Мајка да не доби циклус или имаш за добивање? Вкусот на млекото се менува од циклусот, така да може и да е до тоа.
Нејке ова дете мое легнато да цица од прв ден во рака ја држам да цица и тоа е со претање, ќе пробувам деновиве нешто легнати двете да инзборувам да ја галкам да видам што ќе бидне
Пробувај варијанти. Знам колку е тоа тешко. Откако почна да заспива легната на спална, се препородив.
Пробај, раце ќе ти паднат од нишкање, тешки се веќе. И мене ме болат рацете, на левата рака кај шаката една вечер додека ја кревав за цицање една јака болка, осетив како нешто ми се преврте, од тогаш уште боли, не можам да ја свиткам во зглобот. Моево само се одвикна, секоја вечер ја оставам на креветот, а и самата сака така, не дека одма заспива, некогаш знае и по 40 минути да се врти, да гуга, да се мази, па да заспие и обавезно бела музика, тивко и туку ќе се преврти ќе заспие.
А да седиш ти, а она легната врз тебе во вертикална положба на меше? Ние 9 месеци скоро така заспиваме, од раѓање до сега. Пак е со нишкање, ама не со рака туку со цело тело, за да не ја оптеретуваш раката.
Мајка да не доби циклус или имаш за добивање? Вкусот на млекото се менува од циклусот, така да може и да е до тоа. Кај мене подолго траеше, скоро цел месец, ама мене и ме мачеше за добивање веќе.
И јас мислев нема шанси да заспие легнат, но еве веќе 3 дена го успиваме на спална легнат и зачудувачки колку брзо заспива, уште сум во шок. Цело време во раце го успивав шетајки низ спална, пеејќи... и пак повеќе од пола саат го успивав (позитивното беше што го легнував во креветче па до кај 12ч таму спиеше). Вечерва легнат на спална без цицање заспа за цели 2мин, плаче додека фати положба, го вртам на страна го нишкам по газе и не му давам да се врти. Татко му пресече вика мора да го одвикнеме од нишкање во раце, треба да тргнам на работа за 2 недели и него одма му успеа мислев со мене потешко ќе биде, ама 2 пати супер го успав. Уште да не се буди на саат ипол супер ќе беше
@Baby warrior MegaВComplex на Synergy, 700нешто денари се. Ќе ми бидеш благодарна, зошто спас ќе ти се. Јас и предходно ти кажав, лекот кошта ич пари. Бебка ќе се научи лека полека, јас ја заспивам легната грушната да цица.
Многу убаво мислење. Баш така, сите имаат по некој стереотип и судат ама и сакаат да изиграваат и политички коректни во секоја ситуација што е нереално. Сите што не мислат како нив се глупи и прават големи грешки, ама не мислиш ли така, одма се вклучува жртва mode. Кога ќе се почне со расфрлање со термини како судење и најмајки, сфаќаш дека сите несигурности пливаат на површина. Секој има право да мисли, ама како што мислиш ти, или ќе ти го извртат мислењето и ќе те набедат дека ти си извртела. Секогаш се е сфатено премногу лично и трагично. Добредојде на темава, спреми си живци.
Добро утроо Бебка тера прва дремка, сто пати стана вечерта си ја вади цуцлата, па не знае да ја стави во уста, да ја задржи и ќе се изнервира па се смирува и така сто пати.. Бевме кај моите, си се одморив мислам дека ми ја даваа само за цицање Регресијава во спиење не утепа посебно дневните дремки. Ама ја гледам сега дека малце се стабилизира а не секое спиење со вриштење. Мислам дека не е мит mom brain.Значи некогаш дури и се плашам си викам што ми е можно ли е волку да сум заборавена. Заборавам се, од ситници до некои побитни работи. Заборавам кај што оставам, телефонот си го барам на секој пола саат и така.... Бебка прави обиди во вртење, успеа еднаш два пати, па сега тие обиди се и во креветче навечер каде што се заглавува и пак доаѓаме до тоа плачење... Си сварив јајца за доручек, после планирам да си вежбам со мм си направивме домашна теретана мислам дека имаме триста работи а некако никако да почнам скроз сум без карактер за вакви работи.. Правам само секој ден вежбички за дијастазава, и гледам дека ми е помала од почетокот, се надевам ќе успеам да ја затворам скроз... Се одјавувам, пишав за да чкртнам нешто да направам апдејт Денов ќе ми биде тапа, осеќам.
