И јас го имав истиот проблем со месеци. Болка во зглобовите, затегнување некое кај палецот и премногу ми трнеа рацете, посебно левата. Јас бев на ортопед, а и сама си истражував дека е common thing carpal tunnel syndrome после пораѓај најчесто ради задршка на течности. Ортопедот ми препорача да почекаме уште неколку месеци дали ќе помине само од себе, ако не планот беше да ги одглавуваме нервите. Ми препорача да спијам на анатомска перница, навечер ставав таков завој за прицврстување на зглобот и се мачкав со Фастум маст по 2-3 пати на ден. Правев и вежби за истегнување на вратот и грбот. Незнам дали нешто од тоа помогна или само помина доволно време, ама 2-3 недели откако почнав да ги практикувам советите почна да ми се намалува интензитетот и ми помина брзо. Се на се околу 6 месеци ме држеше… Чисто да споделам, може ќе ти помогне
Колку немил случка имав прееск во продавница морам да си кажам, уште се ежам од помислата. Често сме во тој маркет и детето е слободно ги знае и продавачките и они го занимаваат често додека јас пазарам, денес јас гледам нешто до него, а он си бира гумени бомбони, до него се вртка еден дедо, нешто му збори ама од далеку прво, за во еден момент му го зем бомбоните од рака и вика мои се и тргнува и мојов почна да плаче јас тргнувам накај него и верувајте секунда луѓе беше овој старецот го грабнува за глава и за образ така со тие гнасните раце и се пикува да го бакне, јас ставам рака меѓу него и обрзот на син ми и го тргам овој упорен се бута ми ја бакна раката, па кога се развикав ало што ви е дали сте нормални, и он е де де снао многу се лутиш само на чело сакав да го бакнам малце, викам абе имаш среќа што се лутам какво е тоа бакнување туѓи деца во маркет па и во сезона на вируси, срамота велам, стари луѓе без грам ум. Па вика ее ова ногу нервозна на продавачките и таа продавачката вика абе јас да бев и бокс ќе му маанев. Ама не можам да ви опишам како нападно го грабна, детето се исплаши, се збуни што од него што од јас што свикав, цел ден раце ми се тресеа од нервоза. Не е нормален народов еј. За излегување зборите ама јас уште не се осеќам комфорно да го оставам до доцна ноќе, на прсти си брои колку пати го имам оставено докај 11, порано ако е, веќе сум опуштена и го оставам на мајка ми некогаш и 3-4 часа да прошетам или нешто, ама вечерно време не, детево мое не заспива со друг, досега е пробано многу пати ама секогаш седи буден и после е преморен и цел ред се пореметува, па едно излегување ми наплаќа цела недела маки за заспивање, така да подобро ќе седам дома. А искрено воопшто не ми фали излегување до доцна и јас сум преморена и преферирам да си седам дома откако ќе заспие да си цртам или да гледам серија. Плус сега пошто нели сум сама со него, уште повеќе немам време преку ден за ништо па вечерта морам да средам и спремам за утре и така. И мене сите ми збореле и кога сме излезени зошто си одам, да го оставам, голем бил, да не сум била толку потресена, ама не се со него, нема они да се мачат после со денови да фатат ред па најчесто ги сечам во старт и веќе сите се научија дека до доцна не останувам. А верувајте никој не беше нучен јас да не излегувам зошто од 7 дена во неделата јас 6 бев на пиво во паб Секогаш бев излезена си некој, најчесто со брат ми, а сега и двајцата со деца за едно пиво се договараме ете веќе 7ми месец Така да не ми фали социјален живот, ми фали повеќе време за дома да сум слободна.
