Јас не планирам до година и нешто да и пуштам тв, можда и до 2 ако успееме да истераме. Дома Тв со слика пуштаме само дур спие, дур е тука со нас имаме spotify или youtube за музика ама со изгасена слика, во секој случај не ни имаме време и можност да гледаме дур е тука, си бара внимание нормално. Еднаш ако се деси да заборави некој да изгаси слика на spotify одма се ѕвери хипнотизирано дур изгасиме иако е статичка сликата. Мм кога сака фудбал да гледа си зима лаптоп на страна и си гледа. Исто на гости кога одиме ако имаат пуштено се убедуваме да изгасат и објаснуваме зошто. Е за зимање крв во авицена тие неколку минути ја оставам да се ѕвери, таму сум немајка хах. И секако добивам коментар од фамилија дека јас сум била растена со реклами од топшоп, сум лазела со сета брзина да ги гледам и ништо не ми фалело сега. Ми фалат многу работи али ај…
Како да ти ја опишам…па најчесто е урган, поретко мирно небо Напорно и физички и психички. Да може веќе нема да доиш, нема да има заби за излегување и нема да мора да е цело време во раци. Ама предизвикот да го одржиш во живот е голем, зошто само се чудат каква глупост да направат. Тантруми, киснење за се, саакаат да прават се сами а уште не можат, па наоружи се со трпение оти некогаш разликата меѓу мирен ден и катастрофа ден е 15мин чекање сами да облечат чевли. Сеуште не спијат ноќе ако се како моето. Ама од друга страна се многу и интересни, секогаш имаш друштво за се, може веќе пример да пуштиш цртан пример, јас пуштам од старите дизни и ќе го изгледате заедно седнати на софа, можете заедно да сликате, боите, шетате, готвите, всушност може да правите многу работи заедно и да ви биде забавно. Ако збори доволно веројатно ќе немаш мир по цел ден, моето е зборење без престан па често ми брчи мозокот и по заспивање ама добро. Генерално се многу интересни на таа возраст оти веќе не се бебиња, а не се ни деца, ама разбираат скоро се, измислуваат многу работи и раскажуваат најинтересни приказни. Дома ќе ти е скоро секогаш расфрлано па научи се да уживаш во хаосот. И така.
Ова со пернициве индиректно мене ми реплицираш? Јас ако сакам да не гледа и кловн дома ќе изигравам дур јаде и нема да пуштам тв а ти пуштај му на твоето слободно уште од одма цртани пошто си мислиш дека ништо не разбира. Ако ми давале леб и мармалад и леб и мед за доручек 10 години фала Богу дека е навика. И не, не ги кривам моите. За секоја навика има и одвика. Ме израснале така како што најдобро знаеле. И јас ќе си ги израснам моите деца така како што најдобро знам.
За Тв, сме имале ситуација (со болничко лекување) и 6-7 часа во ден да е со тв пуштено и телефон. Сме имале ситуација ви градинка да е тв пуштен по 5-6 часа. Кој колку гледал не знам, ама сигурно гледале. Бар моево дете знам да го проценам. Сум имала и ситуации со месеци дома да не е Тв пуштен. Да скратам, сме поминале низ куп фази, на скоро 3 години дете, Тв е пуштен по цел ден, било песни, било цртани, било филм, фудбал, документарци. Дете има интерес за Тв добри 10 минути во ден, рекламата од Кока кола ако ја зачека или нешто слично. И цртани веќе не гледа, си наоѓа игри низ куќа колку да сакате. Од најобични пластични или хартиени чаши, прави игра од пола час. Да, постои екранизам и сите тие модерни болести ќе ги напишам ама не е само оставиш дете пред тв и да не се испулиш во него. Некој праша за 2-3 години. Скроз се согласувам со Бројче. Колку забавен, толку тежок период за "разбирање", слушање ...
Претходно ги читав мислењата, не ни забележав кој член што напишал. Јас пред породилно не знаев телевизор како изгледа. Откако седнав дома почнав да пуштам тв и не заради тоа што сакам, туку ете колку да работи нешто во позадина. До два месеци бебка не го ни приметуваше телевизорот дека воопшто постои, нормално како и се развива видот почна да го забележува како и се наоколу. Има две омилени песнички и ги сака поради музиката повеќе, друго ништо не ферма, не е во хипноза од телевизорот. Секако дека нема да пуштам цртани на бебе од 3 месеци, а не ни планирам да ја ставам пред екран се додека не почне да разбира што гледа, мобилен телефон ќе одложувам најмногу што можам и се сложувам за штетното влијание на екраните врз когнитивниот развој на деца, ама лудо ми е да го покривам телевизорот со било што за да не го гледа, барем моето бебе до сега не реагирало на него за да го правам тоа.
