Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Тоа го викам 10 месеци и не дека не станало подобро,подобро е ама не можам со тоа што немам сон не функционирам.Се осеќам неблагодарно кон детето што кога ќе ни почне денот јас чекам да заврши од умор.Ми поминаа деновите така не можам веќе психички се уништив капак сета таа осаменост и затвореност сите овие месеци,и не сакам да звучам неблагодарно не сакам ни како лоша мајка да звучам зошто стварно од петните жили давам се но не можам да издржам.Моментот со презаспивање не е дека он е буден наспан,чим го земам во раце веднаш заспива на мене.Значи му се спие...затоа и реков да пробам некако да го научам самостојно.
     
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Ќе стане полесно кога ќе станеме посилни. :handshake:
    Повели раче :l:
     
    На mama31, Simon4e0507 и Stone им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.930
    Допаѓања:
    26.957
    Пол:
    Женски
    Од раѓање мојата спиеше супер навечер. Како по книга буквално.
    Амаа дојде период негде како твоето сега, па и порано и почна на секој пола саат до саат да се буди. Веќе бев почната ма работа и неможев да издржам. Плус додека да прооди, беше дете кое освен да е во раце, друго немаше.
    Сакала нејќела, ја ставав до мене. Ем она престана толку често да се буди, а и на будењето само ќе ја гушнев и продолжуваше. Ем ние наспани. Не бев преморена, бидејќи имав сон. И ја осеќав и кога прди буквално.
    Не е сјајно решение да спие со вас, ама и ти си човек и тебе ти треба сон.
    Уште спие со нас и немам намера да ја тргнам. Вечно мала нема да е. Неможам ни да спијам, ако не е до мене.
     
    На Carolin., strelec231992, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    904
    Не го држи со сила ако не му се спие, моето најчесто до 6:30 е на нозе, и ноќе што станува и ете пак е станат рано. Не го терај да прави нешта како што сакаш ти само за некоја си рутина да се постигне.
    Бебчиња се, рутина та рутина не може да ги направиме наши роботи и да следат дадени команди.
    Се додека чекаш и следиш толку стрикно и упорно пишани правила нема да уживаш ни малку.
    На сите ни е тешко само се зависи од перцепција, мајки кои одат на работа во кои спаѓам и јас го немаат тој благодет да уживаат и мирисаат дете плус 10 часа дневно, гледај на тоа како предност.
    Ако ти треба социјализација ќе изнајдеш начин во викенди, празници со мт да шеташ па и без него ако си во можност, нема да ги користиш дремките на бебе како изговор за седење во 4 ѕида. Се шета и на 1 степен и на минус 1 со бебе.

    Кога ќе помине ова наместо да ти останат најубави спомени ти ќе имаш мемории како си трчала од ден во ден, затоа слоу ливинг колку што се може повеќе, барем во твојот пример каде што не одиш на работа па брзаш да видиш и бакнеш бебе само за добра ноќ.

    Јас само замислувам колку се прехрабри мајките на +2 деца и тоа ми е мотив дека морам да изнајдам енергија и позитива во себе за нешто кое зависи комплетно од мене и поради кое треба да сум полна со елан и добра мисла.
     
    На Anaroz1, Simon4e0507, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    3.713
    Пол:
    Женски
    @Stone вака сеа мене големата ќерка ми е 5 г исто од овој оној немој со вас свекрвата дури ни викаше сонот смрт е ќе го згмечите :drunk:

