Среќна Нова година Феминки мои Ви благодарам на сите што бевте тука во 2025 за мене Мислам дека да не беше форумот и многу совети од тука ќе ми беше многу потешка година од што беше, навистина ми ја направивте по поднослива Мноооогу предизвици Оваа година за прв пат се осеќам остварено малку, мислам дека 3 години ми беа спакувани во една... Некако многу работи се случуваа, а и генерално многу работи се случија и надвор од мојот живот како на пример тоа со Кочани што се надевам никогаш нема да се повтори Нека биде една лекција 2025 и 2026 да доаѓаат поубави денови Се уште не ми се верува дека имам бебе, како на 01 јануари да почнав да се свестувам А ова за разводот очигледно не било само кај мене олку препирања не сме имале никогаш и се осеќам скрос оддалечено дека сме еден од друг, но можеби ќе помине оваа фаза полека После повеќе од 15 год заедно и став дека нема да правиме никогаш свадба и сл ние само се регистриравме и на секоја караница, а ги имаше неколку на крај тоа се зезам дека уште не потпишани ќе треба да се разведуваме По се изгледа дека бебињата кај сите имаат ваков ефект Па ви посакувам на сите пред сѐ ЗДРАВЈЕ Да сте сите живи здрави Да имате многу среќа Да имате многу љубов Сѐ останато само да си доаѓа
Среќна нова девојки. Сега стигнав да пишам малку напорно започна новава година со болно дете ама мине веќе добро е. И од мене едно благодарам до вас што ова ми е место малку да си го релаксирсм мозокот и да добијам совет што од пресна мајка не може некој подобро да ти каже. Во овие 5м изгледа само јас немам дојдено до развод од кога е роден малиот господин. Некако и кавгите се многу ретки како да не смири и ни покажа дека не вреди за глупост дома кавга да се направи. Ни покажа дека има ммогу побитни работи во животот. Мојот Дарко ни е дар од бога затоа и името си го носи, ни ја направи 2025 најубавата година во животот до сега. Се расприкажав не поврзано ама ете нека стои. Многу среќа, многу љубов и најбитно најмногу здравје да имате во Новата година. Се друго само ќе си дојде. Ве гушкам
Добро утро мајки, бебе спие, доручек изеден, маж гледа филм јас чилам Пред некој ден зборував со другарка на една тема која искрено мислам дека е малку табу кај нас. Тоа е менталното здравје на мајките после пораѓај. Јас имам кажувано за мојот пораѓај. Трауми. Кога ми ја ставија ќерка ми на гради јас бев како дрво, мислам дека во тој момент во мозокот само ми беше ок е, преживеа ти, бебето е добро сега ништо не е битно. Не ја осетив таа автоматска блискост кога се роди, не се поврзав со нејзе веднаш, и од сегашна гледна точка ми е премногу криво за тоа, зашто таа за друго освен за мене не знаела. После тоа почнаа предизвиците со доење, можеби некој има прекрасно искуство, ама за мене поболно нешто немало. Јас буквално бегав од ќерка ми кога требаше да ја дојам, ете толку ми беше страв. Мислев дека сум лоша мајка, мислев дека се правам погрешно, дури и ми доаѓаа мисли зашто останав бремена не сум јас за да бидам мајка и слично. На почетокот, како и на сите верувам ми беше многу тешко. Плачев заедно со нејзе, имало моменти каде што не можев да ја смирам па сум се нервирала. Физичката промена мислам дека многу влијаеше на мене. Стомакот ми беше цел распукан од стрии, не сакав да го погледнам при бањање, одма ми доаѓаше да плачам. Цел живот слаба, да кажам и згодна, ова ми беше огромен шок. Градите веќе се гледа дека не се тоа што се, ама знам дека никогаш нема ни да бидат. Јас сум личност на која и е многу важен физичкиот изглед, и може некој ќе помисли дека се лигавам ама мене тоа страшно многу ми влијаеше на самодовербата, а потоа и расположението нормално. Сега можам да кажам дека се снајдов во улогата мајка.Ќерка ми си ја сакам најмногу на светот. Веќе имаме некој ред и веќе не се трескам кога вришти, знам да ја смирам, знам што и како треба. Стриите ќе ги тргам на пролет здравје со ласер, тогаш мислам дека многу подобро ќе се чувствувам. Со маж ми имаме подобри односи конечно, иако јас на се му наоѓав мана и причина да се караме зашто бев лута на себе, докторите, на моето тело на сите. И не тврдам дека на сите мајки им е така, посакувам никој да нема проблеми и мисли какви што сум имала јас. Но многу ќе ми беше полесно, да ги споделувам со некој. Многу полесно ќе поминев низ сите предизвици ако знаев дека сето тоа е нормално, и дека не сум лоша мајка. Ова го пишувам за да се зборува повеќе и погласно за менталното здравје на мајките. Мајчинството не е секогаш еуфорија и инстант љубов, и тоа е во ред. Таквите мисли и чувства не те прават лоша мајка, туку човек кој поминува низ голема промена.
