Треба опрезност, има и на форумов мајки споделуваат слики со лице од децата, со кај ги шетаат и ред други работи. Не навредувам никого ама немојте да се опуштате толку, мене ми е блокирано за пишување пораки зошто до сега 4 души пишале демек "жени" највероватно од делот бременост што сум пишувала, и манјаци се некои и последниот ми пишува текст со 5прашања како имаш секс колку пати на ден, кои пози ,носиш ли танга.. буквално текст со подпрашања и ете после гледам на профилот менува име и пишува во дел деца ги пуштате ли деца од 11 години покасно навечер и каде, да знам за ќерками. Пратив пријава и една мајка му вратила и пишав дека е некој манјак да не враќа. Ама колку се такви на форумов знаеме? Значи мало место сме, еден знак да има од дисконт, ресторан, може да се најде кај е сликата сликана. Отворен форум е има будали, баш на тие што се никој и ништо им е полесно да снема дете него на некој познат.
Не ми е потребно да се согласувам со грото или тоа со мене, кажав за делот со исмевање. Почитта да е обострана зошто е сензитивна категорија во прашање. Ниту сум објавила слики со скриено лице на детето со стикер ниту сум во план, но сепак би се воздржала од коментирање ако некој прави така. Светот не е воопшто наивен и тоа што само следам и ме следат луѓе кои што ги знам лично не ми ја осигурува безбедноста на моето дете.
Тука се согласувам. И мене идејата на форум е да е анонимен, да прашаш нешто што те интересира, да споделиш нешто што често е интимно. Не гледам потреба да објавувам ниту слики од мене ниту пак од детето на форум, зошто во крајна сметка не знам кој стои позади псевдонимот на личноста. Точно дека светот воопшто не е наивен и опасен. Точно и дека има манијаци и луѓе што може од икс причини да демнат некого. Но, дали можеме 100% да се претпазиме и ние и нашето дете? Веројатно не. Утре тоа дете ќе оди во градинка, на родендени на другарчиња, таму ќе се сликаат, некои од тие фотографии ќе излезат на социјални медиуми. Која е опасноста од објавување фотографии ако ги познаваш сите коишто ги имаш на социјални мрежи? Многу веројатно е дека тие луѓе секако го имаат видено бебето, знаат каде живееш, имаат твој број, знаат многу твои лични податоци итн итн. Затоа ми е малку оверриактинг со сиве овие коментирања. Еве за колегата што го спомнав што става срциња, има 100 фоловерс и од кого го крие детето? И лани и годинава кога викаа дедо мраз на работа тој си ја донесе ќерката и ја шеташе по цела фирма. Се сликаше со дедо мраз, тие фотографии секако ги имаат нашите колешки. Пак има фотографија во етерот. Неминовно е.
Ништо не е оверриактинг кога се работи за свое дете. Не реков дека треба да се оди во крајности, но кога имам можност да го заштитам детето од објавување што е можно подолго, нормално дека ќе го правам тоа. Гледање бебе во живо и објавено бебе на мрежи не е исто. Во врска со градинки и игротеки, имав случај каде што моето дете се сликаше со девојче кое слави роденден, ја замолив мајката да не ја објавува сликата на фејс и готово. Секако дека нема да го кријам детето од социјален свет но нема да земам за оправдување ќе го сликаат и во градинка некогаш, па ај ќе го објавувам и јас што има врска.
Јас не ги почитувам тие што објавуваат иако сопствениот родител мене ме има објавено, во друго време нели ама без моја согласност? И ич не ми е удобно тоа. Еден позитивен свесно родителски изговор немам зошто да објавуваш дете освен галење на своето его и собирање реакции.. па во крајност заработување на име на твое чедо. Другарка, било кој да објавиш прашуваш, ама оти си го родил стај го на мегдан на јавноста. Ваша одлука, секако дека ќе ви ги лајкнам дечињата оти се слатки, ама изборот од родителски аспект никогаш нема да го почитувам. Смајли не е објавување, ништо не се гледа, само некој тизер од родителот во тоа што тој одбира да го објави.
