Идеално би било да се има близок (баба, дедо) кој ќе биде во близина и навистина ќе сака да помогне, не да одмогне. Притоа да се воздржи од коментари и принуда на тоа како правеле тие, треба и ние. Ама нема идеално. Подобро ми е сама, без никаква помош, тешко е многу ама раат си е раат. Ако треба чистењето или испаѓањето да си го платам со глупи коментари подобро не. Се навикнав и на доручек од нога со дете, и на чистење набрзина. Секој ден станува полесен. Е кога би имала 2ро дете тогаш е друга приказна, нз дали би се снашла сама со мм на работа. Се надевам ќе бидам мајка/свекрва која ќе помогне колку може повеќе без да им се мешам или да биде моето најважното.
Еден ручек да го нарачам, ќе ме кошта 100 евра. Колку ручеци треба месечно да нарачам, само за да не гледа телевизија и дали според тебе е исплатливо? Во релаксатор, се корнеше од плачење, во кенгур никогаш не посака да седи. Сакаше во мои раце, нон-стоп. И ден денес си е многу приврзано и залепено на нас. Јас знам како треба, но кога немаш соработка од другата страна, опциите се тие. Нормално дека ќе кажуваш како треба, кога твоето седело во релаксатор и кенгур. На крајот од денот, не му давај воопшто да гледа телевизија, не е моја работа. Ама плашење на мајките дека детето ќе им биде тупаво (не се твои зборови, но читајќи меѓу редови), затоа што гледало телевизија, ми е дебилно. Еве некој нека ми каже како едукативна програма за деца или пример раскажување на приказни на yt би влијаело на говорот? Да, влијае. Научи англиски, меѓу другите јазици.
Не, не реков по секоја цена. Ама некои пезопасни коментари може да поминат од едно влегло од друго излегло, бар знам дека моите и свекрва ми немаат лоша намера со коментарите туку го сакаат најдоброто за своето внуче а не се свесни дека некои работи се смениле за 30 години. Дури мене ми е смешно кога ќе ми каже попара да и давам на малата. За второ не ни размислувам сега, страв ме фаќа да помислам.
тоа другите не разбираат дека секое дете е различно и ако им се погодило такво дете нив мислат сите се исти. мене првата ми беше претешка за чување, ручек па кај сум имала време, цел ден во раце сакаше и вриштеше, еве го малово сега е спротивно, со неа си правам ручек секој ден, ја ставам во речаксатор во кујна со мене и стварно е мирна. јас имам коментари од околината за првата за спиењето, како не сум успеала јас да и воведам ред да легнува рано, а јас на трепки имам проодено и она пак седи до 12, не спиеше ни како бебе, не спие ни сега, ја легнуваме со сила, лежиме ние со неа, во темна просторија, читаме, се имаме пробано, едноставно детето е како да му фали мелатонин не знам и сега кога имам друго дете што кога му се спие кај ќе го ставиш таму заспива, сфаќам дека е до детето а не до мене сите знаеме како треба, ама некогаш нема соработка
Да се надоврзам на темата. Ве читав и не напишав ништо, ама денес се најдов во реална ситуација па да споделам. Свекор ми по потреба неколку дена во неделата ја причувува малата за да не ја влечкаме по градинки уште од сега и потенцирано беше за телевизорот да не пушта цртани зошто се хипнотизира и во последно почна да разбира повеќе па ептен ја влечи да гледа во него. Особено оние цртани и песнички со репетитивни сцени и анимации и една иста мелодија. Јас сум за се умерено, зошто во 21 век не можеш да го изолираш детето од технологија, но можеш да ја одложуваш максимум и да го научиш разумно да ја користи. Во последно ќерка ми почна на некој начин да го злоупотребува телевиозорот и забележав дека негативно и влијае па затоа решив целосно да прекинам со гледање цртани. Инаку слично се случува и со климата.. Ми ја пука на 30 степени со изговор дека му е ладно и дека кај него секогаш е "бања" топло, а јас од повеќе причини ја пуштам макс 24-25, најмногу поради тоа да се избегне огромна температурна разлика од дома и надвор. Денес се враќам, цртаните пуштени пак, климата на најјако и не можев да се воздржам и му реков. Дома 28 степени, детето со волнени чорапи и хулахопки. Најмногу ме нервира што стопати е потенцирано и секој пат вели: аха, важи, добро и пак по негово. Едноставно таков карактер е. На моменти ми доаѓа да го направам парче и да се искарам на најјако, ама се воздржувам. Пак и на мм му спомнав да разговара. Следен пат ќе постапам многу пооштро и ќе кријам и даљинско од клима и тв, па да видиме што ќе прави. На тема објавување на социјални мрежи, 1 година и 1 месец точно како има бебе, ниту една слика немам објавено на ниту една социјална мрежа, освен две сториња од кое едното од роденденот. И да, се чудам на сите инфлуенсерки од екоспонирање на децата и приватниот живот, ама тоа е, парата го врти светот.
