Моето ако не дадам цице шлакајнци си мава по лице се греби се корни за ушите, цел е со гребки по лице Од најголема спанка станав најголем неспијач ама наутро па не стануваме многу рано, го презаспивам и тераме до кај 10 инаку ќе папсам во текот на денот. Ќе издржиме ајде, после кога ќе ни бегаат по соби и кај другарки ќе си го бараме времето, јас уживам на спална со него, дека и босо спие само му ги чешкам ноџињата Еве сме моментално во оваа положба
Како релативно нова мајка која се труди да се информира најмногу што може за да не згреши нешто, многу ми значи кога ќе прочитам мислење како твоето. Сите тренинзи, стриктни распореди и правила со кои се преплавени социјалните мрежи, понекогаш ми создаваат толку голем притисок дека нешто погрешно правам, што иако се трудам да го следам бебето и неговите потреби, некогаш имам чувство дека правам нешто погрешно, зашто нели не е според тие правила, дека ако станува х пати во текот на ноќта нешто мора да се смени, дека ако сум проценила дека не му се спие по х време и сум дозволила да има поголем прозорец на будност, сум згрешила, иако тоа никако лошо не се одразило на бебето. Се трудам да имам поголема самодоверба како мајка и да си го слушам мајчинскиот инстинкт, но си признавам понекогаш потпаѓам под притисоците на социјалните мрежи. И затоа го сакам форумов, зашто често има потсетници дека не мора се да е совршено, подредено, дека едноставно сите бебиња се различни и не можеме да очекуваме да се однесуваат сите по ист шаблон и дека најважно е да ги уживаме овие моменти и да им ја пружиме целата љубов и блискост која им е потребна.
Си спие повеќе од 3часа среќа немаме толкава мака и тоа мислам баш се должи на темното и на шумот што и го пуштам дури и на дремки. Можеби не се сфативме убаво, муабетов ми беше дека ако е како мојава тогаш можеби и дење поубаво ќе ти спие на потемно чим викаш се мачи дење. Околу 3ти месец стануваат многу радознали па се им е поинтересно од спиење, па дури и за цицање/пиење млеко многу бебиња само на темно и тивко сакаат (мојава е една од тие секако хах )
Јас моето бебе прв пат го оставив на мајка ми сега во декември на полни 6 месеци улава ме правеа сите, роднини, пријатели, сите. Ама јас не се осеќав да го оставам на никој друг освен на маж ми на саат два попладне. Ноќеска на скоро 7 месец без некој ден ја оставивме втор пат овие две оставања се успиена од нас, навечер од 20:30 до 23:00 ради тоа што сме биле на мекици и веридба на мн драги и блиски луѓе. Само мајка ми знае како со неа и ја гледам дека се снаоѓа во секоја можна ситуација. Иначе ја оставам со пуштена камера и од телефон ја погледнувам дали спие на 20-30мин маж ми ми се смееше ноќеска ама моја си е ќе си ја гледам
Да, јас мислев дека е членката што прашува не заприметив ич. Ќе пробам и преку ден да и оставам потемно
. Нема тоа никаква врска до звучник не до звучник, на свадба има озвучување со одредена јачина, за целиот простор да има музика и тоа е мн погласно од тоа што треба бебе од 6 месеци да слуша. Сестрами беше кај мене на свадба со внуката 3 месеци само на сликање на влез со антифони, и имаше апартман горе, ги имав викнато и свекорот и свекрвата нејзина и тие се менуваа ја чуваа додека спие. Одкако започна музиката детето не беше тука. Ама сестра е во прашање, а за било кој на свадба не би се малтретирала ни себе ни дете.