    Се будеше накај два со вриштење и јас до кај 5 може и повеќе ја носев нишкав во раце па ко препарирана животиња на работа одев 8 саати со странки без време за тоалет шо се вика и секоја ноќ иста песна. После накај 11 м се будеше и си правеше клекни стани во креветче и слично јас пак земај ја носи ја ноз соби. Абе имаше ноќи кај шо ми спие на мене јас во ќошот од гарнитура потпрена спиев од шо веќе не можев да стојам после полека почнав да ја земам во кревет со нас па така успеа да ја врзе цела ноќ со тоа што се будеше сепак но ќе се гушневме можеби ќе шшкав и ќе презаспиеше некогаш веднаш некогаш после 1 ч(facepalm)
    5 г е сеа значи спиење ко ќе се спомне не знаете 3000 прашања 200 пати и се моча вода и се пие не знам што веќе не и се прави.
    Пробав дури и со мелатонин иако не сум баш за тој вид на суплементи ама ми беше некако чудна смени однесување скроз и мислев дека е од него па го запрев.
    Е сеа второво спие со нас т.е прво во креветче залепено до нас сега на минусов се грееме ние ама спалната до кај некое време после затвораме врата. Па кога се буди за цицање веројатно и е ладно и не сака значи само што ќе ја поместам накај креветче почнува со плачење и ја враќам до мене можеби ќе заспие веднаш можеби ќе попее можеби ќе поплаче ама не станувам да ја нишам или ако станам кога ќе се смири веднаш ја враќам во кревет заспана или не.
    Ко ќе ми речеа за поголемото такво е детето многу се нервирав... но како се роди второво сфаќам дека е вистина.

    Види ако може некој една вечер да те одмени за да одспиеш цела ноќ да се рестартираш ,знам како ти е и за денските дремки иста сум и јас.


    И да спиеме сите четворица на спална 160 ×200.
    До кога... додека сами не посакаат да спијат одвоено.
    Не е правилно ,можеби ни за детето не е добро веќе голема е ама ми олеснува ,сака така и супер за нас е најдобро во овој момент.

    Секогаш кога се споредувате прво размислете за вашите и за ресурсите на другите дали се исти.
     
    На strelec231992, Simon4e0507, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто некако во последно време како да е тренд да се каже дека детето спие на спална со себе а тие кои што сакаат во креветче се лоши.Океј е сите ги знаеме бенифициите од спиење заедно на кревет но секој има своја одлука.Мене одлуката ми е дека неизводливо ми е да спие на спална од мал милион број причини,висина на спална,тоа што спалната е на втор спрат и не можам да стигнам веднаш без да падне и немирното спиење на мене и мм се едни од главните.И не сметам дека ова е за да се докажам колку сум јака ,на форумов ќе пишував колку ми е се цветно колку ја обожавам улогата мајка и колку сакам да го мирисам.Простете ми без да се навредите ама 10 месеци сме затворени во 4 ѕида.Не искачам по молови ради болести,ни на шишање не го носам бидејќи да не фати грип од затворениот простор(читај колку ми е забеган умот),на отворено немам услови веќе имам пишувано и не би се навраќала.Искачање ни беше до маркет бидејќи кај и да тргнеме ни е далеку и доека стигнеме бебе треба да спие а надвор не ја тера цела дремка.Капак на тоа што навечер не спие одбирам да сум дома свесно за да седнам.И ве молам прекинете да го правите мајчинството дека е целосно жртва и нема како поинаку.Благодарна сум на сечие мислење и не се навредувам од никого ама смешно е на мајка што не стига да се види на огледало ,што не се знае што јаде што пие да и кажувате имаш предност да го мирисаш 10 часа плус.Си го сакам детето ама не значи дека личноста во мене треба да умре,и баш поради тие мислења и вината ,јас лично само бетер си правам и иако знам дека не треба немам како да си помогнам.

    Уште еднаш да се навратам на првичниот мој муабет...ќе пробам да го оставам кога стане стане иако не било пред 8 но мислам дека различното време на спиење секој ден само бетер ќе ни направи.Вака бар е свесен и сам во колку саат што следи.Ме бунеше зошто он во раце спие веднаш чим го земам а во креветче се буди.И може сум како робот ама немаше кој поинаку да ми каже освен да читам на интернет и да се снаоѓам сама.И не велам дека мене ми е најтешко...но морам некаде да кажам колку ми е тешко.
     
