Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе речам ни најмалце не ми е криво вниманието што го добива внука ми,пред да се роди синко и јас и го давав цел свет нејзе.Ама побогу и друго внуче имаат,и ќерка која е сама по цели денови со месеци...како можат не знаѓ
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.254
    Пол:
    Женски
    Те читам одамна за темава.
    Татко ти е. Зошто не го седнеш на маса и да го прашаш која е потребата од такво однесување? Со ова што ти викам татко ти е, сакам да кажам дека можеш да му кажеш повеќе работи што не би му ги кажала пример на свекор.
    Прашај го бе искрено. Прашај го зошто така се понашаат према вас и внучето. Зошто си толку стегната и си собираш на душава?
    Родители ти се. Јас се разгоравам отворено со нив. Сигурна сум дека ќе најдете решение.
    На крај краева, ако не бива, со сила ништо неможеш. Нека одат у три лепе и толку.
    Едноставно неможам да си поверувам дека до толку не ги занима внучето. Стварно не ми е јасно како.
    Сум те читала и дека не излегувате, и мислам дека тоа што си константно сама без промена многу те погодува. Мораш да го сменеш тоа под итно.

    Немој да ме сфатиш грешка или дека те осудувам, само сакам да ти дадам колку-толку некој совет дека одамна пишуваш на темава.
    Дали ќе ме послушаш, ти си знаеш. Ама ќе ти олесни кога ќе ја слушнеш и другата страна, сигурно. И верувам дека не е се така црно како што мислиш.
     
    На Ladyme, Anie93, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    18.269
    Пол:
    Женски
    Не ми се јасни мене тие родители што си ги делат децата и внуците. Од на мм страната е истата ситуација, се спремавме за бебе, игла немаа купено за бебка ни девер, ни свекрва и свекор. Се породив на бебка свекрва даде злато, а свекор 50е, толку. Искрено малку ми падна тешко, едно играче да купеа ќе ми беше мило, со оглед на тоа што внуците од деверот ги чуваат, гледаат и финансираат, се почувствував како ова да не им е внуче. Живееме во иста куќа на различни спратови, деверот не ни дојдоа да ја видат малата кога се вративме од болница, дури после некое време, а по два месеци дојдоа со поклон да честитаат. Свекрвата на внуците од деверот е посветена целосно, она ги изгледала од бебиња и сеуште ги гледа, а за моето се качува еден саат само кога нема што да прави. Имаме се фала му на бога, не ни сакам друг да ми го гледа детето, помош секогаш е добредојдена кога си со мало бебе, но не можам да бидам слепа кога гледам дека има неправда и кога не се постапува исто.
    На моите па прво внуче им е, нема што не и купија количка уште пред да се роди облека, играчки и сеуште и купуваат се и сешто, мајка ми секој ден идеше да ми ја причува и на работа оди.
    Верувам дека кога ќе го почувствуваш тоа од страна на родителите повеќе боли.
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  4. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Не седнувам да им го кажам тоа затоа што мене ми е срам од нив.Посрам ми е да треба ја да им кажам за нешто кое што се свесни.Крајно па зошто јас се да се објаснувам за се нешто.Многу ми е бе за нешто толку банално јас воопшто да го кажувам,мене ќе ми олесни да им речам сакајте ги исто внучињата..не.Еве си кажав тука ми олесни.Туку да и дома сме.Сега смени на две дремки ама рано се стемнува надвор загадено по молови не ми се влегува ради вируси ептен ретко идеме ако е нешто навистина потребно.Така да како сакаш врти пак не искачаме.Опција за надвор преку ден нема.Ќе изгурам некако нека прооди па ќе тргаме во градинка се надевам подобро ќе е.
     