Дали има некоја мајка искуство да успеала од шише, да го врати бебе на града, да цица? Доењето од сам почеток кај нас беше борба. Бебе имаше лош фат, после 1 ден бев со рани на брадавиците, не можев ни маица да носам од што имав болка неподнослива. Млекото ми дојде дури после 5 дена, морав претходно да почнам да давам формула. И после кога добив млеко, не беше доволно. Бебе цицаше со силиконска брадавица, ама пак се мачевме и двајцата ради што не знаеше/можеше да прави убаво вакум. Паралелно и пумпав, нели, за да стимулирам. Ама имаше моменти кога буквално по 2 капки од града излегуваа, бебе нервозно и гладно, додававме формула. Да спомнам од сам почеток бев 'осудувана' зошто да давам шише, па како тоа бебето ќе ми се одбиело, немало да цица, да сум ја исфрлела ќесата со формула, немало да ми го сака моето млеко, и што уште не. Среќа, по некое време, бебе почна да си цица убаво, тргнавме силиконската брадавица, намаливме и на формула. Додававме еднаш на ден, неколку пати неделно по 30мл, поретко по 60мл. И после тоа, некаде кога беше 1.5 месец си фати убав ред на цицање, јас имав доволно млеко и така 2 недели бевме само на доење. Бев многу среќна што после толку борби успеавме. Уживав во 3 наутро да го гледам како си цица, на моменти ќе подзастанеше и ќе ме погледнеше со очињата ококорени. Па почнаа насмевките, ќе ми се насмееше и тогаш заборавав и на умор и на се, се топев. Па тоа замавнување со главчето наназад и издишување кога ќе си се нацицаше, ќе се припиеше до мене и ќе си заспиеше пак... Тие моменти ми беа посебно убави Е, ама не знам што се деси, една поручек стана многу нервозен, многу плачеше. Го ставам да цица, не сака, вреска, ја врти главата. Капки млеко од градата му капат во уста - џабе, не сака ни да почне да цица. Отпрво мислев не е гладен, го боли може меше... ама веќе траеше повеќе од 2 часа, тој упорно одбиваше да цица, па се измолзив и му дадовме со шишенце. Се најаде, си заспа. И од тогаш наваму еве 2 недели нејќе да цица од града. Отпрво ноќе успан кога се будеше цицаше, сега последниве вечери ни ноќе не сака. Читав и пробав се што прочитав, ништо не помага. Ни тишина, ни темна просторија, ништо буквално. Кога ќе ја осети брадавицата во уста некогаш малку само ќе ја лижне, некогаш не ја ни лижнува, прави фацка како да се гади и дирек почнува да вреска да плаче. И еве, се молзам, му давам со шишенце. Ама се тоа ми трга многу време и енергија. Немам премногу млеко за да направам залихи во фрижидер, туку имам само колку за кога тој би цицал, евентуално 1 оброк резерва се случува да имам измолзено, ама не повеќе. И затоа ноќе станувам по неколку пати, трчам да се молзам за да имам кога ќе се разбуди да дадам. Па после тоа миј шишиња, делови од пумпата... многу ми е смачено, да си кажам искрено Па прашањето ми е, дали има надеж да се врати на цицање, или тоа е тоа, така прават бебињата кога се одбиваат од цице? А, и уште нешто. Сите околу мене ко едвај да чекаа да се деси нешто вакво (знам дека не е така, ама така е зборот), за да почнат со муабетите од типот: па ти кажавме, не требаше да даваш шише, полесно му е од шише затоа ви прави така, вие така го научивте (а инаку имаме Филипс авент шишенце со слаб проток, не е дека тече млеко од шишето кога ќе го превртиш наопаку па да му е лесно без тргање да јаде)... Осеќам ко никој освен сопругот да не ме разбира. И деновиве сум така тажна, уморна и му викам па може вистина јас погрешив на почеток што почнав со шише. Да не кажувам дека имаше периоди кај што толку стрес и нервози ми ствараше околината околу темава, тоа ќе оставам за друг пат. Сопругот вика немавме избор, што требаше да правиме на почеток, да го оставиме гладен? И тоа стварно е така, ама јас пак се осеќам ко нешто да сум погрешила, па јас сум крива што сме тука кај што сме... Многу сакам да почне да си цица пак, затоа што молзењево вака не знам дали ќе можам да го терам долгорочно, уште 4 месеци ми се гледа како доста долг период...
Моиве кога биле у скок така правеле, успевав да одржам лактација со молзење и подметнување цице кога се полузаспани, или у раце и шетање у соба додека цицаат додека траеше тој период. Ако си решена пробувај, не се откажувај прво нуди цице пред шише секогаш кога е гладен. И никако не се обвинувај што и да се случи.