Јас да знам дека мајка ми обајвувала слики на интернет од цело мое детство (секако хипотетичко сценарио, немало тогаш ништо од тоа) би и била лута многу. Иако она си е таква жена и си поминува доста време на социјални мрежи. За 15 години со развојот на AI ќе ги видете ризиците од споделена приватност. Ама тогаш вашите деца ќе викаат толку знаеле нашите па така правеле. Информирајте се, прочитајте на интеренет, видете кои се официјалните ПРЕПОРАКИ за споделување на слики од деца (не, не мислам на киднапери и педофили). Се надевам дека допеминот што го лачите со секој лајк не е поважен од безбедноста на вашите деца. Ова чисто го споделувам за да слушнете различна перцепција, намалете на судење. Најчесно се фокусирате на работите кои се важни за вашето дете според вас, ако сте искрени и на работите кои ви се полесни и тоа е ОК. Некој се фокусира повеќе на доење, друг на хигиена, друг на безбедност, трет на самостојност, некој на наука, некој на слобода, некој на исхрана, некој на облека, некој на пелени, некој на екрани, некој на спорт, некој на спиење итн.
Не знаев дека е можно да има волку осудувања на темава. Се осеќам како лоша мајка бидејќи споделувам фотографии од моето дете. Испаѓа дека ние што објавуваме по некоја слика не се грижиме за безбедноста на нашите деца.
Не знам колку следите до каде оди вештачката интелегенција ама стикери е супер лесно за тргање веќе и не гарантира анонимност. Едитирање на лице врз друго тело во извртењачка смисла за жал е исто така лесно. Бебе од 40дена нема допирна точка со дете од 4 години во изглед така да идентитетот не му е откриен. Сум за одмерени слики еднаш месечно да речеме на многу тесно ограничен број луѓе, ама без разлика што е приватен профил после 4години не би објавувала освен некои големи моменти. Факт е дека социјалните мрежи се новите албуми, порано кога ни идеа на гости вадевме албуми. Од екскурзија се враќавме развивавме филм па носевме албум по гости да покажеме кај сме биле. Е немале опција да задржат копија за нив.
Мислам дека не треба да ги гледаме како осудувања, туку тука (како и на секој форум, тоа е поентата на форум) сите си споделуваме свои мислења и понекогаш може ќе се сподели и некој совет што некој ќе го замисли Јас реков, како некој што не објавува, ич немам проблем што друг објавува. Плус, до одредена возраст (мислам дека 3-4 годинки беше нешто така), фасцијалните црти на децата се уште се менуваат од финалниот изглед што ќе го имаат па потешко е тие слики да се поврзат со оние од кога ќе порасне. Од друга страна, ќе звучам како хипокрит сигурно, ама "водам" профил на кој што објавувам активности за бебиња ама максимално се трудам да ја зачувам приватноста на ќерка ми со тоа што никогаш не објавувам 100% од нејзиното лице. И затоа не сметам дека некој што објавува не се грижи за безбедноста, ама сметам дека треба да се води грижа колку често и што се објавува.
Се што ќе се стави на интернет останува таму засекогаш. Останува да видиме што ќе се случува со тие податоци во иднина и тоа е факт. Има многу содржини за тоа како AI може да искористи слики и од бебиња, но веројатно вашите пребарувања се други па тоа не ви се пласира како контент од било која социјална мрежа, а не им оди во прилог нели. Кога ќе помислиш да осудуваш некој што дои, некој што не дои, некој што го шета постојано детето, некој што не го шета постојано, некој што го храни со купечки каши затоа што мисли дека се поздрави, некој што готви дома со работи купени од пазар, некој што дава пасирано, некој што храни со парчиња, некој што го бања детето секој ден, друг два пати во неделата, некој што го пушта настинато детето во градинка, некој што и на едно кивање го остава дома да заздрави, сети се дека никој не е совршен, и ти правиш работи што во очите на некои мајки се осудувачки. Секое семејство е различно со различни принципи и секој така ќе го изгледа детето. И како што и секое семејство така и сите деца се различни и тоа е нормално. Нормално ова се однесува на семејства каде детето не е физичко или ментално запоставено, тоа е сосема друга тема.
