Мајки на две деца, што деца веќе спијат во своја детска соба, како сте направиле адаптација за новото бебе да дојде таму? После колку време? Навечер со доење додека поголемкото спие или како?
Ги ставив заедно малтене од одма, ама малото многу плачеше и го вратив во спална зошто големата се жалеше од него. Потоа го вратив пак во детска кога големата сама изрази желба да бидат заедно, на околу 6-7 месеца, едноставно сакав да и дадам слобода да избере. Спиеја така цела година, па во исто време големата тргна во прво одд и малото во градинка. Пак имаше период на почести будења, па она почна да спие во работната соба на татко и. И така остана еве 4 месеца веќе. Не ја форсирам да спие таму зошто сме поделени со маж ми, секој по едно дете да заспие, ама ако сум сама со двете пак спијат двајцата во детска. Сега веќе и двајцата не стануваат ноќе, така да не значи ништо и да спијат во иста соба. Мене само најважно ми беше да не спијат со мене во спална и да не ми стануваат ноќе, а бидејки имаме простор не ми значи во која соба ќе спијат.
Епа синко (скоро 3 ќе иѓа кога ќе се породам), од 4 месеци спие сам во детска и веќе многу долго време преспива цела ноќ, до исклучок нели болен. Сакаме бебе да спие до макс 6м со нас вп спална, па после здравје да отидат таѓу заедно. Имаме и ние канцеларија соба што е бекап, ама реално нејќам дете таму, ние работиме константно од дома и тој простор е наш и место за професионално да се исклучиш од хаосот дома. Ама верувам дека ќе има будење и плачки ама и јас мислам најдобро е од помали заедно да пробам
Уфф, сега кога ќе ми текне првиот месец, а и вториот беа преживување во буквална смисла на зборот. Хормоните секако си имаа влијание, психички бев многу падната, не се препознавав, секој ден буквално плачев, се чувствував осамено и покрај целата поддршка што ја имав од најблиските, се чувствував како да не сакам дете, како да не го сакам животот со дете, чувствував грижа на совест дека не ја сакам доволно, кога ќе ја видев толку мала, кревка солзи ми навираа. Прва играчка што и ја купив мече големо со проектор ѕвездено небо и бела музика, многу ја сакаше, само што ќе ја слушнев музиката солзи водопади, сега сеуште ја сака играчката и се успива со нејзе, кога ќе ја слушнам ме враќа во тие денови. Промената на телото е друга приказна, не можев да се поднесам, 17кг плус во бременост, сега сум седум плус, на тој план од пролет планирам да се ангажирам. Не можев да се погледнам во огледало, породена со царски, стомакот остана толкав како 5ти месец кога се вратив од болница и долго време ми беше таков, градите огромни, не личев на ништо, како во друго тело да бев. Четири ипол месеци после породување можам да кажам дека сме стабилизирани комплетно. Уживам во секој ден поминат со бебе и можам да кажам дека супер се снаоѓам и пронаоѓам во улогата мајка. Односот со мм исто ни е подобрен, на почетокот како за се да ми беше крив, само му наоѓав забелешки и се спречкувавме за ништо, гледајќи од сегашна перспектива сум била неправедна спрема него, само се трудеше максимално да ни угоди, како да заборавив дека и тој стана татко. Сакам и второ дете секако, но не знам дали повторно ќе соберам сила да го изодам тој пат. Кога ја гледам како спие покрај мене, безгрижно, пак би го минела истото само да ја имам во раце. П.с се надоврзав на темата од претходно, од вчера почнав да пишувам .
