Ја свекрва ми ја имам оставено 30 мин. да дреме пред врата затоа што се нацрта 1 ч.пред договореното време (и било досадно). Без осет за мене дека бев мајка доилка на многу плачливо бебе, со грчеви со неспани ноќи, со многу скокнати оброци. Мене ми требаше простор, почит и помош, а не на сета мака да варам кафиња и да ја забавувам оти и било досадно. Твој дом, твои правила.
не е злобно, јас кога се породив со првата, само по дојдовме дома, јас секое сабајле со цицките на мегдан нели, доиш, учиш, молзиш, свеќи во 7 сабајле ете ти ја на врата, еден ден, два дена и му викам на маж ми кажи и ти јас да не и кажувам, во 7 сабајле муабет да си праиме не ми треба и ич не ми било незгодно. и кажа и више не доаѓаше.
Мојата е нешто слично на твојата, како да си гледа на трепките кога се успиваме тогаш знае да се разѕвони и тоа упорно, порано ќе и се јавав и зборувам тивко дека сме во фаза на заспивање не бе она се мубаети сега во последно време ставам на нечујно па колку сака нека ѕвони. Така и ти ако не сакаш да и отвориш и прокоментира речи дека си се успала со бебето.
Мајки, надвор од темата дали сте имале кафеав исцедок после 1месец од одбивањето од доење? Сабајлето бев на гинеколог за контрола за градите, ме стисна и сум имала уште млеко, па ми одложи да сум отишла после 10дена. Се вратив дома и гледам кафеав исцедок.
Хоби ми е фотографирањето, сакам убави слики, впрочем на почетокот инстаграм беше само за објавување на фотографии, а потоа платформата стана нешто друго. Немаше ни 40 дена објавив фотографија, сликана така да не се гледа лицето и објавувам слики од бебе, може да е еднаш месечно, неделно, може ни еднаш, месечнини објавувам, на кој не му се допаѓа слободно може да не ме следи, свесна за сите ризици што ги носи истото. Не сум можела и јас да ги сфатам тое што им ставаат емоџи на главата на детето да не се гледа, ако не сакаш да се гледа не го објавувај воопшто. Немам многу следбеници на инста, а на фб не објавувам слики ни од мене, а не па од бебе. Се сложувам делумно со напишаното. Не се чувствувам прозвана, ни имам потреба да се објаснувам. Моето бебе почна високо да ги крева ножињата на два месеци, а точно на два ипол месеци се вртеше на страна, до три месеци двапати се сврте на меше, за тоа какво бебе е не сакам да должам и е друга тема. Прво бебе ми е, никогаш не сум гледала одблизу како растат други бебиња, а по тоа што го имам читано дека почнуваат да се вртат од 3ти, 4ти месец, но не значи дека нема исклучоци. Не знам зошто некој би лажел за вакво нешто на анонимен форум, значи некое бебе што покасно ги совладува некои вештини може да и бидеме поддршка и ветер во грб на таа мајка, а тоа бебе што порано совладало некои вештини, мајката лаже, се перчи. Зоштоо?? Вам ќе ви се повреди егото, малку злобно е искрено. И тоа како влијае форумот на самодовербата особено ако си новопечена мама. Ми имаат многу помогнато информации, совети што се споделуваат на форумов и во текот на бременоста и после бременост, доење, бебе и сум благодарна на секоја членка што освоила 5 минути со добар, совет, искуство, знаење да помогне на некој непознат. Добро ги филтрирам информациите што ги читам, само во последните 10-20 страници напишани, верувам дека нема членка што се нема пронајдено и се нема почувствувано како немајка дали за екранизацијата, дали за споделувањето слики, доење, хранење, а сите тоа го правиме на некој начин некогаш свесно, некогаш несвесно.
Затоа се трудам да не си набивам комплекси ама некогаш е многу тешко. Еве моево е 4 месеци и 1 недела уште не се врти ни на една ни на друга страна. 2-3 пати се има свртено од меше на грб и тоа е тоа. Уште не обожава timmy time по 3-4 минути е само на меше и плаче ама за тоа пробувам да не се форсирам. Ама што викаш последниве страни некако ептен е само споредување и е тешко да не се осетиш лошо на момент
Ај да те утешам ,моево е 5.5 месеци и не се врти. Ужива на стомак ама нема желба да се завтри 2-3 пати на среќа,се пружа нанапред и дофаќа играчки. Ама затоа ,,пее " ,пробува да седне и успева од 45 степени. Завчера бевме на ортопед рече дека е супер не е проблем што не се врти ќе се заврти и кога ќе си седне од 45 да не ја враќам додека има рамнотежа нека седи. Не се сите деца исти и не може да ги споредуваме,јас единствено што имам приметено е дека ако порано прозбори ,покасно ќе прооди и сл. и ова кај доста дечина од околина го прометував веројатно бидејќи се сконцентрирани на едно ,не се роботи па се по книга да им биде
Нема потреба од споредување на бебињата, мислам дека тоа го правиме самите во нашите глави повеќе. Секое си се развива на свој начин. Тоа што некое почнало да се врти на 2 месеци не мора да значи дека е понапредно и дека ќе биде поинтелигентно од тоа што почнало да се врти на 6,7 месеци и обратно. Нема научни докази тоа што го потврдуваат. И тоа што некое е потешко и повисоко е повеќе ствар на генетика, не мора да значи дека тоа што е послабо е неухрането. Се додека се бебињата среќни не гледам причина за грижа. Се во свое време. Да не ги брзаме да пораснат, ќе ни фалат овие денови кога се волку мали.
