Јас имав вакво дете и уште имам дете после 2.8г што уште не преспива ноќ. И доктор Гуднајт дигна раце од моето. Едноставно исфрли пратење на прозори на будност, секакви апликации и чуда и следи го детето. Нема да преспие ноќ уште долго, посебно не додека не никнат забите. Може и премногу дремки има, поточно не секогаш сите деца имаат иста потреба за сон, кај моето беше тоа проблем и иако е необично веќе да нема дремла на 2г, решението беше тоа, откако денски не спие, ноќе предпива 12+ саати, неретко и 14 и се буди минимално, еднаш, ама презаспива одма.
Па и мене ми е тоа што се е океј преку ден но вечер е пекол.И темп во соба и се е ко што треба.не можам веќе ама стварно
И да не пратам пак е исто плус минус 15 мин.Не може да издржи со една дремка он сега му се спие се трлја се прозева
Лази, се исправа? Баш тој период им е тоа, ќерка ми мижеше и се исправаше во креветче, го совладуваше тоа..
Да се исправа и клекни стани си прави цело време...ама ова не е само сега цело време е еве веќе 10 месеци не сме имале ноќ преспана.И забче му искочи ново..
Од другарка му и бајачки се откажаа Матичната, негувателките у градинка, рандом луѓе блиски и далечни сите ми кажаа дека е нормално дете само мрази спиење. Сеуште станува ноќе, некогаш презаспива одма некогаш и треба саат и пол И испитувања, и витамини, и сирупи и рутини секакви и шо се не пробавме. 4 години еј, 4 направи. Не спие денски од факинг 12 месеци Леле не знам кој го почна муабетов за спиењето ама осеќам дека ќе ме замразиш после мислењево
Прифати дека тоа е карактер на детето и нема што да се направи, нема да го смениш начинот на кој функционира ноќе за брзо време и само ти ќе си се уништуваш психички, а тоа најмалку ти треба. Нема преспано ноќ моето 12м и веќе сум океј со тоа. Вади и запчиња, плачи кога се буди ноќе, се исправа, оди низ креветче, скока, с е к о ј а можна ноќ. Заспивањето е посебна приказна и никогаш не сме се заспале а да не поминале 45мин. За во раце е претежок, во креветче не заспива, хранилката си знае само колку е возена лево десно. Го заспивам до 8 и пол, ќе се наспие до кај 1 и пол 2 и потоа почнува журката. Мора да се надмине и ова и да останеме здрави за нив.
Син ми поголемиот до година не спиеше. Језда тогаш го одбив од цицање, не знам дали тоа беше првиот чекор, ама не му давав да цица навечер некое време пред тоа. Му давав вода место да цица и заспиваше со нишкање. Водата постепено ја исфрливме, а почна да спие во кревет со мене, инаку и јас инсистирав сам да спие во креветче. Еве го 6 години е, од почетокот приказни бараше за да заспие, сега става глава на перница и не мрда, ама ноќта убаво си ја преспива од година и некој месец. Не значи дека ќе биде неспијач и понатаму. Е малово поучена од претходно искуство го земав во кревет со мене од старт, амаа џабе, малку полошо прави од брат му и од порано почна. Вчера ќе го ставам во креветче демек, ми спиеше пола саат во рака да се уцврсти. Ставам доле, се буди, кревам и презаспивам, истово 4 пати. Викам за*би препораки, не сум воопшто глупа јас, све живо ми е испрочитано да не знам да го применам. Тоа е, кога ќе реши ќе проспие
@Stone син ми беше исто многу лош со спиењето и тоа траеше се дур цицаше и користеше цуцла, плус додека му излезат сите заби, нонстоп се будеше. Сега спие цела вечер, знае да се разбуди еднаш ама си продолжува. За спиење сам не спие, ради тоа будење го земавме со нас на спална и уште си спие со нас, 3 години е ама здравје ќе го префрламе полека во детска. Искрено на 10 месеци ретко кое дете спие цела вечер, повеќе ќе слушнеш за такви што не спијат, имам една другарка детево и се будеше секоја вечер во 3 и седеше до 6 сабајле, па од година и нешто спие сама во соба и не се буди до сабајле. Не очајувај како што расте ќе менува и спиењето ќе му се среди, бар мое мислење, е тоа што ние сме зомбиња додека се средат со спиењето, тоа е се помируваш ваљда... не ти помогнав со мислењево ама ете поддршка дека ќе смени и ќе почне да спие повеќе како ќе расте..
