Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Ако мораш или од х причини решаваш да пуштиш дете во градинка, прости се од правила, од закони, вака пишувало, така пишувало.

    Појадок околу 8:30 е
    Околу 10:00 чај или некоја грицка, мини ужина
    11:30 ручек
    После тоа спиење до околу 14:00
    Ужина во 14:30

    И со сол и запршка јадат и благо и сето тоа.
    Не викам дека е правилно и дека треба и ти дома да го правиш тоа.

    Кај нас викаа наутро да се носат гладни децата за таму да го јадат појадокот.
    Ќерка на таа возраст од околу 10-11 месеци пиеше млеко околу 5:00 наутро и после тоа не давав ништо.
    Ја носев во градинка.
    И дома почнавме денот со појадок да го стартуваме.

    За дремки сигурно имаше повеќе од една додека се навикна скроз.
    Во градинка викаа воспитувачките помалите што се случува сами да заспијат ги оставаме 15тина мин, колку да се освежат и будење после за да може со останатите во 12:00, 12:30 најдоцна да е заспано.
     
    На Ladyme и Stone им се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    6.334
    Пол:
    Женски
    не ми текнува да сум прочитала и ти имаше карпал тунел? Пиши ми на кратко ако имаш малку време ако успеа да се вратиш во нормала и како
     
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    3.713
    Пол:
    Женски

    Ох да извини што не пишавме реални искуства туку трендовски мислења...

    И не сфаќам како ќе падне ако е на средина.

    И имам многу да кажам на темата вработена vs невработена мајка на бебе ама нема ,ќе бидам лоша.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.926
    Допаѓања:
    26.948
    Пол:
    Женски
    Во моментов сме со ќере на висока спална. Од една страна е залепено креветчето, од друга спијам јас. Година и 4 м, ниту еднаш нема паднато од кревет. Камера вклучена, некој со неа тера исто дремка или зјапаме во тв или тел.
    Мм е најчесто во дневна, особено кога е прва смена. Неговата работа не трпи да нема сон. Една грешка, ќе ,, отруе” пола народ.
    Те читам постојано и ми доаѓа да те земам на гости. Ама најискрено ова.
    Ако си ми во близина, отворена покана имаш од мене.
     
    На Liza38, Simon4e0507, merriel0 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.976
    Допаѓања:
    189.902
    Пол:
    Женски
    Спиењето до тебе има бенефити, ама уште повеќе ризици. Така што е далеку од тренд и ако не е сигурна дека бебето ќе биде безбедно подобро да не пробува. Не оти ќе падне од спална, ќе падне секако, сите паднале од спална, туку поради задушување. Тоа што се буди кога го спушташ во креветче е оти му прија твојата близина за да спие. Е јаре и паре нема, нешто мора да се смени.

    Првата година по дете, а неретко и втората се многу изолирачки години. Не физички, туку менталната изолираност е тешка, оти можеш да имаш и милион души околу тебе и пак да се осеќаш многу осамено. Многу нови работи, цел човек за растење што зависи од тебе, огромни промени, менување навики и прилагодување на други навики, на врвот од сето тоа хормоните особено отежнуваат. Не е дека не сте среќни и не сте благодарни, туку едноставно можеш да си среќен и многу благодарен и истовремено да ти е тешко, да си нервозен и фрустриран на моменти, едното не го исклучува другото.

    Мислиш само ти си нечешлана? Пфффф, овде никој нема да ти признае дека и една недела останале неистуширани и не измиле коса. Сите се жалат на презахтевните деца, ама рутината сабајле не трпи. Епа тие две работи не одат заедно.

    Бебе заспива во 7, во 7 и 20 веќе му е прво будење. Периодов толку многу прета цела ноќ, изглеа преживува во сонот она што го гледа дење. Цела ноќ сум будна, сабајле пред 7 станувам и одма сум турбо, морам да спремам појадок за децата, да им спремам ранците, да ги средам сите 3ца и надвор да ги разносам во градинка. Во подобрите денови кога бебе седи во хранилка ќе успеам и да мочам и да измијам лице, иначе мијам само раце за да им спремам нив појадок. Косата ми е во пунџа само ја префаќам, е алишта за сите се спрема од вечер. Дома сум во 8:30. Ако имам среќа да е заспан во количка, трчам да мочам и да мијам лице оти знам нема да трае. Во 12 одам да го земам едното дете. Жива тортура ми е секое сабајле. Кога ќе ми се собере се, сакам да се испукам, ама сега после 3 деца, знам точно дека нема да трае уште долго, веќе толку сум уиграна што почесто рамно ми е се.

