Да.. ми пази прозори на будност. Можеш тоа и сама да пазиш, ама ако имаш време. Јас сум со милијарда обврски и тоа не следам... Еве вчера и ставивме плус дремка од тоа што кажа апликацијата, ноќеска лудила беше.. до 3,4 на секое ми се будеше Иначе можеш и месечно да ја плаќаш долар и нешто или 12м наеднаш. Јас несакајќи ги уплатив 12м Види има и други на ист принцип што работат, а имаат 1м пробно. И Huckleberry е мн убава, требаше може да ја платам таа.. таа ја пробав и бесплатно 1м. А некој тука кажуваше дека си ја брише и инсталира пак, со нов меил да се логираш пак имаш бесплатно.
Поголема е твојата мислам ама чисто како совет што правам јас кога ќе и се некои дремки кратки и е преморена, подобро функционира ако ја успијам рано за ноќно него ли дремка плус да вметнам макар и да било тоа успивање во 18ч. Не знам дали си пробала така, сонот општо им е подобар ако си легнат порано.
6ти скок ме уништи.Одвај стојам.До сега ни еден скок не осетивме ама овој наплати за се.Навечер е хаосот,не знам веќе што да направам.Секоја ноќ со мм се разведуваме кутрите.Ако не се утепам ќе ви дадам апдејт некогаш кога ќе бидам наспана.
Осеќам како мозоков ми чади. Ама чади онака, од прегреаност. Маж почна на нова работа со брзина на светлината, од денес за утре. Јас на работа, бебка нема кој да ја чува. На работа притисок, немав избор отворив боледување, па одмор, па понатака ќе видиме... Трчај документи среди за градинка, мисли се што како, дома бомба како да паднала, јадам по еднаш дневно. Ме дрма и пмс нервоза 100ка сум, осеќам дека цел бес му го истурам на маж ми, пренапната сум знам ама не можам да се контролирам. Плус вади заб, не сака да јаде шефицата И, денес го скршивме мразот, седеше 45 минути во градинка.. Ќе видиме од утре. Многу тежок и стресен период. Ко преживи причаче
Не се откажувај за градинка, мојов после 3 месеци сам соблече пантофли и легна да спие, жива мака видов. Уште на секое оставање плаче ама само додека го однесат во собата, сега дома сме дека е болен, како ке се врати ке видиме
Значи ептен мака ова градинкава ми дојде.. плус и дека не возам тоа дополнителен притисок ми праи. Едвај чекам да почне од сабајле со доручек да седи па да ја носи маж ми пред 8, за зимање ќе се снаоѓам..
Јас возам, носам, разносувам, земам, пазарам и у меѓу време барам работа што ке ми одговара со времето на синко во градинка, па и на татко ми фирмата да е жими што ке ме трпат така се мислам нешто приватно да почнам сама, ама еве го мм приватно, сам не знае што попрво да фати, време за ништо у 7ипол излегува ако стигне до 6 дома среќен е. Никако човек не е
Читам цело време, ќе влетам со коментар, а никако да си направам едно финално завршување на 2025 та. Втора нова година, со сонот, желбата, која ми стана најголема реалност. Детето ми порасна. Ми фали кога беше бебе. Колку и да ми беше претешко, ми фали да ми спие безгрижно во раце. Да ми заспива во раце додека си го пие млекцето. Да можам , би го вратила времето, да уживам максимално во тој период. Бев како на норма пуштена, да средувам, чистам, перам, пеглам, за кога е мм на работа, да бидам со неа. Е со овој памет, ич немаше за ништо да се грижам, освен за неа. Амаа. Сега имам едно мало девојче, со плава виткана коса , со крупни маслинести очиња, со енергија за 3 деца. Без умор само трчка низ дома, се качува на се што ќе стигне, ги прави најсмешните фаци, не врти сите како сака, нооо ќе кажам и дека ме слуша, разбира се што ќе и кажам, си јаде се без проблем, ми е сонце кое наутро ме огрева и приспивна песна со која заспивам. Права мамина маза е. Како ќе се адаптира во градинка, искрено се плашам. Не иде по други луѓе, освен кај мм нормално и баба и дедо. Мм ќе ја носи на адаптација. Уште сега ми се стега душава. Се изнапишав, каша попара пост. Да си гушнам ќерчето и да спијам.
