Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Ноќе исто како што кажа минимално осветлено со едно сијаличе од тему на најслабо пуштено (колку да не сопнеме негде низ соба). Кога беше помала малце појако ноќно светло имав ама си играше ноќе си гледаше сенки и си дрндаше во сон па купив такво едвај што свети за да спие. Дење затварам завеси за дремки (од тие дебелите драпери што се скоро нетранспарентни) од 3ти месец навака дека само се ѕвереше си бараше нешто интересно да гледа место да спие.
     
    На WonkaMonkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WonkaMonkaa

    WonkaMonkaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2024
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Е и мојава сака да е се темно дури спие и затоа преку ден маки мачиме, ама ноќе надохнадува. Се надевам дека и твото бебе за брзо ќе почне да спие подолго од 3 часа:inlove:
     
  3. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    5.269
    Ти си знаеш најдобро, ама во галама не е добро да спие без антифони исто така ако се пуши јас воопшто не би размислувала да го носам. Затоа јас никаде не одам навечер :worried:, можеби претерувам ама на гласна музика и зачадена просторија не сакам да ми спие.
     
  4. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Пет и пол месеци, го имам носено во гужви нема проблем си спие, нема да му е прв пат
     
  5. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Нема да се пуши, најголем поборник сум за да не се пушат цигари, такво нешто не иди во предвид, а за музиката не верувам да е многу гласна ако има таква атмосфера ќе наминам само пред да почне музиката колку за адет и доста е
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.829
    Допаѓања:
    35.946
    Пол:
    Женски
    Ти си под стрес поради тоа што ти се се случил лош случај. Те сфаќам до некаде и нормално дека ќе бидеш таква.
    Ама верувај ми дека неможеш вечно да не го оставиш. Некогаш ќе мораш. Со баба го оставаш, не со туѓинец.
    Според мене е малтретирање да земеш бебе во кафана со музика само за да не го оставам. Така не ни одам.
    Секако ова е мое размислување, дека праша што би направиле ние нели.
     
    На happygirl, naturally и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  7. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Нема да седам многу, одлучив да одам само еден час пред да почни музиката колку за атер и адет.
    Инаку за оставање го имам оставено неколку пати на снаата од брат, на мајка ми, на маж ми и на свекрва ми, не дека не бил оставен, не знам некако кај снаами имам повеќе поверење оти се разбираме со збор, свекрва не се снаоѓа баш со бебево, и го имам оставано ама плачи, не знае да го заитка никако, еднаш до продавница отидов и и го оставив неа и ќерка и беше дома, се враќам ми викаат се покака бебе преслечи го, еј бебето во кака го држеа и мене ме чекаја за една пелена, не можев да се доначудам.
    Плус имаат скроз различни гледишта кога станува збор за гледање на бебе, за наоблекување, за капење за све, пред некој месец уште ме убедуваа дека треба сокови и чај да му давам, три месеци немаше тогаш бебе, замисли сега, торта ако не му дадат јас ја, ќе речат ако за форес да не му падни курет
     
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.428
    Допаѓања:
    26.002
    Пол:
    Женски
    На снаа ти неможеш да го оставиш саат два? Поседи толку и оди кај него.
     
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    18.179
    Пол:
    Женски
    вака од другарки што гледам околу 6м ги носат секаде по гужви и ги носеле сега им се по 2-3г децата… и јас здравје планирам во Јуни на свадба да го носам :)
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Ќе се навреди свекрва, а и ќе го измалтретирам повеќе, мали ми се внуците и ептен го гњават, ќе видам можи и најдобро ќе е така, знам дека нема да седи кај свекрва само што ќе седниме ќе се јави за да станиме
     
  11. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Носен е и мојот во гужви поготово тука во Германија охоо, ама проблем е што е ноќе, плус музиката ако е прегласна греотичка е.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.428
    Допаѓања:
    26.002
    Пол:
    Женски
    А па ќе се потресам ако се навреди. Под мене живее , па ја носам кај моите. Нема фокус да ја чува, приоритети и се готвење, чистење.
    И ако знаеш дека ќе те бара, налет тоа излагање.
     
    На 1209 и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.428
    Допаѓања:
    26.002
    Пол:
    Женски
    Чекај чекај до Јуни. Твоето и нивните не се исти деца. И другарка секаде носеше дете, ама моево нема шанси да спие во количка, а па антифони на неа па ич.
    А и не би носела бебе по свадби, ептен сестра ми да прави, ама ќе спие во соба од ресторан со сигурност и ќе се менуваме со мм.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    18.179
    Пол:
    Женски
    па ако се погоди ситуација би носела. Тоа е твие размислување:) јас не би била директно до звучник друго нема врска
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    47.169
    Пол:
    Женски
    Моето е скоро три год. Вечерно време до сега сум го оставила 5 пати.
    Не можам да се опуштам кога знам дека ќе се мачи да спие без мене.
    Сум испуштила и прослави и сите нг до сега со него и стара нова и излегувања, се лутеле и другарки и мм дури ми пререкувал.
    Единствено криво ми е што на брат ми на свадба кога свекрвта требше д- ме одмене и малце во соба да седи со него она инсистираше дека не може да ги смири, па пола свадба ја поминав во соба.
    Од тогаш на никој, има време ког пак ќе славам и излегувам, за сега само додека не дојде време за спиење или ако имал доцна дремка па кај моите седи буден па јас до покасно.
    А да го носам со мене не би на музика и кафани.
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.818
    Допаѓања:
    187.928
    Пол:
    Женски
    Реално ако го оставиш да вришти и на месец дена ќе научи да се успива само. Поентата е да му го пружиш комфортот што му е потребен. Некогаш тоа значи дека тебе ќе ти биде многу некомфортно. Сакам да ти кажам, ти не правиш ништо погрешно. Бебето нема никаков проблем. Тоа е нормално однесување на бебе кое до вчера било во тебе, растело во тебе, практично гушнато цело време. И тоа бебе доаѓа на светов и одма мора да прави компромиси, иако не знае што му се десило, со месеци не свесно дека е посебна единка од тебе и на секое оп, некој нов тренинг за бебиња смислиле. Она прави, вака прави, онака прави, бебето како робот, најмалку се дава простор на природното и биолошкото - гушкањето, она што го искрепило човечкиот род до сега, за да нас ни текне да заменуваме интуиција за некои новокомпонирани правила.


