И ја не се согласувам со некои работи ми мајка ми што ќе ми ги спомне и ја осеќам дури онака дека и зајадливо пред мене ги спомнува во стилот —- баба ти сакаш колаче, види сите јадеме колачиња новогодишни тебе мама не ти дава ок ја погледнав еднаш и прекина после некој пола саат, и викам мамо кафе ти се пие ќе правам за мене ми вика ако стави и се врти на ќерка ми и и вика - баба ти кафе ќе пиеш? Ова мајка ти не дава да се кафедисуваме ја и ти заедно знам дека намерно ради мене така зајадливо го спомнува се ова ама навикната сум не се сложуваме за мн работи ја и она иако секаде каде што ќе ме спомнат е главна и најгорда да каже дека ми е мајка и за мене е најдобрата мајка на светот Не им замерувај ама зборни си со нив дека за здравјето на детето е и дека мн луѓе научници низ светов работат на истражувања како треба да се хранат бебиња па рекле со пепси баш не на шала удри, од мене совет тоа пали кај мене Инакууу браво за профилот, те заследив женска и одвај чекам да пробаме нешто од активностите, назначувај за од колку возраст се наменети да знаеме дали децава можат тоа да постигнат или како беше у систина рекоа заостанати ненапредни Те гушкам и немој да си се изгубила скроз од форумов една од омилените си ми
А ти да пријавиш дека после 4тиот родеден магично ти се смири детето и сега е кукла умна како што е убава. Или и за тоа лажеле?
Сис вчера ми рече Не ме замарај. А на маж ми му кажа Доста бе па ти. Да, смирена е. Ама јазикот и е од тука до кај зетко пуштен упм. Само се кара, се докажува нешо свашта. Ама бројам до 3 и уште делува
Правам така, ама се рчкаат и они со мене и после по нивно Види можеби по мојата објава звучеше дека не пазат, ама не е така. Мајка ми ако треба 2 саати ќе седи со нив и ќе им бута залци додека не ја изедат манџата, ама за доручек ќе им даде млеко и бисквитки зошто за неа тоа е океј јадење Татко ми исто купува пепси и гумени бомбони на изедени ручеци, има и он граници, ама ете таква му е љубовта и разгалувањето. Плус од друг град се, на сестра ми нејзините ги гледаат еднаш во 2 месеци на викенд, некогаш и само на еден ден, не е тоа дека се со нив секој ден па секој ден им даваат. А кога се на подолг период заедно пак гледаат да е се тоа умерено. Кога ќе видиш па чоколади и други благи работи не ги нудат ниту им купуваат, па има некој баланс (да се утешам де хахах). Нека се живи и здрави де, меѓу најубавите спомени во животот ми се со баби и дедовци, па така сакам и моите деца да растат. Инаку ако го отвориш профилот на секоја cover на секое видео пишува возраст Пиши ми на инста ќе се дружиме
Не ме замарај, и не досаѓај ми се више апсолвирани Вчера ги праќам да мијат раце, се прават лом, зашто се прскаат. Им викам добро, сега седете си мокри, нема да ве пресоблечам. Синко Б: ќе си одам во спална, сам ќе си земам друга блуза. Нека ти е гајле Fucking treenagers Нека се расправаат колку сакаат, ич немам проблем, ама барем да се смират до степен да не се секирам дека ќе си извадат очи или забодат нож кога ќе се степаат
Добро, оваа нема самоубиствени нагони со остри објекти ама затоа за качување по шанк и играње балет на него е махер. И за се си плаче. И се и е досадно на неа. Кловн да ангажирам, и него ќе му досади да ја забавува. А нема осет за околината, се руши. Само тоа неа шо ја интересира. Имав нож оставено на страната на мијалник, а јас на 20цм од неа. Таа тргна по чаша, го бутна ножот не го ни примети. Бели влакна 100 имам оддржувајќи ја жива. Исто вчера ќе летнеше од шанкот да не ја фатев. Умирам полека секој ден Кога развиваат осет за опасност? Ко ќе се искршат?
Не, овие се целите модри и испосечени од комоди. Немаат осет уште. Ме плаши што мм на 40 и кусур уште нема, така да џабе се надевам на 4 јас
За тоа не се надевај на 4 ама слушај, оваа колку повеќе се кара толку повеќе можеш да и докажеш. Почнува да разбира логично зашто нешто е така. И ко ќе и објасниш со убаво, прифаќа шо си кажала. Е тоа чекај го. Ама нервите ортома додека се објасниме Е уште има испади де. Спиење е хорор, плаче по пола саат ко да ја праќаш на нива Јадење ко врапче, и ко не сака веќе не кажува туку почнува да плаче. Има некои чудни однесувања