Одамна се канам да пишам па еве вака сабајлечки се наканив. Сакав да ви кажам едно огромно ФАЛА на сите кои споделувате колку жалите што сте трчале низ дома да чистите, средувате, готвите наместо да одморите малку и да уживате поише со бебе. Читајќи ве, веќе неколку месеци ги ставив овие обврски во заден план и се осеќам мнооооогу подобро, не како да сум на некоја норма. Чистење колку да може бебе да се валка низ под и да нема бактерии низ вц и кујна, останатото како прозори, тераса е небришено со месеци и не ми е ич гајле. Успеав да си го потиснам перфекционизмот и желбата се да е “пиц пец” низ дома. Имам куче што вечно се митари па секој ден морам да поминам со правосмукалка ама јбг го усовршив тоа не ми е мака. Готвење ептен нешто ако ми текне од мерак инаку повеќе сме на нешто набрзинка намачкано, спржено или па готово нарачано, среќа Wolt постои и има преголем избор. Гледам да зготвам само за бебка, ама користам и готови каши кога сум во брзање и не сум стигнала. Среќа имам сопруг кој е злато од човек и во се ме подржува и сеедно му е дали ќе јадеме домашно или ќе нарачаме, дури и кога ќе речам “Ај ова да направам” ми вика “Абе кај ќе стигнеш сеа седи одмори ќе нарачаме на Wolt”. Ќе му речам “Ај одам да зачистам ова” и ќе ми рече “Абе чисто е не се глупирај”. Сами живееме па немам свекрва, свекор, золва итн да ми висат над глава. Е да мораме се сами со мм да правиме со бебе ама 100 пати подобро него ли некој да ми иде на живци за да добијам малку помош за замена во обврските. Додека тера дремка бебка не трчам цело време да средувам низ дома, знам и на некоја дремка да пуштам епизода од серија и да одморам, па кога ќе стане она не сум како воз да ме згазнал туку уживам да и се посветам. Се надевам бар една мајка ќе го прочита ова и ќе го смени mindset-от како јас што направив и ќе ужива повеќе Ми порасна бебево бе… Уште малце ќе прави 9месеци, цело човече стана. Си има карактер машала, се гледа дека е моја и на мм хаха. Детската беше остава/магацин ама се наканивме да ја средиме и и ја направивме игрална. Сега пола ден си го поминуваме таму и само докупувам глупости играчки. Дајте идеи за нешто што не е глупост да и купам ако имате за 9+ месеци. Ја мава сепарациска анксиозност, па ако не сме со неа не си игра ама јбг не барам уште сама да ја оставам за серии да гледам во дневна хахах. Се изнаприкажав доста е идам да си играме ме чека бебка
Многу убаво ми дојде што го прочитав ова, ти благодарам И јас се трудам максимално да поминувам квалитетно време со бебо и кога е буден да му бидам 100% посветена и на сметка на тоа откако ќе заспие до пред некое време правев се друго и постојано се чувствував и исцрпена и не можев ни со него да сум скроз фокусирана ни па да завршам се. И почнав да ги занемарувам поневажните домашни обврски, ама цело време имам некој внатрешен притисок дека треба да се потрудам да готвам повеќе, дека не треба да ги трупам перените алишта едни врз други туку уредно да ги распоредам, дека тарасата (која сега практично не ја ни користиме) не е избришана многу одамна....и баш ми требаше да слушнам нешто вакво И сакав само да си кажам дека не очекував дека волку ќе уживам во улогата мајка. Бебо од ден на ден учи се повеќе нови работи, станува се поинтересен, постојано е насмеано и весело бебе и ми дава тотално нова перспектива на животот. Претходно, никогаш не бев сигурна дали сакам да бидам мајка, и да бидам најискрена откако решивме со мм дека сакаме дете, имав некоја внатрешна резервираност на таа тема, ама сега сфаќам дека тоа ми била најдобрата одлука во животот и дека не сум била свесна што пропуштам
Има ли уште некоја мајка што си го носи детето со количка во градинка? Многу криво се осеќам, гледам таму има количка оставено ама пак.. Не можам никако да се опуштам со возењето, возам ама паркинг ми е проблем значи вријам од нервоза. Еве денес со свекрва ми ја однесовме со кола ама за зимање јас пешки по дождов ќе треба. И купив и онакво прекривка за дожд за количка ама жими се како најголема немајка се осеќам со ова возењево веќе преку глава ми е. 10 минути е пешки, не е многу ама уффф
Заради истиот страв од возење и хаосот со паркинг и јас си ги земам децата пешки од градинка исто 10 мин одприлика имаме за пешачење. Кога врне такси и завршена работа.
