Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.417
    Допаѓања:
    9.147
    Пол:
    Женски
    Отприлика врсници ни се децата со на @LizzyGrant , па ќе пишам од повеќе искуство.
    Колку нерви сум изгубила и време во правење распореди да не се повторуваат намирници, не ова, не она, па тука прашувај, па другарки прашувај. Па стравови да оставам дете со свекори од причина што знам(ев) дека ќе дадат благо.
    Дете тргна во градинка на 9 месеци (државна) и оп секој ден појадокот млеко со бисквити или млеко со чоколино, ванилино и останатите Лино производи. Ужинки пак или млеко или тортица Винчини или смоки/соленки ...
    Освен ручекот манџа готвена нели ништо плус или минус од тоа што би јадела по дома со баби и дедовци.
    А дека нема разбирање со такви личности нема.
    Сега почнав на неделно ниво да гледам баланс да има и неколку типови месо и куп зеленчуци/овошје, па пудингот кај баба или овошниот јогурт да се балансира.
    Кај свежо овошје обавезно гледам и смути да пие со тие овошја што како свежи не ги јаде. И во манџи мешам различни зеленчуци.
    Пишувам за дете кое на еден или друг начин јаде се затоа веќе и на скоро 3 години и не се замарам толку.

    Имаме куп колетчиња под елка, во 10 дена што стојат има изедено само 2 мини чоколатца како животинско царство, таа грамажа. Сметам дека тоа ми е доволен успех со исхраната што сме постигнале да знае главни оброци, да знае да не претерува со ужинки/благо/грицки.
     
    На lovely91, Simon4e0507, ForeverYoung и 6 други им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    26.971
    Пол:
    Женски
    Само да ти кажам, медењак од беблак имаш. Ве видов прееска, пре пре преслатка е. Па како се смееше гласно, до другиот крај се слушаше.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.345
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Хахах сигурно во сити мол кога праеше шоу си не видела :D:D:D пола клиенти пријатели и роднини денес видов и со сите се закачаше и се смееше :rofl: си требала да дојдеш да ги запознаеме со твојата срцушка :D
     
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.803
    Не знам што да ти кажам лето есен зима пролет, 5ипол години со мене е детево. Оди на госто, оди на преспивање ама знаат колку сме строги па почитуваат. Баба и дедо се не е на нив да мислат што да јаде детето. А ова што го кажа ако ми го прават на мене со упорност дека нема да отстапат, тоа значи дека не сакаат да ги чуваат внуците само не знаат како да ви кажат. Може сакаат сами да уживаат во пензионерските денови не да гледаат деца. Ок е викенд, недела дена макс ама се' над тоа е ту мач. Ја пораснав кај баба ми по 3 месеци лето, секој можен викенд празник..ја спомени од дома како дете немам со мојте нешто да сме правеле се' баба ми што ќе ми дадр, како ќе ме научи. Тука родител нема контрола, ама мојте нејќеа деца да чуваат тешко им беше...
    А за на море алал да ти е ако не ти е страв да праќаш.
    А реално татко ти е ако е таков токсичен родител не знам зошто воопшто си праќаш дете ма чување и воспитување, али ок на крајот од денот е секако твоја одлука.
    Јас со моите имам многу раскрстено ради токсичноста..може ќе сфатиш за некоја година што ти зборам како што ќе расте детето
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.045
    Пол:
    Женски
    Извини ама мислам дека премногу брза проценка направи за моите родители од една објава што ја пишав. Во ред се совети како тоа дека треба да се држиме до зборот и да не попуштаме и да пробаме да им објасниме дека сепак ние сме родителите, ама не знам како дојдовме до токсичност поради еден пример што го дадов за него. Само што им дозволува некои слатки задоволства децата го обожаваат, нема внук што не сакал да поминува време со него затоа што им овозможува секакви искуства, и баш заради тоа сакам моите деца да се дружат со него и со мајка ми. Реално и они не нас изгледале со такви баби и дедовци кои ни дозволувале специјални работи и верувам дека имаат примено од тоа. Не ги оправдувам, ама разбирам where they are coming from.

