Ќе поплаче неколку ноќи, ни прва ни последна ќе биде што се одвикнала на тој начин. Ќе мора да издржите плачки, обично до кај 3-4 ноќи трае тоа. Повеќето низ истото поминуваат, небитно дали со доење или со адаптирано млеко. Еднаш мора да се одвикне. Ако терате вака, со забите ќе има голем проблем. Можеби веќе почнале да жолтеат. Не е тримесечно бебе за да пие ноќе млеко, ниту пак треба да јаде ноќе, млекото сепак е храна. Понуди вода или незасладен чај како замена. Нема да сака, ама ти сепак понуди. Гледај да е максимум еднаш или двапати, ќе сфати дека нема јадење навечер и ќе почне да сврзува сон подолго од три часа.
Малку радикално ми е така наеднаш. Имам понудено вода не сака Заби само што почнаа да и излегуват, пред една недела. 6+++ сме. И јас сум свесна дека навечер не треба да јаде затоа и барам помош ама поприфатливо ми е постепено него ли наеднаш
@LaTama искрено мислам дека е премалечко за да помине цела ноќ без капка млеко. И бебе на 6 месеци да се остава да се исплаче и да заспие само ми е малку ту мач. Секако дека има бебиња кои цела ноќ ја преспиваат, и бебиња кои ќе се разбудат по 5 пати што од заби што од скок или од учење на нова вештина па и преку ноќ вежбаат. Моето направи годинка и станува сеуште со плачење, секако дека давам млеко, неколку голтки некогаш и заспива веднаш. Подобро млеко отколку раздразливо бебе во 2 ноќе. Те разбирам дека е тешко со станување по безброј пати, но сигурно и на давањето млекце ќе дојде крај еден ден и ќе спијаат по цели ноќи. Ако има запчиња четкај му ги сабајлето да не се таложат шеќери.
На комбинирано сме скоро месец дена, пред спиење давам скоро секогаш 120 мл формула и плус цица, џабе станува цело време. И преку ден некогаш давам оти го сеќавам дека е гладен. Како да прекинеме да даваме навечер ? Секако имам пробано не сака да спие без цицка, повеќе е за смирување отколку глад, ќе ја пикни во уста и заспива. Единствено во раце да го крлам ама така го навикнав и сега не заспива ако не го нишкам простум, среќа за десетина минути е готов иначе тешко мене, в раце не се држи повеќе.
Ај баш да видам како ќе го смири бебе кога ќе рикни за млеко во три сабајле Имам пробано секако, се корни за лице дури не пикни цицка во уста. Ќе те послушам и јас, макар мене ми нема смисла бебе од 6 месеци да ги разбира толку работите ама ај
И јас истото го мислам затоа напишав дека ми е премногу радикално, секако не планирам да ја оставам да плаче за храна. Битно ми е детето да ми е смирено не да плачи цела вечер со цел само да свати дека не треба да јаде преку вечер а јас као да сум наспиена. Целта ми е да успеам едниот оброк да го укинам или барем пролонгирам да не е на 3ч и затоа одам постепено со што од друга страна би успеала преку ден повеќе да јади
Мислев дека се работи за поголемо дете, дека има година и пол, затоа дадов такви совети, а реално и така е после година и пол ако не намали самото дете со млеко ноќе, родителот е тој што треба да го направи тоа. Се додека е млекото основна храна, ќе се буди. Како да сврзува повеќе часови сон не би знаела да ти кажам, кај мене поголемиот често се будеше ноќе за цицање, малиот само еднаш, иако и двајцата се доени. Ќе помине секако. Детето ќе почне да спие цела ноќ, тебе будењето гратис ќе ти остане после.
Не викам дека ќе фунционира кај сите ама ете мое искуство. Каде и да прочитате, ќе дојдете до информација дека ДОКОЛКУ бебето ги внесува потребните количини на млеко преку ден, тогаш нема потреба од млеко навечер ПОСЛЕ 6 месеци. Односно, презаспивањето со млеко или цицање после 6 месеци прераснува во навика. Моето бебе спиеше од 8 до 1, и од 1 до 8 сабајле стануваше на 2-3 часа. Кога заврши 5ти скок си реков дека мора да заврши и тоа. И да, вриштеше неколку вечери, седевме будни, ја предавав на мм од што ме престимулираше нејзиното плачење, но успеав да ја одвикнам. Ја нишкав седејќи, стоејќи, дремев со саати на клацкалка, ја гушкав, спиеше врз мене, до мене, ама сето тоа роди плод и престана, значи не магично од тогаш да не се буди ич, ама да не и треба цице за да презаспие. Нормално, во скокови, вадење заби, учење вештини се уште се буди, но еднаш, максимум два пати и презаспива со цуцла и ако имало потреба со гушкање. А останатото време си ја преспива ноќта еве веќе скоро 12 месеци ќе направи. Е сега, да не фаќаше цуцла, не знам што како би било, но кај нас тоа беше замената за цице
Моето и твоето се денови разлика. И мојата се буди на 2часа отприлика некогаш и за пократко, јас не можам да ја гледам како плаче, станувам нишкам пеам, давам цице се смирува и продолжуваме. Пробав неколку ноќи со нишкање само, не може да го продолжи сонот. Мора да имаме предвид сите дека премногу очекуваме од бебе на 7месеци за некој ден. Па тие учат да спијат во вистинска смисла на зборот, не знаат да поврзат циклуси, им требаме до нив! Јас стојам на ова и гледам дека има подобрување во некои моменти се врти се врти па ќе си затвори очиња, или ќе ја пронишкам пократко и одма продолжува ама сама не знае сеуште. Да бидеме трперливи, не знаат! Ќе научат, тоа ни е работа исто како што им ги кажуваме првитр зборчиња да ги научат полека и нежно - ма-ма / та-то така и спиењето скич е што го совладуваат, јас решив дека нема радикални мерки да превзимам
Денес прв пат излегов без бебе. Морав до лаб ама блиску ни е тука на 10мин. Па и малце до дм да се рашетам, мислам дека како робот се движев од што ми беше чудно ем после 9дена надвор, ем без него. Ама со мм цело време паралелно правиме се па не ми беше ич на мисла. Дури поминав подобро од што мислев успех на денот хаха.
