Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.831
    Допаѓања:
    6.435
    најдобро мислење на темава, светот не е наивен и е опасен, а ние како родители не можеме да ги заштитиме нашите деца од секое зло што демне и некако најубаво е да не овертикнуваш пошо ја некад се фаќам како размислувам некои сценарија и сфаќам дека сум немоќна, мислам сега децата ми се мали и се со мене, утре тие деца ќе имаат живот ќе искачаат ќе одат сами ќе мора да се надеваш на најдоброто јас нема да бидам секогаш со неа за да ја штитам од се, а какви времиња доаѓаат баш е језа да те фати :drunk:
     
    На troublemaker94, Трагедијаупмм, Guns N` Roses и 4 други им се допаѓа ова.
  2. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Не ме сфаќај погрешно, не беше воопшто препукување ниту сакав да те навредам или повредам само ептен ми беше глупаво што се правеа драми за факинг земање крв од прст, а за посериозни теми се има малку наивен пристап генерално од членките, не беше ништо конкретно кон тебе посочено.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.768
    Допаѓања:
    187.227
    Пол:
    Женски
    Некогаш се осеќам ко секогаш да носам лоши вести. :tmi:

    Работев на едно обемно истражување пред некоја година, прво спроведено во Скандинавија, потоа на ниво на Европа, без Балканот и без Швајцарија во статистиката. Најголемата опасност за децата, неспоредливо, доаѓа од “најблискиот” во кој можеш да се заколнеш со глава дека не би можел да наштети. Очув, партнер, брат/сестра, другар/пријател, комшија итн. Сигурно сте слушнале - каменот секогаш доаѓа од близу, нели? Е баш така. А тие се луѓе со кои остваруваме најблиски контакти надвор од мрежите.

    Објавените слики остануваат во етерот и можат да бидат злоупотребени, тоа е точно. Ама, има едно огромно ама. Сите слики, сликани со мобилен, а сите си ги сликаме децата со мобилен остануваат во онлајн “приватни” албуми кои не се толку приватни колку што си мислиме. Епл, Гугл, имејл… мобилни се крадат, лаптопи се крадат, камери се крадат, пасворди се пробиваат, се што имаме во мобилен може да се пробие од било кој компјутер, ако некој реши и верувале или не, не е тоа толку тешко. Така што, нема потреба да живееме во таква параноја. Првото дете го објавував почесто, второто помалку, третово најмалку... :D Можда на една рака може да се изброи. На фб имам поише непознати и престанав таму да објавувам има година, на инста имам помалку од 100 следачи и таму си објавувам кога сакам. Сите ги знам, што не значи дека својот не може да злоупотреби. Ама не сакам да мислам во тој правец, оти секој може да наштети и неповрзано со мрежите.
    Она што може да направиме, е што би рекле старите, да отвориме не 4, не 8, туку 16 очи кога сме надвор од дома со децата и да си поплукаме во пазува злото да е далеку. Некогаш за жал и 100 очи не се доволно па ако сакаш немај ниедна слика никаде никогаш објавено.

    Што се однесува до тоа колку децата може да се брутални, да ги научиме нашите на одбранбени механизми, на самодоверба, на себе вреднување, на себе почит, ама и валидирање на туѓата вредност. Злоба никогаш нема да престане да има, па добро би било да знае човек да ја конфронтира и да усоврши некој скилс и механизми да се справи во конкретни ситуации.

    Иначе, и мене ми е апсолутно глупо објавување слика со стикер. Се е кажано и видено и со стикерот. Буквално нема никаква поента ниту разлика. Ама тоа е повеќе за личен комфорт. И ако некому дава поголемо чувство на сигурност, нека. Кому како му чини.
     
    На 1209, Надеж♥️, happygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Ок е да си кажете не сум баш едуцирана за дигитална писменост и приватност. Освен што сум слушнала дека педофилите можат да ти ги гледаат сликите за други ризици не знам. Ама поважен ми е лајкот, претставата на мојот општествен статус и да видат другите колку убав живот имам отколку да мислам или да се едуцирам за дигитална писменост (нешто што не ми е интересно) и за некои таму потенцијални ризици за иднината на моето дете кои веројатно нема да се остварат. Не мора за се изговори да се бараат.
     
