Женски фала ви на дадените мислења. Имаше среќа што се разбуди малава минута пред да стигне, ама затоа си покисна надвор малку додека и се отвори. Но нареден пат му кажав на маж ми, не отворам ако по секоја цена сака да дојде. Не разбирам што е со стариве, како да заборавиле како тие се мачеле...
Пеперутче знам дека си многу помлада од сите нас и најдобронамерно и другарски ќе кажам да не си ги зимаш работите при срце. Овде сме група на жени мајки што секој ден споделува ситуација, мака, бара совет, утеха, кажува искуство итн. Амааа не мора да те допре нешто до срце толку многу ако не сакаш нели? Овде сме да слушнеме нешто ново од нашиот круг на пријатели и семејства ама не значи дека се ќе примениме ама ќе признаам дека многу ќе пробаме и баш така тееба сите растеме човечиња на иднината и сите тие ќе бидат различни баш како сите нас тука
Добро утро. Обожавам планови од денес за утре и секогаш најубаво сме минеле. Решивме да искористиме продолжен викенд и еве патуваме за Охрид. Не е којзнае каде ама ќе смениме малку и ние и бебка. Се надевам добро ќе поминеме и нема да биде многу кенкав малиот господин. Убав продолжен викенд да имате мајки
Викендов мм е подобар и ме остави да спијам и вчера и денес до 10. Ама не можам да разберам зошто не знам да заспијам асално откако ќе стане бебка. Во некој полусон дремам, слушам што прават зошто се дере мојава Во секој случај убаво беше и да се подреме некој саат плус, пак се осеќам поодморена. Викендов ми летна, за нас нема продолжен викенд, на работа сме утре