Сакам баш на ова да се надоврзам. Сите шетаме. Денеска живееме во свет со отворени граници и до скоро и многу ефтини летови, сите сме биле/одиме некаде. Не сме свесни на колку слики во позадина стоиме, објавени по мрежи кај луѓе од другата страна на светот. Дур го држиш бебето во раце е многу полесно. Еве лично искуство од лани, во Љубљана, им велам на децата да одат до споменик да ги сликам, двајцата застанати изводат нешто праат фаци, скокаат, јас сликам и уз мене уште 100 други камери на јапонски/кинески туристи. Не се ни во позадина, туку слика главна. Да е еден човек ќе речеш, двајца, тројца, со толку луѓе да земам да се расправам што ги сликаат е лудо. Дали ми беше сеедно? Никако. Воопшто не ми беше. Ама дали ќе ги чувам децата само дома? Пак не. И годинава прошетавме на повеќе туристички дестинации, јас имам еден куп непознати во позадина на нашите слики, уште толку не имаат нас. Во светов живееме сите заедно и тоа е дел е ризикот што го земаме ако сакаме да излеземе од дома. Сликаат и родители на лулашки, баш пред зграда, дали знаеме дека меѓу нив нема некој со скриени намери? Иначе, имам еден куп непознати деца, па и голички на слики со мене од плажи по Тиват, Котор, кај што сме оделе со моите кога сум била мало дете. Којзнае колку и мене ме имаат така. Не ни мора да си гол, ако некој сака да намонтира твоја глава над голо тело ехееее колку може. Туку… да не чуе злото, па секој нека прави како смета дека е правилно за своето семејство. Иначе јас сум апсолутно за тоа да се почитуваат децата и нивните права и не сум ниту крстила дете и нема додека сами не посакаат. Ќерка ми нема ниту дупнати уши. Кога ќе сака самата тогаш. Сметам дека јас сум одговорна за нив до таму каде тие не можат во моментот. Ништо што може да се направи понатака и со нивно одобрување не сум преземала. Ама ги објавувам на мрежи. Оти? Оти баш ради тоа што колку непознати ги имаат негде во позадина објавено, па ако им смета и негодуваат понатака што јас, што ги сакам и им се радувам најмногу на светов, на нив си е.
Пишувам затоа што сакам да бидам искрена за тоа како се чувствувам во врска со овој форум во последно време. Пред се, сакам да кажам дека сум многу благодарна за сите корисни совети и убави муабети што сум ги имала тука, имало е моменти кога токму овде сум нашла поддршка и практични решенија кои ми помогнаа да се снајдам како прв пат мајка. Но во последно време сите дискусии се сведуваат на тоа која мајка е во право, ако не правиш како мене тогаш грешиш,споредување и некој натпревар меѓу децата. Наместо да делиме искуства и да помагаме, понекогаш се јавуваат коментари кои звучат обвинително или понижувачки Не сакам да звучи лошо ама како да станува токсично место, и јас ќе се повлечам на некој период. Знам дека е небитно скроз ама тоа е некое мое мислење. Останете ми со добро здравје.