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Ај кога сме на темава наведи што те плаши најмногу тебе освен овие очигледниве моменти што сите заеднички се сложивме дека се страшни? Можеби нешто сум пропуштила во мојата медиумска едукација сакам да дознаам повеќе
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Баш интересно истражување, за жал, многу вистинито. Неретко сме слушале за ситуации на физичка и сексуална злоупотреба на децата токму од кругот на семејството.

    И баш токму тоа дека ако некој одлучил да го злоупотреби нашето дете не е потребно самиот да го објавиш туку многу лесно може да се дојде до фотографии кои самите сме ги направиле. Такашто ако некој е доволно вешт со АИ да злоупотреби фотографија, многу веројатно е и доволно вешт да ти влезе во Гугл Фотос или Ајклауд.

    Апропо ова, црн бизнис со продажба на органи исто никогаш не е случајна. Никогаш не е зошто на Јадранка детето ни личи слатко на социјални медиуми. Тоа се цели тимови луѓе, меѓу кои спремна полиција, секогаш спремни доктори со достап до здравствената состојба на децата. Језиво е, ама факт. Имаше пред некоја година ако помните пробиена куќа во Косово што се бавела со продажба на органи и тимот беше полиција, доктори и некој инкогнито што стои позади се ова.

    На тема педофили, кога ќе се исто по 12 години и самите присутни онлајн зарем мислите дека ќе може сѐ да исконтролирате? Јас моментално што мислам дека сум во тек со технологија, внука ми на 15 години кога ќе ми каже нешто, прв пат слушам. Не пак, за 15 години. Само максмално укажување на каква опасност можат тие да бидат.

    Такашто баш се согласувам со се, мора да сме максимално опрезни, меѓутоа не може да ги заштитиме 100%, не може да трчаме низ парк да не случајно некој го фотографира детето наше и е во позадина, не може на секој роденден да се мољакаме да ни го нема детето во кадар (што патем знаете дека секогаш децата на тие мајки што сакаа сѐ да исконтролираат беа подмет на исмев) итн. Утре и самите ќе имаат социјални медиуми и многу веројатно ќе бидеме блокирани па нема да имаме појма што пласираат од самите себе на интернет.

    Опрезност, многу разговор со нашите деца и да се надеваме дека животот нема да е многу суров со нив. Сѐ останато е само огромен и многу често непотребен страв кој си го создаваме.
     
    На Yowannty, Simon4e0507, merriel0 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Ехх модернава тема за дигитализација и социјални мрежи. Јас баш работам во таа сфера, да не речам баш во “создавање” на ai, ама да така некако. Тотално јасно ми е што се може да се направи со ai, но сепак не мислам дека треба да се живее во вечен страв, само треба да сме претпазливи и каде ставаме и каде чуваме слики и видеа. Јас лично слики од ќерка ми си ставам чат пат на приватен профил кај што имам оскуден број на следбеници кои сите ми се пријатели, колеги, роднини, комшии. Ако некој од тие мои познати луѓе навистина сака да и наштети верувам ќе најде начин и без нејзините слики кај што си игра со нешто или го закачка кучето. Не мислам дека треба да сум параноична до толку. Гола секако не би ја ставила и не можам да разберам луѓе што ставаат такви слики. Не би ни ја сликала гола баш поради пораката погоре дека дури и телефоните и местата за чување на слики на cloud се небезбедни. Емотикони на фаца исто така не можам да разберам, или не споделувај воопшто или батали емотиконите.