Не си ти виновна, на детето најмалку му треба разочарана и депресивна мајка. Такви коментари осудувачки најчесто се добиваат од луѓе што не искусиле нешто како тебе. Моето прво дете е екслузивно доено, ад се нема напиено. Со второво дете доживеав нешто слично како ти, не сакаше да фати града, па се измолзував на почетокот заедно со ад. Во меѓувреме пробував да цица. Поднаучи некако со силиконски со судни маки, значи кој немал дете што вришти на града а полно млеко, не знае што е нервоза. Толку напната бев, што решив, ако не процица, давам ад. Не можам да молзам. Не по секоја цена, алал да им е на мајки што се молзат ексклузивно, јас ќе полудам да го правам тоа, особено со уште едно дете, а и сама со ова по цели денови без помош , не и не може. Е сега моево бебе се приучи да цица, со неколку епизоди на вриштење и заборавање. Тогаш сум давала шише, ад итн. Кога веќе почнав ад, давам 2 до 3 пати денот зошто стварно е лаком и напорен кога цица и така ми е полесно и попрактично, имам и друго дете што бара внимание. 3++ месеци е, се уште цица вака, а шише со не толку мал проток (авент не му течеше ич, го баталив) користам цело време. Значи не се одбил, ете среќа. Да не фатеше цице ќе молзев само кога градите ќе ми станеа ултра тешки, значи за 4 до 5 часа, не на 3 за да одржам лактација и полека полека (ваљда) ќе ми се намалеше млекото, па колку успеам да го хранам така, плус за нас. Ама еве јас имав среќа и тераме некако, за месец ипол ќе почнам и со вкусови. Може во секој момент да одлучи дека нема да цица, знам, ама што можам да направам? Ќе се молзам со тенденција да намалам млеко. Гладен да го оставиш во тој момент и да чекаш да фати е луда одлука. Немој ич да се обвинуваш, молзи се лабаво додека имаш млеко, нека не ти е обврска, во меѓувреме ставај го на града секој оброк, може ќе фати. Ако не фати, не е крај на свет. Како што кажав на почеток, има работи што се полоши за бебето од адаптирано млеко. Ова ти е мој совет и како јас планирав да правам кога се најдов во слична ситуација. И нека не ти влијаат "добронамерни" совети ама ич, никој не ти е во кожата.
Кај нас беше слично мачење и слично муабети и многу стресен период од два месеци кое заврши со моја хоспитализација за воспаление на друго од крах на имунитетот и ко се вратив дома оставив пумпа толку си реков колку цица толку и ад додавам на секој подој и готово тераме еве веќе 4.5 м е сега Се помирив да прима колку толку мајчино млеко колку за имунитет Така ми прави и мене се бори некогаш сос цицето Не е до шише не е до ништо едноставно така им доаѓа изгледа период
Мене ми правеше така во скок кога е, околу 3 месеци кога беше мислам почна прв пат. И после секој скок скоро беше така. Успевав само кога е пред заспивање да ја нацицам, и тоа не ја оставав да биде многу гладна пред да ја заспијам и понудам. Нишкав дури да замиже, па после цицање. Пробај пример да темпираш саат и пол после шише, да му биде време за спиење. И навечер ако се буди од прилика исто време, аларм направи си малце пред тоа, па во сон понуди го. Ќе помине скокот ќе се стабилизирате. И ова само ако си решена да доиш и можеш да истраеш и ментално и физички. Ако не, има и молзење, има и ад, да сте живи и здрави. На детето му е поважно да има здрава мајка пред типот на храна. И апсолутно не си згрешила што си дала шише на почеток, ако немаш млеко се уште не можеш да оставиш гладно тукушто родено бебе. едит. сигурно ти кажале за Јасна консултантот за доење, можеби и она може да ти помогне, пак ќе речам ако си ти решена да доиш и истраеш.
Ехо не знам дали си ме читала, јас мислам дека поголеми доенечки штрајкови и врискање од мојата еетко која мајка дожиеала. 5месеци така живеев, со страв дали ќњ цица денес или не. Во фрижидер обавезно сабајле измолзував барем 60мл пред да оди маж ми на работа за да имам за преку ден дека сум сама ако ја фатат будалите и морам шише да дадам зошто плачење беше ептен гладна а вриштеше на цице, а јас полна млеко. Јас најдов некој штос да дојам одма штом стане од дремка скоро нерасонета до нејзе седев ја чекав да промеда и одма во раце ја зимав и цицаше ако се разбудеше скроз тоа беше драми ама пуста желба да дојам ексклузивно абе што не претграв првите 5месеци. Еве ја сега 7месеци е цица најнормално ама јас деновиве како да намалувам со млеко и еве ме вечерам овес со овесно млеко прееска варев лактамикс па осеќам како сега да ми пополни градите. Зборот ми беше, јас давав исклучиво измолзено од филипс авент со проток двојка сега на 6ипол месеци и земав тројка тек пошто се нервираше немаше смисла за кога ја оставам на маж ми да и даде измолзено. Немој да се откажуваш, несвесно го прават тоа, развојот на мозочето им се случува забрзано и збунети се. Наоружај се со трпение, пумпата и мене ми помогна и школката за побрзо симултано собирање млеко додека одмолзував од едната си капеше во школката од другата. Ти посакувам да успееш ептен ептен! Знам како се осеќаш и е ептен лошо чувство кој не доел и вака му правело бебето не може ни да замисли. Јас се убивав од плачење си мислев дека детето ме одбива мене не ме сака зошто се смируваше кај маж ми во рака Само биди храбра и пишувај апдејти обавезно, што знаеме ќе споделиме тие што сме поминале доенечки штрајкови, победа е секој ден да го иживееш со такво карактер бебе како нашите
3 имам од четвртите. Нече среќа поштеног човека. Да се живи и здрави, тие ќе пораснат, нас од нешто мора и косата да ни белее и треба и да се остаре во овој живот. @Eho имам 3 доени деца, кои никогаш не ми штрајкувале ниту одбивале града во скок. Ама, тој период кој го опишуваш ми се случуваше и мене да вриштат поради јак млаз. И сама велиш му капат капки млеко, можеби се работи за тоа. Еве и третово се давеше од што немаше сила да цица колку што имав јас млаз и вриштеше поради што се нервираше. Кај некои успева ако малку одмолзат пред ја понудат градата, кај мене не успеваше тоа. Колку и да одмолзував пак беше јак млазот и бебле се нервираше. И така околу две-три недели, потоа дали млазот се среди или самото бебе ујача не знам, ама се среди проблемот. Ако сакаш да доиш само трпение и упорност. Биди глува за муабетите од страна, секој кој те нервира исклучи го колку можеш повеќе од твоето секојдневие или не споделувај воопшто.
