Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.936
    Допаѓања:
    18.108
    Пол:
    Женски
    Ние чекаме бебе и мене многу ме нервира што свекор ми иако има само едно дете (мм) ништо не се понуди цела бременост финансиски дали ни треба да купи нешто. Мислам ние се пред негови очи купуваме секој ден со ствари, мебел, ќеси ама онака да кажеше бар. Сега тек у 9м бременост ни купи плакар за бебето. И споредувам со мајка ми, што уште со месеци и медеци претходно се што ќе и речам ми купува, креветче ни зема она ама и ја праќам ај ова од дм, ај од зегин, ај од продавница некоја, цело време ми поткупува и само сака уште нешто да докупи. Си викам ајде мајка е, женско со женско друга комуникација е:D
    Ама ете така се нервирам понекогаш, иако со него и општо немам комуникација: здраво, чао, што праиш и ако некогаш си кажеме нешто
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.135
    Пол:
    Женски
    Ехее и плакар е нешто. Чекај знаеш како викаат прво рипни па речи оп.
    И нас мајка ми многу ни изнакупува дур бев трудна, количка, алишта и куп други ствари а свекорот ништо ама затоа откако се роди бебка секој месец пелени ни праќа, кога дојде прв пат да ја види и даде една така прилично добра сума на пари, еве сега и седиште за во кола и купи за поклон за Нова година.

    Јас немам што да споделам на темава прво бебе е и во двете фамилии и од кај мене и од кај маж ми па немам како да споредам, сеуште нема братучетче. Мислам дека сите не испочитуваа кога се роди бебка иако ете би сакала свекрва ми малце да е попосветена и почесто да се јавува ама таа сама со себе е изгубена целата а не па да очекувам за бебе да праша. Плус си има омилено дете она а тоа не е маж ми. И она да речеме најмалце даде за внуката ама не замерувам, не знае како со финансии. Далеку живееме и од моите и од на маж ми па никој до сега не ја чувал освен нас двајца.
     
    Последна измена: 20 декември 2025 во 02:17
    На Mumoftwo30, Carolin. и MariaBouli им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.936
    Допаѓања:
    18.108
    Пол:
    Женски
    мм е сам нема брат, сестра, брат ми нема ни девојка. Значи засега немаме потенцијални проблеми :rofl: ама не ми е толку за финансискиот дел колку што не знам со мајка можеш се да си кажеш, побараш а вака со свекор не ми иде комуникација:D а за пари не споредувам кој колку дава, зошто може некој има плата 50илјади а некој минималец
     
    На Mumoftwo30, Carolin. и arwen93 им се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    1.406
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам дека е до неа не до малата разлика и цел живот ја обвинувам за тоа и за нашиот никаков однос. Сепак си живеам во страв да не се најдам во иста ситуација и да ја направам истата грешка…
     
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    До неа е, има такви карактери на луѓе. Ние сме година ипол разлика па сестрами ич не ме сакала и мајками ме доела до 3години, што се вика сум била залепена до неа. Па успеала двете да не сме запоставени во ниедна емотивна смисла. Различни карактери сме ама двете не сакала и сака исто и ни посветувала исто внимание. Е сегс имам пример во семејство, едниот син го сака, со др е нон стоп во конфликт. И едниов по име го вика др го вика мајкин. И сега е во непожелна ситуација болест и се жали како детево ич не се соживува со нејзината болест што може да заврши лошо. Од една страна викам мајка е, како може да не му е тешко
    Од др страна викам односот им е толку лош он може нема чуства спрема нема. Секкао мн лошо. Ама мислам има мн значење и она како е растена и во какво семејство и љубов.
     
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.808
    Допаѓања:
    35.895
    Пол:
    Женски
    Хахах, морав да те цитирам дека во иста ситуација бев лани ова време кога се спремавме за новороденче.

    Уште кога добив потврда од пренатален тест дека е се ок и полот нели, веднаш си почнав со купување. Дека не се малку работи што ти требаат за бебе и се е прескапо, па сакав секој месец малку по малку.
    Сите чекаа да се породам па купеле, јер предвреме не било убаво да се купува де, таков коментар добив еднаш. :D Ами кога ќе се породам таман во тој хаос ќе трчаме по креветче, по количка, по облека, по ситници итн. :rofl: Вака сега кога ќе се сетам дури не ми се верува размислувањето на некои луѓе.
    И поради тоа јас синко си го опремив со скоро се уште кога бев неполна 20та недела. На нив ништо не остана да купат нормално. И ми дадоа само пари. И уште подобро искрено, ептен ми се најдоа :D.

    Ич не се замарај. Купувај си што ти лежи на душа за бебко. Дека кога ќе се породиш и онака ќе ти носат еден куп ствари.
     
