Повише мислам дека сакаа иронично да направат лошо да се осеќам што не и пуштам цртани. Викам боље хот био мама него ајпад мама Сфаќам кога ќе порасне малку, некогаш. Ама апсолутно сум за тоа дека бебе од 4 месеви ниту знае ниту има потреба од екрани. Ама луѓево што се дрзнуваат да коментираат за туѓо дете се посебна приказна за себе. Некогаш само треба да им се насмееш и да продолжиш со денот.. Пошто нели сите знаат подобро од мајката @MariaBouli ти кажував дека планирам и јас со блв. Ми вика една другарка тоа ти е најголема грешка што можеш да ја направиш за своето дете. Викам зашто бе? Па еве Ј 9 месеци е уште јаде блендирано зашто да ја мачам кога не знае. Оккк Био мам ќе бидам тогаш скроз
Wow, па и грешка дури хаха... А замисли за да знае треба да и покажеш... Ама не, магично ќе научи од денес за утре без да проба да јаде парчиња А за цртаните и јас константно се расправам со мајка ми, она е убедена дека супер ќе било што ќе гледала во шаренила, сестра ми пораснала со Шарам Барам што и фалело. Сестра ми кога гледа во екран се исклучува од светот ама луѓе не можам да ви објаснам како. Значи треба да и викнеш или да ја затресеш за да ја вратиш во реалноста.
Точно дека немамм којзнае колку познавање и искуство ама зарем бебе од 9 месеци јаде блендирано? Не ли треба да се внесе на поинаков начин храната дури и без блв? Не сум упатена сеуште за темава. Не ми беше јасно.
Која мајка како милува, да не излезе сега тука судиме Генерално како што знам од кај 9 месеци и нашите педијатри препорачуваат веќе да им се даваат залчиња на децата (еве некоја што храни така ако грешам нека ме поправи). Како што знам се препорачува прво скроз блендирано, па после пасирано, а после парчиња, е сега периодите како ги препорачуваат не знам кај нас, а кој како прави мислам дека си е по негово на крајот на денот Моето искуство е со БЛВ и можам само за тоа да кажувам, за другото не сум ептен упатена
Нормално. Ете навистина не знаев како иде по книга. Не сум читала не сум упатена. Затоа и прашав баш. Ме збуни зашто рече блендирано а толку големо бебче. И ве молам ни една мајка да не се навреди, не знаев затоа прашав. За блв ќе ти пишаммм следен месец здравје
На другарка, малата од братучед и, до 3 години и даваа каши и тоа купечки, дека производите на пазар биле прскани( не викам дека не, но сите наоѓаме и домашно). Колега, двете близначки му се веќе 4 ипол години и само блендирано јадат. Во градинка само суво лепче јадат.
Со дебела јакна, капа и вреќичка од 5тог на количката Да им ја имам екстровертноста така да им се убацувам на луѓе
Ниедно бебе не треба да јаде блендирано, дури ни на почеток. Мора да сфати од старт дека немлечната храна има текстура. Пасирано, рендано, дробено...така на почеток, а после и залчиња. Се' во свое време.
Денес ми беше навистина напорен ден со моето 13-месечно бебе. Можеби сте ме читале и претходно малата сè уште одбива храна. Најчесто јаде блендирано, најмногу од страв да не и падне железото и да и биде добра крвната слика. Пробувам одвреме навреме да и понудам и парчиња, ќе касне 5–6 пати и толку. Јаде како за врапче, ама не се откажувам. До кога ќе биде вака, не знам, а искрено и не сакам да јаде само блендирано… но поважно од се ми е таа да е здрава и среќна. И додека малата заспа, зедов малку да скролам на интернет. Налетав на слики и приказни за дечињата во болницата во Козле… срце ми се распарчи. Тие напатени, мали, невини душички… со што го заслужиле тоа? Толку кротки, толку чисти. Го молам Господ ниедно дете на светов да не осети болка, сите да оздрават. Во тој момент сфатив дека јас сум најбогатата и најсреќната мајка на светот затоа што имам здраво дете. Дај Боже сите мајки да го имаат тоа чувство, а Господ да ги чува сите дечиња, па и моето. Па макар и да јаде блендирана храна до прво одделение… Мислам дека премногу често се замараме со ситници и непотребни грижи, а дома имаме едно прекрасно здраво, насмеано дете, со мама и тато покрај себе. Тоа е најголемото богатство. Ова ми лежеше на душата… сакав малку да си олеснам.
зар некој дава телефон на 4 месечно бебе? мојата има 4 години и буквално никогаш нема пипнато телефон живее изолирана од денешниов свет цртани гледа на тв. за блв, јас ја ранев така, ама почнав прво со блендирано, додека не седи стабилно не се препорачува да се даваат парчиња, еден месец негде јадеше блендирано, па почнав да пасирам и кога седеше стабилно полека почнавме со парчиња, на година имав скоро се воведено и супер пројдовме, сега за малово кога ќе ми текне дека пак треба низ тие стресови да поминувам, почнува страв да ме фаќа ( многу сум паничар по природа )
Тек моето да го види босо по цел ден чорапи му ставам, не знам како успева да ги извади и в уста да ги пикни, најнова вештина ни е тоа сега, абе се напрега се витка и ќе го фати некако и шлап в уста.
Јас му имам кажано дека од телефон болат очите и главата. Цртани погледуваме на ТВ и општо јас и мм избегаваме пред него да дремеме на телефон. Пред некој ден баба му ке му покажувала нешто на телефонот и он и вели "не не бегај фонот боли очето гавата"
Што има врска што е блендирано? Битно да јаде, да е здрава и да напредува. Ќе јаде парчиња цел живот, не се оптеретувај.
На моето бебе буквално првите запчиња му пораснаа на 10-11 месеци и претходно воопшто не сакаше да џвака ништо баш, мораше се блендирано. И многу споро му растеа. Додека другите деца полна уста заби он ништо. После годината почнаа одеднаш сите заби да му растат и веќе од 15 месеци наваму не сака ништо што е блендирано одеднаш прекина сам да го јаде тоа. А пред 15 месеци буквално ништо не сакаше што е парче ниту со вилушка испасирано. Само во нутри булет... Јас многу многу се нервирав исто како тебе, кога ја прочитав пораката се пронајдов. Навечер кога ќе легнев се обвинував дека некаде грешам јас, читав како другите деца можат и парчиња и тоа од 6-7 месеци. Ама некако со забите му дојде и способноста да јаде се и сега јаде се што и голем човек а има 18 месеци. Одеднаш почна тоа а најмногу кога прекина да ги јаде на 15 месеци неговите посебни манџи без зачини блендирани и почна да јаде со нас грашак, компир, морков, грав, спанаќ, ориз....леб, проја кроосан најнормално итн. Сега си викам барем да сум знаела дека толку брзо и лесно ќе почне немаше толку да се нервирам и обвинувам. Пет запчиња се сепак се уште многу малку и можеби се плаши...Мене искрено ме интересира и секогаш ме интересирало како јадат парчиња децата што немаат заби ако може некоја мајка што и прифатило детето да ми каже бидејќи мене педијатарот ме убедуваше од 5месеци да давам парчиња.