Еее well said. И јас ова го имав на ум кога се спомнува веќе вештачка интелигенција, стикер малку да се разбираш од технологија ако си желен ќе тргнеш. Исто и за тоа дека до 4 години ликот се менува. Супер е кога пропагираме одредени ставови да имаме и прикосновен аргумент како овој. На тема судење, кога станав мајка редовно ги читав темиве и искрено сѐ почесто, за жал, се претворија во скриен натпревар, чие дете е подобро, поспретно, кој родител највеќе се грижи итн итн; и за таа цел долго и не го посетував форумов зошто почувствував дека ми влијае на мојата самодоверба како мајка, особено како мајка за прв пат. Не знам која е потребата да се потенцира константно колку одредени деца се најдобри, колку се најгрижливи родители, како купуваат најскапи реквизити, како одат на најскапи резорти па некој друг што го однел детето на камп во Охрид да се чувствува дека е недоволно добар родител зошто толку можел. Исто и за играчки и за прибор на исхрана гледам дека постојано се форсира сѐ најскапо и во неколку наврати се потценуваат луѓе коишто не купиле нешто толку скапо. Мислам тука воопшто не се наоѓам засегната, само на македонски форум кадешто знаеме просечен стандард кој е да си го перчиш носот цело време ми е скроз како натпревар дека си ти подобар од другите. И тоа што сум купила поскапо со мотив дека е можеби подобро не би да го рекламирам јавно на форум знаејќи од какви се средини доаѓаат повеќето мајки кои верувам се трудат да се најдобри. Исто и ако споделиш некој научно докажан факт на којшто си истражувал одма добиваш подбивни коментари како имаш сурија помош итн без да се знае кој како функционира. Нема простор за дискусија. И често приметувам дека едни исти форумџики бебињата им се превртуваат на 2 месеци, проодуваат на 7 месеци итн; што ми е баш нереално и уште не можам да се начудам зошто некој на анонимен форум би се перчел. Верувам и дека многу коментари ме допреле под влијание на хормони и не сите биле злонамерни ама општиот впечаток ми е дека недостасува повеќе емпатија на јавен форум. Особено на тема породување, доење, развој на детето, бебешка опрема итн.
Јас се чудам како некои мајки немаат проблем со објавување слики на социјални мрежи и ги исмеваат тие што не објавуваат, а плачат за вадење на крв од прст. Колку површно. Моменталната болка за доброто на детето е пострашна од општата загрозеност на детето од споделување слики.
Никако не си лоша мајка. Особено не за ТВОЕТО дете. Форум е , сите споделуваат мислење и неможе да се замери, за тоа кој што и како си прави за/со своето дете. Од моја гледна точка, советите се најдобро намерни. Секакви психопати постојат за жал. Технологијата е толку забрзана, што е грозно, што се може да се направи.
Премногу се глави во тоа кој што прави и на каков начин го тера животот.Секоја една тема ќе се најдат спротиставени мислења па што сака нека е.Ја велам живи здрави кој колку може нека си заштити деца иако прашањето е до кога тоа дете нема да е објавено?Посебно со напредок на технологија и од која возраст децата имаат телефони.И да ако сите имаат и ти ќе му купиш на твоето дете...и да добро е да се дига свест дека не е тоа потребно но пак мнозинството и животот наметнува.Цел живот го штитиш на крај му вадат кредит на податоци и слики од министерство каде што не е прифатливо. Туку јас стварно не се мешам дали и како кој праел...едино што ме мачи во ова време е како поголемиот број деца имаат имиња на домашни миленици а домашни миленици имаат имиња на луѓе.И пак кој што сака нека прави нели...туку се мислам како ќе ги запамтам имињава на другарчињата на детево
Ние му ставивме наше македонско име, не е застарено баш океј и во Систина и во Велес ми рекоа дека оддамна немаат слушнато дете така крстено. Што ми дојде чудно оти баш очекував да има повеќе деца со тоа име. И исто и јас на пријателки децата често им го заборавам името оти за мене зборувам лично ми се чудни тие имиња и не ми се како за дете.