    И јас сум растена по 3 месеца на лето надвор од дома, најмногу со баба ми и дедо ми, со братучетки, и ми биле прекрасни лета, ама имам и куп спомени со моите затоа што секогаш одвојувале и специјално време за нас. Ако ти имаш такво искуство со твоите, баш ми е жал, но во ред е да сподели, с не мора да се префрла своето искуство на друг :)

    И не, не ми е страв да ги праќам да ги чуваат затоа што 100% им верувам, само имаат неколку бубачки во глава со кои што се мислам како би можела да се справам. Тоа беше и советот, односно мислењето што го побарав искрено. Гледам дека повеќето членки споделија искуство во таа смисла :)
     
    На Трагедијаупмм, Kjara2025 и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.622
    Пол:
    Женски
    Јас кај моите знам дека нема да биде легната на време, не драстично ама саат време сигурно ќе и се помести спиењето.
    Ќе јаде повеќе благо од шо и е дозволено дома, и најверојатно ќе се пентари секаде кај шо не и давам јас. И се помирив со тоа. :D
    Порано многу се нервирав, сеа само си викам Ај ќе ја превоспитам за 2-3 дена.
    Не викам да бидете Јас затоа што не знам до кои екстреми ви одат тие кај шо ги праќате децата на чување ама моиве не се толку страшни веќе.
    Јесте дека се имам и срчкано и свикано, и "паузирано" од гости за да се поднаучат малку :devil:

    Кога сум јас со нив е друг муабет, ме слушаат и за се шо ќе побара детево е "Прво прашај ја мама дали ќе ти даде".

    Дали е добро или не вака, не знам. Прво дете ми е и се надевам дека нема да ми се акне од глава ама едни баба и дедо има и нека уживаат таму сите. И ќере од мајка и Хитлер ( позз Јолене , од тебе ми е ова заедно со наци мајка ), и тие со нејзе. :)
     
    На lovely91, Simon4e0507, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.045
    Пол:
    Женски
    Мислам дека во 2026 ми е време малку да се оддалечам од форумов.

    Ова го мислам веќе некое време, конкретно кога ја развртевме дискусијата дали или не треба да се објавуваат слики од деца и ќе пишам подоле и точно зошто.

    Го обожавам и ве обожавам сите вас, сте ми се нашле за секакви совети, искуства, мислења. Во милион расправии ги користам вашите споделувања :D

    Но, јас сум човек што сака да развива дискусии за да добие мислења и искуства, и често се дешава на крај тоа да прерасне во прерасуди (не само спрема мене, и спрема други што ќе се вклучат во муабетот). И не мислам дека цело време се суди, 95% е прекрасно споделувања на мислења и искуство, ама има 5% моменти што мене лично почнаа да ми сметаат. А најмногу лошо се осеќам затоа што на моменти се фаќам дека сум јас таа што суди - кога искоментирав со смеење дека не ги разбирам оние што објавуваат слики со емоџи на лицата - ова беше моментот каде што I felt like shit.

    Откако почнав што поактивна да бидам тука, јас искрено пред скоро време се осетив како да се опседнав. Наместо doom scrolling на инста, јас тука го правам тоа.

    Ама овој месец решив да се сменам и посветив повеќе внимание на 2 мои омилени хобија: спремање на активности за ќерка ми (и споделување на истите на Инста, ако ве интересира побарајте ucime_niz_igra, не се кријам која сум, а инаку цел месец споделувам по една активност на ден) и читањето книги (прочитав дури една книга од 450 страни, ама пак се осеќам исполнето зошто во последната година имав прочитано само 3-4, а читав по 20+).

    Нејсе, немојте да го сфаќате оваа како напаѓање или сл. Се уште стојам до ставот дека е форум - секој може да си каже што мисли и како мисли, ама мислам дека можеби треба да имаме некој праг каде што ќе размислиме како правиме да се осеќаат другите - иако се само "небитни" непознати жени на некој форум.