И кога бебе ќе почне да разбира што гледа не треба да се става пред екран, аман, едуцирани ама од кои книги само.
Цела прва година од животот на дете ја поминав во страв и нервози. Да не е Тв пуштен, беспотребно да се зрачи детето. Секој оброк да е на сат. Нервози 300 ако дете заспие 15 минути порано, гладно или на сред оброк или не знам како. Да не настине, да не вака, да не така. Кога тргна во градинка, пак 300 пресметки што јадела таму, веќе внесла благо (со појадокот), во ручекот сигурно имало сол, јас дома како да испланирам ужини, вечера, да не се повторува многу млечно, да не се повторува многу месо, многу ова, многу она. Цели пресметки, теории и од сето тоа буквално заборавив да уживам во детето. Олеснително што давав и готови каши некогаш, да не окапам над шпорет. Е после прв роденден веќе кога почнав да се опуштам повеќе, да ми е побитно времето поминато заедно отколку дали оброкот бил секој ден домашен, се препородивме и јас и дете. Не којзнае колку ама бар 1наш неделно оброк и беше ѓеврек и јогурт во пекарата блиску до паркот. Ем таа наиграна, ем јас да не сум како робот и да трчам се на сат да биде, ем горе долу балансирав. Наместо дневно да се потресувам, почнав да гледам на неделно ниво да има внесено 2-3 врсти месо, 10тина различни зеленчуци, 5-6 па и повеќе различни овошја. Генерално сето тоа читање повеќе стрес ми направи во одгледување на детето, отколку знаењето. И не мислам дека не треба да се чита и следат нови правила и трендови, туку не треба слепо да се прави тоа.
Да си ми жива и здрава за ова. Иста бев и јас со големиот, стресови само за се едно нешто. Па ако се измести дремка или оброк, леле мајко, нервози. Премногу се потресував за се и сешто со него, од многу читање, од премногу информации. Почнав да уживам со детето како што треба дури кога тргна во градинка на 2год. Оти таму почна да јаде и благо, и солено, и само леб, никој не му се тресе како дома. Не дека престанав да му давам здрави и разновидни оброци, ама се опуштив конечно. Е сега со малава сум иста како со синко што бев првата година, иако знам дека не е убаво така и не треба така да се тресам на се. Ама џабе, карактер е тоа изгледа.
Кој не сака да пушта нема да пушта. Песнички да слуша е едно а да гледа е друго. Ти погоре скроз друг став изнесе дека откако ќе почне да разбира треба да се брани тв а сега викаш ќе го ставаш пред екран кога ќе почне да разбира. И не, не е исто гледањето во тв како гледањето во огледало.
Мајка, јас лично не гледам телевизија, кога сум била сама дома не сум уклучувала телевизор, секогаш радио, телефон чепкам пред спиење(едуцирана сум дека не треба пред спиење да се гледа екран, ама толку време имам), во текот на денот многу ретко, многу сум против да се дава на дете телефон и да се става да глеса тв особено па ако не разбира, ама нема тоа да трае вечно и вечно да и бранам и да кријам телевизор кај и да одиме. Не го сакам делот кадешто се оди во екстерми во се. Многу ме интересира како дете од 4-5 години ќе го спречите да не гледа тв и да не гледа телефон кога и самите го користиме сите, 90% од работите ги завршуваме преку телефон. Да и кога ќе појави интерес моја задача ќе биде да му ограничам колку ќе гледа и каква содржина ќе гледа. Ако детето добива секојдневно љубов, внимание, посветеност од страна на родителот, работа со детето , тие 10-15 минути ако ги помине пред екран нема да стане аутистично. Стана мојата ѕверка мала од прва дремка, па тука ќе прекинам, не ми беше намера да навредам некој, сепак секој со своето мислење и убедување.