Да се цитирам сама Имам печатна грешка Остарено за прв пат се осеќам во една година ко да поминале 3-5 год Сите тие прегледи сите фази во бременоста па пораѓањето па доењето лелее тоа беше црешата хахаха Па во болница за воспаление Ама и покрај сите овие и многу други предизвици и со мм и со животот и сѐ фала богу влегов во 2026 жива здрава со живо здраво бебе и пре благодарна Ви посакувам уште еднаш на сите навистина многу среќа И благодарам што сте присутни тука
Од старата година тргнав да пишувам во темава . Среќна нова година, бидете здрави, среќни, весели, успешни, сакај те се и гушкај те се најмногу со вашите малечки и најсакани. 2025 ми беше дефинитивно најубавата година, станав мајка на едно преслатко, прекрасно бебе што секој ден ми го прави посебен. Уживав во секој ден од бременоста, имав лесна бременост, како и кај секоја трудница проследена со милион прашања, измешани емоции на радост, среќа, страв, возбуда, неизвесност. Спремањето за доаѓањето на бебето, бирање мебел за соба, облека, креветче, количка таа возбуда не се опишува, а во август ни стигна нашето сонце. Првите месеци беа предизвик додека се прилагодиме на бебка и таа на новата средина, како одминуваше времето љубовта кон ова мало човече се повеќе растеше, а ние станувавме се подобри во новата улогата родители. Нова година, спремни сме за нови предизвици, ќе се обидам максимално како и до сега да уживам во преостанатото време од породилното заедно со бебка, да се гушкаме, галиме, сакаме, да и помогнам заедно да го осознаваме светот, да растеме, времето брзо минува и нема кочница. Имам уште многу да пишувам, но дремката на мојата ѕверка мала заврши, па тука ќе застанам.
@Peperutce6 не си само ти, се сеќавам на пораѓајот со првата ќерка, не ни имав толку лошо искуство како тебе, ама толку бев истерошена шо кога ми рекоа да ми го остават бебето после пораѓај, јас бев не можам, земете ја...После дојде доењето, нешто за што не бев спремна воопшто, првиот ден цела ме разрани, кога ми ја носеа се плашев од неа, почнуваше цело тело да ми се тресе од страв дека ќе ми ја стават на гради. Беше плачливо бебе шо не спиеше, плачеше дење ноќе, ама се тоа поминува, не си лоша мајка, на сите ни прелетува таа мисла шо ми требаше ова што се однесува до физичкиот изглед, ја стрии немав фала богу со ниедна бременост, а баш качував килажа, со првата 18 кила, со второво 16, иако и двете бремености ги поминав со повраќање од почеток до крај тотално те разбирам дека ти е важно како изгледаш и треба да ти биде, иста сум, но ако ти е утеха ако сакаш се можеш, верувај ми не знаеш колку сум склона на дебелеење, вода да се напијам ми се фаќа, после пораѓајот толку се посветив на себе шо изгледав подобро него пред да родам, и сега после вториот брзо се вратив на физичка активоност, имам уште 2 кила вишок од пред да останам бремена. единствено нешто што не можам да те утешам во моментов тоа се градите, тие веќе после доење не се враќаат во нормала, со тоа јас веќе се помирив
Браво за реалниот и искрен моабет. Мислам дека сите кој станале мајки ќе се согласат со ова. Првата година бсше како изолација за мене. И јас ништо не осетив прв пат кога го земав ниту првите месеци туку осеќав како да сум зела преголема обврска. Често ми доаѓаа мисли на каење и жалење на стариот живот. Јас сум човек пре активен и кој не може дома да седи. Се срамев дека станав мајка не споделив нигде не ставив ни една слика.....сите луѓе споделуваат месец па годинка па роденден јас се криев дури еднаш ме сретна еден школски и јас му реков дека не е мое...се срамам многу сега но тогаш мислев дека е срамно да имаш дете на 24 год...малце ми е тешко што не ја добив таа поддршка од другарките но не ги кривам не знаат како е ќе дознаат на своја глава во иднина. Сега го сакам најмногу на свет хормоните се смирија се врати и социјален живот и факултетот го завршив со него се запознав подобро и себеси сфатив дека имало огромна љубов во мене и нежност која незнаев дека ја имам. Ништо не е повредно од таа љубов безусловна која може само дете да ја има кон мајка. Сега ми е како најдобар другар и јас сум детинеста и си го живеам детството по 2 пат одиме во мол заедно ајде прво мама да си купи фустанче па и ти јакничка па ајде горе да каснеме нешто ке си делиме гиро. Па ајде да одиме игротека секако и мама си седнува на земја со играчките заедно правиме кула од коцки. Па ајде спиеме гушнати дека само така сака па дошло вечер ќе идеме на кафе со другарките често и он доаѓа и главен фраер им е сите со него по малку. Убави моменти ништо повредно не постои.