Кога беше новороденче, живеев за тоа да излезам сама. Абе и да немав некоја работа, така ќе се мавав цел саат ако треба ама важно ќе сменев малку. Па и ако требаше до ДМ да одам, полн погодок хаха. Верувај многу е потребно. Поготово на почетокот.
Со душа сум чекала мм да се врати од работа, за јас да идам да купам леб. Он имаше забрана да пазари. Јас тоа правев. Само да искочам од дома на кратко.
Да и јас не сум ја оставила да плаче и сама да се научи, напротив напишав ако задоцнам 5 минути со млеко она е будна и не се презаспива 1час што и да и правиш. Инаку и порано пишав овде дека имаме проблем со сонот со будење во првите 40 мин и повторно презаспивање во раце бидејки само во раце заспива никогаш сама имаме проблем со преминување од фаза на фаза во сон. Пак ќе повторам не ми е поента да оставам да вреска дете па само да се научи иако изгледа така сум сватена
Памтам кога прв пат бев по леб после пораѓај мислам саат време се задржав, дури и гледав состави и глупости од што само сакав да сум надвор сама на кратко Со мм се тепавме кој ќе иде
Јас прв пат кога излегов без бебе тука во Германија си купив од продавница едно лименче корона и по пат како ненормална го пиев Ѓоа по млекце за бебето отидов, под мишка млекцето во другата рака лименчето, бидејќи дојам и најдов момент да се искупам за пивце, маж ми го чуваше ама кога ми се јави и го слушнав беба како плачи со трчање назад, се враќам дома беба спие со тато тоа беше и прв пат да бидат сами и прв пат да му заспие во раце Сега на 16 ќе вртиме мазник во Македонија со друштво и мажот ми вика да го оставиме со баба, демек како ќе сме го носеле во кафана. Јас не сакам да го оставам, премногу е врзан за мене, едно што се буди насекое, друго без цицка не презаспива и трето не познава никој, само ќе се стреси кутрото и на крај пак ќе трчам до дома, плус немам сигурност да оставам кај никој, имав во фсмилијата пред 30 години лош случај така и во глава ми се врти секогаш тој момент, знам дека морам да се опуштам ама не е време, потаму кога ќе пркни. На мажот ми му го оставам без проблем ама во друг немам поверење не знам оти, ваљда со тек на време ќе се опуштам. Што мислите вие, бебе ќе спие во количка без проблем, иако ќе биде галама, подобро така до мене отколку да го мислам , ионака повеќе од два часа нема да седиме
Моите се три месеци и само три пати ги имам оставено до сега, два пати пола саат и еднаш неполн саат. Ама и тогаш ми беа цело време на мисла и ѕвонев да проверам дали сѐ е океј. Не знам, може и до мене е ама јас не ни сакам да ги оставам за сега и не го кажувам ова во стил као жртва или као стариот живот ми фали па сега нешто трпам. Баш напротив, целосно свесно го правам ова, немам никаква потреба да ги оставам и уживам максимално во секој момент со нив, не сакам ништо да пропуштам. Психички поокеј се чувствувам вака, единствено што страда се останатите работи дома ама периодов е таков и тоа е. Во врска со довербата, кога се они во прашање имам доверба само во маж ми ама ако е сам со нив мора и некој друг да викне за помош. Оставени целосно без јас или он да бидеме присутни не биле и како што ми изгледа мене, нема ни да бидат за брзо.
Како ви е осветлено во собата навечер? Мојава до 3 месеци се будеше така на 3 часа, потоа сама почна да продолжува да спие подолго. ( 4, 6 па дури и 9) во собата навечер уклучувам само едно ламбиче за вштекер, и од ко ќе заспија го намалувам на 2ка( има 5 јачини). И си спие.. ама затоа преку ден маки мачиме да заспиеме.