@Peperutce6 мислев само јас вакцинирам дете на 30 ти декември, ама еве си и ти ние вчера примивме втора доза, цело време е успана, ноќеска ја преспа цела ноќ, стана во 8 за цицање и пак заспа, еве ја уште е кома, 200 пати ја пипнав дали има температура од се срце ти посакувам да ти се исполни желбата за станчето, мене ми се исполни оваа година таа желба женски фала ви на сите за сите советите, ви посакувам пред се здравје, да сте сите живи и здрави и на број, другото ќе си дојде 2025 беше најубавата година досега за мене, ми ја донесе мојата Ирина, сега сме комплетни и сум преблагодарна за тоа
2025 ја завршуваме спектакуларно со 39.5. Кај го најде и што го стрефи еве некој да ми каже, мислам дека е не долечен во понеделникот допи антибиотик, вчера гори дете. А вака е весел, си јаде освен нели кога има температура малаксува. И секако цел ден е во раце или е пикнат во мене и само вика "чувај ме", "гуши ме", "легај со мене"... Еве го спие во дневна не можам да мрднам, прва нова година каде што ништо немаме испланирано до толку што и мм на работа си отиде сабајле, еве зошо сум немала желба да планирам. Во 2026 посакувам и на вас и на нас ЗДРАВЈЕ, за останатото сами ќе си се погрижите, пошо без здравје се останато е бадијала.
Дојдов и јас да се одјавам од 2025, размрсулавени и мама и бебе. Традиција е како шо гледам, де. Инаку, 2025 година ми беше најубавата дека ми ја исполни најголемата желба - да станам мајка. Ама и можам да кажам дека ми беше најтешката година до сега. Постпартум, депресија, стрес. Многу работи и не сум ги пишала што се исподесија. Не сакав да ширам негативна енергија. Во 2026 ќе посакам само, како прво, детето да ми е здраво, пред сѐ. За пари, успех, пријателства, тоа мислам секогаш ќе фали. Фамилијата исто сакам само да ми се здрави. Ќе гледам да посветам повеќе внимание на себе и на маж ми, дека сите знаеме до кој степен може да стигни бракот после дете. Секоја вечер се разведуваме. Ќе пробаме да го поправеме тоа во 2026 . Останете ми со здравје, мило ми е што поминав уште една година тука со вас, за мене и најтешката и најубавата. Среќна Нова година, среќни празници на сите! Гушки!
Еве и ние размрсулавени, јас со страшна мигрена и малаксаност од вчера како воз да ме згазил. Бебе не знам више кој заб го вади уста не отвара, се молиме за јадење и само сака да цица партали ме направи. Само да не ми се разболе и она, а забите како така ќе искочат некако ќе издржиме. Како капак на се сабајлево бебе ми тресна со глава на маса, моја кривица, животов ми се скрати неколку години. Добра е фала богу не беше сериозно. Можно е овој дочек да го поминам хрчејќи иако имавме планови со мм да заспиеме бебе и да си седиме со саати да играме board games со мезенце, нешто што си го правевме порано редовно. Имавме и план приквечер да тркнеме до плоштад ама и тој план пропаѓа. Битно оваа година иако беше многу предизвикувачка сепак беше година во која конечно се осетив исполнето и срцето на место. Како да талкав претходните пред да станам мајка. Непроспиени ноќи, страв, стрес, ама и најубавата насмевка и две очиња кои се топам кога ќе ме погледнат секој ден. Почнав да размислувам што ќе си посакам да ми се оствари во наредната, ама мислам дека сакам само сталоженост и здравје да си имаме по дома, друго не ми фали. Бидете ми поздравени и уживајте вечер. Се надевам има по некоја здрава да поужива малку и за нас размрсулавените. И уште едно фала и од мене до многу од вас, стварно огромна помош и поддршка добив во овие први месеци со бебе.