    Е не можам ни да разберам мајки што ставаат слики од секоја “месечнина” на бебето, па со различен стајлинг, мандарини, ружи, чуда. Или па цел албум со слики од роденден кај што има и други дечиња чија приватност е незапазена. Не сакам да навредам некој со коментаров ама јас едноставно не ја разбирам потребата на толку често и обилно ставање на такви слики, цел профил со делумно исти слики од детето и ништо друго. Можеби е само мое мислење ама еве го кажувам. Да на некому е слатко ама мене ми е лично досадно и ги одследувам таквите јбг…

    Патем на темата ai, уште пред да се роди ќерка ми имав искористено ai да ми изгенерира слика како би изгледала според слики од мене и мм и сликата е буквално ќерка ми за некој месец од сега со малце повеќе косичка.
     
    На Mother of 2boys, Трагедијаупмм, EnaEnA30 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.595
    Допаѓања:
    14.299
    Пол:
    Женски
    Кој сака нека честита, денес мајка ми и дала чоколадо од животинско царство. :bug:
    Не можам со женава веќе, очигледно градинкава ќе убрза.
     
    На dummy, Dodo1, Mother of 2boys и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    1.774
    Пол:
    Женски
    Леле луѓеее
    Дали е злобно да не отворам врата на баба?
    Не знам бре како е можно да си зацрта дека мора да дојде не знам како нема срам и осет.
    Маж ми не е дома, јас со двеве деца дома денес, малава последната дремка и беше едвај 10 минути, имам само појадувано, морав да ја заспијам на цицка само за да заспие, ама госпоѓа баба намислила да дојде НА КРАТКО.
    Маж ми и кажал дека спие во дневна, му кажав со цицка на уста дека спие, она ЌЕ ПАЗЕЛА!
    Како вријам, се воздржувам да не и отворам врата жени, дали е можно бре волку бабиве да се ненормални, ова е злобно бре човече вака да правиш на мајка што се мачи цел ден со бебе. Ај што не мисли на мене ок не сум и ќерка, ама за внукава да и биде жал???
    Страв ми е да не избувнам да ја испратам кај што не треба.
     
    На 1209, Simon4e0507, MariaBouli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Не е злобно воопшто, децата и ти секако ти се по приоритетни од некои си желби на бабата. Едно е да сака да помогне, друго да ти смета. Ќе кажеш си задремала со бебето и не си ја слушнала и готово крај на муабетот
     
    На Puffy2019, Mother of 2boys, Simon4e0507 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.253
    Допаѓања:
    25.610
    Пол:
    Женски
    Ич не е злобно.
    Јас не сум отварала. И тоа еднаш со гостинка беше.
     
    На Puffy2019, Carolin. и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  12. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Луѓе како реагирате кога некој ќе ги допре вашите бебиња во јавност? Мислам на некој што не го познавате. Можеби е дискутирана темава ама денес ми се случи нешто такво и од кожа се извадив. Во продавница за сувенири бев и една жена додека сум разгледувала (ептен тесен простор беше) ја допре за рачето ќерка ми додека се свртам таа ја имаше допрено и покасно приметив на прстот имаше ханзапласт… одвратно значи… сакав нешто да искоментирам ама таа веќе замина и баш ми беше криво што не искоментирав зошто ќерка ми се вознемири и дојдовме дома и и ги измив рацете. Не ми е во ред некој за лице и раце да допира бебе и тоа без да ме праша. Плус поготово ако има некој здравствен проблем. Луѓево само на себе си мислат. Како реагирате вие? Мислам дека следен пат у фаца ќе им се развикам ако некој без прашање си зима за право да ја пипка.
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Па и во градинка јадат шеќер така да исто ти се фаќа.. мојата денес киндер јајце..:whew:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Женски
    @Puffy2019 воопшто не е злобно. Се знае дека потребите на твоите деца и твоите, како нивна мајка, се многу поважни од туѓите желби и мераци. Ако тоа не можат да го сфатат, тоа си е нивен проблем, не е твој.

    @arwen93 јас буквално и ја фатив раката на рандом жена во маркет што посегна да ми го фати бебето што си спиеше во количка. Нема што непознати да ги допираат ни по рака, ни по нога, а ни по облека, без претходно да прашаат. Јас како што почна да става се во уста, веќе почнав и на познати да им кажувам да не го допираат по раце. Може претерано е, и знам дека не можам да го заштитам скроз и дека нема да можам секогаш да исконтролирам се што ќе стави во уста, ама стварно не гледам потреба некој да го допира по раце.
     