    Да не должам повеќе, ќе ве испратам со најубави желби за 2026 (посебен поздрав до LiquidLuna). Ви посакувам да си растете најсреќно со вашите бебенца, со што помалку нервози, а повеќе убави моменти, се по ваш терк. Ако сакате да си пишеме, знаете каде да ме најдете :inlove::l:
     
    На Joanna28, Калатеа, Simon4e0507 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.622
    Пол:
    Женски
    Гуш :hug:
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    26.971
    Пол:
    Женски
    Следна прилика ќе ги запознаеме. Бевме брзински да купиме нешто, а со растечени носови сме и двете, па избегнуваме блиски контакти.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.374
    Пол:
    Женски
    :hug: same girl. И многу ми е криво поради тоа. Те додадов
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    6.601
    Ајде девојче лабаво, секогаш ќе има вакви и онакви мислења, верувам дека никој со лоша намера не коментира, ама сите имаат свои ставови и точно е дека не мислат како би се чувствувале оние што не размислуваат како нив. Не дозволувај да ти влијаат, поготово кога ти си сигурна дека правиш што сметаш дека е најдобро за твоето дете.

    На темата што се почна, не сакав да коментирам, баш од причина да не се навреди некоја мама што не размислува како мене. Ама сега ќе напишам збор два за моето искуство. Јас ги оставам децата со кој и да се понуди да ги чува, макар тоа значело дека ќе изедат некое благо повеќе затоа што помошта што ја добивам ми е многу побитна и непроценлива, и немам намера да се замерам за такво нешто со членови од најблиска фамилија. Исто ќе кажам дека бев таква огорчена и налутена ако не се следеле моите препораки во првата година од нивниот живот, замерував за секој збор и постапка што не била во склад со моите ставови тогаш. Од денешна перспектива guess what, сфаќам дека не секогаш сум била во право. Па што дека им дале нешто што не сум дозволувала, што дека им било дозволено повеќе него што им е дома. Децата точно знаат од кого што може да добијат, мене тоа динамиката со нив дома не ми ја нарушија. Ќе им дадат сок, дома мене не ми бараат, зашто нема да добијат, на гости ќе јадат кечап, дома и да има нема да побараат. Така да знам дека може да биде нервозно, ама не вреди да се карате, нервирате или недај боже да прекинете контакти со некој, поготово ако децата сакаат да поминуваат време со нив, дали биле баба, дедо, тетка, тетин, чичко. Децата ќе пораснат, хормоните ќе се стабилизираат, ама релацијата со блиски луѓе што може да се наруши може никогаш да не се поправи. Сакам да кажам, баланост е многу битен, поставете цврти граници за работи што се според вас најбитни (пример тв на 4 месечно дете и мене ми е но но), мед пред годинка, носење болно дете кај бебе, работи што може да влијаат на развојот и здравјето секако треба да бидат цврсти граници. Ама не губете нерви и разум за не толку страшни работи. Поготово ако не се секој ден, туку се исклучок.
     
    На Simon4e0507, Tulip023, Autumn Love и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.803
    Извини, ти рече ти треба мислење и јас го дадов. Проценката е врз основа на тоа што го пиша ти. Јас луѓето не ги познавам, тргам од тоа што го пиша . Кажуваш дека воопшто не гледаат ред за спиење и јадење плус дава татко ти 2 лименки пепси на ден и очекуваш мислење дека се ок луѓето.
    Твое дете на крајот од денот, ти ќе ги сносиш последиците.
    Ако не бараше мислење, секако немаше да коментирам. Емоционално си врзана нормално е да се осеќаш "навредено" ама верувај немав лоша намера, само бев објективна.
     
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.045
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не побарав мислење за тоа какви се моите и да се дава анализа за нив, а особено па не да се класифицираат како токсични затоа што давале нездрава храна. Ја направи работава како да ќе има смртоносни и неоправливи последници по моето дете. А каде се последниците ако детето расте без баба и дедо што ги сака? Не, си кажувате што ви одговара вас, зошто си ги трансферирате вашите искуства и на другите. Ако ти си скратила контакт со твоите тоа е твоја одлука и твој проблем, не значи дека другите треба да го следиме твојот пример.

    Башка многу конкретно го поставив прашањето за кое ми требаше мислење
    Само дадов конктекст за моето прашање за да ја увидите ситуацијата.