Тогаш ќе гледаш да има последен прозор подолг, да не спие толку доцна. Ама не верувам дека и тоа ќе помогне, за жал. Едноставно некои деца не спијат и тоа е тоа и колку побрзо се помириш толку подобро. Не сакам вакви совети да давам ама би сакала мене некој да ми ги дадеше оти не знам ни сама колку нерви изгубив во сета таа сага со заспивање и со тоа дека јас правам нешто погрешно. Мајка ми постојано ми велеше и ти беше иста ќерко ќе дојде време ќе спие повеќе, ама јас упорно да спие. Моето уште заспива некогаш во раце, толку има проблем да спие, како што вели @LiquidLuna детево мрази спиење, а и јас мразам до ден денес, уште се нервирам ако изгубам време денски со дремка…така да некогаш е карактер и гени. Татко ми совршено функционира со 4 саата сон. Заспива во 12, станува во 4. Работи цел ден, оди на планинарење и е свеж.
@Stone еве од мене едно утешно мислење: до пред роденденот спиењето катастрофа.. некоја недела пред роденденот почнавме со 1 дремка само и од тогаш почна да спие ноќе убаво.. инаку бев скршена од неспиење во првата година, ама стварно некои денови кога ќе станевме насабајле сѐ ме болеше. Ептен беше неспијач бебе. Може исто ќе биде и кај вас. Сега си спие, освен што прокрастинира навечер за легнување, ме прашува 7373862 работи. И ноќе ќе се разбуди ќе рече мамо покриј ме и продолжува.
Да не ве рециплирам сите...јас стварно не можам да издржам посебно што преку ден сме сами.Сопругот и он станува ама и он е претепан.И знам ќе кажете еј какви ги има не сте единствени ама очајна сум луѓе не можам на нозе да стојам.Преку ден пробав да спијам со него додека спие ама ужасно ми е лошо потоа.Глава ме кине ако легнам преку ден.Инаку не мислам дека не е спијач затоа што он чим го земам во раце луѓе заспива веднаш.Цврсто спие рака му мрдам му паѓа.И тоа чим го легнам во креветче се буди по 5 мин.Значи ако не е спијач нема да спие ни во раце.Мислам дека проблемот е само во начинот на заспивање и не знам како ќе му правам тренинг.Не можам да се помирам дека ова ќе трае со месеци или години. @LizzyGrant @1209 @strelec231992 @Cherry333 @jungle
Зошто го држиш до 8? Ако немаш некоја поголема причина, дозволи му да се буди кога му одговара можеби менува рутина и спонтано ќе поместите се порано. Идеално е да станува на утро околу 7, дури и порано е подобро отколку после 8. Е сега тоа е во теорија, кај мене во пракса тоа не функционира, ама кај многу други функционира. Сакам да ти кажам, не се држи строго по редовите можеби не му одговара, дај му простор да менува па може ќе ти се посреќи. Не знам дали од принцип не го земаш до тебе, ама земи го до тебе неколку ноќи. Може ако те осеќа блиску ќе спие подобро. Со првото дете бев решена да спие во креветче. Станував ноќе милион пати, дои, нишкај, враќај во креветче, по 17 ипол минути пак одново. И за тоа највише жалам. Второто и третото до мене од старт. Не преспива ноќ ама не станувам да нишкам до бесконечност низ соба. Се преместувам на кревет од една на друга страна на закенкување.