    На Puffy2019, Simon4e0507, arwen93 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Ич не можам ова да сфатам и се постари луѓе :( и мене ми се случи пред 2недели бевме надвор од мк исто во продавница ја носев на колк во vaya носилка и еден дедо ја допира и зборува нешто само се насмеав и се тргнав скроз на друга страна. Маж ми па ме прашува што ти збореше викам не знам не го разбрав :rofl:
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.048
    Пол:
    Женски
    Не знам дали само мене до таму ми оди паметов,ама кутри деца наши со ова ai
    Колку лесно може некој да им наштети, еве да речеме со измонтирана гола слика.
    И да не се направи тоа јавно, од законски причини, тие колку што знаат да си го праќаат по групи нивни, ела докажи кој како што. Да си прават сеири. Леле до каде појде светов...
    Ама сериозно ме фаќа многу страв.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.541
    Допаѓања:
    5.330
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има десено неколку пати, еднаш во енмон или шате незнам точно дојде еден и ја фаќа за лице она ете нека имала 3-4 месеци и вика еј батко кај шеташ и јас му викам женско е. И јас додека се свртев замина и се нанервирав ко ти што викаш, и зедов алкохол избришав рацете и марамицата прснав од далеку и ја забришав и му викам на мм што не реагираш а тој ја држи во рака овој си ја фати за нос или брадата незнам. Тој од цигара влезе со упаљачот во рака и кутијата цигари. И реков ааа следно ќе им кажам убаво.
    Следно пред зегин две баби и едната вика оо дај да ја фатам за нога и се свртев со се неа со количката и викам не госпоѓо неможе да ја чепкаат. И уште две ситуации више незнам не памтам во веро додека пазарувавме. Рандом луѓе баш и пишував тука. И сега иде некој, и јас се тргам со се неа. На овие од зграда или некои познаници им викам ее арно не ви се расплака. И баш добро сега и е таква фаза кој види им плаче. Уште подобро за мене. Мм ми коментира не било ок јас одма да ја бришам после некој ете познаник ако ја чепнел за рака не било убаво незгодно им правиш. А последно во синсеј некоја кумашинка негова и чепка по цел синсеј и неа за раце. И јас извадив марамицата алкохол и ја бришам. И он ми коментара и му реков ич не ми е гајле дали им е
    незгодно нека мислат што прават детето со рацете е во уста цело време немора ѓубрето од синсеј да го пика во уста . Јас во животов мој, дете не сум чепнала туѓо, па уште по рака или да го шлапам. Може да го насмеам и толку. Ама секакви луѓе има. Реагирај, си има граници до каде што.
     
    На Simon4e0507 и arwen93 им се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    35.731
    Пол:
    Женски
    Ич не е злобно.
    Еве јас денеска не отворив. Само што станавме со синко, јас по пижами, без измиени очи што се вика, бебе треба да пресоблекувам, да давам витамини, да му правам појадок, она се нацртала уште во 7 ипол сабајле. Да го земела да го поиграла.
    Фино лепо и кажав дека сега неможе, после кога ќе стигнам ќе и го однесам.
    И ич не ме додирнува дали замерила што не и отворив.
     
    На Puffy2019, Noemi и MariaBouli им се допаѓа ова.
  19. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Поготово за такви некои што никогаш повеќе нема да ги видам и те како ќе изреагирам. И некои небитни да и се упикуваат во фаца. Па како би било секој што ќе си помине нас да не фати за рака или за образ? Истото е и со бебето. Ептен се нанервирав уште кога видов фластер има леле коса ми се крена. И исто еднаш маж ми во кенгур ја носеше и таа една комшика што ни краде се по зграда и се упикува у фаца па си се покаравме со мм после тоа :D
     
  20. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    481
    Њам њам :D:D арно што не дала свеки тогаш нервозата ќе беше знатно поголема :D:D
     
    На Feniksgirl и MariaBouli им се допаѓа ова.