Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    20.507
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, од кога се местам да пишам и никако не наоѓам време. Еве сега бањата со сите скин кер рутини изведени, уште коса да исушам ми остана. Мм и бебо од 8ипол се качени во спална во 8и50 ми пиша спиеме, thankyou my friend :lol: да си кажам сеа што имам

    Детево конечно седи во градинка, веќе излеа 3та недела му е ова со спиење јадење се, плаче на оставање ама кажуваат дека е многу умен и дека воопшто не плаче одкако ке влезат таму, ваљда сака мене да ме гризе совест после цел ден, друго оправдување не гледам. Ама штом он се научи, ја мислам сите ке се научат. Во право си беа жените таму ке се научи ке видиш кога ми велеа.

    Мајка ми мене ми дала грав на 3ипол месеци чинам, прво беа 5месеци, после 4ипол а сеа некако до 3ипол стаса. Водата кај што сњ варел гравот и леб, ја послушала свекрвата на свекрва и нејзина. Не за друго многу сум плачела а она имала работа низ дома, ме најале со чорба и леб, сум спиела 5СААТИ па се исплашила, кој знае што ми се дешавало во стомаков. И јас сум од тие растени со разредено домашно кравјо млеко пошо немала млеко за мене. Од тоа млеко имам во болница легано и цел живот се трудам крвот да си го оправам ама не можам, тоа се тие последици. На синко знае да му тутне благце и сок без да праша ама после кој не и јаде ручек се туфка како да ми каже. А не му дала ништо да проба сама пошо и е страв од алергии со брат ми се измачија асално, па тоа ја спречува. За свекрва нема да пишувам и она си има испади нејзини ама ја ги сечам у старт. Не прашани да не зборат ич кога е во прашање детево мое. Или ке биде јас како ке кажам или нема да биде, ни едната ни другата ке го чува.
    Знам само дека ако сте породени тазе, а на тазе мислам до кај 1година ке ви смета и како дишат покрај детето. Ама хормони се средуваат, гледајте со здрав памет да останете за на тие што најмногу им требате ве имаат во најдобро светло :inlove:


    Имајте убава вечер.
     
    На Eho, 1209, kozuf и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Женски
    @Carolin.
    Добро што им е со водава од гравот (facepalm)
    Не си прва што го кажува ова и стварно не ми е јасно. На 3 м не верувам дека би можела да го изџвакаш тоа ама ај :D
    Туку вака ко ќе размислам и јас пола живот со ниско железо бев (facepalm)
     
    На Mumoftwo30, Carolin. и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  3. Mommy. S

    Mommy. S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2025
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Инаку и јас сум касните 90ти.
    Ме доела мајка ми до година и нешто, а потоа кравјо домашно. Сум голтнала кожичка и сум се згадила. И толку ми било од пиење млеко.
    И сум била голем нејадач.
    И ден денес се гадам од млеко.

    Денеска прв пат мм го успива синко и тоа успешно.
    Многу сум се израдувала.
    Чуствувам како хормоните полека да ми се враќат на место.
    Кога го доев синко, неможев да се изнајадам благо.
    Нутела три лепчиња намачкани често ги јадев после ручок.
    Буквално си ги криев чоколадата од мм. И не ми беше никогаш доста благо, нз дали има улога ама и кандида си закачив во прогресивна фаза.
    Уште малку и 2годинки, времето лета.
    Мајки како ја опишувате годината од 2 до 3години?
    Лани стално викав да наполне 1 ќе ми е полесно.
    Но мене дефинитивно ми беше потешка година од кога беше бебе.
    Преодување, паѓање, заби вадење, борба водење со храна, одбивање од доење... мада и сега со манџи водиме борба
    Дури сега чуствувам олеснување некое.
    Одиме во кафич/ресторант а синко сам се заигрува, сам си оди, си игра со играчки, соработува, дома исто.
    Што претходно немаше шанса
    И така мислам од ден на ден станува полесно.
    Да се живи и здрави само сите деца , знам дека се поминува, ќе дојде ден кога ќе бидат самостојни иако е на моменти напорно, душава ми е полна
     