    Првата година е особено исцрпувачка и ментално и физички. Најди си копинг механизам за да ја поминеш полесно. Шетај надвор, не седи затворена. Бебе во количка или во раце на кратко надвор во двор или околу зграда. Почни да правиш нешто различно кога веќе гледаш дека истото не ги дава истите резултати. Пробувај, менувај, нешто ќе се погоди нешто нема. Ама еднаш ќе се сменат работите. И како што ти кажа Мери, тоа е нешто низ што мораш да поминеш. Не е тоа никаква жртва, едноставно некои деца бараат многу повеќе инвестирање и многу повеќе труд. Оние што немаат такво дете, никогаш нема да те разберат.
     
    На Надеж♥️, Autumn Love, Anaroz1 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Многу ти фала за мотивацијата.Те читам и ти се дивам на мајндсетот што го имаш,дури и срам ми е ја со едно што се жалам.Ама тешко е јбг...некад претешко што не се трпи.Жал ми е што не можам да си го прифатам сето ова.

    @BellaBibi фала ти најмногу,не можам престресно ми е дека нешто ќе му е на детето ,он се буди станува и веднаш движи.Ќе падне.Не ми е тоа мир.
     
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.926
    Допаѓања:
    26.948
    Пол:
    Женски
    Околу спална перници, ќебиња стави. И тоа правам. Она спие, мене ми се оду во тоалет. Морам.
    Сега и сама се симнува веќе. Околу годинката научи, сега е махер за тоа. Вежбајте и како да се симнува.
    Па сега ако се стресираш, кога ќе почне да оди, знаеш колку паѓања има??? Безброооој.
    Секој ден нова џумка имаше на главата.
    И ќе осетиш кога мрдне/ стане.
    На крајот и ти спиј со него кога ќе легне. Ем ти одморена, ем бебе сигурно дека мама е тука. Гушни со грпчето негово према тебе и уживај.
    Ќе трепнеме и ќе не бркаат од соба :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Извинете, малку ќе ви се умешам во муабетот ама да го споделам и јас моето искуство, може ќе е од помош. Јас карпал тунел синдром добив пред околу 5 години. Имав преголема болка, дури и оток ми се појави помеѓу палецот и показалецот. Не ми помагаше ништо, па една недела бев со инјекции против болка, потоа некое време пиев Неуробион форте. Кај мене мислам дека многу помогна носењето стегач навечер, за време на спиење. Лошото е што, периодично, при поголем замор на раката, повторно ми се појавува болка и трнење. Почнав превентивно после поголем замор да ставам стегач и така не ме боли толку многу како претходно, а и поминува за ден, два.
     
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.976
    Допаѓања:
    189.902
    Пол:
    Женски
    Аууу како па да не, каков срам од жалење. Па што мислиш ти како дојдов јас до овде? :D Да ми читаш стари мислења, кога прв пат станав мајка, секое второ мислење ми е “не можам вишееее”, “полудееввв”, “готово не можам да издржам” и особено најповторувано ми е “готово, рацете мислам дека ми се отворат и ќе ми падне бебе” :D тоа кога станував да нишкам бесконечно многу пати цела ноќ. :D После се уигруваш. Ама жали се. Испукај се. Жута минута е кога ќе ти се собере се. Ќе остаиш бебе на маж, ќе влезеш во вц ќе се исплачеш. Ќе ти олесни. :) После назад во бубањ и тамам еден ден ќе легнат работите, ќе ти тропне во мозок ултра себетортурирачката мисла да одите на второ. :D
     
    На Lostinparadise, LiquidLuna, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    6.334
    Пол:
    Женски
    Од вчера сум и јас со стегач од медикус хелп, го носев цела вечер и денес го вадев само за ранење дете и миење раце или нешто ситно и мислам дека е подобро. Трнење има ама не е толку интензивно. Мн ми е страшно што трнењево не поминува вее 10тина дена цело време е тука :sweat:
     
