Јас купив од наспани мајки … чет гпт ама со лош промт ми беше жал и да и пишам од што беше прелошо тоа што го добив
Леле јас купив еден прирачник од нив, 990 денари го платив а добив брошура од 10тина страници од кои половина слики и содржински ништо ново внатре. Никако немојте да фрлате пари за пирачниците - не се ниту прирачници туку буквално како флаерче/брошура што некој бесплатно треба да ја подели. Со Dr. Goodnight исто се имам консултирано. Она е посветена и дава корисни информации, но проблемот е (и од други истото искуство го имам слушнато) што нема решение за тоа што да се прави кога ќе почне да плаче детето премногу. Реално дневниот распоред на дремки и начинот за самозаспивање и chat gpt може да ви го каже бесплатно. Се на се малку се “воени профитери” на избезумени и ненаспани луѓе што очајно бараат решение на голем проблем.
На 4 месеци веќе престануваат да спијат како новороденчиња затоа ти дошло шок. Како некој што почнал, спровел тренинг до негде, па се паднало во вода, ќе ти препорачам многу добро да се информираш, сега ви е рано да размислуваш на тоа, ама и да знаеш дека не е еднаш засекогаш тренингот. Многу пати ќе треба да почнуваш одново, на секоја регресија (за мене на 4 месеца ме беше ни пола толку страшна како таа на 9), скок, болест, заби итн. Тренинг без плачки нема, тоа да не те лаже никој, може да има многу или средно, без ич нема, тоа се еднорози
И јас многу време се мислев да се консултирам со гуднајт заради нишкањето во раце, само така заспиваше. И ај ми излезе наспани мајки (дури јас тука ви ја пуштив хахаха), купив прирачник, ужас. Што вика Карина, класична брошура. Па дури одозгора сега немало да има прирачници, се ќе било една книга. Ахам... Нејсе, во цело тоа мислење што како да направам ми излезе видео од Ангела (италијанката) за како да успееш да одвикнеш дете од нишкање. Кај неа многу ми се допаѓа нејзиниот пристап зошто не постои кај неа тренинг. Не и е целта да го научиш бебе да заспие само а ти да излезеш од соба, но целта и е да му помогнеш на детето да створи добри навики за заспивање со постојана твоја помош, а воедно и како мајка да имаш подобар сон, ама она никаде не ветува дека ти и бебето од утре ќе спиете 12 саати цел живот, туку баш како што вика Ноеми, дека цело време ќе има нешто што ќе сопка, но бебето ќе има сигурност во тебе дека си тука за него да речам на некој начин. И јас решив да го пробам нејзиниот пат (не сум ја консултирала директно, си имаме пишувано на инста ама неофицијална консултација), со тоа што успеав да ја "истренирам" да заспива додека јас лежам до неа, и тоа заспивање не е секогаш исто, генерално е со тоа што се вртка се вртка и сама ќе заспие, ама некогаш бара да ја галкам за грпче, некогаш сака да ја гушнам повеќе, ама следам што она сака во тој момент. И откако почнав да практикувам тој начин, многу подобро спие, ама не, не почна "од утре да спие по 12 саати". И има разни периоди кога се буди и почесто, кога се буди со вриштење, кога се буди и морам да ја земам да спие врз мене. Ама многуууу често воопшто не се буди, а 90% од времето ако се подразбуди повеќе само треба да ме осети дека сум тука (ја галкам за грб зошто скоро секогаш е на меше мојата) и одма продолжува. И да можеби ова не е "здравата" навика што ја промовира гуднајт дека не требало децата да зависат од нас, ама јас мислам дека не можеш да одиш против инстинктот да ти треба близината на мајката за да си сигурен особено како мало бебе
Ќе се надоврзам на твоето мислење во врска со спиењето. Моето бебе до еден месец, 40 дена некаде спиеше во креветче и преку ден и навечер само повиена. Од првиот ден гасам светло и знае дека е време за спиење. Стануваше само за цицање до двапати и одма продолжуваше. Грешка правев со тоа што ја легнував многу касно 22-23, и знаеше да ми се буди рано кај 5-6, тотален хаос бевме со дневни дремки. Но не знаев да следам ни кога и се спие, ни прозорци на будност, ни дремки јас како новопечена мама. Од два месеци, немаше шанси да се повие, никако не заспиваше без мене, еве 4ти месец тераме само со мене спие. Со вечерното спиење да не се подречам не сме имале проблем, навечер си спие, се буди само за цицање но одма си продолжува. Не сум следела никакви тренинзи само ја следам нејзе кога и се спие и не одложувам, штом трие очиња, се прозева, кенкави, 5 минути ќе ја земам во раце или јас или мм и комирана е. Кога запива рано кај 19-20ч знае да стане во 22-23 знам дека и се спие, ама сака и да игра, ќе ја оставам на креветот да си полежи, да се задева, да се смеме, ќе ја галам, гушкам и ќе заспие. Мислам дека е многу важна и рутината, но и кога ќе забележиш дека на бебе му се спие, само да му помогнеш да се успие. Ако го нишкаш пола саат, саат значи не му се спие, вметни некоја активност пред спиење, што ќе му помогне да се опушти и полесно да заспие. Следам прозорци на будност, дневни дремки и мислам дека тоа многу влијае на квалитетот на ноќното спиење. Само имаме проблем што премногу се приврза со мене, еве два дена одбива мм да ја заспива, штом ја земам јас во раце секундарно се мести и заспива.