Го држам до 8 за да издржи ноќе до 8,8ипол,времето попладме ни е прекратко и не успеваме ништо да направиме.Знам дека некој ќе рече не може ти како сакаш ама он спиеше до пред некое време наутро до 8,дури и јас го будев за да ни почне денот.Сега овој период и наутро е хаос бидејќи по млекото во 3 наутро он не заспива ако не е во раце.Не го зимам со мене во кревет од една проста причина,преуморни сме за да го осетам детето и страв ми е дека ќе се повреди.Немам помош а самиот ден ме исцрпува за да имам осет навечер.Дополнително е што он не се плаши од креветчето.Свесно знае и денски дремки знае после една фаза да се разбуди и пак да си презаспие.Но навечер не е така.
Не губиш ништо ако пробаш и станување порано. Може ќе му одговара порано да стане, порано дремките и поголем прозорец на будност до вечерно спиење. Ќерка ми и ден денес ако спие наутро после 7:15 цел ден ни е промашен. И за дремка се мачи, а не може без неа и сето тоа. На возраст колку твоето се случувало и во 5:30 наутро да ми стане и за жива глава да не презаспива. И сме го почнувале денот. Дури и неколку пати се случуваше само што ќе ја ставам во транспортер за во градинка да одиме таа да заспие и со се транспортерот да им ја оставам на негователките. Е нормално јас капната и гроги на работа ама после ми стана навика со помалку спиење да функционирам. Пробај наутро место млеко, денот со појадок да си го почнува. Плус да замениш едно дневно млеко со ужина.
Не ми текнало дека може и ова да е. Како е прстето? Те разбирам, ама и да почнеш тренинг тие се водат по општо профатените идеални термини и ќе мораш пак да будиш порано. Втората дремка е заебот. Треба да почнува од 2, и дека почнува подоцна тој се буди наспан во 3. Гледај позитивно на работите (знам дека е полесно да се каже отколку да се направи) ама, за 2-3 месеци ќе остане на една дремка, ќе биде поголем а со тоа ќе издржува поише и ќе имате поише време за вас. Гледај да си помогнеш овие месеци да ги преживееш полесно. Знам како е да не спиеш, акумулираш доста бес во себе, па грижа на совест оти така се осеќаш оти е само бебе и такви негативни чувства се нижат ланчано. Помогни си, велиш истата рутина од почеток и не спие, пробај да смениш. Некој месец е во прашање, после година мали човечиња нови предизвици. Собирај сила.
Абе не е проблем да станеме и порано ајде и да баталам за навечер ама он си заспива све фино лепо се гледа дека му се спие ама по млекото не прифаќа да го вратам во креветче односно заспан се буди.Инаку нели е рано за ужинка?Све демек после 1ва година да се воведе ужинка.Не мислам дека храната е проблем.
Ја со две дремки одвај издржувам одвај чекам да заспие за да седнам да здивнам зошто е во фаза на лут сум цело време и се фрла и само фрла и фрла.Немам веќе со што да го занимавам.Една пелена да смениме е научна фантастика.Борба е.Не знам веќе мислам дека ќе паднам не функционирам луѓе .
@Stone Мајка чекај малку бе, земи здив... Толку си имаш ставено на глава дека е тешко што дури мислам дека и самата со креираш товар кој го вчечеш. Тешко е, еве мојава е 18м е ноќ немаме преспано, некогаш на пола саат се буди... дремка сама нема минато. Неам искочено. Се немам видено у огледало, не личам на човек. Ама сама сум и тоа е тоа. Маж ми работи, колку успева ќе ми помогне. Мора да бидеме силни и да издржиме. мени ја мислата... те молам. Еднаш на саат ипол само ја имам оставено на мм. Мајчинството е убиец на егото, и тоа е тоа. Назад нема. Ова ,,модерно" време кај што експерти тврдат дека дете треба само да преспива е абсурдно. Не е секое дете способно, некои се мамини мази и не сакаат да не испуштаат од поглед. Затоа сме ние тука. Дете е за покрај мајка. Уживај. Застани. Земи здив.
Имаме дискутирано на оваа тема, низ многу слично искуство поминав на мои 24 години. Овие витамини опуштаат нервен систем и мускулатура. Мене дури и тероидна ми регулираа. Не би требало да пречи на доење, а дел од витамините сигурно одат и кај бебе. Најубаво да препрашате во аптека, најубаво ќе ви објаснат.