    На Simon4e0507 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.488
    Допаѓања:
    68.932
    Пол:
    Женски
    Бидејќи и да им каже е џабе. Ќе добие одговор нешто во смисла, ајде не прави толку голема драма, ауууу не е вистина тоа, никогаш ние не сме мислеле да направиме така, зошто мораш секогаш за нешто да приговараш? Односно, ќе добие @Stone само обвинувања. Од такви луѓе не можеш да извадиш нешто искрено. Може само да си замислуваш дека ќе ги седнеш, отворено ќе им кажеш што те мачи, дека ќе добиеш извинување, не биле свесни, ете, си им ги отворила очите. Ама, тоа е само wishful thinking. Луѓе што прават така не се ни способни за рефлектирање и прифаќање на она што го прават.
    Затоа @Stone чувај си ја енергијата, знаеш каде е потребна да ја потрошиш и тоа е тоа. :hug:
     
    На јolene, Трагедијаупмм, Simon4e0507 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.749
    Пол:
    Женски
    Јас го имам истиот проблем од мајка ми, премногу ги дели и моите деца како деца, големото од малото, но уште повеќе моите деца од внука ми. Кој ме чита знае, јас за внука ми живот сум си дала, ја обожавам, но не можам да речам дека не ми е криво кога ќе ја замолам да провери нешто за моите деца и нема да и текне следниот ден што било тоа, не па да отиде, а внука ми да замисли само гумени бомбони она трча да ги купи. За кеш да не збориме, за даден веќе исто, ама тоа е. Не ми е криво за економскиот дел, како за емотивниот, моите деца таа баба не ја ни познаваат како баба. Само она ми е останата, со сестра ми пресеков комуникации, а она се понаша како да не ми е мајка.
     
    На Mumoftwo30, dummy, Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.007
    Допаѓања:
    24.559
    Пол:
    Женски
    Ист случај и кај нас со свекрвата, со тоа што кај нас жената е опседната со социјални мрежи, иако е скоро 70 години.
    Зошто го кажувам ова… имено, на золвата децата се бајаги пред нашето и на деверот родени, и свеки дали еднаш или двапати годишно ќе ставела слика од нив.
    Откако се родија и другите внуци, свеки како на натпревар што повеќе слики од омилените внуци да постира. Нашето и на деверот ниеднаш ги нема ставено.
    Мене додуша ми одговара, не сакам многу, многу експонирање. Ама да ѝ ја сфатиме поентата, де. :)

    Она децата си ги дели, не пак внуците.
    Има еден горе, гледа сѐ.


    Него, многу сум бесна деновиве. Озбилно не можам да ги сфатам луѓево. Не дека не сум доживеала свашта. Ама стварно без осет веќе некои дното го бушат.
    Со една блиска личност, доста често се слушаме, споделуваме и изразува желба да дојде на гости. Ок, викам, повели.
    Не ме ни праша колку ми одговара, со мало дете сме, и си закажа лет за една недела. Ок, нека е.
    Значи, ја знам, ме знае, знае дека тука иако работи, за џеб нема да се фати, ќе биде прошетана, јадена, пиена што сака.
    Е сега, се слушаме пред некој ден (до пред да закаже карта ми ѕвонеше најмалку двапати дневно) и јас викам ејј, пред да доаѓаш, да ми земеш некоја ситница од дм и аптека. И нагласувам дека е стварно ситно, 2-3 мали работи, за кои веднаш по пристигнување ќе добие пари.
    И ми направи као фаца, аман бе па ти.
    И луѓе, слободна беше два дена, дома чмаеше, не ми се јави. :)
    Денес прашувам, а бе ти вчера слободна беше? И добивам само seen. :D
    Значи, да не збеснам, ич не се качувај на авион ако неќеш мала услуга да ми направиш. :rofl:
    Безобразлук.
    Озбилно не знам како да реагирам на вакви подлости.
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.045
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да ви се приклучам на муабетот дека моите некој двојат. Имаме две внучиња од сестра ми доста поголеми од мојата, ама ги гледам дека на сите исто им се радуваат, ги сакаат, ги чуваат. За купување искрено мене ич не ми е битно, искрено на внуците повеќе им се купуваше, ама па јас сега користам се од нив :D Така да не ми е криво. Едино што знам само дека татко ми на сите им отвара штедна книшка со одредна сума на пари, тоа го направи и за мојата така да за другото не ми е ни битно.