Јас сум од тие што во прв момент се заљубија во бебето, иако ќерка ми беше темна, црна, влакнеста а очекував беличко бебе нежно со плави очи хах. За мене од прв ден си беше моја и најубава, најсакана, најгушкана. Имам пишувано и порано, таман планирано бебе и си дојде баш кога ни беше најпотребна на сите, и на мене и на блиската фамилија. Но тоа што ме мачи еве 9м подоцна е дека јас, која одсекогаш сакав 2 деца секој ден размислувам на темата и си велам дека можеби и не сакам второ… Премногу си ја сакам ќерка ми и се трудам да и се посветам но се ми изгледа дека не е доволно дека нешто не сум направила сум можела а еве една ми е. Сами си ја чуваме со мм (он работи од дома а јас продолжувам уште некој месец отсуство од работа) и си викам што ќе биде кога она ќе биде големка ќе сака да цртаме, да учиме заедно, а ќе имам бебе што ќе виси на цице и ќе сака да спие со мене. Од една страна си викам ќе се снајдеме ќе издржиме ама од друга си викам со ваков цепкан сон да треба внимание и грижа за уште едно, ќе се распарчам. Баш би сакала да прочитам искуства од мајки со повеќе дечиња на темава…
Ех истиве мисли и јас ги имам за второ. Ќерка ми беше љубов уште кога ги видов двете цртички, ја знаете мојата тешка приказна и како дојдов до мојата ќерка … од првиот пораз кој го доживеав кога дознав дека сум бремена втор пат до 4ти месец не кажав на никој ни на мајка ми ни на брат ми со кои сум најблиска на свет. Само јас и маж ми изолирани … на работа почнаа да шушкаат во 5ти месец почнав да имам меше па морав да им потврдам а и сите чекаа тоа зошто знаеа низ што поминав и дека мојот прв син го изгубив во 5ти месец затоа денот кога ми дојде ќерка ми ми беше триумф на животот и ден денес ја гледам така… вероватно до крајот на животов. Маж ми од прв ден сака мн деца, ние сме 11години заедно, љубов ептен убава, 6години во брак и ете со едно дете. Сега кога и да видиме семејство со повеќе деца го гледам како ги доживува убаво, и знам дека сака и второ ама не ми спомнува ништо зошто знае дека ми е тешко сама сум по цели денови. Можда ќе дојде и тој ден ама верувам ќе почекам сакам да ги видам сите први работи со ќерка минда и го покажам секој момент и да и се радувам па ако решиме понатака знам дека најсреќен ќе биде маж ми и татко ми пошто он минвика оваа гпдина одма да сме продолжеле зошто после ќе се мислиме мислам оба советове од луѓето најблиски што ништо не помагаат хахахаха ај нека се живи инздрави и ние со нив. Ова ви пишувам седната на тераса и си го гледам цело Скопје пред мене чисто е некако вечерва, маж ми со ќерка ми си игра на подлога ги ѕиркам од надвор инаку и мене ми фали многу се што имав пред ќерка ми, излегувања, дотерувања, настани, штикли, клиенти, се … ама вероватно ќе паузира се тоа и оваа 2026та зошто не сум спремна да ја оставам на никој
@Baby warrior потполно го знам тоа чувство и јас го изгубив мојот син во 5ти месец, некако чудно но уште ми е тешко кога ќе помислам, особено овој период кога се ближи датумот кога ми беше терминот.... веќе знаете, сега имам две ќерки... кога се роди првата мислев дека веќе никогаш нема да сакам никој како неа, чекав три години, дознав дека сум трудна на нејзиниот 3ти роденден , се осеќав пречудно, цела бременост мислев дека нема да го сакам ова бебе како неа (има луѓе тука на форумот што ме познаваат и лично и можат да потврдат ) до последен ден пред пораѓај си мислев дека нема да го сакам второто како првото, ама нема врска тоа, беше љубов на прв поглед, ја сакам најмногу на свет од првиот момент кога се роди. @dummy немојте да се мислите за второ и ние немаме помош, сами сме со двете, го ценам секој момент кога некој ќе ме одмени јас дури се мислам и за трето (маж ми не сака да чуе)