Маж ми е против објавување, јас не сум толку, не објавувам често, ама едноставно некои моменти во кои ми е пресладок и преинтересен сакам да ги споделам. И не ми е за лајк или не знам што, не сум ни популарна на социјалните мрежи, имам само инста приватен, туку зошто исто јас кога ќе видам некое смешно или убаво и интересно детенце на слика или видео, ми доаѓа убаво на душата, па мислам дека и некој друг денот ќе му се разубави од интересно видео од моето и неретко некои познајници кога ќе ме видат ми велат “ значи од тоа твое дете кога ќе го видам како се радува на некои работи абе денот ми се разубавува” и им верувам. Не сум за објавување голи деца и деца во купачки и за печалење и екстремно експонирање на децата, ама секој си знае за себе и секој има два грама ум да размисли. За родителство не ми се соли многу памет искрено баш ради вакви причини. Секој си ја знае ситуацијата и нека си прави според неа. Да го сменеме светот не можеме, можеме да се смениме себеси и како ние ќе реагираме. Јас не можам да го заштитам од се, колку и да сакам, пробам да не сум толку анксиозна и да мислам позитивно, зошто растев со мајка која беше презаштитнички настроена, анксиозна и паничарка, има последици тоа врз мене кои допрва ги откривам и одбивам моето дете да расте така. Може да почнете да работите на себе да не ви влијае околината и да ви прави да се осеќате како лоши родители за избори кои ги правите. Можам да кажам дека работата на себе доведе до тоа 90% од времето да не ме додирнува тоа што се прикажува на социјалните мрежи. Отсекогаш сум била личност со голема самодоверба, не сум арогантна него едноставно знам што можам, а што не, па среќа тоа што некоја мајка му купила 157 скапи играчки на детето или го прошетала на 100 места годинава, а моето има отидено само на село и планина и 10 играчки не ме прави да се осеќам лошо. Алал да и е на таа мајка, искрено, јас го правам тоа што го можам и сметам дека е доволно. Ако јас сметам дека гледањето цртан заедно ни е бондинг тајм, и двајцата се осеќаме убаво, ниту една студија ниту една мајка што ќе го рече спротивното , дека тоа е штетно нема да ме направи да се осеќам како лоша мајка. Ете јас моето ниту една година не сум го однела на сликање за празниците, сите околу мене ги носат децата, буквално сите. Не оти не можам, не сакам. Според некој може тоа е себично, ете не сакам да трошам на такви работи, а трошам на нешто за себе, ама според мене, тотално непотребна ствар и стојам на тоа. Сакам да кажам дека ниту еден приказ на социјалните мрежи не може да направи да се чувствувате несигурно ако вие не му дозволите. Фокусирајте се на тоа што децата прават за нивна возраст, не на тоа што не прават. Не де фокусирајте на тоа дека не се врти на 4м, оти апсолутно не мора да се врти на 4м, фокусирајте се на тоа дека јаде убаво, спие убаво, ви се смее итн. Ќе дојде момент кога ќе се сврти. Моето почна дури на 7м да се врти, пролаза прво па се заврте Сега оди сопри го да те видам, лазеше доста долго, ама кога прооди одма трчаше. Збори како навиен, ама затоа ништо не јаде, само благо бара, сите имаат свое темпо на раст и развој и никако не треба да се споредуваат. Оваа мајка конечно ќе оди викендашки кај моите на гости. Очекувам малце одмор и малце да поработам на книгата. Жени да ви кажам колку се убави илустрациите, едвај чекам да ја завршам. Љубов ми е од прв до последен лист.
Што прочитав ,Господи што прочитав ?? Сериозно ? Тој да простиш на муабетов изгледа со смокичка е па лечи комплекси преку бебињата... Се надевам нема(иако се сомневам во тоа ) ко ќе порасне да му кажуваат дека му е поголем отколку на останатите деца..манијак ќе направат од детето !
Ако веќе ви смета да читате за развој (еј пази, за уреден развој) на едно дете, треба сериозно да поработите на самодовербата, а не да се дистанцирате од форум. Денес е на колку се врти, лази, оди, утре ќе биде зошто чита и пишува на 4, па после зошто некое е понапредно на училиште, талентирано за музика, сликање, математика. И ако веќе споделувате научни истражувања за некој топик во кој лесно сте се вклопиле во вашето секојдневие ради разноразни причини и околности, дајте да ги изнесеме и другите истражувања и препораки на тема растење на дете како што се: нула грами шеќер до две години, ексклузивно доење 6 месеци, потоа до две години според СЗО нели, возење исклучиво врзано дете во седиште и свртено во обратен смер до минимум 4 години, а и што подолго, улогата на примарен неговател (primary caregiver) во првите три години од детето vs градинка на 8 месеци и ред други работи, да видиме до кај сме со титулата најмајка. Никој од тие што ги пишуваат таквите препораки нема да дојде да ви го расте детето, во меѓувреме се дешава нешто што се вика живот. Не е во ред да се набива на нос на други мајки и величење на вашиот избор во правец билдање на его врз туѓ грб. Посебно ова со екраниве, фрижидер да отворам ќе ми излезе веќе. Не ја гледам потребата некој да ви аплаудира што не пуштате тв по дома, ко на времето кој никад во живот не запалил цигара муабетот. Чилл. Ја паралелно би се посветила и да истражам на тема како реагираат деца што на две години прв пат гледаат електроника, има и низ форумов такви искуства, освен ако не планирате да живеете во тотален мрак, нели. Иначе правам муабет со една мајка во Грција, ме прашува како сме патувале, велам со многу паузи и цртани. Одма се чекаше моментот да се пофали како таа никад не пуштила цртани на детето една година. Супер, за пофалба и мило ми е што успеваат. Ми вели “па и моево не сака да се вози, ама ние тргнуваме ко ќе е време за спиење, го ставам јас позади на цицка и така за два три саати стигаме со тато експресно”. И тоа е се што имам да кажам на темата .
https://www.crnobelo.com/zabava/sak...ta-radost-da-vredi-pomalku-od-sovrshena-fotka Којзнае што си мислат луѓево јас што ја сликам со кукла од излог ако побара
Jas im se razvikuvav , drsko i bezobrazno ke im recev koj ti dade dozvola da pipkas tugo dete ??? Na edna i svikav epten zasto zema za lice da go faka salot mu go trgna cel market slusase. Ja neznam kako se drznuvaat taka , aj ona so maz i i ja da go galam za lice ubavo ke i bide , smrdli