Ганс, муабетот не е за 4-5 годишни деца. Фала Богу дека нема на 4-5 годишно дете кога ќе одиш по гости да им исклучуваш телевизор. Ама тоа се деца со веќе развиени одредени когнитивни способности и деца на кои си им поставил одредени навики и граници. Муабетот е за бебиња и деца до 2 години. Според СЗО скрин тајм до 2 години треба да е 0 минути. 15 минути на бебе од 6 месеци што буден прозорец му е 2.5 часа не се баш наивни. А и песничките се сите со толку јаки бои што ги маѓепсува. Лачат допамин што е нездрав за децата и создава зависност. И евентуално кај некои се намалува желбата за социјализација надвор од екраните. Зошто да играме руски рулет дали нашето дете ќе биде дел од втората група? Плус еднаш кога ќе дозволиш и ќе го видиш “раатот” станува алатка за секој момент кога ќе сакаш да одмориш, да јадеш, тоа кога не сака да јаде итн итн. Исто како заштедени пари, штом потрошиш само 500 денари од заштедата, отишло се. Има милион активности бесплатни што можеме да ги правиме до возраст на 2 години. Е евентуално ако се случи во одредена околност дете да се загледа во телевизор 5 минути и под 2 години дали нешто ќе му биде? Најверојатно не. И ние пред некое време седнавме на ручек во Дајмонд и се гледаше огромен екран со реклами и цело време се вртеше накај екранот. Дали станав од ручекот? Не. Ама во 5 месеци тоа бил единствен случај кадешто се загледал во 1 саат вкупно 5-10 минути во реклами. Ама тоа е нешто над кое немам огромна контрола зошто не можам да отидам во Дајмонд да ми го исклучат телевизорот за моето дете да не гледа. Ама дома имам контрола да не го вклучам телевизорот. Исто и кај моите / свекрва. Тој е муабетот. И нема изговор, “за нешто да сработам”. Легни го на земја, остави му играчки, ем полезно за него да игра, ем и ти имаш 10-15 минути нешто да сработиш низ дома ако дошло зорт. Сите сме и ќе потфрлиме во нешто како родители ама тоа не ни дава за право да си ги оправдуваме изборите дека ни биле правилни.
Ама тоа ако детето, самостојно си игра. Еве кај мене тек сега ретко има самостојна игра. Еднаш во месец, пола саат. Цело време бара да си игра со мене, маж ми. Пред некој ден прстот си го пресеков, од што меѓу нозе ми се моташе. Што би правела ти со дете кое не сака да си игра само и ти се беси по нозе. Сум пробала се, милион играчки имаме по дома. И не сака. Епа телевизор. Со развојот се си е во ред, говори три јазици, така што ме заболе што пишува на интернет. Нека дојде тој што проучувал нека ни каже чаре што да правам. Живеам во земја каде нема што нема за деца. И ги гледам сите деца, не знаат ни кои им се родители, моево залепено за мене. Морам и јас да се бесам. Од една страна интересно ми е, ама па од друга страна, помали од моево, не знаат кај им се родителите, си играат, си уживаат. Да оставам да се корне од плачење по мене, немам намера. Ако телевизорот ми е спас, за да имаме што да јадеме, нека биде. Секој нека си прави како му е најлесно и најдобро, нема правилен избор, затоа што на другиот му е глуп и непрактичен и обратно. Не е работата да го квакнеш цел ден да се ќорави, ама ако имаш квалитетно време надвор, има активности, спорт, читаме книги постојано, цела библиотека со детски книги имам, нека гледа тв, и да одморам и јадење да направам.
Бидувањето родител воопшто не е лесно - најчесто е тешко и ни го вади сиот прљав веш што си го носиме на плеќи. И станува збор за приоритети. Ручек можам и да нарачам ако детето денес баш има потреба да си игра со мене. Или го ставам во кенгур и готвам со него. Или во релаксатор до кујна и пееме песнички додека готвам. И јас сум сама и без помош и знам колку пати сум направила нешто со изговорот дека сум сама по цел ден со бебето и “нека дојдат мајките со 3 баби дома да ми зборат” ама факт е дека е тоа моја фрустрација на којашто треба да си поработам. Ако нешто не е во ред а сум го направила, јебига во тој момент ми се чинело најпрактично ама нема да солам памет дека тоа е добро ако некој попаметен од мене направил истражувања на темата и докажал дека не е добро. Тука ја прекинувам дискусијата зошто изговори има до утре сабајле.
На крајот од денот сите си ги гледаме децата како што мислиме дека најдобро знаеме и што е најважно како што најдобро умееме во даден момент. Пуштам ТВ сеа поретко ама обавезно сака да си изгледа нешто. Одкако е тргнат во градинка имам повеќе време за себе, за дома сите обврски си ги завршувам во времето кога е таму. А додека беше дома релано не можев ништо да стигнам, за една соба да исчистам или требаше ноќе кога ке заспие или да ја чистам 2 дена за време на неговата дремка. Не сметам дека штети се што е со мерка, а верувам никоја од вас го нема оставено детето пред ТВ цел ден. Наигран, нашетан,најаден,напиен некогаш едноставно сум сакала мир 15мин кафе да испијам. Толку.
