Искачанки некои немам. Ама за на слава кај друштво, ја оставам дома. Кога беше баш бебе, ни по родендени не ја носев. Преладно беше по игротеките кај што бевме. Е сега ја носев на слава кај блиски роднини, ама знаев дека цигари нема таму, не се пуши поради внуците и отидовме порано , за да се вратиме порано. Сега не би искочила никаде, зошто ноќно време се буди / кенка и додека не ме слушне и да ја гушнам, не преќинува. Знае и да плаче страшно ако ме нема.
И ние 7 месеци веќе па не го имам се уште оставено. Прво, што не спие како што треба, па сум отепана навечер. Го имам оставено за на козметичар два пати и за на лекар да појдам. Веќе заборавив дека навечер има дешавки надвор од дома, гледам викенд дека дошло на стори на инста. Можеби сега пред Водици ќе излезам, ама како што сум здебелена, ќе се изнервирам кога ќе барам што да облечам
Немој да мислиш дека ти си улава, јас кога ќе ги успиев, без разлика дење или ноќе, ако ја напуштав собата макар на 5 мин ставав камера и ги гледав дали дишат. Долги месеци ми требаа да се опуштам да ги оставам додека спијат. Да не зборам кога прв пат ги остаив за да излезам, срамота е
Здраво, еве јас мислам дека имам докторирано на темава и имам слично ако не и исто искуство како твоето. Прво едно ќе ти кажам, ти си најдобра мајка за своето дете и најдобро знаеш за него. Ни тетки ни баби ни стринки. Имам исто искуство, кога пишував ти беше бремена знам можеби не си прочитала. Разранети брадавици, многу осуди дека сум немајка и дека ништо не знам од другите, многу плачења,хормони. Верувај дека јас 3 ипол месеци се измолзував и така давав од моето млеко. Пробував многу да ја ставам на града и добивав реакции исто како твоето бебе. После, еден ден свекрва на другарка ми што е патронажна ми вика е сега детево ќе почне да цица па што сака нека е. Ми ја намести, се трудевме, почна да цица. Една недела бевме на шише и цице зашто јас не знаев баш како, ама еве ја 4+++ си цица. Викни ја и Јасна, ќе ти помогне. И моето бебе имаше период каде што јадеше само успана. Значи за да јаде и го ставав шишето во уста и никако поинаку. Траше околу 2 недели тоа.И тоа кога се измолзував, не кога почна да цица. Еве сега иако цица, пред 5 дена пак почна така да прави, немаше шанса да цица, се измолзував, проток шише 1 авент и и давав во сон. Тоа траше три дена фала богу и сега си ручка. Значи, пробувај го на града, ама мислам дека е период, не знам колку месеци е ама најверојатно е скок. Туѓите мислења ич да не те интересираат, знам колку е тешко посебно пост породилно ама нешто што јас не знаев е дека на крај на денот сите се небитни ти остануваш со бебето а на бебето му треба здрава и среќна мајка. Ако на крај се одбило, немој да се нервираш. Ќе си даваш АД и тоа е тоа , битно е бебе да не е гладно. Ако сакаш да го држиш на мајчино сеуште, имам залихи во фриждер ќе ти дадам. Не пушам, не пијам се хранам најдобро што можам што се вика баш ко за свое дете. Само не очајувај, сум била на твое место и знам како е, пак ќе кажам, на бебето му требаш ти, не е крај на светот и никој не е побитен од вас.
Доени бебиња ги оставаа на 4 месеци? Секоја чест, мојот е 10 месеци и сеуште не е оставен пошто се буди и се фрла наназад ако не добие града . Така да, додека не го одбијам нема ноќен живот за мене.
Еве најулава мајка овде, првото дете за вечерно искачање неуспешно го оставив 3 месеци пред да направи 2 години на мм, а успешно 2 кога имаше, на предновогодишна забава отидов. Е со ова на 2 месеци отидов богами. А не го влечкам со нас по дешавки еве уште, мало ми е. Ама на свадба планирам да го однесам летово здравје, зошто првото ми е диво, лани прв и последен обид за свадба ми беше на 5 години, во 10 дома бевме. Ако има кој да ги чува не ги носам секако, ама мајка ми е единствена што се справува, а и таа е на свадбиве..
