Мајка душата ми ја извади сп неспиењето 10ипол месеци, мислам дека сега се сожали малце па ме остава да поспијам
Ех две недели… кај нас ова е со месеци со исклучок на некои денови во скок/заби кога по саат ипол била будна во сред ноќ па едвај сум ја презаспивала
Ај кажи и да и јави и на мојава да не се праи важна и она да се сожали со мене јас толку сум помирена што станувам 1000пати ноќе и што се буди рано да мајка ми завчера ми вика ама да ја однесеш на доктор да не има некој проблем јас мртва ладна не ја ни земав за сериозно, маж ми вечерта ми вика абе стварно да не треба да ја однесеме викам и што ќе ни каже педијатарот? Ако се нафати едино да дојде кај нас у спална она да ја нишка друго не гледам чаре
Ние треба да излеземе од дома порано, околу 6ипол, да ја земеме тортата првин па да одиме во игротеката. Нема да можам да ја заспијам тоа време, рано ќе и биде. Ништо, ќе ја носиме и неа, ако не заспие во количката, мм ќе ја донесе дома со мајка ми па таа да проба да ја заспие.
Мислиш ако ја оставиш од прва да не ја маткате ваму таму нема да може мајка ти во тајминг да ја успие дома?
Јас баш кога се погоди да имаме редовна контрола во периодот на таа страшната регресија на 4месеци, ме прашува педијатарот како е бебка и му викам ок само ептен се мачиме со успивање ич не спие и на тоа добив одговор: Не те прашав ти како си, тоа тебе ти е мака она нема мака…
И тоа го помислив, ама синко и мм се запнати и таа да дојде, барем да сме се сликале на почетокот. Ќе видам како ќе тече денот со дремките, како ќе треба да ја дојам, па можно е и да ја оставам дома.
Ја запишав во центар во градинка, немаше тука опции. Секако план ми е до мај да ја чувам дома. Ќе се вратам на работа со опција да раб од дома или само ск на терен и тие денови ако сум излезена на терен да дојде мајка да ја чува или да и ја носам кај неа. Ќе истерам, ок е директоркава ми дава шанса вика седи од дома работи до две години ако сакаш. Нема луѓе, работници да кажам. Јас до последен ден работев, од болница нарачки правев нема више такви будали во новиве генерации.
Еее супер…. Мн ми е тешко кога ќе помислам дека треба да ја оставам ама од друга страна толку мн ми треба ангажирана мозочна функција на страна од гугање смеење и пеење
Исто мислам, за ова со работниците де. Јас со телефонот од работа на пораѓај заминав. Направив неколку украси новогодишни низ дома, со работи што веќе ги имаѓе, за по маси, комода. Ќерка се изнаигра до лампионите, така да мислам ако е поголема веќе и се разбира, кога ќе наредиме елка, може 150 пати да ја пререди годинава. За претходните 2 години што не фаќаше.
Имам такви моменти ама предолго сум дома, цела бременост лежење дома, сега дома со неа. Идеме шетаме со мм вака после раб кога ќе дојде, може не секој ден ама ми треба со други луѓе комуникација, еве во Германија не дека беше лесно со дете ама сменив средина, таа недела катастрофа времето врнеше ладно она слабо спиеше таму мн луѓе непознати преку ден престимулирана, во количка излезени по 5-6 ч надвор и дојде некако шок. Правевме паузи и во раце и да јаде и све ама надвор од секојдневието мирно што го има. Сега мислам дека да е потопло би било подобро, не го трпеше баш и скафандерот и капата и све тоа. На крај знам дека ќе ми биде тешко кога ќе тргнам.
Ние одиме за Австрија утре… ја спакував со триста џемпери дуксери скафандери ама гледам 10степени отприлика како тука за преку ден знам дека ќе биде престимулирана и мојава таму се ѕвери во се живо зјапната е цела ама што викаш да смениме средина.
9 месеци, секој ден во 5:00 беше будна и спремна за денот. Заспиваше во 19-19:30ч. После како затопли и надвор повеќе, помести спиењето. Еве ја сега , во 6:30 е будна, кај 10 ч спие до 12ч и веќе 19ч заспива.
Цела ноќ ја спие. Жими за цуцла ако неможе да си ја најде ќе закенка, ама толку е. Со нишкање уште кога почнав со работа завршивме. И напорно и она машала си беше, не се држеше. Фала и на мајка ми за тоа.
Кога легнува во 19, 19:30 се буди во 5, доволно и е толку спиење, па ми станува во 22, 23 па пак нишкање, презаспивање, затоа гледам да запие кај , 21-21:30, а се спремаме и ние тогаш за легнување со мм, комплет нема мрдање тропање, станува два-три пати за цицање зависи, а ако сум дала ад може и еднаш, не ми е проблем кога станува за цицање одма си продолжува да спие, а станува како програмирана во 7 и тогаш е спремна за игра, ако не станам да ја земам, знае да се провртка и да продолжи до 8-9, некогаш ќе ја земам, ќе цица и сама ќе се успие. Откако е родена со спиењето навечер немаме проблем, да не се подречам, нормално си станува за цицање, не ни очекувам да не станува, имало исклучоци секако. 3-4 дремки има во денот си спие, единствениот проблем е што мора да има некој до нејзе за да спие од тоа не може да се одвикне, ако станам за 5-10 минути максимум е будна.