@dummy и јас кога беше помал син ми не размислував за второ, сакав целата љубов да биде само за него. Ама како поминуваше времето сфатив дека сакам второ ама малиот да потпорасне за да имам повеќе време за него додека е мал и сега сум трудна па ќе бидат 3 ипол години разлика. Тоа со доење, спиење се сепак фази што поминуваат а сите велат дека со второто љубовта се дуплира, па ќе видиме. @Baby warrior и јас бев исто, првото бебе го изгубив во 5 месец па со син ми само домашните знаеја бидејќи лежев во болница на почетокот и не можеше да се скрие, ама сите други дознаа по вториот скрининг, ради страв. Додека не се роди син ми здрав и жив, бременоста ја живеев во грч ама и сега оваа ми е исто ради првото бебе..
И мојот прв пораѓај беше на датум што се ближи… лани бевме на ручек симболично сами со маж ми јас бремена… вероватно ќе одиме и иваа година, денес бевме до црква и стално си палам свеќа и доле и пуштам некоја солза што ќе беше да го имав него а да ја немав ќерка ми … иако не треба така да мислам знам заспав бебе ја сеа седнав на телефон и вакви мисли ми дојдоа ај да си го гушнам маж ми доста беше за денес
Јас до скоро не бев сигурна кога сакам друго дете, знам дека сакам, сакам 3, ама не знаев кога. Нешто во последните месеци добивам огромна желба да останам бремена, а знам дека не сум спремна. Таман почнав да живеам некоја нормала со ова дете, плус не чека преселба во странство, мали нема да оди во градинка таму до септември…не знам дали би можеле сами да се снајдеме таму со уште деца. А ако не пробаме сега, нема да имаме шанса во следната година зошто мм ќе прима втора доза од терапија која предизвикува генетски промени кај децата и не смееме да останам бремена, па си мислам енос следна година ако се случи, додека родам 36 ќе бидам и тогаш не знам воошто дали уште би сакала 3 деца. А мали секој ден си спонува дека сака братче и сестричка Од друга страна, се плашам пак од бременоста, првата ми беше со ужасно гадење 5м скоро, ништо не јадев. После таман почнав да јадам ми открија холеостаза во бременоста и гестациски, лудо чешање, диети, боцкање и контроли 3 пати во неделата, лежев два пати во болница, на крај кога мислев ќе се олеснам конечно, завршивме со итен и сепса и толку бев истрауматизирана што и кај мене не беше љубов на прв поглед, нити на втор…ама после некако толкава благодарност се роди во мене што преживеавме и првите месеци постпородилно ми беа преубави и ментално и физички. Не се ниту поправив, стрии јас немам, изгледав подобро од било кога и се осеќав подобро од било кога. Секој ден шетавме, толку бевме блиски со мм, бевме раат, доењето на почетокот не одеше ама по месец дена се научи, ниту проблем со мастити и чуда сум имала ништо, детето и цицаше и пиеше од шише, се ми беше како магичен сон. Сега не се сеќавам на детали ама се сеќавам на еден период во кој бев опуштена, смирена и заљубена до уши и во мм и во бебето. Искрено сега мк е потешко и физички и ментално, а и не изгледам веќе добро оти качив 10кг. Така да не знам, мм се враќа за два дена, дефинитивно ќе разговараме на тема бебе…некако и сакам и многу се плашам.