Ве читам и едно ме чуди, значи без осуда кон никоја мајка секоја си знае најубаво ама како од една страна викате мало е греота е за по дешавки да го носам а од друга страна ги оставате толку мали дома сами. Бебе на таа возраст освен мајката ништо не знае, не знае дека постои друг свет, замисли се буди ноќе а мама не е до него, па поголем стрес ќе има така отколку еден час два да седи во некоја гужва. На крај краева не ни излегувам, едно излегување не ми е побитно од моето бебе, не слава шо сака нека е, ако знам дека бебе е многу поврзано со мене не го оставам, да зајди од плачење додека се вратам не фала, шетана прешетана сум и од слави и од дешавки ми е збоктисано.
Со исто вакво мислење бев и најголема грешка мислам во живот ми е. Не дека кај сите исто ќе испадне ама цела година гледав како сите си излегуваат по кафе денско, вечерно, кино, театар, на викенд овде, онде. Јас што ради финансии, што ради не дај боже да оставам дете на друг и тоа моето на Ад беше, во првата година од животот на прсти се броеја поводите каде што сум излегла и тоа една свадба, се вратив после вечерата дома, не оти дете плачеше, да не е терет на бабата. Следно една дружба од работа, се појавив на еден час само. На неколку места по дома бев со дете. Години подоцна дете е 3, дури и љубоморам кога ќе видам родители како и покрај децата си водат и приватен живот, нашетани, па викенди, па на концерт, театар... Ние кај во градов скоро и да нема многу настани, туку и сите си се навикнаа дека не сме оставале дете, па не се ни нудат. Ептен да е коса до рамена работава за некој на неколку часа да ја земе.
Зборам за мало дури е бебето, неколку месеци, после кога ќе почни да јади, да патка, да се заигрува и да спие само не е проблем, ама да го оставам толку мало и јас да одам во провод е ..ти проводот, на штрек цело време
Поголеми повеќе може да прават проблем, накај 8, 9 месеци мислам развиваат сепарациска анскиозност, тогаш стануваат баш лепенки ако се само со мајката цело време. Малово јас еднаш навечер го имам оставено на 4 саати отприлика, со мајка ми е навикнат, спиеме некогаш кај нејзе и не правел проблем до сега, а да го носам па со мене ем страв од вируси, ем гужва ќе се престимулира, ем јас на штрек, не ми оди. Ако викне додека го чуваат нормално палам колата . Секој различно си ги перцепира работите и прави, ама првото не можев да го оставам зошто бевме врзани со цицање до 1 год, после не ми се ни одеше никаде, блага депресија бев до кај 2 години. Не дека сега се убивам од излегување, на прсти се брои колку пати го имам оставено преку ден, ама ако има некоја дешавка не ја пропуштам и си шетам сама да олабавам. И користам прилика да одморам, коа ќе ми текне колку бев посесивна со првото кога ќе ми го земеа да го држат други во заедница, сега сами дома кај се да ми го земат .
Секоја мајка бира дали и колку ќе има некаков социјален живот. Еве и јас сум со доенче од 9м и на прсти се брои колку пати ја имам оставено (заспана) овие 9м на мајка ми на неколку саати, но сепак сум се одлучила и се одлучувам да ја оставам колку и да ми е стресно. Е имаше два пати кај што набрзо се вратив за да ја презаспијам и сум и рекла на мајка ми одма да се јавува да не пробува ништо да не почнат поголеми драми. Среќа тие пати беше умна со мајка ми ме чекаа во дневна покрај кучето си седеа (мислам најмногу ради кучето и издржала чекајќи ме да се осеќа безбедно и да не плаче). Еве вечерва пак сме со мм на настан заедно а мајка ми ќе дојде и секако дека пак се туфкам дали ќе се разбуди ама тоа е спремна сум да се вратам секако нема да ја оставам будна да седи и да ме чека дури и да не плаче.