Мајка тоа многу зависи и од бебето. Новороденче додека беше и кај мене касно заспиваше, а денски воопшто не сакаше да спие буквално војна беше. И во раце и на спална и во креветче исто беше ама ноќното спиење беше супер. Од новороденче ќе заспие 9ипол 10 и прво станување му беше во 3,4 само да цица и стануваше во 7 си лежевме до 8 и почнувавме ден. Сега од 4 скок како почна, еве веќе испаѓаме е катастрпфа спиењето. Денското спиење го регулиравме станува во 7 прва дремка 1,5ч, втора дремка 2,5 и трета 45 мин до 1ч. Има дневен сон одличен за негови 4ипол месеци. Повеќе од 2ч буден не го оставам ама навечер заспивањетп е лудило. Плаче вришти не сака да спие а му се спие. Само што ќе го легнам за 10-15 мин станува. Јас сум упорна мајка за во креветче да спие. Го имам земено и со мене на спална буквално со надеж да спие подолго ама спиењето е исто. Будење на секој 1,5 час макс што врзува 2часа. Се имам пробано ама буквално се. Такво е детето и тоа е што да му правам. Пред некој ден заспа во 19,во 20 стана до 22 си игравме. Не е дека не пробав да го презаспијам ама вриштеше зајде буквално и што да правам јас нишкам тоа плаче, јас цице тоа плаче..
Се сложувам, индивидуално е, се зависи до детето. Јас со текот на времето научив моево бебе како функционира и како да постапувам, не е секој ден по книга, менува на периоди, па пак се враќа во нормала, што е и нормално, неможе секој ден да биде ист.
И јас мислев ама некој ми рече дека на породилно била таа што го води, друг најверојатно работел ја заменувал.. и некако несигурно ми беше, а не се малку пари. Па си ја симнав (платив) апликацијата Napper која ми воспоставува ред со дремката преку ден, па навечер значително ни се подобри сонот. Јас со првите две деца ни ред ни бутур сум имала, не сум се замарала... а спиеле по цели ноќи без мака, преку ден си дремнувале они кога сакаат... не сум гледала никогаш часовник, не сум следела прозорци на будност. Ама еве третово си е посебно Таков бурен период имав поради тоа неспиење периодов, па затоа и тука ме снема. Коси корнев навечер, плачев, преку ден бев лута на сите. Моево трае добра 1 година... од 6м навака (16м има), не си спиеме..
Не ти треба ова, кога ќе почнеш со цврста храна, давај пасирано, не блендирано. Голема грешка е да се дава блендирана храна, оти ризикуваш да си создадеш проблем понатака кога ќе е поголемо детето. Прво, блендирана храна нема текстура, а текстурата е битна за осознавање вкусови. Второ, нема џвакање, а џвакањето, дури и само со непца е клучно за правилен развој на вилици, говор и поставеност на заби уште од најмала возраст. Ако не се научи правилно да џвака, ќе има проблеми со системот за варење. Се' е тоа поврзано. Трето, забите ќе страдаат од наслагите што ќе се создаваат поради недостатокот на џвакање и рано ќе си направите проблем. Најдобронамерно е ова, не ти треба блендер, само вилушка за пасирање.