Едвај чекам да ја испратам 2025. Толку плачење никогаш не сум имала во една година.. Новороденче, промена, депресија, неспиење цели 9 месеци, караници со маж ми, паметувања од сите, доење, мастит, болести, потрага по стан неуспешна, па се до враќање на работа, почнување во градинка итн.. Немам време многу да пишувам, само ќе кажам новогодишната еуфорија ми е -1000000, вечер ќе си легнам во 10. Фала му на Господ за мојата ќеркичка, единствената светла точка во цела 2025. Во 2026 посакувам да сме здрави, среќни, и со уште едно бебе на пат ако даде Господ, ама и многу помудри и посталожени. И да не се разведам Среќна Нова
Мајки, нека е среќна Новата 2025, и да си дочекаме уште поубава и посреќна година 2026! 2025 ми беше хаотична, како и на сите мајки хаха, ама секако на крај најубава. Ја почнав со бебе од штотуку навршени 40 дена, а ја завршувам со мало девојченце што има веќе карактер, и не застанува по дома и не престанува да не насмева. Почнување со работа по 2 м породилно, маж на породилно, почнување на градинка, сипаници, купување нов дом. 2026, се надевам ни спремаш убави изненадувања! Убав помин на сите вечер и за празниците! Јас се одлучив за Бадник да бидеме кај нашите, а не посебно сами дома. После 4 години, ќе славам Бадник пак со брат ми. Ќе одморам од спремање за Бадник годинава.
И така заврши 2025! Леле каква година Илјадници предизвици со бебе, крај на породилно, нова реалност со враќање на работа, кинење живци со инвазивна свекрва, 100 пати ќе се разведував Ама и година каде моето мало бебе стана девојче, ме гушка како никој до сега, година каде сфатив колку можам тогаш кога мислам дека веќе не можам! Среќна нова 2026 на сите мајкички, нека ни е лесна, успешна, со многу здравје и радости, која сака уште едно бебе лесно да си го добие, јас дефинитивно ќе паузирам и ќе се посветам малку на себе
Интровертот во мене сака Нова година да ја чека сама со винцето и пред Тв. Ок, не сама, со маж и дете. Ама мажов екстроверт најголем уште на порта што не пиша кој сака нека повели. И така припреми на големо. Тековнава година и немам нешто екстремно позитивно на приватен план да издвојам, па за среќа ни негативно. Предизвикувачка во секој случај. Следната 2026та уште поголеми предизвици не чекаат, па се надевам дека далеку попозитивен пост ќе пишам следната година ова време. Имајте убава вечер сите, за следната година, здравје и благосостојба, радости, исполнување на желбите и целите. Среќна Нова 2026та година.
Кога заврши 2025… Време застани малце, многу брзаш. Остави да потраат овие моменти , со маливе. Остави да ужуваме максимално. Остави да ги мирисаме, гушкаме, бакнуваме. Годинава беше експресна брза. Завшување на породилно, нова работа, за брзо пак друга работа. Дете кое беше ( уште е де) препре поврзано со мене. Секое сабајле плачки зошто ја оставам, мене душата ми се распаѓаше. Ми годи што одам на работа, ама тие денови кога беа плачки, уште ми се врежани во глава. Девојчето и прв роденден славеше. Девојчето мое, кое е цврст карактер, со свое јас, самостојна, борбена за тоа што го сака, сака да сака, гушка, дели се несебичноДа останеш таква ќерко! И јас спаѓам во тимот, што 100 пати се разведуваше годинава. Затоа на 2026 та ќе и кажам, да не чува сите. Да сме живи и здрави и сите на број! Од тоа побитно нема. Да ни даде повеќе сила, љубов, разбирање, а може и кило нерви, за секој случај да ги имаме како резерва Среќна Нова форумски пријателки. Нека 2026 та, ви биде уште поблескава!