Синко кога беше бебе, па и тодлер, ми требаа скоро 3 год за да го оставам на свекрвата на некој саат, а јас и мм да излеземе малку. Која будала сум била, уште не ми се верува. Целата таа изолација од се придонесе да паднам скроз психички, мислиш само јас родив дете тогаш. Сега со бебка не ја правам истата грешка. И таа исто како брат и е на доење, и таа не фати шише никако. Ама не се потресувам толку, и да заплаче додека не сум дома, за 5-10мин максимум ќе стигнам кај и да сум. Прв пат ја оставив на баба и кога имаше 3м, бевме на свадба со мм, и се вратив 2 пати за доење, после тоа си заспала. Вториот пат исто за свадба кога имаше 5м, се вратив еднаш да ја надојам. Во овие 8м се случило да ја оставам и кога сме биле на именден кај блиски пријатели, и за НГ исто така, утре здравје пак ќе дојде баба и да ја чува додека се собираме за Василица со друштвото. Никако не ја носам по кафеани, ресторани, дома во гужви. Сега е многу полесно оти вечера, ќе и дадам да цица и спремна е за спиење па не ме бара на секои 2ч, послободна сум и јас. Ама и те како ми треба пауза и мене, да сменам малку од пелени, каши и сл. А нејзе ништо не и е ако е со баба и некој саат.
На 11 месеци првпат ја оставивме и двајцата навечер откако ја успав, едноставно не сум имала потреба до тогаш, свадбите што сум ги пропуштила не ми биле блиски, маж ми ќе отидеше саат два да направи чест, со другарки сум се гледала денски со нејзе или маж ми ја чувал. Ама сега двајцата искочивме леле какво чувство како да бегаме од дома Јас на кисела вода цела вечер репетирана да скокнам во кола во секој момент, а бебево се одспа до 1ипол без будење. Би ја оставила пак за некој повод, ама немаме потреба и двајцата да ги правиме тоа на редовна база, си одиме со неа на кафе, на ручек, кога ќе заспие си пивнуваме по нешто дома, имаме време за нас двајца. На двајцата ни е изживеано искачањето до ситни саати, а секоја вечер имаме по 2-3 саати за нас. Преку ден се мењаме за секој да има барем саат за себе. Откако цица поретко мене ми е многу полесно. Е тоа што ми фали и знам дека нема да се смени скоро е патувањето, мислев дека ќе сум посмела и порано ќе ја однесеме негде подалеку ама помислата на long haul лет со бебе ме ежи.
Јас син ми од помал го оставам кај мојве си имам доверба во нив навикнат е си спие со нив и навечер не не ни бара мене и мм и исто како јас исти мислења си имаме за него општо а и брат ми 17 години е и син ми е поврзан мнигу со него затоа му е инетресно кога сме овде дома несака да идеме сега е 2.6 години вчера бевме излезени си заспива не не ни бара ама он беше на АД не сум го доела и со бабами мија и она е помлада уште и со неа многу е поврзан жувее и она со мојте и појке се полесно им со син ми
На кој како му е убаво така нека си прави Мене стварно ми е смачено од излегување и немам лезет да излезам, моите излегувања порано беа со седнување со пивнување а сега тоа нешто не постои а да дремам во кафана со сок ми е мех. Ако ептен фати зорт да го оставам некој сат ќе го оставам, го имам и помал оставано, сега е лепак за мене и знам дека нема да седи кај никој. Од кафана не бев мрдната пред да станам мајка и се презаситив, сега сум фул тајм мама and I don't regret