    На Mumoftwo30, MariaBouli, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    3.523
    Пол:
    Женски
    Ќе ни доаѓа роднина на гости, отворено кажала дека син и има температура 40, ќе биде на спиење.
    А моево 4 месечно бебе ако фати од него?
    Срамота, мразам луѓе без трунка осет за другите. Не планирам да ја изнесувам од соба , а дури се мислам и со мм да ставиме маска. Контакт со детево мое да немаат ни свекор ни свекрва ни никој тие денови.
    Можеби претерувам ама не би било океј сега да се разболи, а ниту пак е океј да доведуваш свесно мало бебе во опасност само за своја сатисфакција.
     
    На MeowMeow, BellaBibi, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.359
    Допаѓања:
    68.289
    Пол:
    Женски
    Зошто воопшто си дозволила да спијат кај тебе?
     
    На Miss666 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  9. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    3.523
    Пол:
    Женски
    Зашто сме у заедница , и овие као ќе доаѓаат кај стариве.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.359
    Допаѓања:
    68.289
    Пол:
    Женски
    На различен спрат сте? Ако да вооопшто не ни оди долу кај нив, контакт никаков.
    Не знам што е со луѓево, без трунка памет се, и гостите и старите што се согласиле да ги примат.
     
    На MeowMeow, Miss666, Peperutce6 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Не би излегла од соба, ни јас ни бебето, а вие подобро со маски и мијте раце пред враќање во соба. И ич да не ти е незгодно да ги избегнуваш. Воопшто не е претерување, јас би направила и скандал зошто ова е страшно безобразно и од гостите и од свекор и свекрва.
     
    На MeowMeow, Miss666, Peperutce6 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    Да све што мислиш прави ама и кажи им, др пат имајте малку разум, со мало дете сме во една куќа. Ако од вас нема разбирачка тогаш од кого да очекувам. Требале одма да откажа според мене, ама тоа е предност во живеењето сам и никогаш да не попуштиш и да се бориш за тоа да си створите свој дом, се што ќе се наследи после е плус. Сега кај Филев последно едно мало 3 месеци, и настинало на мајкава абе како кашлаше и три недели било такво. Викам луѓево се без осет кога се работи за мали деца. Мене ми се љутеа, може уште и се љути деверми и јатрвата. Не ми се дојдени одкако се породив. Кажав на почеток несакам деца дојдете сами со маски, не дали први братучеди не незнам што, дете од инкубатор сум зела и Несакам стресови . Плус толкаво дете што ќе му прават деца од 2-3 години ќе го играат? И уште стојам на тоа и со кого и да се гледаме прашуваме дали се здрави. Немора да се мачам со дете ако нема потреба, друго ќе биде во градинка кога ќе иде.
     
    На MeowMeow, fragaria, Peperutce6 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.060
    Допаѓања:
    26.074
    Пол:
    Женски
    ^^Мене така ами се налути золвата, на мм сестра му, ама ми е гајле искрено.
    Пишував тука, летото како дојдоа кај нас знаејќи дека во групата во градинка имаат сипаници, и после 2 дена исфрли нејзиното дете. Среќа бебка тогаш не ја фати, имаше само 3м, ама пресеков. Реков веќе мешање по дома со деца од градинка што се често болни нема шанси, секако се мали тие по 3 години, не знаат ни да ја заиграат ни ништо.
    Летото се гледавме во паркот чат-пат, ама оттогаш ни се заладени односите бааги.
    Не дека ја чувам во стаклено ѕвоно, не ни можам кога синко оди на школо, ама друго е.
    Кога луѓето немаат совест и свесно доаѓаат болни, или како нив со ризик за сипаници, тогаш јас ќе поставам граница оти ништо друго не ми е битно освен здравјето на моите деца.
     
    На MeowMeow, Yowannty, јolene и 9 други им се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.601
    Допаѓања:
    14.285
    Пол:
    Женски
    Жива сум некако, претам едвај.
    Се чувствувавм како години да поминале, а тоа само неколку недели.
    Бебе е скоро 10 месеци, не ми се верува дека размислувам на роденден.
    Како што вика големата, лошност права е, ама наша лошност си е.
    Плачки, џиткања и лепешки по мене и за мене. Хаос. На последни сили пред распад сме со маж ми.
    Работа во смени, исцрпувачки до бескрај, тој сиромашкиот состаноци со бебе во раце држи.
    Големово душле школарче секој ден ме прави најгорда мајка на свет.
    Ми треба одмор. Одмор од секојдневиево. Породилното летна, па и дека го прекинав како да било пред светлосни години. Магла пред очи и буквално и фигуративно.
    Умор во нозе.
    Цела топка на зглобот на дланката.
    Наочари што не си ја вршат работата.
    Не гледам.
    Преживувам.
    Грбот крцка.
    Здебелена 3 кила. Менструација ни на повидок.
    Нафрлани мисли, нафрлан живот.
    Само трчаме, а никаде не стигнуваме. Трчам се да направам и да им посветам внимание, а на крај сум со грижа на совест дека времето лета, а ништо не правам. Секс еднаш во две недели. А ми фали.
    Бебе почна да се галка по малку. Ми дозволува да ја галам по лице и косичка кога заспива. Ја мирисам. Веќе е дете. Знаев дека ќе ми фали периодот на новороденче кога тогаш. Иако не се сеќавам баш на се искрено.
     