Ах секоја жена, различно искуство, различни емоции... си замислував дека ќе трчам до последен ден, како чистам, монтирам креветче, средувам облека... и све спротивно. Јас знаете како го открив грлото. Никој не ми го спомна. Лежам една вечер како мн други, мм спие и јас читам на форум и некоја феминка пишува како грлото е скратено, од тука некако се префрлив во предвремено породување и читам и викам хм колку ми е мене грлото. Станувам во ноќта во 1 - 2 по полноќ и ги барам сликите од ехо од 12та недела голем скрининг од 16та недела обично ехо гледам грлото намалено, викам во себе зарем јас ќе имам ваков проблем... онака се запрашав и реков ај не мисли глупости и легнав и продолжив да читам наназад и наназад незнам кога заспав. И така јас ја преживеав истата приказна стрес лежење инфекции антибиотици болница... ни сама спремив дома алишта, ни креветче ( го гледав мм на видео од болница како монтира) и тежок пораѓај не видов бебе со целосна бев. И дојдов од пин во соба нема бебе јас сама... а сум станала мајка ми честитаат, бебе не сум видела. Тешка борба и додека беше во инкубатор не ја осеќав моја... и дома после тешко мн поминав. Сега е друго сега седев на гости со мм, јас неа ја мислам. Сега ми е човече што седи што јас и го правам денот, и знам дека и фалам кога не сум до неа. Дојдов дома ме викна мајками дека не јадела и некако почнала да приплакува , и кога ме виде почна да плаче и да се смее некако незнаеше што чуствува. Заспа има уште некое срцебиење имам. Така да мислам дека љубовта расте со детето, барем кај мене беше така, немав чуства на почетокот, мн се плашев зошто баш јас сум и мајка а не ја чуствувам моја. Се каев исто за животот од претходно. Итн. пишував до мене лист во спална, ти си и мајка и требаш. Сега не мислам на друго, сакам да поживеам и да пробам да вратам однос со мм, ептен сме само со расправии уморни, без елан. Тоа ми е цел годинава. Да смирам живци и јас да се вратам на работа... дете да почне градинка... здравје само.
@Baby warrior @Anaroz1 Секоја мајка свое искуство дефинитивно, некогаш и моето искуство прави да си кажам веќе бебе не. Ама многу сакам и јас второ, ама за едно 4-5год и тогаш ќе бидам млада мамаНе колку сега ама ај. И јас во бременоста имав скратено грло,милион прегледи, милион стравови, стресови. Памтам беше април. Првото онака топло сонце, јас си лежев во соба. Отворив прозор , птици, мирис на пролет а јас до крај на јуни бев во кревет само за вц и прегледи станував. Тогаш пуштив солза, излегував на тераса и после мислев ете ќе ми се случи нешто не смеев така да излезам. Што вика @Ladyme читање по не знам колку страници,истражувања,споредување мерки со други жени и слично. И после си ја запознав другарка ми @Puffy2019 која е најдоброто нешто што ми се случи во 2025 година заедно со ќерка ми Ме тешеше, се смеевме ми решаваше проблеми и била тука секогаш и така Постов испадна Puffy appreciation post На тема второ дете. Прееска бевме на гости и ми вика една жена, слушај второ машко да си направила. Ја гледам цела во прашалници што да и кажам????Пак повторува, ми вика до декември годинава пак бебе да имаме во двор, важиии. Мислам дека психички не би била спремна за скоро да имам бебе. Сакам да се фокусирам на ќерка ми колку што можам повеќе сега за сега. Кога ќе дојде време тогаш. Сакам прв да си исполниме некои цели оваа година, па и следна. И мене ми е за цел да си го поправам односот со мм, и ние се разведуваме секоја ноќ па се смируваме Ролеркостер од емоции, ама така е кај сите верувам Беби денес ми се смееше на глас, прв пат и ја слушнав насмевката, и тоа ми беше едно најубаво чувство на свет, многу ја сакам, не се опишува Можам само да кажам, сега ја разбирам мајка ми кога ми викала, кога ќе имаш ќе видиш.