    На ALISA0000, Simon4e0507 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.930
    Допаѓања:
    26.957
    Пол:
    Женски
    Не си свесна колку сакав да спие во креветче и колку се обидував да ја вратам.
    Но и мене и на тебе и на многу мајки, ни треба сон. Без разлика дали оди некоја на работа или не. Дома да си е, е 100 пати потешко и повеќе обврски има една жена.
    Од таа причина го избрав делот, да кога ќе се разбуди да ја префрлам до мене.
    Ако ти заспива во креветче на прво заспивање, а сред ноќ се буди, пробај стави го меѓу вас, чисто да видиш дали така ќе заспие побрзо. Знам како е да заспие секунда во раце, а спушташ темпирана бомба во креветче.
    Може ја сака твојата близина. Тој период и сакаат повеќе близина бебињата.

    Сите сме биле во ситуација да неможеме во огледало да се погледнеме. Само макарони сум јадела , зошто неможев да отидам леб да купам. И пази со свекрва под мене, што одеше 10 пати во маркет и ниту еднаш во 9 месеци, не ме праша дали ми треба нешто, а надвор ладно, загадено, зима.

    Ќе помине се. Верувај се поминува.
     
    На Meddy, happygirl, strelec231992 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    904

    Види, очигледно се навредуваш доколку мислиш дека е исмевање тоа што напоменав дека треба да гледаш позитивно што го имаш цело време на светов со свое чедо. Лошо си ме сфатила.
    Сите сме биле така и сме оделе без чешел да видиме или пудра па не е крај на свет, неколку минути одзема тоа.
    Најмалку сакав да те навредам, баш напротив ти посочив пример од мајка која ја нема можноста да кулира по дома, да, и да ме вади од такт пак ќе е уживање тоа за мене.
    Да чекаш едвај да дојде викенд, да брзаш од работа за да имаш 2 часа со бебе да поминеш пред да заспие, да го мислиш постојано, да спремаш оброци ноќе, да си преуморна од работни обврски и сепак да сакаш да му се посветиш максимално е исто така еднакво напорно..плус сите домашни обврски да не почнувам.

    Опција градинка, ќе се посветиш на себе, третмани, фризери, возачка, кола доколку си во можност, безброј начини има.
     
    На Anaroz1, Yowannty, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.802
    10 мес е така?
    Ова според мене и син ми ти пишувам дали ќе ти функционира и тебе не знам. Не ти викам дека негде грешиш или нешто, може таа рутина нема да работи кај тебе.
    Прво, станувањето за мене е доцна. 10мес е да одеше во градинка во 7 ќе мораше да го будиш и да пие млеко.
    Јас би го будела од 7ч
    Млекото и доручекот ти се блиску.
    7млеко ако пие, па во 10 доручек.
    11 го легнувам до 11и30.
    Второ млеко 11:30 ручек 14:30
    Дремка 15-15:30
    Вечера 16:00-16:30
    Млеко и бањање 19:30 плус 30мл од количина што обично ја пие.
    Вака мене ми спиел без да стане до 6 сабајле. Некогаш ќе стане и во 5 па поместуваме ама пак терам да легнувал во 19:00-19:30.
    Значи може е прекасно легнувањето или станувањето...втората дремка исто може е касно.
    Како и да е пробај менувај нешто нема логика да ти станува веќе
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.286
    Допаѓања:
    15.498
    Пол:
    Женски
    @Stone колку спие вкупно во 24ч? Настрана будењето, можеби му е вкупно многу спиење и си ставил еден буден прозорец ноќе, ако веќе викаш дека редовно седи буден ноќе.
    Син ми на 10 месеца спише од 21ч до 7 сабајле со две дремки денски вкупно 2 часа. Значи се на се едвај 12 саата спиеше во 24ч иако просечно дете на таа возраст спие над 14ч. И поголемата ќерка беше иста, и он сега на 2 години спие уште помалку. Едноставно не му треба повеќе.
    Јас би ти рекла да пробаш да скратиш дремки малку, да речеме по 1 саат да бидат и порано да станува сабајле. Значи сите ww да ги зголемиш по малку. И да знаеш секоја промена се осеќа после 3 дена ама може и недела две да треба додека да се навикне комплетно. Значи што и да пробаш, барем по една недела пробувај да го држиш новиот ред пред да пробаш нешто друго.
     