Само шо прочитав на една страна "Моето знаење за мајчинството отиде во вода денот кога родив" And I can't relate more. Родив на 25, пред тоа не можам да кажам дека сум знаела за мајчинство оти не сум се замарала. Никогаш не сум прашала дали некое бебе цица зашо стварно не ми било гајле. Се потпирав на сите муабети со фамозниот "мајчински инстинкт". Well, мислев дека ко ќе родам ќе знам се До тука сфаќате колку сум било глупавко нели? И замислете го шокот ко се породив а не знаев бебе да држам А уште појак шок беше пред да се породам деновите ко си ставив шпикозни 50ка помеѓу нозе и сфатив дека тоа чудо треба да излезе. Знаете на шо мислам. Ај па среќа 46цм се роди, 4цм у плус бев И уствари шо сакав да кажам е дека Никој појма нема шо го чека и како ќе му се одвива животот после пораѓај затоа што веќе не зависи од тебе туку од бебе и скоро сите живеат ден за ден првите месеци и сфаќаат дека се живеело и со 3 саати сон. Да, некогаш ќе сакаш да се разболиш само за да идеш у болница да одмориш едно 2-3 дена ама и тоа е составен дел од животот на темава за судења, не знам дали е до виртуелноста ама некои мислења одма се дочекуваат на нож. Сепак у живо да го кажеш истиот коментар на друг начин може нема да доведе до 3 страни препукавања Јас точно 2 пати се имам и расплакано од мислења, памтам и чии. И после тоа сфатив дека 3 жени у една соба можат да имат 3 различни мислења а не па колку и да брои форумов. И дека секој си е у право за себе. Апсолутно никој нема влијание кај вас дома. На форумов имам запознато и еден куп жени со кои шо и приватно имам искомуницирано и тие мислења на пример можат да ми значат ако барам совет или само муабет. Од другите теми, се вратив на вежбање со нова цел. Вчера ја постигнав, сега сакам да ја оддржувам Годинава ја почнав со повеќе selfcare, помалце bullshit и така планирам да продолжам Се опседнав со некои работи за мир у глава да си добијам. Среќна среда да си имате
Вчера бевме во Веро и Дм и не знам дали е до мене и сум се навикнала на тоа “секој да си ја гледа својата работа” режим поради тоа што живеам во странство или луѓево се малце забегани. Или можеби е до двете работи. Прво во ред е ќе видиш слатко бебе и да му се насмееш и да му се обратиш ама касиерката и збореше на бебка (глупости како ладно било за шетање) едно 3-4 мин пред да почне да ги скенира стварите а премногу се брзавме и на врв на јазик ми беше да и кажам дека се брзаме и не ме изиритира тоа толку колку што ме изиритира тоа што си претпостави дека е машко ќерка ми и ѝ се обраќаше во машки род. Океј одиме во дм и обезбедувањето не следи и ме прашува колку месеци има дечкото? После во лифт комшија исто и се обрати со “кај си ти на гости ли си дошол?” Ќерка ми е плава со плави очи и ја облекувам во розево,црвено, виолетово и поочигледно дека е женско не може да е. Не знам зошто ме нервира кога некој туку така си претпоставува како под дифолт да мора да е машко. Да беше еден човек може немаше да обрнам толку внимание ама во еден ден тројца и се обратија во машки род… а може и до хормоните ми е.
Имам еден комшија, живее у Австралија и доаѓа еднаш годишно. 4 години му вика на детево Who is a good boy? 4 години му кажувам дека не знае англиски и дека е женско А да, еднаш реков Не е ни куче бе комши, кај нас у Македонија така по кучињата викаме
Моето веќе годинка е и од кога е изнесен од прв ден се е девојче кој и да го види. Косата му е голема па добива и репче на темето Почесто со неутрални бои го облекувам дали тоа е пресудно не знам. Никогаш не ги корегирам, девојче е девојче ај бај сега. Дури и смешно ми е кога речат леле ама си мирна, или аее облечи и патики сигурно и студи. Мм ми вика абе кажи им машко е, ама за луѓе што ги гледам еднаш во животов не ми менува какво им се гледа детето.
Мојата па машко е Има голема коса и крената и е нагоре, ја имав облечено во бело боди без машничка без ништо, и во лифт вика еден човек што имаше бебе во количка , ете уште еден батко гледај колку е умен Ок, дали да кажам дека не е батко детево мое, ама ај така си остана.
Ни јас не ги корегирав си остана машко само ме нервираат така што си претпоставуваат, боље да прашаат прво што е па после терај муабет. И на скоро сите им свртев грб. Ако почнам и јас муабет ќе дојдат па ќе ја пипнат, ќе ја штипнат, не фала.