    Јас пак имам друг проблем со свекор и свекрва што верувам дека пак ќе звучи како да сум неблагодарна, ама работата е што таму ќерка ми е единствена внука од син единец (мм), и луѓе, опседнати се малце со неа. Не во делот на купување и давање пари или сл., ретко купуваат и тоа најчесто прашуваат да биде нешто што треба, ама па секој ден репорт. Кога станала, дали спиела убаво, колку дремки имала, што јадела, дали јадела и сл. Па каде сме биле, ако сме биле негде - како се однесувала, дали и било интересно (демек знам јас на 10 месечно бебе што му се врти во глава), итн, итн. Можеби дека јас одамна сум оделена од моите и сум навикната на многу полабав однос ама тоа малку ме гуши. Се осеќам како да немаме грам приватност во нашиот живот на мало семејство.

    Башка, свекрвата пред некој ден така тажно му зборела на мм на телефон дека Многу малку ја гледале, на нив она им била целиот живот, они немале ништо друго во животот. И стварно е така, особено за неа, затоа што е пензионерка, нит има некоие хоби, нит има пријателки, значи ништо прави. Меѓутоа, и да не е така јас сепак овој муабет 100% го разбирам, ама сметам дека не треба да го правиш зошто само ни набива грижа на совест на нас, и ми е скроз манипулативен :) И моите ја гледаат „ретко“ зошто живееме во најдалечните градови едни од други, ама ЕДНАШ не ми кажале дека треба да се гледаме почесто или сл. (а се случи и 2ипол месеци да не ја видат и имаа огромно разбирање за ституациите што доведоа тоа така да биде), иако знам дека и они би сакале да ја гледаат почесто затоа што тоа е сосема нормално, ама многу убаво го имаат сфатено моментот дека сега ние сме си едно мало семејство, што издвојуваме време за сите колку што можеме и сакаме, ама најбитното на нас ни е сега ние тројца.
     
    На Mumoftwo30, kozuf, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  9. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    1.725
    Пол:
    Женски
    Не ја земај од аеродром, нека си дојде сама. И ти не и враќај кога ќе ти пишува па нека се снаоѓа. Се гледа дека доаѓа за да се прошета а не да те види.
     
    На Mumoftwo30, Ladyme, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  10. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.157
    Се пронајдов во муабетов за свекор/свекрва. Мм е исто син единец и многу го сакаат малиот дека е единствен внук и имаме скроз коректен однос навистина и помагаат и за совети и за се се многу океј. Ама исто секојдневно секое утро се пишува како е што прави, па ако им пратиме слика се анализира зашо плачел зашо ова она, секако ќе се слушнеме до вечер и ќе прашаат, а ако се случи да не се јавиме еден ден следниот ден добиваме муабети од типот па кај сте вчера не сме ве виделе зашо не се јавувате и стварно набиваат грижа на совест и како обврска на мм му се ствара секој ден да мора да се звони на камера. Малку како опсесивно и мн ме нервира тоа, башка шо го гледаат минимум два пати месечно идеме кај нив на викенд.
     
    На Ladyme, kozuf, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.007
    Допаѓања:
    24.559
    Пол:
    Женски
    Да, башка и ова.
    Нели, тешко е Гугл Мапс да се отвори, да се снајдеме што и како, ќе нѐ земаат, ќе нѐ враќаат на аеродром, а неа тешко ѝ е во Зегин да сврати на 5 мин.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Фала ти многу убаво што ми објасни и во право си скроз, а од кога би можела да давам парчиња? Blw методата видов од 6 месеци може да се почне, ама да не е малце рано, таман ќе почне со вкусови и одма на парчиња ли да се префрлам
     
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.045
    Пол:
    Женски
    Лелее многу се туфкав да го споделам ова тука затоа што претходниот пат кога споделив за секојдневното јавување ме искараа :D , ама многу ме израдува да ти кажам што уште некој се пронаоѓа во ситуацијата и ја разбира, затоа што мислам дека само ние во таква ситуација можеме се сфатиме поубаво.