    На merriel0, MeowMeow, Yowannty и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.823
    Допаѓања:
    9.678
    Копи - пејст.:doh:
    Лајк за поддршка… ќе се гура некако…
     
    На Yowannty, Mumoftwo30 и thinkerbell им се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    6.486
    :hug::hug:
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    17.913
    Пол:
    Женски
    На гости идат болни?? Што им е на луѓево, па и кај мало бебе уште. Значи стварно има луѓе без човечки осет, искрено не треба да ги примите, нема тука незгодно.
    Ако имаш можност да заминете некаде со бебе додека се кај вас.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    8.664
    Пол:
    Женски
    @Peperutce6 , осет не очекувај од никого, посебно не кога сте во заедница.

    Случки од кај нас
    - золва вика (пред години ова), утре бебево (2 месеци) да прими рота вакцина и доаѓаме на 10тина дена да седиме кај вас. Во друг град ние. Јас ни дете тогаш, ама во обиди за дете, ни знаев рота, ни ова, ни она. Е тек кога дојде , ги спомена опасностите од вакцината, нели на измет да пазиме, на повраќање, на не знам што. Може не е којзнае колку критична ситуација ама пример на другарка сопругот баш од невнимание кога нивното бебе примало рота, се инфицирал и си одлежа, не баш лесно.
    Следно, моево бебе 3 месеци, исто золва вика Х (нејзиното дете) има бактерија, не оди во градинка, ќе го донесам таму да седи една недела. Веќе 2 дена пие антибиотик и не е заразно. Може е така, може не е, успеавме да го дочуваме моето да не фати ништо ама стварно не е во ред однесувањето.

    Инаку со дете што оди во градинка стварно е тешко да знаеш освен ако има видливи симтоми. Се случило да сме со роднини пример во сабота, ќерка ми нема буквално никакви симптоми, во недела да се разбуди со растечен нос. Макар што еве ја 3 години е скоро и уште ми пречи да доаѓа некој настинат или ние да одиме некаде и да не ни кажат дека по дома се со вирус.
    Едит: а за чување дете од баби, па би рекла дека свекрва кај мене е пофлексибилна и побрзо ќе се нафати во било кое време да чува дете, отколку мајка ми. Таа си има зацртан распоред на активности и ретко кога се нафаќа да смени нешто. И кај двете гледам да е со најава кога ќе треба да се чува дете, сега ептен да испадне некоја ситуација ненадејна. И ниедна не ми рекла оди ти одмори, ќе земеме дете така чисто на добра волја.
     
    Последна измена: 21 декември 2025 во 09:00
  19. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    2.424
    Пол:
    Женски
    Какво депре ќе ми заврши неделава, да се плукнам у Скопјево...

    Бевме 4 дена кај моите на југ, пролет. По цел ден во двор на сонце, печење за мерак.

    Се решивме денес да си тргнеме порано за да избегаме возење по магли, џабе. Како стигнавме на Демир Капија цел пат беше магла. А во Скопјенце не поздрави и "убавиот" воздух. И сеа дремеме ништо не ни се прави :drunk:

    Од други вести, да се пофалам дека помина мојата психа за лазење, седење, застанување. Госпоѓицата моја реши се да направи во 3 недели буквално. Прво почна војнички да се влече, па да се намести на 4 (ама само да се намести), па после и беше хит да стои/седи на колена, па после сфати како да си седне од 4, па сосема неочекувано сфати како да се исправа пред 1 недела, и од вчера почна и да лази иако не сака многу да лази затоа што војничкото и е усовршено веќе :D Кој би кажал дека за толку брзо се ќе се деси :x плус во меѓувреме и два горни кеца и излегоа, и така, свашта се исподесија за убав крај на годината :D
     
    На QweenSM, Baby warrior, Merten и 18 други им се допаѓа ова.
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.342
    Допаѓања:
    25.812
    Пол:
    Женски
    А стариве си ќутат, иако знаат дека имаат бебе во куќа?

    Седи си во соба со дете и не излагај. Ич да не ти е гајле што ќе зборат.
    А еве и бујрум кај мене дојди , ќе истераш и ти гости. Здрави сме :D
     
    На MeowMeow и Peperutce6 им се допаѓа ова.