Хаха ок ова се однесуваше на мене… пошто мене буквално ме трогна вадењето на крв и тоа како се изведуваше врз моето дете па споделив тука. Ако ме познаваш ќе разбереш дека не сум површен човек во ниедна смисла баш сум деталист а плачењето на моето дете ме вади од кожа. Како што реков работам во/со медиуми и баш сум запознаена со злоупотреба, ai модификации, авторски права на фотографии итн ама ич не го спојувам тоа со добросостојбата на моето бебе од 6месеци… баш добро што некој погоре го спомна моментот на тоа колку мн се менуваат децата на изглед па баш дека моето бебе од 6месеци ќе биде уценувано на 18години за фотографии некако не ми е во видик. Мислам чисто онака кога сме кај безбедноста една од компаниите со кои соработувам пред една година ми сподели дека имале онлајн состанот со ai аватар за кој не биле свесни, бидејќи дошло на дневен ред да се зборува за сензитивна тема како пари и сметки понатака со малку продлабочување доаѓааѕ до констатација дека два пати пред нив стои лик кој е аi генериран а не навистина претставник со другата компанија со која соработуваат. Мн вешто изведено и потврда за тоа дека никако не сме безбедни ако земеме да размислуваме за се ова но од друга страна колку многу ai ни помага на сите во секојдневниот живот и упростување на сите дневни задачи и интриги. Ете така би го завршила овој дел, знаев дека ќе има препукување и лично ич не ме засега кој што прави, јас одлучувам за моето дете во моментот, бидејќи ја воспитувам и одгледувам сама со мм не верувам дека ќе има некое спротивставени мислење со нас на темава, сликите од неа кои сме решиле да ги поставиме се културни и нема ништо спорно. Да ни бидат здрави живи и насмеани децата на сите нас, тотална заштита не можеме да направиме ниту ќе направиме, да се надеваме дека животот ќе биде понежен со нив. Ај сеа кажете кај да шетаме викендов пошто е ладно бре нејкам да ми се испоразболе, пак ќе треба да ја носам да и зимаат крв
Зошто знам дека немаш ти такви слики од малата, се имаме на социјални мрежи и не би ,,страдала “ на 18 год. Ама слика на голо дете, не си свесна како ќе ја злоупотребат деца понатака. На внука ми, ,,другари/рки”, ровареле низ профилот на братучетка ми. Нашле слика каде е мала ама гола, ја свртеа сликата по сите вибер групи. Е тоа нема да му е сеедно на никој родител, да му е дете исмејувано. Или некоја за нас родители смешна фаца или слично. Децата се брутални. Доста деца се полни злоба, која незнам од каде им извира искрено. Во секој момент, гледаат да наштетат на некој. Ги гледам цело лето претежно, ми се гадии колку злоба има во деца, испод 15-16 години.
Да де, пак ќе речам мене поненормално ми е родител да стави голо дете отколку некој тоа да го злоупотреби… ај да речам двете работи ми се скоро еднакво луди. А денешниве деца се се освен нежни и мили, свака част на исклучоци. Имам другарки професорки по средниве и основниве школи и стално сподеуваат нова будалаштија Последно што ми кажаа некое девојче почнало да носи наочарчиња и и ги скршиле на сред час додека предавала другаркава онака од бес. Мајката наредниот дел дошла во школо и другарка ми професорка вика јас си мислам ќе збориме за детево што и ги скрши насилно наочарките, да се видат со неговите родители да се поразговара на темата зошто се случи тоа зошто не треба да биде насилен итн …амаааа мајкава мртва ладна вика ми вика на мене /// знаете ли вие колку пари беа наочарите… рамките беа од Солун другарка ми вика јас шокирана … скапи биле наочарите а булингот што се деси пред мои очи кон ќерка и уопште небитен