Најнапред ќе посакам здравје, Господ да ги чува сите дечиња, многу љубов и среќа. 2025 беше навидум тешка со новороденче, многу плачење, милион грижи и неизмерна љубов. Кога се навраќам па мислам дека имавме убава година, здраво и среќно бебе. Некако како пребрзо да ми помина годината. Им благодарам на сите за неизмерната поддршка што ми ја даваа тука на форумот, така да продолжиме и понатака. Што се однесува за бракот, како и кај сите со бебе, така и кај нас. Се виси на конец, но бебе е тоа што не држи еден до друг, кога ни е и најтешко. Се надевам ќе се врати истата љубов што ја имавме еден кон друг пред да дојде малава. Ви посакувам и многу секс во новата година, па ајде и кај мене. Имам желба оваа година, да се посветам малку и на себе. Се заборавив дека и јас имам некои потреби и желби. Целиот фокус го имав ставено на бебе и домот. 12 часот, а јас си наполнив чаша розе вино и си чилам. Од вчера го пишувам постов, никако да го завршам. Поздрав форумска фамилија
Среќна Нова година мајки! Многу здравје, љубов, среќа и нерви ви посакувам 2026 да ви биде уште поубава од 2025. За мене 2025 беше посебна година, станав за прв пат мама Година исполнета со предизвици, нови искуства, променет mindset, сменето тело, климава самодоверба… и само една насмевка на светов што може да направи да заборавам на сѐ негативно што постои, што ме лечи секој ден и што ми дава мотивација да продолжам. Имајте убав почеток на годината и среќни празници со најмилите.
Среќна нова и од мене. Јас на сите па и на себе годинава посакувам мир. Мир во здравјето, мир во финансии, мир во љубовта и мир во душата. Некако годинава тоа ми фалеше иако никогаш не сум помислила реално дека е едно од нештата кои ќе ми фали во животот. Бидете полни здравје.
Среќна Нова година мајки! Се придружувам во тимот традиционално размрсулавени, настинати, засега само јас 2025 ми беше до пола убава, другата пола ужасна. Нека не се повтори никогаш. 2026 да ни е најубава на сите, живи и здрави да сме и саканите да ни се сите на број. Други желби немам
Здраво мајки Среќна нова на сите! Едно малку глупаво, неискусно прашање: во што облека ви спие навечер бебето? Што да купам? Гледам има некои вреќички за спиење... дома се грееме со пелети и е прилично пријатно. И второ прашање: сите Амерички препораки се во креветчето да нема loose blankets or covers, всушност да спие без ќебе. Дали тоа значи бебето да спие само во вреќичката?
Здраво. Мојата бебка спие со шпикозни, чорапчиња и вреќа за спиење без ракави. Не ја покривам, а ако осетам дека е посвежо тогаш знам да и ставам некоја пеленка/тенко ќебенце. Некогаш спие и со боди по долги и панталончиња памучни со чорапи.
Две деца имам родени во зима. Боди, шпикозни и врекичка за спиење сум им ставала на двете, собата околу 22 степена.
Ви благодарам! Кога им кажав на мајка ми свекрва ми дека не треба да се покрива со ќебе беа шокирани па да се консултирам да не сум јас грешка Некоја препорака за вреќичка за спиење каква да купам? И дали е една доволна или повеќе, која дебелина?
Можеш да земеш една за почеток. Ке ја переш преку ден за до вечер да ти се исуши. Иначе две најпрактично за преперување е. За дебелината зависи која температура ја имате во соба за спиење. Ние во спална држиме околу 18-20 степени моево трета зима по ред спие со боди, пижами и вреќичка од 1,5тог.
Јас и облакам шпихозни со затворени ноџиња и вреќичка без ракави. Презадоволна сум од вибо вреќичките. Првата до 3месеци ни беше од ело ама без отвор за ноџиња и се нервираше малце ја користев. Сега на 6ипол месеци пошто се врти цела со ногавички премека за гушкање и мн убави дезени