Денеска видов случајно дека ќе излезе запче на бебе, ох а во петокот ја носев на лекар во болни деца да ја слушне викам дане се спушти нешто надоле, се изначекав еден сат кај Филев . Од пон кива носот затнат, не течат мрсули ништо ни темп. А јас почна пред три дена некоја болка во грло, никаква сум омалксана и викам ете од детево настинав. Нејзиното тоа само.. носот затнат тешко спиеше дека не диши добро и крвна слика му реков на матичниов и све нај ок излезе.Демек ја гледаше он вика нема ни оток за заб да излезе. И денеска викам чек јас да те видам пуштам блиц, и отварам уста гледам запче, готово е има дупче направено само што не пробило. И така... тешка цела недела напната, нервози. Си викам каков беше животот пред деца. Незнам сум заборавила , ама не сум го ценела времето безгрижно. Спијам сама во др соба.. кашлам кивам нос секнам, а она спие како на трња се буди од што се свртиме на кревет и викам подобро да не сме заедно. Ми се плаче нешто сум хормонално малку пореметена во циклус сум.
Три дена си бев и јас кај моите на југ. Како ги поминавме тунелите на Д.Капија на одење, друг свет. Од 9 сабајле до кај 16 ч не се прибиравме дома, бебе се изнаспа надвор на воздух. А надвор милина, само на блуза бев. И се вративме пред пола саат, во магла и смрдеа... Не знам дали сум будала или паметна што седам/живеам со бебе во Скопје. Ама дефинитивно секоја прилика ја користиме да побегнеме од овде. Луѓе, бебево мое машала, значи јаде како луда. А бе последниве две недели како миш јадам скришно од неа. Да не виде храна или дека некој џвака, леле викање "Даај, даај", мавтање со раце. Не можам да јадам на раат. 2+ недели беше дома заради сипаници. Утре сабајле ја носам на градинка, па после на нокти и на шопинг. Моиве од фирма дека слават неделава Божиќ, цела недела скоро сум офис-фрее. Тука-таму од дома нешто ќе чепнам, има цела недела да се изнашетам дури е бебе во градинка. Со мм решивме утре да прашаме дали со регуларно време градинката ќе работи на 31ви. Ако да, ќе одиме на денска журка и ќере ќе го земеме од градинка и после заедно ќе си славеме дома навечер. Јбг, нема на кој да ја оставиме во Скопје. Мора да се користи шанса за денска. Па ќе одмориме на 1ви, и на 2ри сабајле брат ми на аеродром ќе го пречекаме. Ќе си дојде вујче од Америка за празниците. Едвај чекам.
Ќе се надоврзам оти се од погоре е скоро па исто и кај нас На работа терам втир месец веќе не сум застаната да се одморам, слободна само во недела а тогаш што попрво, дури денес украсив и накитив елка. Со маж контра смени не сме се виделе не сме излегле некаде, немам кога да излезам да купам што ми треба низ град. Деновиве и температура имаше абе умрев од грижи, 3ки треба да излагаат го мачат. Фативме ред за се ама ми е пренапорно Бебе веќе не е бебе туку детенце како што велиш, златен на мајка некогаш се гали и гушка некогаш не дава да го доприш секој ден нешто прави или кажува, му работи мозочето Спремам роденден по малку, летна времето
Хелоуу! Бебе тера дремка, мама си направи кафе и сака да шкртни на фемина. Да се олесни де. Не ми се верува дека уште малку ни остана до првиот роденден на бебе. Кога летна времето луѓе?! Мислам вчера пишав дека се породив. Мноооогу сум емотивна. Премногу. Секој ден по малку си поплакувам дека ми порасна бебето. Не е веќе мало бебе да го легниш на едно место и таму да го најдеш. Сега ми е веќе како едно мини детенце кое не застанува. Премногу milestones, поготово овој месец. Како наеднаш да ми порасна. Врска нема каков беше минатиот месец и сега. Две различни бебиња. Уште не сме го сликале за Нова година. Закажав за во четврток па утре ќе одам да видам нешто да му најдам облека. Доцнам, знам. Ама па имав слава за спремање и некако летна времето. Едвај чекам да го сликаме моето фраерче. Денеска ми стаса и облеката за роденден. Спремен е. Сега ќе чекаме уште да дојди денот. Додуша само датум имаме, ништо друго. Треба и тоа да го средиме после празнициве дека брзо ќе летни, еве го каде е почеток на Февруари. Најубаво чувство на свет е да си мајка. Секој ден си викам фала му на Бога што ми ја оствари желбата. Сакам барем уште едно, амааа рано е. Малку ќе почека таа желба.