    На Anaroz1 и Stone им се допаѓа ова.
  11. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Нели е тоа многу време буден наутро?Он вака си покажува знаци на умор на 3 саати.Ако стане во 7 а легне ви 11 не е тоа предолго за 10м?Плус само половина час дремка ако добро те сфатив?

    Пробав и помалце да спие денски дремки но апсолутно не смени ништо освен што беше кенкав.Не знам еве...околу 3 саати е денски сон,навечер поим немам осет неам за време еднаш решив ќе внесувам ама толку не знам кај терам и заборавам.Легнува во 8и45 со млекото до кај 9 спие ,најчесто не се буди до второто млеко но знае еднаш да стане со плачење липање.Млекото навечер му е од 1 до 3 чим стане е после тоа млеко е смрт.Значи заспива детето топ е заспано во раце но спушти го станува како никад да не било заспано.Се до сабајле.

    Јас не викам дека не ти фали детето ама на мајка што е затворена глупо е да речеш уживај и кулирај кога не знам кај ми е гз кај ми е глава и единствен муабет ми е со бебе што не знае да збори.
    Градинка не е сеуште опција но сигурна сум дека чим ќе тргне ќе е можеби за нијанса полесно.И мене би ми фалело детето да не сум со него цел ден,но кога 24/7 си 10м тешко е да најдеш сила да се радуваш колку и да звучи ова ужасно кажано од мајка.

    Во овој момент и досега не сум имала безброј начини,не сме сите исти со исти гледишта.
     
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.802
    30-45м дремки сум терала. Да не се успие бар редото дур ми го фатк.
    Може е многу ама па и многу ти е меѓу млеко и доручек. Или да намалиш едно ад во денот. Што пишува на кутијата количина по возраст види
     
  13. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Ама не нели е малце дневен сон тоа?Ја се изнамачив додека му ги средам денските да се саат саатипол бидејќи така доаѓаше според ww,а за кое млеко да го отфрлам?Зошто он си јаде се убаво 200гр оброк.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.482
    Допаѓања:
    68.909
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа што сите ти викаат со тебе да спие не е зашто е нешто да се направат најмајки, туку дека е полесно за тебе. Секако, зависи тебе дома какви ти се условите, што викаш спална колку е висока, дрн дрн, ама од аспект на полесно, е до негде. И мојава спиеше до мене зашто ако требаше да станувам на секој пола саат и да правам земи и стави во креветче мислам дека немаше да пишувам сега на форумов.
    Реалноста е дека треба да го преживееш ова. Не, не мора да си благодарна, пресреќна, зашто е пекол кога нема сон. Знам зашто моево не спиеше до... Па, многу години. Спиеше само во раце за дневните дремки, се помирив со тоа, наместив до мене лаптоп, вода, серија. Подобро ми беше отколку да ја спуштам и да стане за 15 минути плачлива и пак да се вртиме во кругот така со успивање. И тоа го пробав, се мачев некое време зашто слушав од страна дека МОРА да се научи бебе. Ама, бебе едноставно сакаше некој до нејзе и тоа е тоа. Си го послушав инстинктот на крајот и ни беше полесно на двете. Ноќта беше хорор. Ја одбив демек ќе помогне. Не помогна. Уште ја нишав, претешка, па седнав така на мене седејќи ја нишав, па на крај легната и на крај успеав да ја спуштам.
    И знам дека си пренервозна. Зашто неспиен човек е нервозен човек, просто.
    И пишувај тука, споделувај, и да се скараш со нас овде, океј е, мене барем зашто апсолутно те разбирам.
    И пробувај работи, легни го порано, стани го порано, затемни, осветли, тишина, врева, ноќе демек не му збори, све стемнето, тапкај по газе, и ете, ќе помине времето и ќе почне да спие. Малку по малку, ако ништо не успее, времето секако е на твоја страна.
    Маж ти кога е дома дремнувај, кога и да успееш да фатиш време, не, не мора да чистиш, куќа да гледаш, што и да мислиш дека треба да правиш, сонот ти е најважен зашто ти е во критична фаза. Ќерка ми девет има, уште се буди некогаш, да речам почесто, имала ноќна мора, и се одело до вц, вода и се пие, пак не е некој спијач да легне и кома да е до сабајле, едноставно не е такво дете и тоа е тоа.
    :hug:
     