Нели си прајме неделно жалење овде па ја да си пишам дека ќерка ми денес 7месеци кога поминаа, како поминаа Јас за овие 7месеци имам пишувано и тука ептен имав проблем со рацете од нишкање и држење, остри болки во зглобовите, тетивитис… и пред некој ден во систина дијагностициран и карпал тунел синдром скроз се уништив со ова успивањево на ќерка ми неврохирургов ми вика дај нека прооди за 3-4 месеци да не дојдеме до операција пред неа никаков проблем не сум имала со рацете и што бидна немам поима ама советот е стегач и да успорам со дигање и нишкање пошто нервите се со нарушен проток на сигнали е од вчера си мислам како да го изведам чувањево на ќерка ми ако ова е дијагнозата. Ми трне цела рака десна цела недела а она нема друг начин да заспие освен во 2-3 пози на рака. Маж ми кога е дома превзима ама генерално сме сами. И така … сега на крај шо ми одтанува освен да си замислувам дека е напредна и веќе почнува да пролазува па и ќе прооди брзо ако не операција летоска тоа е тоа
Фала ви многу девојки на поддршката и разбирањето, секој збор ми значи Од околу мене добивам само совети од типот на: мораш со сила да го натераш да цица, значи мораш морашшш, со сила!!! (искрено не знам како се применува таа 'сила' ). Па следен совет: па остави го гладен, ако нејќе да цица нека не цица, ти не му давај шише, нека плаче, нека се нервира, па кога ќе огладне ќе почне да цица, што ќе прави друго!? Па следен совет: намачкај ја малце брадавицата со мед, да му дојде благо и ќе почне да трга Сите кој од кој... Јас разбирам дека нив од прва им кликнало доењето и воопшто немале никаков проблем, ама ме иритира тоа што воопшто немаат разбирање, не се обидуваат да се стават во моја кожа, да ме разберат низ што минувам, да видат што сè правам и колку се трудам, ми дофрлаат совети од ракав, кои не можат да помогнат на ситуацијава. Инаку работам со консултант, баш денес пробувавме различни позиции, пак бебе не сакаше, ама засега не се откажувам(е), ќе се обидувам деновиве со силиконската брадавица пак, дека послично е со шишето, а и го регулира млазот (силен ми е млазот и мене, може и тоа допринесе до ова, не знам. И претходно имав забележано и се одмолзував пред да му давам да цица, ама проблемот беше дека не беше силен млазот само на почеток, туку знаеше да се нормализира па по некое време пак да прсне - ова го имав забележано со силиконската пумпа што ја ставав на града, пошто проѕирно, се гледаше кога прска). Па ќе видиме како ќе оди. Држете ми среќа, ќе пишам апдејт Фала ви уште еднаш
Легнати на спална и да ја гушкаш и галиш, си пробала? Знам одлично како ти е. Раце и кичма ми паднаа, додека не сменивме начин на заспивање. А машала, буцка беше.
Какви симптоми имаш, како ти дијагностицираа? И јас баш денес читав за истово, пошто последниве денови почнав да имам јака болка во левиот зглоб проследено надолу кон палецот, ноќе кога бебе се буди не можам ништо да фатам со таа рака, ни телефон, ни шишенцето да го земам. Тешко ми е ќебето да го тргнам со таа рака, ко да ми се кочи... Дури некогаш едвај го кревам бебуш. Па ставив од вчера стегач, малку е подобро ама пак се осеќа болката. А мене доста рано ми е, бебе е 2 месеци, здравје, имаме уште доста до проодување...
Мене почна по 40дена да ми се појавува болката. На 4месеци веќе беше неиздржливо па бев на ортопед сега на 6месеци прњстана болката и таман се израдував почнаа да ми трнат пратите прво во сон па сега веќе и по цел ден. Неврохирург ме прегледа и правеше еемг со проток на струја и диоди па дпјде до дојагноза карпал тунел синдром средна оштетеност пред оперативна Биби порано пробував и се вртеше и се нервираше. Не знам како да успеам вака, сон ми е да си се гушнеме заедно да си заспиеме така ама не знае уште, или ме чепка за лице ми гуга или се нервира и почнува да плаче