За 10 мин не би палела кола искрено. Повеќе време мислам дека ќе ти одземе да го ставиш во седиште, да го врзеш, да паркираш..
Фала ви на сите. Еве бев и ја земав, точно седум минути од пред зграда до градинка, по сокаци каде со кола нема пристап.. Со кола ако одам прво пред зграда немам паркинг, ја паркираме далеку колата па треба во раце да ја носам до кола (минимум 5 минути пешки, па додека ја однесам со кружење и вртење до градинка 15 минути како ништо..) Плус додека паркирам ќе се извртам 5 минути во место хахахахах хаос сум. А и она прошетана, убаво и дојде. Денес втор ден градинка 1 саат седеше, утре ќе седи од 8 до 11, со доручек
Абе јас имам возачка 10 години ама џабе кога не сум возела активно, и не памтам со инструктор да ме носел да паркирам на некој паркинг освен полигон и сега ако треба да влезам на паркинг кој што е преполн ме фаќа паника дека ќе чукнам некоја друга кола. Маж ко маж само вика и урла кога ќе се качи у кола со мене за да возам и ај подобро нека вози он.
Зошто немајка ако во количка ја носиш? Јас во раце планирам да ја носам пошто ми е блиску градинката и за количка хах. Колку подобро ќе функционираа градинките сите така да си ги носат децата наместо гужви пред влез од коли изнапаркирани. Ем бебе малце прошетано ем ти без стрес за паркирање, не гледам никаков проблем и немајкост во тоа. Е можеби ќе ти стане проблем општо ако не ја возиш за други места и да зависиш од сопругот или некој друг или такси за некаде пример лекар, гости, роденден, претстава понатака итн… Затоа би било добро да се охрабриш и да почнеш да возиш, ти дадоа супер совети погоре како можеш.
Далеку сме од градинка, ама кога ќе оди, не ми се исплаќа да палам кола и да го носам. Со количка сум таму буквално за 5 минути. Многу ми е блиску. Кола евентуално ако многу врне или ако ептен неможи со количка да го однесам. Нема потреба да се осеќаш така, правиш како мислиш дека е најдобро за твоето дете. Кога ќе се опуштиш и ќе си спремна ќе ја носеш и со кола, нормално.
Затоа инструктор некој човечен, мојов тивко збореше, немаше грам нервоза човеков. Јас се нервирав кога грешев он ќе се насмее ајде ми вика уште малку ти фали. Сега возам активно 7 години, се осеќам како камионџија од коли различни големи мали , до пикап, до комбе на раб све имам возено и паркирано. Само од тротинет имам страв аххаха мислам ќе запнам на некоја дупка ќе се искршам и тоа не користам, само 4 тркала.
Мене ми е повеќе за загаденово, ако е 15-20 мин движење да диши детево. Јас најдов во дебар мало место и ја запишав. У 3 лепи, во гужвиве па до ѓорче....
Точно 8 минути ни е пеш до градинка, со дете за рака ако носам, со тоа што и по пат застануваме да видиме некое куче, маче, да му кажиме здраво и се по список. В раце да ја носам е уште побрзо. На ладново одиме со кола ама пак треба да се паркираш на скроз друга страна, да не се прави гужва пред влез. Фактички од паркингот има 2-3 минути пеш до влез и пак не сме во некој плус, минус. Времето за носење ми е тоа.
Јас ја шетам по дожд за онака да ја прошетам па ти па за градинка. Башка и снег ако заврне секако ќе ја шетам, едвај чекам тоа да се деси какво малтретирање уживаат они
Па кога ќе почнат на шлапкаат по вирчиња. Живи радости се тоа. Мојава на дожд се радува, исто колку што јас не го сакам де. Ама за среќа на дете и облакам чизми и до кај моите е не среќна, пресреќна што шлапа по вирчиња.
Бела тука ја запиша во хром или ѓорче некоја градинка? Сакам некој да ми каже како им е тука во хром начинот на адаптација.
Кај Мирче школото, во таа градинка ја примија. И мислам е подобро, дека во Хром се една група јасли од 9 м до 2 години. А ваму се три групи , поделени по месеци.
Дали сте знаеле дека ако не пуштате цртани на бебето, не и давате телефон и цврста храна на 4м тогаш сте ГЕРМАНСКА БИО МАМА Јас денес го добив тој надимак and I love it Смејем се а плаче ми се.
Ауу германска бе хахах. Ај германското некако можда има логика како коментар демек строг режим ама био??? Шта речи…
Сакале crunchy mom да те наречат ама немаат познавање Вчера еден дедо на точак застана еј застана за да ми каже Нели му е ладно на бебето? Викам по малце хехе Си викам тешко таа снаа што ти си и свекор.
Мене братучетка ми ме вика БИО затоа што сум ја хранела по БЛВ и не сум и давала смокички, грицки, сокче... само био храна сум давала, што и да значи тоа...
Голо ли беше Туку шо ,ќерка ми облечена потенко или ако нема собни папучки свекрвами гола / боса ја вика иако е со термо чорапки