов дека ќе врне Тогаш некој подобар викенд ќе си почека хахаха Ние сакавме да искористиме дека и моите нема да се дома, па празна куќа и плус еден саат до Солун, ама ако врне џабе идење воопшто...
Уште не сум поминала низ ова ама јас прво што би кажала е телевизор, мобилен телефон НИКАКО. И шеќер исто во никој случај.
Хахахах леле истоо. Ме праша кога ќе и давам навечер плазма и млеко викам никогаш. Знаеш колку шеќери има во тоа? Вика па јас сум ви давала вас ве држеше тоа сити. И јас мислам дека поради тоа што сум пиела бисквити во шише со млеко ради тоа сега без благо кризирам. Не сум overweight, нормална килажа имам ама без благо не можам…
Не се бунам којзнае колку оти нели немам избор кога е настината да земам боледување цело време ама случки, дете седи дома, јас доаѓам од работа. 4/5 пати телевизор пуштен Јутјуб, цртани. Јас: зошто пак цртани, нели се договоривме да не гледа ... Х: ама не гледаше, сега пред 3 минути пуштивме додека те чекаме Оти нели ако стасав 3 минути порано, немаше да гледа детето цртани. Ама реков некогаш сме во ситуација и низ прсти да прогледуваме.
Децава се ко маѓепсани пред телевизор. Значи буквално хипнотизирани. Изгледа немала друг избор како да го смири па ај цртани и она раат и детето раат. Кој да го занимава со играчки… Ние ептен кога мораме video call со моите дека во странство живееме. И тоа се рачуна за скрин тајм ама ајде интеракција со човек има дури она не ни гледа во екранот увек и е нешто друго поинтересно. Ама од овие “нови” болести преплашена сум и ми е страв од телефони и телевизори со детето. Кога си игра во дневна редиме јастуци пред неа да не гледа во тв ако е пуштен.
Ни строго сум бранела Тв, се случувало и јас да пуштам. Дури и во градинка до пред некое време, им беше тв постојано пуштен. Колку е добро тоа, не дебатирам. Коментарот ми е во контекст на тоа колку "слушаат" бабите, бар моиве де. Сме го дебатирале многупати делот со Тв. Секој со своја страна и приказна. Јас мислам такво забранување води кон полошо. Подобро заедно да одгледаме 15-20 минути тв, кај што јас зборувам и објаснувам цело време што гледаме, кучето, мачето, вака така, онака, отколку комплетна забрана, па во моменти кога ќе се соочи со екран да е како хипнотизирано.
Да, да зависи и возраста нели, мојава е уште мала сметам дека на 7 месеци нема потреба од тв. Од годинка можеби и јас ќе почнам така со 15 мин и објаснување. Не дека нас некој ни бранел толку мали да гледаме тв.
Леле мајки ве читам. Блазе сте. Да го земат и да го шетаат? Што е тоа, незнам што е. Никогаш го немат прошетано. Да изразат желба, ма нема ни да им се јавувам, нека одат кај сакат и колку сакат. Ништо страшно ако дадат бисквита, не е крај свет, но секако да биде нагласено, зависи и колкаво е детето. Навистина ви се чудам, не ме сваќајте погрешно, среќа што ги имате да ви се најдат кога нешто треба. Неможе да се совршени, битно е што имаат желба да преземат обврска. За тв почнав од годинка, ама не се интересира нешто многу.
До ден денес јадам бискивити и млеко, или многу често благ доручек. Не е здраво ама ми бара душата. Ама не мора и моето дете уште од 9 месеци дс е така. Јас не викам дека нема никогаш да дадам, ама не секој ден оти е најлесно.
Денес доручкував бисквити и млеко хахаха која случајност. Ама изгледа стварно многу често ми е доручекот нешто благо. Така и реков само не дека нема никогаш да дозволам тоа да јаде. Она нас ќе не гледа и она ќе сака. Ама што подолго би одолговлекувала со рафиниран шеќер.
И јас јадам мн благо ..дури ми се слошува без благо во 03 сабајле знам од тегла да кркам нутела..немам прекумерна тежина ама многу сакам благо ...сакам тортиче од Палма,Зафир Сега со доењево не да ми се јадат шеќери..не знам како е кај вас ..