Бебулето мое направи 4 месеци.. Кога станав бе ваква плачка. Вака кога ја гледам ич не познавам разлика, ама отворив слики кога беше скроз новороденче И ги избацував сликите а она до мене, после и нејзе и така.. Веќе е подруго бебе некако, регресија во спиење мислам дека не фати заедно со скок, навечер само прета со рацете, се буди, а и се спие и се плаче. Си спиеме со држење за раче(читај прст)На нејзе и е најубаво мама се кочи цела ама нема врска Цица убаво, кога ќе ми текне само колку се мачев со тоа пумпите за да го задржам млекото, па нервози стресови од после за глупости. Многу ми е весело бебче, на сите се смее ама само кај мама сака. И кај тато кога мора. Јас можам да кажам дека се снаоѓам како мамичка, иако некогаш ми фали слободата Многу ме нервираат децава со петардите. На главна уличка сме во куќа, цело време фрлаат под прозор па морам да се расправам со нив. Тукууу каде за нова годинаа бе женски Ние ќе си спиемеЛани журка оваа година девет у кревет. Размислувам што ќе правам поради огнометот и петардите, бебе спие тогаш и сто посто ќе се исплаши. Мајка ми рече да ја оставам да ја чува а ние да излеземе, ама жал ми е така. Не знам дали ќе се исплаши и како ќе реагира поради пукањето.. Сабајле си станав 15 мин порано, се средив малку, бебка се будеше јас пиев кафе. Се осеќам посвежа денес. Убав ден женски, ќе ми загори грашокот па ќе се изнервирам
Лани мојта беше скоро 4 ри месеци за Нова година. Прво имаше премногу петарди и огномет уште во 22ч, па и во 00 ч нели. Јас имав пуштено мелодии на така погласно и тел кај прозорот ставен, ама не мрдна она. Оваа година ќе видиме.
Лелее од кога не сум дошла на темава, цела вечност. А порано обожавав да си пишувам тука ми беше едно убаво прибежиште и си ги искажував проблемите. Слатките маки со бебе, ех камо да се вратат. Не спие, не јаде, плаче.. Во тие моменти одвај чекав да завршат тие скокови, тантруми, само нешто чекав да помине, и еве поминаа 5 години како 5 минути Ќе трепнеш и имаш големо девојче кое веќе од нареден септември ќе биде прваче. Кој ме знае од труднички скоро, знае дека бев бремена, бебето имаше аномалија и ја прекинав бременоста на средина. Тоа ме извади од колосек буквално, зошто ми беше втора прекината бременост (првата беше пред да се роди ќерка ми, заради скроз друга аномалија), но како да се претворив во друга личност, ама на подобро. Единствено што ме боли е што ќерка ми си бара братче сестриче, и тоа нон стоп ме прашува. Се гледа дека ѝ фали, си бара друштво. Среќа не знаеше за бременоста, не ѝ кажувавме додека не бевме сигурни што и како ќе биде. Ми е жал што расте сама, ама ете така сакал Господ, и верувам дека ќе ѝ се исполни желбата еден ден. Многу сакам ама и умирам од страв искрено и не сум спремна пак да се случи загуба. Многу нешта се променија откако пишав последно тука, генерално на подобро. Се надевам следен пат ќе пишам нешто поубаво и попозитивно Убав ден мајки
Здраво мајки, одкога се местам да пишам и никако да најдам време само улетувам ко подобранец. Бебо спие на мене, добро се држевме до сеа во градинка ама еднаш мораше да не фати нешто нели. Во петокот бевме заради очите на доктор, инфекција има и толку се исплашив како прв пат да се разболува ама прв пат нешто вакво ни се задеси а бре зеленила од очи му излегуваа, јас чистам тоа се лепи, никад немал до сеа. Денес пак и се вративме со едно најлонче. Ми држи глупа температура од 38-38.3 веќе 3ти ден, црп и леукоцити покачени, ке се чуваме дома деновиве Нешто се спремаме да реновираме дома да пуштаме соби од сеа ме фаќа стрес,мм почна да го чисти местото, кој ке треба да се рушат ѕидови ќе биде хаос Не знам што да му купам на детево за нова година секој пат нешто различно ми кажува и уште ништо му немам земено. Сакам и до дајмонд да го однесам ке се прерадува за дедо мраз ама ако не оздрави нема одење. Толку од мене имајте убав ден