Мајка ти си совршена иако -Си решила дека не сакаш да доиш или не си успеала да доиш -Му даваш купечки кашички кога не можеш да стигаш да готвиш -Му даваш храна по табела или не пак не се водиш по табела -Му даваш да игра со ефтина пластика бидејќи не можеш да си дозволиш да купуваш се дрвено -Го облакаш во боди со флека бидејќи не си стигнала да ја испереш флеката -Куќата ти е хаос бидејќи си посветила време на детето или на себе -Гуглаш константно и се грижиш дали правиш доволно добро и дали се е како што треба -Го прашуваш чат џбт за совети бидејќи не знаеш веќе на кого да се потпреш за мислење -Скролаш на телефонот кога имаш време да спиеш бидејќи само тоа време го имаш за себе -Не си исчешлана затоа што времето не чека да се средиш -Си му пуштила телевизор затоа што си морала да седнеш да јадеш БЕЗ тоа да е оправдување кон некого,ниту пак кон себе бидејќи и ти заслужуваш 5 мин во денот -Не си се видела со пријателите бидејќи држиш распоред на бебе кое мора тогаш да спие -Мораш да трпиш совети и муабети од било кого како да го растеш ТВОЕТО дете,а сите деца не се исти -Мораш да трпиш како бебе ти плаче во градинка но немаш избор освен да веруваш дека ќе се навикне -Не си сигурна дали е доволно облечено или соблечено -На тебе паѓа цела одговорност за дали правиш се како што треба -Си изградила нова личност а веќе старата ти никогаш нема да ја сретнеш,и иако боли знаејќи дека ти не си ти ,сепак се бориш секој ден да ја оправдаш титулата МАЈКА.
Вчера што убаво, на мм роденден, излеговме на вечера, бебка во хранилка си исседе саат ипол, си ручкаше со нас, па си играше со играчки, милина. Синоќа, си дојдовме, конечно брзо ми заспа зошто последните 2 дена по на време ни се дремките, идам во дневна да одмориме со мм роденденски, се жали, се прејадел, тешко му било. Во 2 сабајле ме буди, донеси ми парацетамол ме тресе. Еве го цел ден боледува. Чувам 2 бебиња
Вечна мистерија ми е зашто мажите се толкуу кенкави кога се болни. Реален пример е кога бев да се пораѓам. Доле на прозор доаѓа да ме види, ме лупаат мене контракции до 100ка ме боли ама издржувам, него го фатил стомакот не можел да издржи повеќе кукаше од мене Му викам ќути не се брукај Прееска имавме гости на свекорот и свекврата , една жена ми вика леле колку ти е слабо детево го храниш ли со нешто? Викам па не е слаба има 6400 за 3 месеци. Она е иначе долга доста.Ми вика нене ова нешто не е океј, почни да и даваш млеко со бисквит. Видов колку е саат, немам сила за расправање. Само и реков да сигурно добро ќе и дојде за цревата. Не знам дали сфати. За паметниот доста.
Само што прочитав се изнервирав. Убаво си и кажала на госпожата, не верувам дека сфатила, толку и е капацитетот, може да се види по предлогот што го дала. Ги мразам луѓево во Мк, од секоја страна само дофрлаат, дома сѐ им е сјајно, на други солат памет. Сори, се истурив на твојов пост, ама ме допре некако и мене.
Хахахахаххахахахахаха дури на глас се насмеав Ко маж ми што ми викаше дур бев трудна, јас да сум на твое место и во теретана ќе одам а ти само оф, уф. Да бе викам ти овака па се утепа од идење во теретана па уште и труден ќе одиш Еднаш ко помал ногата ја набил и за таа болка уште збори како 1 недела со болки одел викам алоо стомакот на пола ми го исекоа бебето да го извадат и истиот ден на нозе ме кренаа. Ама тој еден пат он болен кога беше…страшно ептен
Морам да искоментирам за ова со не објавите на слики со деца или па слика па покриени децата со емоџис чиниш некој селебрити од Скопје па да не му ги киднапираат децава дај бе не се зезајте, кои се овие драми…. Од семеен настан или роденден на дете или едноставно некој најубав миг да не си ставам слика од детето? Работам со во медиуми, имам работа која е јавна ама ич не ми дошло на памет да ја кријам ќерка ми…. Принцот и принцезата од Велс децата ги носат на секој можен настан, сликани во секоја можна поза дај успорете со драмиве и претпазливоста од ништо. Една другарка што вика за една деуга наша позднаничка / абе Емче шо и е со сликиве од малото? Викам што и е? па што ја знам детево година дена направи све со ѕвезда и е покриено кога ќе стави слика на инста … да не личи на татко му? Ај сеа пуцајте знам дека ќе се развие бунт после мојов коментар
Јас лично не сакам да објавувам јавно, барем не за сега, секако фамилијата постарите не ми користат социјални мрежи така да на нив на Вибер им плаќам, а останатите им објавувам во Close friends. Не ми смета луѓе што сакаат, тоа си е океј. Ама тоа со емоџињата и јас не го разбирам. Мене најјаки ми се тие што до 40 дена постираат со емоџиња на фаца, а на 41от ден одма ставаат слика да се гледа. like wtf?
Е за ова и јас се слагам. Јас лично не користам социјални мрежи, не објавувам ништо општо ама неставање слики зошто детето немало консент да ми даде. У реду е. Мукаетов најголемиот бизнисмен тука ги објавува децата, па до нашите деца дошло што сме никој и ништо. Мислам баш битно на моите 200 фоловерс да им го кријам детето. И јас на темава сум да се намали доживљај и луѓето да си намалат на важност. Никому не му е гајле ни за вас ни за вашето дете. Реално најверојатно сте и сме скроз небитни. Чил.
Се согласувам и не се согласувам Да, од една страна може треба да се намали доживљај за необјавување (иако секој си има право да си одлучи како си сака, не е само дека ако не користам социјални мрежи сум оправдан што не објавувам ) , ама според мене повеќе треба да се води грижа околу тоа што се објавува. Голи слики како шлапка во кадичка се слатки, ама за жал може да се злоупотребат. Смешни слики на нас ни се интересни, ама утре задутре другарите ќе им се потсмеваат. Мислиме дека затоа што живееме во Македонија безбедноста онлајн не е битна, ама мислам дека случајот со Телеграм и девојчињата од пред некоја година треба малку да ни биде пример
Не бееее збориме за слика мајка и бебе у парк облечени по јакни се гушкаат кај езерцето у мечинг бои не зезај кој става голи слики од деца