Еве мојата јаде од 6 месеци парчиња, првиот заб го извади на 9, моментално на скоро 11 има 4 заба. Јаде така затоа што следиме БЛВ. Не требаат заби за џвакање, треба само да е мека храната. За потврда храна што не се топи во уста, не знам сеа на прв ум ми текнува на јаткасти плодови на пример, да, треба. Ама за мека храна, непцата се доволно цврсти за да се разгради храната и да може бебе да си ја голтне Мене секогаш баба ми ми беше пример за ова, она на 90 години не јадеше со вилица кога јадеше манџа на пример, си јадеше без заби. Не знам зошто сите се толку убедени дека за парчиња требаат заби
Огромна врска има, значително влијае на развојот на устата, гребените, базата на носот, има удел во начинот на дишење, во губење на рефлексот на инфантилно голтање. Од секој аспект е подобро што порано да јаде неблендирано, без разлика дали ќе никнат први заби на 6 или 16 месеци.
Се е тоа ок, сигурно си има бенефити, али ако детето на Кјара е најадач и тогаш кога малку јаде мора да е блендирано, нека биде. Јас имам поминато страшни предизвици со исхраната на бебето и разбирам колку е стресно детето да не јаде, пребира или стои во место со тежина. Сигурно ќе пројаде парчиња кога ќе е спремно, во свое темпо.
Многу се согласувам со ова. Свесна сум и јас на бенефитите бебето да јаде парчиња, но кога никако не прифаќа, освен блендирано( читај и тоа со анимирање некако јаде) немам друг избор. Преголемо фала мама за поддршката што ми ја даваш, само мајка што поминала низ овој процес може да разбере како се чуствувам моментално.