@Baby warrior види дали ти е опција да вклучиш ерготерапија. Пробај и постепено маж ти да ја успива во секоја можна прилика. Маж ми така со првото, тој почна да ја успива за дремки, па брзо и ноќе и потоа и одбивањето од доење ми одеше многу лесно оти беше навикната да заспива со него. Ама не ни имав некој проблем да ја навикнам маж ми да ја заспива, тоа одеше навистина лесно со неа. Иначе бебе успивам во 7, камера е вклучена, се враќам во дневна, околу 8-8:15 маж оди да успива деца, во меѓувреме може бебе да се разбуди па одам да го презаспијам и после со маж серија, грицки, вино. И бебе ми е цело време на камера пред мене. Во спална имам и камера од собата од децата. Нив повеќе ради зимскиве вируси, грипови и сл, кога знаат да се разбудат и сред ноќ да повраќаат. Камера носам со мене на патувања. Некогаш сме резервирале апартмани, спиеле во друга соба или на втор спрат, па раат со камерата. Еднаш ја забораивме, па купувавме нова кога стасавме. Кој што сака нека мисли, мене камерата ми е многу практична и пораат сум. За оставање бебе пред 6 месеци ми е ноу ноу. Имавме крштевка на блиски другари кога големата беше 3-4 месеци, по совет на педијатар не отидовме. Секако немаше да ја оставиме со некој, ама и педијатарката беше децидна дека бебе не е за гужви во затворен простор, плус секако ние може да и донесеме нешто. Другарите беа полни со разбирање, се сретнавме со нив после недела две, надвор. Истото би било и за друг повод, првите месеци стварно не ми било ништо битно. Сега прв пат на 9 месеци дур спиеше во количка го пратив со маж, децата дур беа на божиќните вртелешки и вовчиња, тој надвор на студеново најубаво спие. Јас утепав еден саат во шопинг центар. Секоја сабота сме излезени на кафе, често одиме на бранч сите заедно, по паркови сме најредовни, излегувања и журкања и мене толку ми се изживеани и преживеани, оставени зад мене во рани дваесетти. Ни на крај памет не ми паѓа сега да оставам деца и да се пијанчам. Чак што више тоа никогаш не сум го ни практикувала. Единствено многу ми фалат концерти. Лани или прелани беше, чак и карти купив знаејќи точно дека нема шанса да се оди оти немав на кој деца да оставам. Ама ете реков може чудо ќе се деси. Нормално дека не се деси и ги шитна маж картите. Сега сум далеку од блиските и ми фалат собиранки шат пат, во таверна/кафана. Да пркне и бебе па здравје. Нигде не брзам, сега вака ми е многу убаво. Човек мора да е среќен со своите одлуки. Она што не одговара на некој, одговара на друг и тоа е тоа.
Ако бебето е мирно зошто да не го оставиш? Еве моето е само на доење 7 месеци има, го успав на нова година отидов на прослава ми се јавија кога се разбуди во 12, дојдов му дадов да цица и пак се вратив до 4 седев, бебе не се разбуди пак. Зошто би била на штрек? Седеше т.е. спиеше со баба му што ја виде прв пат на 6 месеци кога беше, ама ете кога се буди не плаче силно и се залажува со цуцла додека не свати дека не дава млекце, таман да стигнам каде и да сум. Ако бебето плаче секако дека нема да го оставам ама ако е мирно зошто да не се искористи прилика.
Моето поголемото е 6 години и досега само еднаш го имам оставено навечер и одев на вечера со пријатели. Сега малово ниту еднаш не е оставено. Имав резервирано викенд со поголемиот ама се разболе помалото и толку од викендот. И накрај во мојот случај имате психички исцрпена мајка, оти се се правев дека можам ама изгледа неможам колку што миалам дека можам . Секој со својата одлука. Во моментов малото ме пореметува се буди на 1 саат ноќе, преку ден дремки по 20 минути. Денеска кенкав до немај каде мислам дека неможам главата да си ја носам на раменци од умор. Башка и мене ми се активира некоја болка од вратот подолу и ми создава и како притисок на главата. За лекар немам време ни да помислам. Убава и спокојна вечер
Мајки на две - што активности нудите/правите додека доите а тодлер седи до вас? Како овој период да биде полесен и поинтересен за тодлерот?
Па баш поради тоа што го напиша, да одам во провод и да се вратам назад да го нацицам и пак назад во диско мене ми е апсурд, ко синкир крај на светот е ќе избегаат кафаните, тоа е мое мислење не значи дека треба да се практикува. Ако тебе ти е во ред така супер
Секако дека не е крај на свет и кафаните не бегаат, таман работа. Едно будење не е ниаков апсурд, апсурд е да се буди на саат време а ја да одам натака навака цело време.Зборувам за со повод и причина не за секој викенд излегување.
Јас од кога се породив мајка ми беше кај нас два месеци. Во тие два месеци кога имавме прилика да одиме некаде со мм одевме, бебка беше дома со баба. И ич не се грижев затоа што знаев дека е во сигурни раце. Супер ни беше, помош преголема мама одморена и наспана. На сабајле дури и кога ќе станевме порано ја носев бебка вдневна (на АД е цело време) кога јас ќе и дадев кога баба мама да поспие, ама сакав и баба да ја изнагледа зошто не се знај кога наредно ќе се видиме. Е после од кога си замина мајка ми малце ни беше потешко оти останаме сами, мм само 2ра сме оди на работа.. ама па сега гледаме почесто да си одиме за Мк, да ја гледаат бебка. Се караат дури кој да ја чува за ние да сме шетнеле и одмореле малце. Ама ако и нив му е кеф и би ја оставила секако со најблиската фамилија кога и да треба.