    На dummy, Трагедијаупмм, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  4. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    7.010
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сум била од 4 месеци на кравјо, немала мајка ми млеко и педијатар пази ПЕДИЈАТАР ги посоветувал да даваат кравјо, скапо било адаптирано. :^)Затоа цел живот сум слабокрвна и имам 300 проблеми со дигестивен систем како и проблем со вишок кг. И за тоа кога ќе речат имавме работа испаѓа како ние да немаме ништо работа и сакаме намерно да си отежнуваме. Ццц значи кога ќе слушнам некои приказни какви глупости правеле порано се чудам и како сме преживеале.
     
    На Eho, MeowMeow, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Женски
    Јас цел живот се мачам со прекумерна тежина и stress eating дали е од нешто што ми давале дур сум била бебе не знам ама за навиките мислам сама сум си крива што не успевам да си ги сменам. Едно знам дека прв оброк ми бил вечера и тоа негде на 5-6 месеци дека мајка ми снемувала млеко навечер и ми давала кисело млеко со леб па сум спиела како заклана :rofl: Ми се чудеше кога и реков дека прво воведувам доручек па ручек па вечера, сум требала директ вечера за да ми спие бебе. Уште ми коментира дека голема била она (за некој ден 8м прави) и не требало да цица навечер. Е супер важи, дојди одвикни ја ако не треба :rofl: Од 20h ако ја викнам да ја чува заспана и да ја гледа на камера, она веќе во 20:15 хрчи покрај камерата.

    За благото дур дојам подобро да не коментирам, не само благо значи буквално СЕ ми се јаде како дупнат казан сум. Втор циклус истерав и се надевам ќе се потсреди наскоро апетитов ама бебка нешто протестира со јадењево оброци и си цица бајаги се уште. Ќе се издржи некако, битно се решив конечно се вратив на вежбање и по една недела се осеќам веќе подобро. Првиот тренинг бев ужас, телово млитаво едвај мрдав на раб бев да се откажам ама веќе вториот дупло подобро и едвај чекам пак :inlove:
     
    На Noemi, Трагедијаупмм, merriel0 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.587
    Пол:
    Женски
    Ајде тогаш толку и биле информирани, плус сиромаштија, ама денешно време да даваш кравјо млеко на толку формули, има и поефтини, кравјото поскапо доаѓа ако не се лажам, не можам да се доначудам. Комшивката на три месеци почна со кравјо и каши, тешко на бебето, кога исповрати еднаш кај мене како густо лигаво, не се нормални значи, брзаат да им пораснат децата, као нема да има време за каши и такви глупости, затоа сме најнездрава нација со висока стапка на дијабетес, порано и им ги макале цуцлите во благо за да фаќаат, и ден денес има такви тоа ме чуди
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    25.906
    Пол:
    Женски
    Цуцлата во мед, лимон кога ика бебето, вода од грав на 3м, кравјо млеко наместо АД... Се сум слушала дека правеле, ама си велам толку знаеле.

    Мајка ми немала млеко за мене, и од 1м сум била на Хумана АД млеко. Вели ни млекото не сум го пиела колку што треба, за кашите муабет да не правиме - пребирлива од бебе, и ден денеска сум таква, јадам едвај 5 работи. Има јадења што во живот ги немам пробано никогаш, ама знам дека не ми се вкусни, на пример сарма, полнети пиперки, боранија итн... Затоа се надевам само моите деца да не се како мене. Синко за среќа си јаде се од бебе, не многу количински, ама разновидно. Бебка ќе ја видиме како ќе биде, почна убаво да прифаќа вкусови, стигна до 200гр појадок и наеднаш ја затвори устата, сега секој оброк ми е нервоза и борба со неа за да изеде 150-160 гр. Се надевам ќе смени оти немам трпение ниту нерви.
     