Нема ништо појако од мајка што постојано зборува за тоа дека детето има 0 минути скрин тајм, ама објавува слики од детето на социјални мрежи. И од двете работи има ризици, ама од втората работа ризиците од споделена приватност со онлајн јавноста и те како имаат поголема шанса да се реализираат. Секој си ги бира битките што ги води, доста судиме.
Можеби ќе отворам сега некоја нова дискусија ама сакам да кажам нешто. Некои велат дека им е подобро сами некои викаат им е подобро со баба и дедо заради помошта, на некои не им се допаѓаат коментарите од свекрвите, мајките… Јас сѐ би дала да сум поблизу до моите или до свекор, свекрва. Они коментираат секако дали биле со нас или не, свекрва ми увек има некој коментар околу воспитувањето на малата, а и од мајка ми коментарите некогаш знаат да ме изнервираат, секако ги трпам дали живееле во иста куќа или не. И кога бев трудна знаев дека ќе има коментари и не знаев како ќе се справам со тоа, да не имам краток фитиљ и да не избувнам ради хормоните ама морам да кажам мене детево ме смири. Многу имам трпение и не давам на значење баш на се што ќе кажат. Јас сум цел ден со малата дома сама и дур да трепнеш поминал денот. Она е во фокусот 24/7. Мајка ми е 2000км подалеку од мене а свекрва ми 300км. И баш би сакала да можат барем во неделата ако ништо друго по 30 мин - 1 саат да ја поиграат за јас да можам бар до продавница да отидам сама. Или да се истуширам. Или да си исчистам дома јас така како што си сакам. Да не звучи ова како жалење, дека е тешко, тешко е ама бев свесна за тоа уште во моментот кога одлучив да имам дете. Сакам само да кажам дека сакам детето да ми расте со бабите и дедовците како што сум растела и јас.
Мислам дека треба умереност во се што се прави, колку што е добро тоа што имаме достапност на информации сега, толку е и лошо зашто сум сведок на луѓе што одат во екстреми, па само прават полошо. дефинитивно нашите немале волку достапност на информации како ние сега, горе доле гледам сите сме ранети со кравјо млеко на 2-3 месеци, вклучувајќи ме и мене, свекрва ми ми викаше дека она додека биле бебиња им давала стоби флипс со јогурт и супер им било кај сите истите муабети, јас лично гледам да бидам умерена во се, големата ми тргна во градинка на неполни 9 месеци, уште немав воведено пола од храната, првиот ден ја оставив на адаптација, она супер била не плачела ја оставија до 12, идам да ја земам, ми викаат супер беше си јадеше гравче ја идам на работа и кажувам леле гравче и дале и една колешка повозрасна е добро де шо ќе и биде и стварно сега кога ќе си размислам сфаќам дека не било толку страшно таму конзумираше кравјо, дома немав дадено, кога прекинав да ја дојам до две години и давав ад, благо одложував колку што можев и да не беа тие баби, најверојатно ќе беше и подолго ама еднаш веќе кога ќе проба после сама бараше. иначе секогаш сум гледала времето да го поминуваме надвор најмногу што може, пешачиме цело време преку цела година, секој викенд ја носевме на Водно пешки, со ранец и она си стекна навика дека за викенд се оди на Водно, е сега оваа година откако останав трудна со второто немаме отидено и цело време прашува кога ќе почнеме да одиме пак. телевизор кај нас е секогаш пуштен, а ретко гледаме и кога беше бебе пуштавме песнички, па и доста мала гледаше цртани, сум пуштала за да завршам нешто, не сум ја оставала со саати пред телевизор, ама она и немаше некој интерес за цртани кога беше мала и никогаш не била хипнотизирана од екран, еве ја сега е 4 години веќе, сега гледа повеќе, навечер пред спиење бара, ги гледа биби и боби и да ви кажам баш се поучни некако мене многу ми се допаѓаат, телефон никогаш не сум и дала, ниту бара, пошо не ни знае, надвор ако сме биле или во кафана за да јадеме на раат, еден ја шетал, еден јадел ама телефон не сум дала. имам ситуација во фамилија кај што до екстрем се одеше со тоа не се дава благо и не се пушта што сега детево кога ќе му пуштиш телевизор е како хипнотизирано, а благо веќе не можат да му бранат и сокови 3 ипол години е веќе, јаде и пие како да не видел, бетер од мојава што горе доле не и било брането ништо.
Немаат баш нешто заедничко двете тематики, но има и мајки кои не си ги изложуваат децата на скрин тајм, а ниту пак ги објавуваат на социјални мрежи. Во 21 век се може и без тоа и без тоа, се е до цврсто држење на лични ставови и покрај сите влијателни инфлуенсерски пренапумпани хепи објави кои се повеќе се нудат.