    Ама тука многу брзо одма се дава мислење за личноста(ностите) кои ќе ги спомнеме.

    Не дај боже некоја мајка да пише дека, не знам, маж и не сакал да менува пелени, одма мислењето е Да земеш да го оставиш, таков маж не ти треба. А со таа една реченица не може да знаеме ни 1% од уделот на личноста во животот.

    Не планирав да реплицирам зошто реков дека се тргам од тука освен некој конкретно ако не ме праша нешто да му помогнам, ама ете сакав да си кажам, можеби малце ќе ви ја поттикнам самосвеста на тоа што пишувате :)
     
    На mama31, Simon4e0507, Tulip023 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Јас прво да ти одговорам на претходното прашање - ако веруваш дека твоето дете во друштво на твоите родители би се чувствувало супер и многу сакано од нивна страна - според мене е поважно од коцка чоколадо ако касне некогаш или млеко со бисквити. Верувам дека сите го сакаме најдоброто за себе и нашето дете, но факт е дека ни ние самите не се храниме цело време 100% органско и здраво. Ако се има баланс, не е страшно ако се подружат еден викенд или 2 недели во Грција. А и сигурно ќе јаде многу овошје и зеленчук на море кадешто има еден куп свежи плодови па и да касне едно киндер јајце ништо нема да му е.

    На тема оддалечување од форумов, скроз сум согласна со тебе. Јас го направив ова 2 месеци скоро немав отворено форум и преубаво се чувствував и многу посигурна во себе. Не знам што ми текна повторно да го отворам и тоа беше баш околу дискусијата што ја спомена и чувствувам колку негативно влијае на мене. Јас сум по природа спонтан човек со многу смирена енергија, но дум скролингот тука постојано ми прави притисок да се водам по некаков ред, постојано се водат некои дискусии коишто на крај не се продуктивни ами кавга. Имам чувство како да си го заборавам најважното - мојот желудник (интуиција) што точно знае што е најдобро за мене и моето дете. И истиот ми дозволува да останам спонтана и да уживам во родителството. Читајќи тука, чувствувам дека станувам како робот што само штиклира што завршил за денот пратејќи некои нови истражувања, норми итн. Едноставно не работи за мене, такашто и мене една од намерите за 2026 е да се дистанцирам од форумот и сите групи за мајки. И да уживам во остатокот од бебешките денови на начин што нам ќе ни одговара.
    Да не ги истакнувам само лошите страни, запознав и супер жени тука со коишто имав многу квалитетни дискусии.
    Уживајте ја новата 2026 сите во мир и здравје :hug:
     
    На Simon4e0507, Трагедијаупмм, Ladyme и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.803
    Ок извини тогаш на коментарот така те разбрав. :)
    Погрешно толкување и перцепција од моја страна на напишаното.

    Секако за останатите работи лично не се согласувам.
    Ако татко ми дава 2 лименки дневно пепси, покрај тоа што јас како мајка кажувам дека не треба, моето дете ќе ги гледа само во мое присуство.
    Тоа е мој став и начин на воспитување.
    За другото, грешка моја..сори:coffee:
     
    На Mother of 2boys и MariaBouli им се допаѓа ова.
  16. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    6.468
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавте да ги ставате т.е носите во кенгур?
     
  17. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.374
    Пол:
    Женски
    Јас ја ставам понекогаш кога треба да завршам нешто дома. Свртена накај мене. По 10-15 минути. 4+ е.
     
    На MorskaSirena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.622
    Пол:
    Женски
    На DELFINA81, Tea SK, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.254
    Пол:
    Женски
    Од 3м , дека од толку можеше во кенгурот што го купив. Не знаев дека има кенгури и за од сам старт. Баш ќе ми било олеснително многу на почетокот.
    Препорака од мене да си земеш некој кенгур што е 0+ .
     
    На Milkiway и MorskaSirena им се допаѓа ова.
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    26.971
    Пол:
    Женски
    Се спремаат за Новогодишни лудории :D
     
    На DELFINA81, Ladyme, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.