    На Puffy2019 и Carolin. им се допаѓа ова.
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Јас на тетка ми кога и кажав дека давам кашички со просо и јаболко, со хељда, ми вика мх многу убаво што да ти кажам, дај му на детето нешто конкретно. Викам а што е според тебе конкретно? Вика дробена супа (facepalm):rofl: на 6 месечно бебе да давам дробена супа…
    И ако нешто се пожалам ми вика Ех мајко ти не знаеш колку е тешко да си мајка. Демек ќерката и се жали на мајката хахах
     
    На Eho, 1209, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    епа не давале порано работи како хељда, киноа,просо,овес, амарант затоа се чудат
     
    На arwen93, dummy и Ladyme им се допаѓа ова.
  10. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    20.507
    Пол:
    Женски

    Да, на мм мајка му и татко му ми рекоа просо на пилиња давале не на деца. А за се останато се чудеа што е тоа. И следи муабетот "тебе мајка ти сака пиленце да те направи а бабе/деде"
     
    На arwen93, Eho, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    8.596
    Пол:
    Женски
    Па за воља на вистината, ни ние јадеме, ни ништо.
    Бар во наше домаќинство, киноа на 2-3 пати сум направила, амарант прв пат во живот овде прочитав.
    Овес/овесни снегулки е тоа што користиме многу. Евентуално мешавина да земам со јачменови, р'жани, па така да внесеме и ние и дете.

    Инаку дадов на дете за проба колку да тргнеме од список и уште неколку пати после тоа.
    Сега веќе кога си јаде се што јадеме и ние, такви работи што пак не се ни чести овде во исхраната не ми текнало ни да купам, ни ништо. Ни житарки, ни аспарагус, манго и слично.

    Просо како бебе и помагаше за столицата, се случува повремено да дадам.
     
    На Puffy2019, Carolin., happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе речам ок е оправдувањето толку се знаело тогаш...ама зошто побогу не се едуцираат за тоа што се знае денес?Јас никого не обвинувам од стариве што правеле тогаш...ама не може бе да знаеш фб да отвориш тик ток јутуб да гледаш а да не сакаш да изгуглаш што е добро за твоето внуче.Доволно е да пишеш само мед на бебе и да ти отвори статии..не знам еве.
    Не може светот да се менува а да тапкаме во место зошто полесно е така.
     
    На Eho, 1209, Puffy2019 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе ме мачи зошто толку не ги почитуваат родителите?? Ти кажуваат што се препорачува денес според понови истражувања, како треба, зошто, се консултирале со педијатри, истражиле и ти упорно да го сметаш за подобро тоа од пред 30 години. Не мора да гугла ништо, само нека прифати дека родителот одлучува за своето дете што е најдобро, согласно напредокот на медицината.
    Фала Богу мајка ми прифаќа се што ќе и кажам дека треба/не треба во врска со ќерка ми иако некои работи и се чудни и можеби не се согласува (што е нормално) и верувам дека и да ги оставам сами ќе прави како што сум и кажала. Ама свекрва ми е друга приказна… е поради таа непочит и мое психичко здравје, за оваа и др работи ќе ја гледа внука и 1 неделно и нема да и ја оставам на чување, ма да не ни изразила некоја желба, повеќе е по зборењето што и како треба.
     
    На Eho, Tulip023, Puffy2019 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    25.647
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми незнае што е тоа гуглање. Нема ни ,,модерен” телефон, а и припроста е малце.
    Амаа па почитува се што ќе и се каже за детето. Ми се јавувала да праша , дали смее да даде нешто.
    Не е недоволна едукација проблемот, почитта према тебе, мене и другиве членки е проблемот. Проблемот на нив им е, зошто не ги слушаме, како што слушале они.
     