Здраво и од мене Беба ќе ми направи 9 месеци. Немам помош зошто бабите и дедовците одат на работа, ама добро се снајдовме со маж ми. До 6ти месец ми беше тешко, цело време ненаспана, ама последниве месеци некако се заигрува, зазнава, ми спие и преку ден и некако ми е полесно. Се радувам на празнициве што идат, и се надевам од утре ќе заврне и ќе се исчисти воздухов, па ќе шетаме по моловиве и во центар, беба да се порадува на украсеното. Откако е загадено ми е многу страв, нигде не сме биле освен на слава
Здраво и од мене. Дедо Мраз (читај баби, дедовци, тетки, од кај мама и тато од работа) ја претераа со поклони, па си мислам тоа што ние го купивме да остане за по некој ден и за роденденот да го добие. Вака само ќе отвори куп играчки и со ништо нема да игра долгорочно, па ни краткорочно ама ќе видиме што ќе смислиме. Битно спремно е. Игротека месец унапред закажана, кај нема избор во градов, па и брзо се фаќаат термините. И сега подготовки за тоа. Ништо екстравагантно, декорации од Тему и Алиекспрес порачани, торта договорена. Алишта одбрани. Останува за во градинка ден предходно да направам пакетчиња и тоа да биде тоа. Колку и да ми е напорно некако брзо ми расти детево. Што би рекла негователката нејзина уште 3 години и прваче .
Во последно време многу сум нервозна бебе е 5++ месеци. мм оди само 2ра смена на работа скоро цел ден излезен, плус живееме во Германија целосно сами овде без никој. Мајка ми од здраствени причини моментално не може да дојди да ми помогни, свеки од друга страна може ама не сакала 3 месеци многу и било, сакала мах 1месец (да се прошета убаво да посети повеќе замоци) и карта ние да и купиме тоа е must. Од ко е родена бебка вкупно 1000ден и имаат дадено со свекор ми и неколку алишта за до кај 2месеци. Ме фаќа многу лутина зошто до лани кога и да имало потреба за нешто мм само и праќаше пари, госпожата оди на работа и не е за жалење од страна на пари. За нова год. ми вели денес не знаев што да и купам на внуката дали кукла или некое синтизајзерче.. и велам по кого ќе го пратиш еве никој не иди, ми вели ами ако нека стој во Мк. И велам подобро прати пари ние овде ќе и купиме... а не не сега еве ќе ги одданочувале парите како така да пратам. И на крај и реков епа за нова год вие свирете си на синтизајзерот со свекор ми, мајка ми и прати 100евра со тие пари ќе и купиме играчки и тоа што треба и одма заќути... Офф само сакав да напишам за малце барем да ми олесни
Добра вечер Заспав бебе, па маж дур занимаваше деца, се искилавив прво додека ги качив подароците дома од подрум на виткање, па потоа дур ги симнав.. Оваа година доцнев со пакувањето. Можда цел месец се во подрум над пералната и сушарата и конечно ги средив. Оваа година доцнев и со хартијата, па во недостаток на време, морав да купувам заедно со ќерка ми. Среќа ми помина приказната дека на елфчињата им треба хартија за да ги спакуваат подароците и ја оставивме покрај елката заедно со машните. Нормално, не беа веќе таму следното утро. Елфчињата ака маж ми симна се во подрум само што заспаа. Претходно така ги оставивме писмата што ги пишуваа до Дедо Мраз, па со него ја искористивме истата ситуацијата. Осеќам многу вина што за бебули најмалку купувам. Ама немам што да му купам, се има од нив двајца. Буквално се. Освен да земам да се повторувам со истите работи. И такви некои мисли ме