Знае да затера убаво со макс 2 станувања... тоа ни е премија, некогаш ај и едно знае да биде (така јас го рачунам, зошто додека јас не сум легнала да спијам веќе станала еднаш.. а легнувам 11,12 некогаш и рачунам станувања од моево легнување). Овие денови како ја симнав апликацијата е со едно, до две станувања.. а ноќеска не израдува и спиеше цела ноќ. Пред некое време таков хорор период имавме, незнам што беше тоа.. Абе вриштење на 15мин до 4 сабајле. Несвесна за себе, за нас, да неможеме да ја смириме и во дневна. Една ноќ ја дадов на свекрва ми тогаш, душа и извади и неа... Ама моравме зошто бевме хронично неспиени со мм, а одиме и двајцата само прва смена на работа, а после работа имаме милион обврски со поголемиве деца... не знаевме кај се наоѓаме двајцата. Не е убаво, ама се изнапив тогаш дијазепами... претешко ми беше, на 2ч едвај сон.. со аларм во 6 сабајле. Сега се соземавме.. и башка сега станува, ама брзо заспива. Тогаш кај на секое се будеше, па уште 10мин плачеше, се фрлаше. Сабајлето да ја видевте каква беше... надувани подочници, жалче.. Мислам се забиве, претешко ги вади. Непцето станува прво цела планина, никнат заб испод.. после знае и да крвари, рани како да има.. па тек излегува забот. 2ка човече и е порасната и скоро до пола дојдена... а е испод непце и непцето до доле до вилица и е жар на тој заб. Што корења ќе имаше
Оффф бре за греота и она и вие се намачивте со забите цела година значи ...уште колку треба да никнат? Знам мајки што на такви маки со неспиење давале на бебка сируп за алергија, дека нели има мало седативно дејство, колку да врзо беба пар саати, зашто на толку неспиење и нивното мозоче веќе не може да издржи и се во голема агонија..не дека е паметен совет де, ама некогаш ќе се направи исклучок (како со дијазепамот)...се надевам во новата година поубаво ќе спиете сите
Оооох дај боже... 2025та баш цела буквално не ја спиевме (така почна од Јануари некаде да не спие). Заби има уште за вадење 4ки има за избивање уште 2ипол (еден цел е избиен, а еден пробива сега), а нема ни 3ки Инаку и давав за болка парацетамол тогаш ама јок, не ја смируваше. Сега па еве ја од 9 спие, сеуште не станала ич. Мислам дека и со дремката/дремките преку ден грешев.. може и апликацијава ќе не подоправи. Ама кога си имаме до душа бурен период, ништо не помага... Што не сум пробала тогаш.. не касно спиење, рано, една дремка или две, вечера касно, рано.. посмирено преку ден да не ја престимулираме... џабе, ништо не палело. И скоковите во спат се нели.. и така, една година издржавме. Нема да трае уште многу (се надевам)
Здраво мајки Ве читам долго време и гледам дека често излегуваат ситуации со свекрвите, па јас како бремена трет триместар да си прашам да споделите ваши мудрости и совети за мирен постпартум бидејќи искуството нели си е непроценливо. Мојава свекрва досега цела бременост има супер граници иако живееме многу блиску до нив. Немам добиено непосакувани совети, не се ни гледаме толку(имаме мирен однос но отсекогаш си држам дистанца, не мислам дека треба премногу блискост) освен кога ќе дојде да ми помогне со чистење(а и тоа се случува кога сум на работа и на нејзина иницијатива за да ми помогне да не се мачам). Е сега се плашам за откако ќе се роди бебето. Таа нема никакво хоби,не работи, нема другарки. Со други внучиња преттходно прилично се опседнувала, но со јатрвата имаа неколку конфликти и мислам дека се исплаши од последиците(до ден денес не го добива детето само да го чува итн.) Јас искрено во почетокот не ни сакам да доаѓа но не може да се одбегне. Сакам мајка ми да ми помага. Но тоа беше и еден од конфликтите со јатрвата на почетокот: се лутеше оти мајка и смеела да доаѓа кога сака и да помага со бебето а таа ја бараат само за помош околу куќа. Моментално сега кога и да дојде мајка ми на гости таа наоѓа начин да се појави. А кога се двете истовремено тука ми се многу напорни: не се блиски па јас треба да сум мостот. Исто се плашам да не ме напиња со непосакувани совети тогаш, посебно некои застарени глупости. Кога ќе се налути за нешто е пасивно агресивна а во постпартум сакам да си се посветам на бебето а не да ми се врти мозокот околку тоа што кажала. Ваши мудрости?