Скроз исти случај како твојот. Околу 4 месеци престана да цица. Почнав само да се измолзувам и од шише да му давам. И мене ми е претешко и се мислев да се откажам, ама пак почна да фаќа града чат пат. Ноќе најмногу кога е успан, или преку ден одма после дремка. Ама кога сака тој.. И не доцицува и ми е ептен намалено млекото. Сега се молзам ама пак немам доволно за оброк. Кога 60, кога 90. Во најдобар случај 120мл. А тој си пие сега и по 170мл. Па го збирам , и му давам еднаш мајчино еднаш формула
Прво околината може да се гони во ПМ оти апсолутно не треба да ги интересира како се храни бебето. Не ми е јасна оваа опседнатост на сите со тоа прашање, рандом луѓе на улица се случуло да ме прашаат дали цица, мислам втф. Не мора да се правдаш ниту да осеќш грижа на совест, твоја одлука е на крај и ако детето не сака да цица веќе нема што да форсираш ако се осеќаш дека тоа те троши и изморува. Нема што да се правдаш никому, ако некој почни да збори речи им а вие видовити да не сте па знаете зошто се одби. Биди дрска. Инаку малце и хормоните прават да се осеќаш така, реалноста може и да не е толку стресна, во смисла ти така нападни ги сфаќаш коментарите оти си постпородилно ама како и да е нем што да се правдаш и нервираш за тоа што некој мисли. Околу одбивањето, да може така да изгледа, ама може и да се заби, скок, регресија, стимулација, нешто. Пробај пак со силиконски, пробај да видеш да не е некој сапун, крема, нов мирис, нов гел, део, нешто што се сменило и што го нервира. Може па само е малце помрзливо и подобро му е со шише. Моето почна исто како твоето, на формула цел месец, со само обиди за доење после 10дена од раѓање. Воопшто не ни пробав да дојам во болница оти бевме со сепса и некако ми беше многу стресно, значи 10 дена ништо, се научи да цица после долги 2!, цело време првата година беше и со доење и некогаш формула, послњ исфрлив формула и еве го уште цица за спиење 2.8м Така да нема правила и апсолутно треба да си се следиш себе што сакаш и секако бебето, никој друг не е битен во приказнава.
Не си ти виновна, а потполно знам како се чувствуваш. Од 3ти скок почна да одбива да цица прво едната града, штом ја ставев вриштеше, после и двете и се намали млекото. Упорна сум, сеуште ја дојам, но не цица како што треба и затоа давам и дохрана. Премногу ми беше криво кога почна да одбива да цица, а се направив само за да ја дојам, еве упорна сум и сега, ја ставам на града, ќе цицне 5 минути и престанува, а знам дека не е најадена. Мајки, знам дека многу пати е пишувано, но бидејќи не се соочував со тој проблем, па искрено и не памтам. Почна многу да ми опаѓа косата, премногу. Што би ми препорачале од суплементи безбедни за доилки и шампон, лосион да сте задоволни и навистина да го ублажи опаѓањево на косата.
Зошто улава? Зошто си ја оставила? На 2 м ја оставив, зошто немаше логика и не и беше место да ја носам, таму кај што бевме. На 4 м исто ја оставив некој саат за на слава. Бебе од 4 м по слави да носам во пушара ноу ноу ноу. Супер си беа со баба и, еве и ден денес, можам ич да не кренам телефон додека се чуваат. Знам дека е најадена, средена пиц пец.
Другаркиве ми се смеат дека 6месеци не сум ја одвоила од нас Повеќето околу4ти месец веќе си се вратија на искачанки и уклучија баба сервис редовен мене некако не ми беше до тоа а и си го осеќав бебето, нас не бара не друг. Сега веќе на 7 месеци е подруго па еве вторпат излегуваме со мм ама пак ѕиркам на камера ко улава на 20мин