Истоо а така сум моментално во добра психичка состојба. Порано се плашев и сама да бидам со детето на штрек спиев што ако немам доволно млеко па се молзев цели 8 месеци уфф не знам има жени на кој природно им доаѓа тој процес и на доење и на чување но јас скроз се изгубив само приплачував цели 6-7 месеци па и маж ми го замарав...после кога почна да јаде 3 оброци се смени ситуацијата почнав да имам време за себе и почнав да вежбам ослабнав се вратив на факс ноќе кога маж ми ќе го успие доаѓа другарка ми ме зема и идеме у провод. Се осеќам баш исполнето како старата јас али појака така да второ е далеку далекууу од мене
Јас уште мрдам.Тераме некако со скокот ли што ли е.Ве читам и во толку мислења се пронаоѓам...многу ми е мило што толку искрени мајки има на форумов.Кога ми е претешко помислувам што поминале некои и дека сепак можам да издржам.На тема второ дете ни на крај памет не ми доаѓа.Си го сакам синко поише од се на светов али...10 месеци поминаа ,не сум одделена од него воопшто,не ни сакам искрено но некогаш ми е претешко што го живеам истиот ден одново.Изолираноста осаменоста никој не ја разбира,некогаш си плачам дека се нешто чекам да дојде да се случи но ништо не се менува...а уствари он се менува а јас не можам да уживам во сите тие моменти бидејќи се нешто чекам.Никогаш не сум била човек што сакал да е дома,буквално домот како хотел ми беше.Последните месеци од бременоста психички ми беа тешки и тоа само поради умот.Се грижев и пазев на се нешто и сама си правев стресови од тоа што читав работи...потоа тоа продолжи и од кога се породив.Бидејќи сме апсолутно сами со мм немам опција баш на кого да се потпрам освен на интернетот околу чување на синко па многу работи мислам дека престресно ги поминувам бидејќи толку знам.И не мислам дека правам лошо,он е добар а тоа ми е најважно но сама сум премногу уништена и не можам да помислам да поминам пак низ ова.На крајот од денот јас пак си гледам слики од него како да не ми ја извадил душата низ цел ден.Што ќе е натака..времето ќе покаже. Среќни празници мајки.
Кај мене беше сецкано станував на секој саат ипол дека морал и ноќе да пие млеко... за жал таа навила и уште му остана и на 18 месеци само што сега сам си го наоѓа шишето и си пие.
@Stone ,како мајка која искрено цело време со дете ми помина во чекање на нешто, те сфаќам комплетно. Да се заврти, да седне, да прозборува, да прооди, да седни малку да одморам, ова последново уште го чекам. За разлика од тебе јас со куп луѓе околу мене, што уште потешко ми правеа, а не полесно. Постојано со споредби, како ние сме правеле тоа и тоа или на комшивката внучето правело така. Како на телевизија слушнале оти тоа и тоа се дава. Дете ќе кивне 5 пати денеска, одма со коментари дека мора да го носам на доктор оти нели не знае да каже, а може има нешто. Така да од мое искуство и аспект 100% сум сигурна дека за нијанса подалеку од сите, ќе ми беше и "психички" полесно првата година. Е сега за секојдневието. И покрај нели близината за ум продавање, сите беа тука, за да ме одменат во нешто никој. Детево е шетано со мене насекаде, уште на гинеколог што не сум ја однела да ме чека, а верувај сум зачекала и мајки со мали деца дојдени, во чекална да седат и некоја од другите пациентки да ги занимава додека е мајката на преглед. И тешко ми било/ми е, да морам постојано да смислувам активности или излегувања на места што вклучуваат дете, читај игротеки. Кафе баш во кафиќ без деца не знам ни дали 5 пати имам пиено во неколку години или ни толку. Од други муабети, станати од рано рано, чекаме коледари да дојдат, ако дојде некој ден. Јас сум во план само во 2-3 куќи по соседите да ја однесам ќерка, колку да се учи на традиции и толку. За многу години нека се празниците.
Првата недела вкупно 10 часа дали спиев, после тоа по три четири часа на ден, макс пет, цепкани, и ден денес е така, 5 месеци еве Заборави на спиење сега, ќе ти се навикни телото и организмот нема гајле, јас се чудам како функционирам некогаш а важев за најголемата спанка на светот, по 12 часа денот спиев за сега да се задоволам со 5 часа во денот макс
Маж ми направи преубаво тавче гравче и си каснав вечерва за Бадник, прв пат после цела бременост и 6ипол месеци е ќерка ми - значи после година ипол Се надевам нема утре да е со грчеви зошто сме кај бабите за Божиќ
Повеќе отколку во бременост Додека фатите ред. Ама спиј додека спие бебе. Немој да се потресуваш за други работи. Спиј со бебе.
сега уште не можам да се тргнам од него сакам секоја секунда да го гледам а и немам време у саат ипол пауза пред следен циклус доење да дремнам ќе научам ајде