    На Meddy, Eho, Elly989 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    7.010
    Пол:
    Женски
    Абе така им е полесно да се оправдаат дека толку знаеле, и јас нешто не знам па не се помирувам со тоа туку се трудам да научам. А педијатар да не знае и да дава глупи совети, плус не сум родена пред 100 год туку пред 32 :^).
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    8.596
    Пол:
    Женски
    Видете, пред 30-40 години, па и пред 25 нека е, правеле како ќе слушнат од други, било млади, било од стари. Роднина мој пред 50+ години, не поднесувал млеко, го одгледале со сокови и со водата од грав или ориз. За правилно не било правилно, за тоа дека толку знаеле, па и докторите.

    Е сега во време на интернет и информации куп, ние имаме се на дофат ама дека баба некоја ќе земи дс чита, било прирачник, било општо на интернет, нема да земе. Односно ретки се тие кои би зеле.
    Повеќе останува она што вика @BellaBibi , да прашаат, да почитуваат што е кажано.
     
    На Puffy2019, Carolin., Simon4e0507 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Утро. Дете во градинка, маж на работа, а јас денес дома. Таман да средам по дома тоес да завршам со новогодишната декорација. Овде ладно а сонце има. Ставив кафе и опс комшијата над мене работи со некоја машина. Станот ќе ми го сруши 8)
    Ок може и така. Да средам и ќе излезам па нема да го слушам :D
    А и да си кажам денес една мајка во градинка ми искоментира дека немало потреба од елка, украси, новогодишни претстави за децата( од денес е се украсено во гдадинка) бидејки имало многу што не слават :wasntme: Јас се направив дека не ја слушам, ама зарем на деца од 3 год да им се забране да се радуват :emo:
    Ете така. Ај убав ден.
     
    На strelec231992, Puffy2019, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  18. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    2.833
    Пол:
    Женски
    Мајка ми има 70 и кусур години, кога останав трудна со првото ми рече: "Времето кога јас те родив и воспитував и ова сега се различни, ти си читаш, ти се едуцираш, ти ќе кажеш како треба". Свекрвата е помлада од неа, но уште знае да се држи до тоа што нејзе порано и кажувале, па тоа воглавно важи и за сега. Мајка ми има профил на фејсбук и стално нешто чита, педијатри слуша, до ден денес повторува што Фидановски ни кажал кога синко беше бебе и сега кога сум трудна со второ постојано ми праќа клипови за здравје и растење на бебе што ги наоѓа на ФБ. Затоа имам доверба во неа за чување на дете бидејќи за се сме биле во консултација, од храна до ТВ.

    Мене за неа ми е криво што не и била дадена шанса да дои, иако многу сакала, поради тоа што и било кажано дека "наводно немала млеко", педијатар и препишал Лактовит адаптирано (тогаш биле на рецепт), а некоја сестра уште и ја стиснала градата и и рекла "млекото ти е вода, што очекуваш", а млекото на почетокот во поголем процент се состои од вода. Затоа од нејзе добивав и голема поддршка за доењето, додека од страна знаеле да дадат коментари зошто уште сум го доела, а навршило година дена; ако бебе се расплакало ондак било гладно, може сум немала млеко и слични тракатанци.
     
    На Mumoftwo30, Eho, Kjara2025 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Женски
    Реално да просото за кокошките го дававме јас се сеќавам на село кога одев на поседок ги хранев :rofl:

    Е ова !
    Абе пред 4 месеци педијатар ми рече лимон да и саван кога ика :sweat:
     
    На Mumoftwo30, Carolin., Simon4e0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Ние две недели пробуваме вкусови к секој ден мајка ми прашува како јадела и секој втор ден ми вика ете видиш сега ќе си спие пофино … гладна ти е она затоа е така нервозно дете :headbang: како бе гладна цица на два ипол саати … а она нервозна ја смета пошто доаѓа да ја види на 3недели и дете плаче од непознати
    Иначе мене ме доела до 6месеци и сега мојава за некој ден ќе полни 6 па ми спомна дека тука негде бил крајот … ајде ќе се спасиш :drunk:
     
    На Mumoftwo30, Eho, Puffy2019 и 2 други им се допаѓа ова.