Исто е Дека дојам, општо јаглехидрати ми се јадат не само благо. Какво е тоа тортиче од Палма, Зафир? Сега ме заинтригира хахахахах
Затоа додека е мала и многу не разбира треба да поработиш да ги смениш твоите навики за да нема потреба да забрануваш нешто покасно. Колку што е важно блв и намирниците сега толку е важно што гледаат покасно. Да нас не товеле јаглехидрати, благи доручеци, итн. ама сега сме возрасни не може уште да ни се криви старите. Истиов проблем го имам со маж ми што не јаде доволно овошје и зеленчук, а јаде доста благо (и пак е слаб ) и постојано зборам дека децата имитираат не може да јадеш леб и крем, а да очекуваш она да јаде јајце пример.
Знааааам, се канам цело време да почнам со на Драгана исхраната и вежбите баш за тоа, да бидеме пример, ама си бара карактер што го немам. Не ми се криви они веќе, свесно го јадам тоа што го јадам, ама некои навики тешко се менуваат...
Јас па со доењево се разјадов шеќер … порано мн сакав млечни прозводи, маж ми знаеше да купи поскапи кашкавалчиња, пармезанче, винце, мезе … сега немаме време за ништо… навечер сум ви кажувала од бебе женската моја спие со асистенција буквално… се врти, и паѓа цуце враќам, ја местам… ја покривам се открива и така од како ќе заспие кај 7:30 до сабајле до 6. Живеам за моментот кога ќе ја успијам и јас ќе се вратам во дневна и ќе ја гледам на камера и ќе си мезам пак со маж ми и ќе се видиме асално зборот ми беше благо јадам многу повеќе откако дојам… само купувам глупости или маж ми ќе ми фрли некое чоколатце кога ќе си дојде од работа во знак на љубав А се вратив во тело, послаба сум 2кг од пред да останам бремена … мн сакам да вежбам пак ама стварно сум мн уморна а кај мене тоа дека после вежбање се враќа енергија ен важи посебно не навечер кога ми е единствен период кога можам да вежбам пошто цел ден сум сама со неа. Едино тој период меѓу 5 - 7h ама што попрво. Ајде ќе помине зимава, ќе запролети па подолг денот и бебево мое ќе порасне
И свекрва ми тоа ,одбиј ја од доење ноќе дај и во шише со скината цуцла бисквити и млеко јас така на моиве до 3 г им давав А мајка ми уште полошо од 6 м ми давала во кравјо млеко (добро ај од домашна крава било) а од 2 м чисто млеко кравјо ама барем не ме терала и мене за моиве деца за разлика од свекрвата Баш пред некој ден на инста ми изчезе разликата од нашите цртани и овие сеа колку се поагресивни. Инаку на околу 10 месеци веќе гледаше големата со објаснување а телефон на 2 г на плажа и дадов оти ми избега и морав да се смирам јас некако откако ја вратив @Stone не ми текнува колкаво е бебчево ама и за сок нагласи ,мене така на големава свекрвата сок и даваше оти вода не и пиела и се научи на сокови по 2 л денот пиеше тетрапак едвај ја одвикнав а на страна што тоа придонесе за да не јаде.
Да..секако и ќе шетате заедно па кога ќе проодуваат ...ооо нема да седнуваме ..тогаш е многу движење така мислам..дека ќе нема застанувачка ..моево бебе е мн темпераментно ќе го јадам поштено..ќе кажувам секако тука сме си сите
Хахах е да на истиот принцип и јас сум израсната изгледа сите тие генерации 80ти, 90ти така сме пораснале на бисквити и млеко во шише со скината цуцла Леле боље козјо да ти давала отколку кравјо. Ама ајде еве не здрави, живи што ни фали
Крава имале баба и дедо Затоа викам ќути барем домашно и разредено секако. Не сум напредувала убаво и некоја баба во болницата ко ја видела расплакана зошто не напредувам и дала совет да ми дава кравјо ако имаме крава Не памтам мислам дека 60 -40 го растворала со вода