Најдобар совет е да не дозволиш да те допираат коментари и непобарани совети, ќе ти се чинат зајадливи, ќе ти се чинат злобни, ама во 99% од случаите ќе ги перципираш така зашто се хормоните во торнадо. Вистината е дека повеќето се такви зашто толку знаат, од лично искуство и мислење дека знаат најдобро. Сетирај се да ти влезе во едно уво, да ти излезе, не се карај, не се нервирај
Моја препорака ти е да научиш да си дрска. Нема конфликти ако си директна и отворена во комукацијата и ако маж ти те поддржува, да не биде на ничија страна освен твојата. Тоа ако го има, ништо друго не е проблем. За мајка ти, мора да сфатат сите околу дека некои работи може само мајка да ги прави за тебе. Јас не сум нешто блиска со мајка ми, ама кога лежев во кревет од хемороиди после вториот пораѓај, не можам да замислам никој друг да би ми ставал облоги, можеби маж ми ете ама мајка ми конкретно имаше искуство со таков проблем. Сигурно немало свекрва или јатрва да очекувам да ми лечи хемороиди. Истото го мислам и се друго, за градите ако имаш мака со доење, за бебето кое е буквално од твоето тело излезено... едноставно од старт, од прв момент се поставуваш дека јас сакам вака и не постои друга опција, ако барам совет и мислење од вас, ќе го побарам. Ако не го почитувате тоа, не сте добредојдени да ми го рушите мирот во овој најосетлив период. Од секогаш сум викала подобро јас ќе бидам лоша снаа, отколку да треба да имам лоша свекрва.
Ве читам периодов но никако не можам да стигнам да пишам нешто повеќе оти секогаш читам кога бебето ми заспало во раце и не можам да куцкам на тел Во многу ситуации се пронајдов Ова бебињата ко од ист калап Истите предизвици како од многу членки тука А богами и мајки и свекрви Не верував дека до олку можело да се промени сѐ после доаѓањето на бебето
Денес дојдов да се пожалам малку да ми олесни на душава.За мене новогодишните празници и општо цел период ми бил омилен од секогаш.А сега со бебуш ми е екстра посебно.Можеби јас сум таков човек што се сака да е магично со позадинска приказна со искрена желба...денес татко ми ме прашува дали да му купеле кашички млеко или пари да ни дале за нг за бебуш...кое разочарување го осетив како ајде само да се откачиме...ако не на картичка нека пуштат само пари и ич да не доаѓаат.И ова немаше да ми створи толку гнев но и кога ќе дојдат да го видат а тоа е ретко седат 30/40 мин и си одат демек да не досаѓале...да сме одмореле.Што ќе одмориме ние сами со бебе бе?Од друга страна со внуката се консантно секој ден,ок живеат заедно ја чуваат цело време и купуваат работи и не ми пречи што купиле за нејзе,и јас нон стоп и спремам изненадување среќа ми е...но зошто моето бебе не го добива тоа внимание и таа радост?Мал е нема да се сеќава јасно ми е но јас ги осеќам тие работи.Прегневна сум може е и глупо но толку ми е собрано разочарување од нив а толку големи размислувања сум имала бе...некад сакам да им кажам се во лице колку е глупаво а од друга страна си викам што дека...ако они така сакаат да си тераат тогаш и ја да сменам.Ни на слика ни на камера да го видат.Кога ќе се наканат некад у живот да дојдат да сум зафатена.Убав ден на сите и само да кажам глејте си ги децата и сопругот...друго е се втор план.Со кого како и да се однесувате фала нема да ви се каже.Затоа терајте само што е најдобро за вас дома.
Како зборовите од уста да ми ги имаш извадено. Скроз исто се осеќам. Мноогууу сум разочарана од моите. На внуката се посветени 24/7, моево ќе прави 6 месеци дојдени се само 3 пати нагости. Кога се роди внука ми моите си ја превземаа улогата како тие да се родители ( живеевме сите заедно тогаш). Се сеќавам малага стануваше и снаа ми веднаш им ја даваше она си поспиваше па појадок па се по ред, ја зимаше само да ја надои и толку еве и ден денес се така. Е кога се породив јас дојдоа само денот кога ме пуштија од болница да го видат нели бебето и толку. Изговорот на мајка ми беше демек не и е згодно да иде бидејќи тука е свекрва ми ( свекрва ми иначе по цел ден е на раб, дома е само од 14-17 часот). Имав една ситуација со првите вакцини на бебуш ми беше страв да останам сама мм втора смена беше и ја викнав да дојде да поседи. Поседе само пола час и се јави внуката (5год) плачела морало да си оди. И од тогаш веќе за ништо не ги барам ни за совет а камоли за помош