    Дефинитивно обврска, и тоа голема. Мм ако не и се јави на свекрвата дента, вечерта му праќа :) на вибер - па по пасив-агресив иди најди. А ние ги гледаме еднаш неделно по неколку саати. Не дај боже да помине повеќе од една недела...

    За анализирањето да не зборам. Ај што се анализира секое плачење, секој звук и поглед, и движење, буквално се анализира. Свекрва ми има дипломирано психологија пред 20 години, а нема ден работено како психолог ама неа таква и била струката да анализира :^) која струка жено, диплома не те прави стручен за ништо боже господи.

    И ние имаме супер однос, 15 години ги знам, многу се коректни за се, се нашле во секакви ситуации, и знам дека и допрва ќе се наоѓаат, ама на моменти не можам да дишам од таквата опсесивност.
     
  14. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.045
    Пол:
    Женски
    BLW може да се почне од 6 месеци, еве ние сме пример. Односно BLW се почнува кога детето може да седи стабилно без никаква или со минимална помош (за некои деца тоа може да е и покасно).

    Извини само не разбрав што има врска дека таман ќе почне со вкусови па да се префрлиш на парчиња? "Пробувањето вкусови" што го нарекуваат кај нас е просто воведување намирници, односно овојше и зеленчук, исто како што би почнала со BLW. Меѓутоа ако сакаш да одиш со тој метод треба да си многу спремен, секоја храна мора точно и соодветно да е приготвена за возраста, затоа што мислам дека многу често кога ќе се каже "давам парчиња" луѓето си замислуваат залчиња, а не е така :) Залчиња таму дури околу 9 месеци се дава, претходно си има секое овошје и зеленчук, и секоја храна како се спрема :)

    Доколку не си спремна на тоа секако можеш да почнеш со блендирано/пасирано, па подоцна да почнеш да даваш залчиња. Со тоа што се преминува од блендирано, на пасирано, па на залчиња. Нека кажат членките што го тераат тој пат ама ако не се лажам мислам дека исто околу 9-10 месеци веќе се препорачува да се даваат залчиња :)
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    15.502
    Пол:
    Женски
    @angelce23 со блв немам искуство, ама две деца имам што на 4 месеца почнале со цврста храна. И двете на 8 месеца веќе јадеа парчиња. Битно е да не заглавиш на блендирано. Штом пробале неколку работи, оставаш блендерот и почнуваш покрупно. Јас пасирав, па рендав, па сецкав ситно како за руска салата големина на парчиња. Секоја фаза да речеме по 1 месец да траела. На годината веќе си јадеа како ние што јадеме манџа, единствено месо сум блендирала/сецкала подолго за да повеќе изедат. Еве сега малото е 22 мес, големата скоро 7 години, една манџа правам за двајцата иста. Што порано престанеш со блендирано, полесно се навикнуваат на парчиња. Ако на година уште блендираш, ќе се измачиш после да воведеш парчиња.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.377
    Допаѓања:
    206.324
    Пол:
    Женски
    Не беше актуелен BLW кога беа моите мали т.е малото кога се роди почна кај нас да добива на популарност.
    Пробувањето вкусови кај моите одеше со пасирање на меката храна, ама да не биде сосем мазна, и рендање на потврдите овошки и зеленчуци и така всушност пробуваа вкусови. Важно е детето да седи самостојно за да може да има оброк, а дотогаш се' се сведува на пробување. Кога почнаа да седат самостојно почнав да давам прво помека храна на парчиња, а потоа и потврдо. Искрено, веќе и сум заборавила како беше, многу време помина. Ама знам дека не блендирав, иако на одмор и кога шетавме давав готови каши, евентуално шмукалчиња (со второто). Ама главно храната беше пасирана или рендана на почеток, кога давав со лажичка, а после веќе со раце јадеа накај 10 месеци. Секогаш под надзор, никогаш не ги оставав сами.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    1.725
    Пол:
    Женски
    Епа затоа ти викам кажи и дека не можеш имаш обврски со детето тој ден и тоа кажи и дека нема да ја земете ден пред да дојде. Секој си прави како му одговара.
     