Како некој што до пред 2 год панично се плашеше да влези во кола и да вози, можам само да ти кажам дека што повеќе возиш тоа повеќе ќе се опушташ. Друг начин нема. Исто и за паркинг. На почеток паркирај некаде понастрана кај што нема гужва Околу нашата градинка многу е зезнато за паркинг нон стоп се заглавува, тесно е, од 4 страни коли доаѓаат ама се снаоѓам некако. Првите пати е стресно ама со тек на време ќе се опуштиш
Пробај прво во кола со мм и со бебка да возиш неколку пати да се опуштиш. И мене ми беше проблем, прв пат возев така. После се опуштив, си го ставам бебуш до мене и терам. Ради паркинг испадни 10-15 мин порано да не ти е мисла.
Јас ја носев со количка големата така и таму ја оставав количката после баба и ја земаше. 1 година траеше тоа додека да и јас заради ладното не седнав да возам.
Јас ги носам пешки дека ми е блиску, дури и кога врне. Школото на големата е на една страна, градинката на друга. Прво одам до школото, па после го оставам малиот во градинка, 10 мин има вкупно како го шетам пред да го оставам. Да тргнам со кола само повеќе гужва ќе ме фати и пак не можам до врата да стигнам, ќе се паркирам подалеку и пак по дожд идеме, и решив секогаш ќе одам пешки. Немаш потреба да се плашиш од возење, ама мораш да возиш за да се опуштиш. Магично преку ноќ нема да ти стане тоа лесно ако веќе го осеќаш како проблем. Јас возев и трудна, и со новородено, и во друг град сум одела сама со дете, и тоа дете што повраќа во кола на секои 5км. Се навикнуваш едноставно. Ама не мораш да се нервираш зошто одиш со количка до градинка, па и по дожд и по снег. Во нашава градинка по 20 колички и точачиња има паркирани пред врата секој ден, без разлика какво е времето.
Јас ја носев ко беше у јасли со количка цела година дека ми е на угорница градинката и знаеш каков газ направив, магија А мене ми беше шубе да ја оставам таму појма неам зашо па со празна количка се враќав дома. Кој знае колку шлакната сум изгледала од страна
За возење со некој немам гајле возам , ама сама и плус со 2 деца не сум собрала храброст уште , а паркирањето е посебна прича , некогаш размислувам да земам плус часови само за паркирање
Ниту е срамота, ниту е за крива да се осеќаш. Ај таман работа 200 деца со коли да ги донесат, ќе се деси хаос. 10 мин не е ништо одење, ќе го покриеш и идеш, тоа е тоа.
Паметно, тоа сакав да и пишам на Додо.Час со добар инструктор. За жал нашиве инструктори учат само за положување, и општо цел систем ни е таков. Јас имав инструктор на колешка татко, па душа човек и му викав дај во гужвава носи ме да паркирам, дај овде, дај онде. И одма влегов во кола, од работа секој ден на терен. Во различни градови. Западна Македонија посебно хаха ама кој знае таму да вози и да се снајде во хаосот знае секаде хаха.