Така и правам, ама ете ќе најде некоја минутка да ме изнервира. Прее пак се јави, зедов едно кебе и дури зборавме се наметнавме со него, и викам леле скржав син колку имаш, една греалка нејќи да купи измрзнавме без парно, ко не мана срчка тогаш хахаха, мажот ми се паѓа од смеа, ми вика е не си токму. А нема врска муабетот, пријатно е во станот има мн добра изолација ама оди разбери се.
Нема да се разбереш. Свекор ми сауна прави кога е малава кај нив. А она ич ама иччч не трпи топло. Среќа свекрва ми е за тоа и околу дете разбрана, па крие даљинско од клима
Кај моите, дека е куќа, кога бевме последно во собата кај што спиевме паѓаше и до 16 степени. Како заклана спиеше, како заспиваше, така се будеше. Ни да мрдне ни ништо, а јас цела вечер само ја чепкав да не и е ладно факт е дека нив им е поубаво кога е поладно, ама на нашата психа не и е
Јас да споделам импресии од првиот лет на ќерка ми роден травелер на мајка … прекрасна беше / во авион направивме кратко шоу со плачки 15тина минути и за одење и за враќање после успевав да ја успијам и така поминавме на враќање беше подраматично липаше цела ама ја смирив некако пикната во мене цела да не гледа да не слуша Инаку таму беше супер … спиеше по музеи по ресторани по крисмас маркети сегде закенкуваше за во раце па ја стававме во кенгур или јас во ваја и така шеткавме цели денови. Одвај чекам пак да одиме негде подалеку. Иначе во авион имаше и деца по 3годинки што вриштеа така да верувам тоа не се менува уште некој година Него друго ми падна на памет таму хахаха Белел некој заби додека дои? Нешто ми фркна дека забиве не ми се убави како порано
Конкретно хемикалиите не се толку проблем, локално се аплицираат, ама зголемена е веројатноста за осетливост на ладно. Секако ја има при белеење ама при бременост и доење може да биде болка наместо само осетливост. И јас не би препорачала.
Којзнае шо ми лупна … некако ми се видеа сите жени на дневна светлина на патувањево со преубави заби и после ја по слики се гледам некако пожолтени - ама ако така викате ќе почекам до наредно лето да завршиме со доење ваљда до година / година и некој месец
Само цицката в уста дури летате и нема проблем никаков. Ние на 3 месеци неполни летавме за прв пат и буквално спиеше на цицка цел лет, само малку закемка кога влеговме во авион оти му се виде толпа народ и мн тесно, ама одма се смири. Ми рекоја да го чучнам и врзан за појас, така и направив на полетување ама одма после тоа на града го ставив и појасот преку него, ми рекоја во ред е. Околу шетањето мојот е рекордер во спиење во количка Моите беа дојдени на викенд и верувале или не од 9 сабајле до 9 вечерта роваревме, првиот ден глас не му се слушна, вториот ден му дојде изг многу и на крај пред дома мана една тура плачење оти немавме цуцле, па не фати дожд и брат ми во раце на дождот го носеше еден километар оти господинот вриштеше во количка, му заспа в раце на сред олуја јас нервен слом добив, реков изнастина детето готово.
Ќерка ми кога плаче и е љута не сака цице ниту цуце … ме бутка силно со рачето. Така и вчера правеше во авион на полетување кога се исплаши
Да и нас така ни кажа педијатар и на 2 пати така терам и супер проаѓаме. Штом почне да движи авионот накај писта давам цице, цица отприлика додека не се исправиме горе, па цуце и кома цел лет. За слетување исто ако е претходно разбуден го земам ставам на цице откако ќе кажат дека започнува слетувањето и си цица додека слетаме. Ми го објасни педијатар дека така е пожелно за да не му се прави притисок во уши, најчесто заради притисокот плачат а вака ако си цица нема мака. Кај мене се покажа успешно.
Мајки, здраво, тука сте најактивни па да ве прашам, бебе направи 4 месеци почна косава многу да ми паѓа, една другарка ми предложи да ја мијам со чај од рузмарин, сега читам дека и маслото помагало.. дали користел некој?
И мене ми е страв колку ми паѓа косата. Страв ми е кога ќе дојде трет ден да ја мијам. Со плетенка сум цело време зашто се тешам дека така помалце паѓа. Мене мајка ми , ми рече да пијам чај од коприва, нз како помага тоа.. Масло не сум користела ама гледав да направам од рузмарин и маслиново и да мачкам на коренот.. Планирав на пролет хајтајтс плави да вадам ама ако останам без коса нема шанси..
Период е и нормално е да паѓа косата. Кога отидов на фризер и и викам, абе без коса сум . И она ми вика полна си млади влакненца што растат. Препорака и пред да се породам од неа ми беше, да продолжам со витамините што ги пиев за време на бременост. Ама искрено не ги пиев често. И на косата да расте и храни и треба поттик од внатре. Различна исхрана, овошје, зеленчук, витамини.
Исто и кај мене е. Мм вика ти вака без коса ќе останеш Среќа па ми е погуста и се уште не се забележуваат дупки. Пробувам да не ја врзувам често повеќе со шнола да ја фаќам за да не се кине дополнително. Ама пуштена со бебка е невозможно одма фаќа, тегне, не пушта, ја става во уста, му се мота околу прстиња...
Се мислев да се консултирам со др гуднајт за спиење на бебка, ама се предомислив ради тоа што е во 4ти скок а може и регресија да не фаќа.. Наспани мајки на инста најјако е што ги земаат сите објави од српското mamina spavalica. Буквално секоја објава им е иста како нивната само преведена на македонски. А којзнае какви се прирачниците, штом не можат конкретни објави да смислат.
Дали некој има искуство со нарачување од оваа страна? Сакам конкретно ова да го нарачам? https://www.ubuy.mk/en/product/NHI3...inder-mills-machine-auto-cooking-grinding-and
Врска немаат наспанимајки, јас и уште некои членки баш пишувавме неодамна дека фрлени пари во вода се нивниве програми. Мене тоа што ми пратија беше лош превод од chatgpt. За гуднајт само позитивни коментари слушам ама јас не се наканив да и пишам.
Земи ги ампулите на инебриа за поттикнување на раст цела кутија… ќелава бев напред сега сум полна со нови