    На Simon4e0507, Трагедијаупмм и senza.parole им се допаѓа ова.
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    1.939
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на темата делење на љубов и внимание меѓу деца. Јас имам постара сестра и одсекогаш сум се осеќала дека мајка ми повеќе е приврзана неа. Мала разлика сме и сестра ми била многу љубоморна на мене па јас сум повеќе растена со баба ми него ли со мајка ми. Баш ради ова си зацртав дека ако родам второ дете ќе биде малце подоцна кога ќе е посвесна бебка и ќе може да јави интерес да помага за братче/сестриче.

    Откога станав мајка си викам дека ако имам уште едно бебе не би можела да поделам љубов меѓу двете нерамномерно ама сепак со мајка ми бидејќи односот ни е таков да ме гледа мене како самостојна и без никаква потреба од неа осеќам дека повеќе внимание и дава на сестра ми. Додека бев трудна никогаш ништо не сме биле заедно да купуваме за бебка, а еве сега си оди шета со сестра ми која сега е трудна за да гледаат за тоа внуче. И во секој муабет кога ќе и кажам нешто за бабка како да мора да се надоврзе и да спомне нешто во стилот “Ајде наредна година и сестра ти со бебето бла бла”.

    Кај нас доаѓа одприлика на 2 недели за да ја види бебка и тоа сама се кани, не ја имам побарано за помош дури ни кога беше новороденче. Не сум осетила потреба од неа, дури и терет ми е некогаш кога ќе сака да дојде. Како вештачки да пробува да изгради некој однос со бебка а јас па осеќам некоја одбивност.

    Е проблемот е што за некој месец бебка ќе тргне во градинка а јас ќе се вратам на работа и тогаш очекувам да ми треба помош од неа особено кога ќе се разболува бебка и ќе не може да оди во градинка. Е ама сестра ми треба да се породи наскоро и баш сега сум на мисла дека сигурно ќе оди повеќе кај неа да и помага со бебето. Они се во иста куќа, а јас не. Не планирам да ќутам бидејќи јас немам опција да имам помош од друг бидејќи немам свекрва а сестра ми има свекрва која е во пензија и нема никакви други обврски. Ќе видиме како ќе биде ама само се надевам дека нема да има потреба од навлагање во конфликт.
     
    На Carolin., Трагедијаупмм и MariaBouli им се допаѓа ова.
  19. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.498
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама мислам дека нема врска тоа што сте мала разлика за поставеноста на родителот. Кога си се родила ти она океј постапила да и обрнува внимание на сестра ти ради љубомора, но не е океј тоа што на крај ти си била "запоставена". Јас и сестра ми сме разлика 1 година и истото било кога се родила сестра ми. Мајка ми поминувала за почеток повеќе време со мене додека навикнам на "новото бебе", а потоа исто внимание ни посветуваше и на двете и ниту јас ниту сестра ми не сме се осеќале запоставено од родител и да имаме некоја замисла дека ете едната од нас ја сака повеќе.
     
    На BellaBibi, mariz, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.498
    Пол:
    Женски
    Прво разболување на 4++ done :drunk: Денеска сме со температура 38+. Туш, парацетамол се симна и вечерва почна пак да качува како помина дејство на парацетамолот. Оваа мајка и ноќва нема да спие