Не знам каде прочитавте дека излегуваме да се пијанчиме, некогаш како лесно ги извртувате зборовите страшна работа. Демек не судите, ама постовите вриштат од осуди. Во толку време еднаш ако излезе мајката на свадба/слава/Нова Година/во кафич или што и да е, не е ништо страшно, и не ја прави помалку мајка од вас што бирате да седите дома по секоја цена. Бев од тие мајки што седеа дома со години, и на никој не го давав синко на чување, не пак да преспива ноќе некаде. Тоа не значи дека сега со бебка сум секој викенд излезена, нормално дека на сите ни се изживеани излегувањата, ама некогаш човек има потреба и од друг муабет освен за бебето/детето, да смени малку, макар тоа биле 2-3 саати. За тоа време апсолутно ништо не му е на бебето.
многу ретко искачаме со маж ми заедно, бара голема организација, ептен ако е свадба нешто, испланирано еден месец унапред , ама од друга страна, сама искачам често, пијам кафе со другарки, бев на концерт (кога беше бебе три месеци), бев на денска прослава за нова година ( 4 месеци бебе) искачам 3-4 пати неделно да трчам, не гледам шо е толку страшно, си го организирам времето, бебето заспива во 7 саат и прво будење и е во 12 отприлика, јас искачам на кафе откако ќе ја заспијам во маало, место да дремам дома на телефон, ќе испијам едно кафе, или ќе истрчам, кога е со маж ми немам никаков проблем, он и дава млеко и ја успива и без мене, проблем ми е да ја оставам на друг за да одиме заедно некаде затоа што цело време ја мислам, еднаш моравме на дипломска да отидеме заедно и се вративме за еден саат. и он искача често, таков тип на луѓе сме, едноставно функционираме на смени, викендов ги оставивме двете на 3 саати кај неговите и отидовме пешки на Водно сами, големата обично ја носиме со нас, ама сега дека беше многу ладно ја оставивме и нејзе. не се пијанчам иначе, пошо не пијам алкохол
Јас почнав да ја оставам на стомаче така многу сака да спие и со бели звуци се врти лево десно и ќе заспие така случано ми успеа за рачињата ја држам да знае тука сум.
Некој пиша дека после 2-3 месеци се вратиле на журкање по цела ноќ ко пред деца. И ако пишеме пијанчење нели може да е генерално и во контекст на муабетот и не значи дека баш за вас збориме. А на крајот кој сака и нека се пијанчи колку сака, секој за себе и за своите постапки си одговара. Разбирам и хормони и се, ама е сериозно досадно да се чита дека се некој вас ве суди само затоа што не мисли и не прави исто. Ако сте сигурни во своите постапки што па ве допира туѓо мислење кое впрочем не е ниту за вас. Не не ја прави помалку мајка таа што некогаш ќе излезе. Аман, никој тоа не го рече. Ама очигледно таа валидација мора да стои на крајот од секое мислење кое е различно од вашето.
Ако не се врти само уште, никако спиење на меше, ризично е. Само откако ќе почне само да се врти така и да спие така.
Да, да тоа е битно а не го напишав. Мојата се вртеше и од меше на грб и обратно и добро го држи вратот.
И јас им љубоморам... не за излегувањето или пиење /пеење. Ако ми се пие и дома рандом знам чаша вино да стегнам. Ами и на правилната помош. Јас во заедница ,преку ден то цело време имаш примедби како треба ,триење сол на рана ако настинало ,не смее ова ме треба така... али спомни да излеземе навечер или за викенди преку ден без детето еее не можело така. Еднаш не знам како испадна во црква бевме за водици ама навечер се бираше кум детето 2.5 г . Абе после 30 мин почна да ѕвони ајде детето ве бара мм и вика уште малку. Таа пак после 10 мин ајде детето ве бара и ко намале на 5 мин видпвме на видовме си отидовме следно за свадба не канија. Ама и неа и се идеше ,па како да праиме ми се оди ама да не ја носиме неа не знам шо знам се погоди мајка ми во овој град па ја чуваше пак не заспала ама ниеднаш не ми се јави јас шо се јавував и ми рече не се јавувај ве бара кога те слуша и после само и пишував ја дочува до 1 сабајле не заспала ама не се јавуваше на 5 мин да ти преседни. И уште еднаш пак за свадба октомври требаше да е овие не и беа роднини па ај некако ја дочува до 1 без да се јавува ама толку беше. Кај одиме со нас ја носиме ,сеа и бебето додуше не ни одиме а и таа веќе со психата е за нигде сигурно деца нема да и оставам во оваа состојба. Дека ми фали да излезам и да се исклучам ми фали ,дека децата ми се поважни од тоа апсолутно ми се. Кога би имала вистинска помош во таа смисла можеби ќе си ја користев вака ќе чекам да пораснат