Видов дека сум тагната, и не можам, а да не искоментирам после вакво нешто. Ме засрами женска, ми се испотија дланките Тука сум и тука ќе бидам секогаш, исто како и ти што си секогаш тука за мене, ме проверуваш и се грижиш за мене Чувајте се мајки, чувајте си го ментално здравје како што ви кажа и мојата другарка @Peperutce6 . Нема ништо повредно за децата од тоа родителите да им се живи и здрави. Се друго ќе си се нареди само.
Вчера баш пишав во друга тема за ова со второ дете И јас првото го изгубив во 5ти месец. После тоа испитувања, ретка дијагноза, страв дека нема да станам мајка, па биохемиска... И останав трудна со ќерка ми и буквално не дишевме. Ни ние двајца ни блиски околу нас. Скратено грло, серклаж, врзана за кревет. И кога се роди ко што рече @dummy , чекав некое бело, светло бебе, а добив едно црно топче со многу коса До нејзина година, година ипол ако ми спомнеше некој второ се ежев. Само викав не, нема шанси. Знаев дека ќе одиме на второ некогаш, и мислев дека ќе биде на поголема разлика. Исто се осеќав дека треба подолго да и се посветам само на неа. Ама, исто така кога се потсредив физички и психички и со хормони, кога почнавме повеќе да спиеме и да се разбираме сфатив дека си влегуваме у комфор зона и дека се потешко ќе ми биде да се решам за второ. Па се одлучивме дека е прав момент. И не згрешивме. Малото има 4 месеци и само повеќе љубов има дома сега со него. И ние сме посмирени ко за втор пат. Напорно е, далеку од тоа дека се е розево, ама на крајот од денот голема радост се. А и дека не планираме трето, кога знаеш дека за последен пат имаш бебе, подруго ги преживуваш работите. Знае да ми текне на се што поминав, и на бебето што не се роди, и на целата сага што ја поминав. Ама едноставно живот... Се се случува со причина и да не поминев се до сега, немаше ваков весел да ми биде животот сега. А богами весел е со тодлер што не престанува да збори ко големо човече, и со бебули што се смее секогаш ко ќе му прозбориш.
За тема второ дете сакам знам многу но страв ми е да се вратам пак во тој зачаран круг на доење, успивање , дремки , будења , стрес за секое течење нос трчав по лекари...да не можеш подолго од 2 саати да си одвоена од детето... искачања ке нема ич дури и поголема изолација со 2 деца. Знам дека на психа многу тешко ќе ме мавне затоа ќе си почекам имам доста време ионака.
Е баш ова ми се врти и мене низ глава, иако со ќерка ми не ме има удрено така психата за среќа (иако има тешки моменти, денови) ама кога ќе ми текне одново се тоа ми ствара анксиозност. И недвоењето од бебе, среќа сега е поголемка јаде и цврста храна и си седи со мм ама како новороденче беше стварно драматично. Имаше еднаш ситуација каде отидов на лекар и тоа баш на контролниот гинеколошки преглед на 40дена и иако ја надоив и оставив молзено млеко, во тој саат и нешто кога ме немаше (не беа ни 2) се утепала од плачење никако не успеал мм да ја смири. Дојдов и ја гушнав, само се залепи на цице, значи не ни цицна туку само да ме осети и си заспа… Освен тој преглед, само за на депилација ја оставав првите месеци на некој саат и тоа среќа во комшии одам. Имам и јас ваљда време не ми се премногу годините па можда ќе се наканам за второ после 3-4-5 години ама пред тоа тешко
Јас одсекогаш сум сакала минимум 2 деца на помала разлика и само чекам зелено светло за пак да почнеме процес за второ. Не сум мислела дека нема да имам љубов за второто, дали оти имам осетено со сестра ми како е и на двете дс ни се посветат а сме само 1 година разлика. Мајка ми знаете како вика, дветр ве сакам исто само тебе(за мене ова дека сум постара) те сакам подолго. Вели кога ќе ги удрам прстите на рацете и двата исто ме болат, така и за вас. Иако бебка е од "потешките" бебиња, што сака често во раце, често знае да кенка, да плаче, не спие и сум преуморна, сепак сакам второ што побрзо. Многу ми е жал за сите вас што пишавте дека имате изгубено бебе во поодмината бременост и сум среќна што пак сте благословени да си имате бебиња. Ве гледаат другите од горе и се среќни за вас.