мачат деновиве… Поминавме убав зимски одмор. Избравме ресорт со детски активности и тоа мислам дека беше најдобрата одлука. Обично тераме активни одмори, каде во хотел се прибираме само за спиење, а деновите ни се во движење и истражување. Аааааама, тие вака имаа занимации и организирани денови, јас искористив спа и масажи дур маж се бавташе со бебе, потоа и тој. Тоа конечно се наспа и не остави и нас да поспиеме. И истеравме прав одмор. Дома во истиот бубањ, во трка со времето и таа трка никогаш не ја добивам. Секогаш со нешто се доцни и не е завршено како што е планирано. Ама да сме здрави и живи. Се помалку се потресувам на такви работи. Ми остана за утре да извадам некоја слика за во албум и толку за оваа недела. До понеделник ќе ги избегнувам супермаркетите. Убави празници да си имате. Спојлер We’re 30. It’s December. He asks what I want for Christmas. I shrug and laugh. Rest. Quiet. A moment without someone needing me. He smiles the kind of smile that knows better. We’re 80 now. It’s December again. He asks the same question. The tree is smaller. The ornaments are old. Faded clay handprints. Glitter that never quite came off. The floor is clean. Too clean. No trucks underfoot. No crumbs in the corners. No one racing toward the morning. I remember the years that filled the house. The early wake ups. The paper ripped open too fast. Small voices calling my name like it was magic. I answer the same way. I don’t know. Maybe one more Christmas when the house was loud. He smiles again. Because we both know that’s not how time works. And that’s when I understand. I already received the gift I wanted back when I was tired and thirty. I just didn’t recognize it yet. The days felt endless. The years were everything. And they don’t come back. Уживајте ги максимум деновите што следат.
И ние сме со мака со тоа спиење никако ред да се воведе 15 месеци. Се буди од 2 до 8 пати, генерално презаспива брзо штом ја гушнам, али сепак и 2 мин да е јас се будам од сон и ноќни подои укинав ама џабе.. на кој начин ти помогна апликацијата? Ти кажува кога да ја заспиеш? Се мислам да ја уплатам...
Редовно си приплакувам на ваквите The house is clean, the mess is gone и на This is where I’ll go in my dreams when I’m 80 . Убави празници да си имате .
Исто, исто. Рикам. Чак и компилација имам напраено од наши видевца за второто и тешко ми е да гледам како којзнае од кога да се. @LiquidLuna прочитав меѓу редови. Сакам да те гушнам. 2026та е твоја. Ми излезе некој рил, олд вајвс тејл, демек ако го пишеш името на твоја драга личност на ливче и го ставиш во бебешко чорапче и го тутнеш во новогодишната елка, следната година ќе биде трудна. Јас го напраив тоа за другарка ми. Утре барам чорапче и за тебе.
Колку ми се промени бебево, од ден за ден нешто ново учиме двете Помина периодот од само пиење млеко и спиење , почнаа грчеви појаки , па плачки , па сака мома да се шета во раце . Муж втора смена на работа и мисли така лесно е дома бебе само спие и јас ништо не правам. Два дена е прва смена по ред и си ја думка по дома Како си лета времево денес отворив двојка памперс, а кога ќе ми текне како трчав да најдам во кој дм има 0 бројче.
Луна читнав и јас, те гушкам виртуелно топло топло доаѓаат нови почетоци во новата 2026та гушни си ја малечката и посакај си најубава желба во 12 Си пиеме кафе сабајлево со маж ми, детево игра на подлога и му ја прочитав песната си поплакав и ја он ме гледа бледо ми вика абе ное сме тек 35 рано е е рано е ама брзо ќе помине и си се гушнавме и така ми дојде убаво на душата што ствараме едно убаво човеченце на планетава наша