    Не знам совет да ти дадам околу формулата, дали постои некое правило до кога смее да се дава навечер, ама што имам читано искуства, дека и на формула, не секое бебе преспива ноќ откако ќе престане да пие млеко. Трето ми е, заглавено во некој лупхол, мислам повеќе од два месеца спие на цицка по цела ноќ. Првите две исто доени и по одбивање сеуште се будеа ноќе до 2 години кога почнаа да преспиваат ноќ. Па и после тоа, сеуште знаат да се разбудат. Ќерка ми 6год, пред некоја вечер се разбуди после неколку месеци и ни дојде нас во спална. Син ми 3год некогаш знае и 2-3 пати во неделата да ни дојде, еве сега неколку недели не се разбудил. Дали сум здрвена цела ноќ? Да. Ама во тој момент нивниот комфорт е побитен.

    Има бебиња од неколку месеци што сами почнуваат да преспиваат. Има бебиња откако ќе им скратиш млеко ќе престанат да се будат, има трети менуваат преку ноќ, ќе престане да се буди. Има четврти едноставно поинакви им се потребите и се будат често, па ти и на глава ако сакаш застани, оно има потреба да се потсетува постојано дека ти си до него.


    И откако тргнав да ти го пишам само ова, а апсолвирав се што мислев и не мислев и се што ми дојде на памет дур пишував, сакав само да ти кажам, еден ден ќе преспива ноќ, па ќе спие сама во соба и се ќе биде како што си замислуваш сега. Сега моментално бебето има потреба од твојот комфорт и твојата близина повеќе од млекото. Млекото е само мостот ти да си до неа. Ги третираме бебињата како тие ништо не знаат, а тие знаат многу повеќе од што мислиме, точно знаат во секој момент кога се гладни, а кога имаат потреба од тебе. Точно знаат што им е потребно за да се намират. Сега гушкај силно и трпение.
     
    Последна измена: 10 јануари 2026 во 22:45
    На Baby warrior, 1209, Tulip023 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е проблем осветлувањето. Во спална е темно со отворена врата и светнета струја во ходник
     
  18. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Женски
    Добро како може веднаш со осуди? Значи ако планирав да вреска немаше да прашувам овде. Прашав за совет мајки кои децата им сврзувале повеќе сон дали направиле нешто поразлично.
    Инаку сметам, не не сметам туку сигурна сум дека воопшто на моето бебе не му фали мојата близина затоа што има 100% посветена мајка. Без грижи
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.818
    Допаѓања:
    187.928
    Пол:
    Женски
    Во ниеден момент не те осудив. Прочитав дека ниту ти не си за тој начин и само се надоврзав. Сигурна сум дека си посветена мајка, не знам зошто целото мислење го сфати толку погрешно.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    17.964
    Пол:
    Женски
    Некаде од втор месец, како бебе стана посвесно за себе и околина, никако не сакаше во креветче, од тогаш спие со мене. Дневните дремки ми ги спише само во раце, никако поинаку, навечер исто заспиваше во раце, па полека ќе ја спуштав на кревет залепена до мене.
    Цело време сакаше да е во раце и да ја шеташ низ соба. Следната недела прави 5 месеци, дневни дремки си спие на кревет не бара веќе во раце, а за вечерно спиење само мене ме бара, ако види некој друг покрај неа пишти, плаче, само ќе ја земам во прегратка и одма заспива. Од бебе што постојано беше во раце, сега забележуваме огромна промена. Самата не сака веќе толку држење во раце, почнува да прета, да мрда за да ја спуштам на кревет да си се врти, па крева ножиња, вриска, писка, си кажува нешто. Навечер никако не сака успивање во раце и нишкање. На кревет легната се врти на креветот, гуга, сака да се гали и туку ќе се преврти и ќе заспие.
    Свртена со грбче на кај мене, се буди, како во полусон почнува да мрда, се врти на кај мене со лицето, отвара очи, ме гледа, аха тука е добро, можам да продолжам и се лепи со лиценцето до моето да може да ме допира, секоја вечер е залепена до мене и мора да ме допира со раче, ноже. Навечер се буди за цицање од 2-4 пати зависи, а се врти безброј пати, ставам само цуца и продолжува да спие. Јас имам лесен сон, но и навикната сум си и од претходно да функционирам со малку спиење. Сакам да кажам дека менуваат многу, само следете си го мајчиниот инстинкт, така ќе знаете што е најдобро за вашето бебе, а тие мали човечиња се премногу паметни, пребрзо растат и учат.

    Јас секоја вечер со часови гледам во најсовршеното суштество на планетава за мене, ја галам по рачето, ја бакнувам по главчето, го мирисам најубавиот мирис на бебе и гледам како моето мало бебенце секој ден расте, а јас ќе бидам покрај неа се додека има потреба да ме чувствува во нејзина близина.
     
    Последна измена: 11 јануари 2026 во 00:59
    На 1209, WonkaMonkaa, Amelia. и 2 други им се допаѓа ова.