Истото си го мислев сабајлево. Вчера се изнашетавме, ќе заспиеше малку в количка па се будеше недонаспан и затоа сношти ни врати со иста мера
Исти се сите после гужви, луѓе. Престумулација и после си кркаме стапот ние хахаха Мене ми е стрес, секое така поголемо мешање со луѓе. Знам што следува. И гледам поретко да ја мешам така.
Па незнам дали ќе ти е утеха, ама еве уште трае. Доброто е што можеме да приметиме од што е така, па да контролираме. Пример ако одиме негде, гледам да сме дома два часа , пред да треба да спие. Да се ,,смири” малце, па да заспие.
Детево мое скоро 3 години е, уште ми се чудат оти во времето т.е пред времето за спиење си заминуваме од настани, ако веќе нема опција да остане дома. Тек кога ќе слушнам за деца од 2-3 години да ми речат на слава/роденден си седеше до полноќ или 1-2 часот наутро, супер викам, браво.
Абе и моето големо седело ама затоа шо и онака седи ,значи на трепки уште не застанав за да заспива порано и не.. А малото во најјаката музика ако него му се спие има да си спие Кога бев бремена со првото си замислував дека така ќе си заспива најкасно во 21 ч ,па јас со мм винце мезенце до кај 22 и да си легнам за сабајле да станам на работа... е амааа реалноста е ваке 23 ч а она уште прашува глупости јас од премор забегавам и викам секоја 3та вечер Исто си замислував девојче што ќе си игра со бабрики како јас на времето куќи да им прави бла бла. Добив девојче што ги соблекува и пука со пиштоли
Чекајте во училиште да тргнат, легнување во 8 со гаранција. Спие топ не го буди. А кога ќе ми текне што ми правеше како бебе лелее, сега со поголемиот си се тешам за малово, знам дека се ќе помине. Кога лета времево, да поуживам со ова бебе што ми спие во раце, со големиот едвај за една гушка да се измолам еднаш неделно
Во ист гејт има награди за најубавото бебе мраз ,ако сакате да си аплицирате. За бебиња до 24 м е ,прееска ми излезе на инста. Убава е наградата ама мм не сака толку јавни фотографии од бебка
Имам бебе до мене што ми заспа, труе на лук денеска прв пат и дадов леле јас не јадам, подвижно лукче ми е и душава ми ја умириса мислам ќе умрам. Ајде тоа туку да си кажам пролази детево мое. Не ми се верува тоа дете од инкубатор секоја вечер ги гледам сликите, вечерва пролазе нормално по телефонот мој доле на земја јас седната на тросед, мм со неа на подлога и ја гледам тргнува не ми се верува му викам дај тел твој и врати ја малку назад накај тебе и пак она тргнува до телефонот. И го фати и за во уста. Хаха јас и мм во неверување. И така тоа да си кажам си го гледам видеото на репит. За два дена сме 8 месеци, корегирана 6 месеци ама поблиску до 7 со развојот што е супер. Повелете на пелинковец или мартини кој што хоче.
До полноќ јас нема да издржам , не па она хахаххаха Родендени што сме биле, биле во ок време. Кај што не одговара за неа, седела со мајка ми. Имавме и денски роденден, не отидовме, тогаш спие. Еднаш се зезнав и сецнав сон така и од тогаш не фала. На слава кај другарка бевме пред некој ден, кај 18ч отидовме, еден саат и дома. Среќа и блиску до нас живее, иначе гарант ќе ми заспиеше во кола.
Честитки, кога ќе ми текне дека се трескавме во труднички муабети и меревме цервикс на секој преглед а сега види ги .. не застануваат
Даа помина времето ах до јануари почеток ми е породилно. Малку се праам наудрена несакам да мислам. Ама времето летна.
Прашања од една ранобудна мајка. Има ли мајки со бебиња што во 5ипол најкасно секој ден се спремни за почеток на денот? 8м е, ова трае од ехеее одамна. И со лоши кратки и со убави долги дремки она пак сабајле како аларм е ококорена. Заспива накај 19:30, значи 10 саати ноќе спие (со 2 станувања), нели е тоа малку? Дремки има 2 по саат ипол и тоа периодов ја будам ми се успива на нив а знам дека вкупно повеќе од 13 саати нема никогаш отспиено, тоа и е лимитот. Мислам не е до ненаспаност или преспаност во текот на денот. Пробував и покасно да ја успијам 20, 20:30 џабе истото е. Ваљда треба да прифатам дека таков и е биоритмот и само да чекам менување на време па за саат да се помести се
Еве две недели по ред станува 5:00-5:20 заспна меѓу 19-19:30 и тоа станува толку рано цела насмеана и прета со раце и нозе и брбља уште од прва секунда
Мене до март ми е породилното. Денес ми се јавија да правеле новогодишна журка од офис да ме поканат - викам дечки убаво да си поминете остајте ме стара сум за толку пиење сеа Едит - што ќе правиш реши? Ќе ја пишташ во приватна или ќе ти ја чува некој
Добро утро и од мене. 5ипол не, ама мојата се буди 6/6ипол. Исто заспива околу 7ипол ноќе. Ме уби со ова раното станување, 7+ месеци е. Ноќе се буди 3 пати за доење, а некогаш и почесто. Туку кажете ми вечерва е роденденот на синко, од 19-21ч, како ќе ја носам кога таа тоа време заспива? Немаше друг термин во саканата игротека, а и синко е втора смена на школо до 17:30. Секогаш го чекаме роденденот на датата, па не ми текна да закажам друг ден во поран термин.
Ние па сме обратно, насабајле во 8 ја будиме, 8 и 15.. ако ја оставиме ќе тера до 9. Заспива во 9 навечер
Имаш ли некој да ја причува да ја заспиеш и да ја оставиш дома да си спие мирно во игротека тешко дека ќе заспие а мојава се љути ако и померам покасно цела станува нервозна