    На strelec231992, Simon4e0507, naturally и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.802
    Ама штом ноќе се буди и седи значи или му се многу 2 дремки. Почни да го будиш порано, 8 е доцна по мене. Па види после тоа како ќе тераш
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Да затоа што му фали блискост за да презаспие, гледај на тоа вака, дали ти или општо некои луѓе ако не се гушнати со партнерот не можат за заспијат?Веројатно да, така да не гледај на тоа како на нешто што сака оно да го прави за да те нервира, моментално е у фаза веројатно дека сака блискост, или помири се и спиете заедно ако сакаш да се наспиеш или чекај да помине.
     
    На strelec231992, Eho, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.749
    Пол:
    Женски
    А да го оставиш да видиш кога ќе си тера сам по свое темпо како ќе биде? Јас првото по книга, се беше бомбона, пробав и со второто, аха, ми се насмеа, додека терав по книга и јас и дете нервозни, го оставив сам да си тера темпо сите бевме посреќни. За спиење како ти одговара прави, нема правила. 10м е ок за 2 дремки, ама да следиш прозорци толку прецизно е претешко. Замисли на 10м деца има во градинка, таму спијат во 12, станати во 7, значи не е многу сепак. Секогаш води се по редот во градинка, особено ако решиш да го пушташ, сепак таму правеле програма педијатри и педагози.
     
    На Anaroz1 и Stone им се допаѓа ова.
  18. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Како е редот таму ,немам искуство.Ќе ми значи ако споделиш.Он сега денски си се води баш исто како по книга.Значи сам дава знаци дека му се спие и се тоа.И мене ме бунеше моментот за бебиња во градинка па спиеле не спиеле кога јаделе млеко јаделе ужинки а читам ужинки никако пред 1 година.Претешко е кога се водиш само по интернет ама немав избор кој да ми каже како.
     
  19. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Ама не е за дали сакам или не сакам да спиеме заедно.Опасно е за него.Не можам во опасност да го ставам за да поспијам.Патем моментално можам и на ќерамиди да заспијам каков партнер гушнати...шала на страна знам дека му треба блискост но јас немам сила.
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Во ред висока е спалната, не е на прв кат…исто беше и кај мене кога не живеев во МК, па ете прогуравме.
    Нека спие малце мм во дневна,во друга соба, спијте сами, има мрежи од една страна за спалната стави и нема да падне додека спиете, решение ако сакаш да најдеш од овој аспект има.
    Ако сакаш наврати се на темава на моите мислења од пред 2г исти беа, дури и до скоро беа исти додека не исфрлив дневна дремка и потполно те разбирам дека е ептен нервозно.
    Ама со глава во ѕид одиш, децата ако се решени дека нешто не сакаат колку и да се мали нема со сила да го направиш, ете твоето решило дека веќе не сака во креветче да спие, веројатно е период и ќе се врати во нормала штом до сега спиел така.
    Ама ќе ти кажам и една брутална вистина и може нема да ме сфатиш како што треба, ама со самото тоа што оно се буди ноќе и ти автоматски стануваш нервозна оно најверојатно сака да остане со тебе оти осеќа опасност од твојата нервоза ама истовремено си му и сејф личност и не сака да се раздели.
    Ова ти го кажувам со најчиста намера, оти бев на твое место, апсолутно секогаш кога сум била екстра нервозна детето не сакало никако поразлично да спие освен во мене и тоа уште повеќе ме иритирало.
    Ете и сега заспа кај мене на гради залепен, пак ќе повторам скоро три години е.
    Дали ми е исцрпувачко сето ова толку време? Апсолутно да, 3г со мм немам легнато заедно. Ама јас сум сама он е у странство, ако не спијам ноќе и ако не следам темпо кое он го диктира, нема воопшто да спијам и нема кој да ми улета на помош.

    Така да пробај порано будење и порано завршување со дремки, може ќе помогне, ако не помогне следен чекор е да пробаш ма спална, една вечер ништо повеќе и види.
     
    На mal.ecka, Yowannty, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.