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    6.334
    Пол:
    Женски
    Кога и да те читам имам впечаток дека си преплашена зошто си сама и никој не ти кажал колку добра мајка си ти за своето дете. Мора да бидеш храбра и цврста. Јас спијам со ќерка ми на спална, сами спиеме од почеток. Сега креветчето го ставивме до спална и ја извадивме едната страна и повремено пробуваме тројцата да спиеме ама се буди 150пати и решаваме у сред ноќ дека е попрактично да спие со мене на спална. Нема да ти падне и нема да ја згмечиш. Мајчинскиот инстинкт е силен и одма рипаш и да издиши посилно верувај ми. Јас сум голема спанка, откако сум породена сум на штрек и спијам во етапи. Од мене советот би бил да се опуштиш, и јас сум сама по цели денови, си наоѓам среќа во неа, она ми е најдобра другарка зошто моите другарки моментално водат бизниси, никој не ми рекол абе шо праиш преку ден да не ти треба нешто, сите запнуваат за искачање на пијачка да сум олабавела и не им се лутам пошто водев и јас до пред 7месеци и не ме секираа туѓи маки, не сум ни прашувала како им се децата од толку што бев исклучена во тој домен а и они поминувале низ слично.

    Сакам да кажам, пробај малку да работиш и на себе, универзумот ти го дал тоа твое убаво мило бебе и ти си најспособна да го водиш низ првите години од животот. Не сум чешлана ни ја, нити сум нашминкана секој ден, дома среќа ми е горе доле средено ради тоа што почна жената што ни помага да доаѓа по два пати неделно па сега е веќе полесно од таа сфера. Јас сум мн друштвен човек со еден куп познаници пријатели роднини ама ако веруваш сега никој не ми треба, само маж ми и ќерка ми…моите и брат ми повремено.
    Ниту еден ден откако е родена не ми е ист, немам правила следам само прозорци на будност да не ја преморам ама ниеден ден не знам точно кога ќе спие и се чудам како ги темпирате па уште и ги будите од дремки по распоред :headbang: јас славам ако спие повеќе од 45мин дремка, остај природата знае најдобро, кои сме ние распореди да правиме :drunk: следи си го детето. Уствари ако разбрав добео проблемот е дека не ја преспива ноќта и станува еднаш два пати… верувај сите го прават и ретки се тие што им спијат по цела вечер барем до година ама па и што ни е работа друго освен да сме до нив, да ги научиме да одат, да ги научиме да спијат, да ги научиме да зборат и се друго што треба :f:

    Опушти си ја душата, најдругарски поработи на себе, на свесноста за среќата која ја живееш и за се она што се случува сега и во моментов.
    Многу е краток животецов а ние сме само една точка на планетава … пушти си ја душата да ти се радува на малите работи и ќе дојде големата среќа, никој не умрел од неспиење 2години, ќе преживееме и ја и ти и сите други херојки тука :l:
     
    На fragaria, Оленка*, Eho и 10 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.749
    Пол:
    Женски
    Прво, извади си од глава правила и прописи, не читај ништо и следи си го детето. Губиш златни мигови водејќи се по правила и губејќи разум. Ти пишале во градинка како е, со тоа што не е секаде исто, кај нас нема запршки и вегета, сол има, нема толку благо. Млеко во градинка не пијат до големите групи, тогаш им даваат ако јадат мед на леб или мармалад. А и тоа што млеко е, пола чашка. Не знам кога ти станува сабајле пред официјално будење, јас сум давала тогаш млеко (на големото, пиеше мајчино во шише) а малото цицаше, и двајцата тоа будење им било кај 6 и презаспивале уште саат време, следно будење било за доручек. Пак ќе ти кажам, батали саати и правила, следи си го детето. Многу повеќе уживав со второто кое само диктираше отколку со првото кога бркав саати. Ако ми веруваш со првото не мрднав никаде, дома и само дома, со второво дома не се прибрав.
     
    На fragaria, BellaBibi, Anaroz1 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.802
    Го имав легнувано кога беше болен а ние преморени да стануваме и мериме темп.
    Спие сам во кревет, а во своја соба од скоро 4год..немавме можност за порано да го одделиме.
    Ја сум против спиење на спална, прво ми е небезбедно.
    На 3год скрши клучна коска од паѓање од кауч во дневна полузаспан...така да никогаш не би оставила мало дете да спие по спална и дневна. Под или креветче.
     
    На Simon4e0507, Stone и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  14. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам мајки на сите мислења совети и најважно на поддршката.Во оваа осаменост и изолираност добро е да прочиташ дека не си сам.Не знам како ќе терам сепак не би на спална но ќе пробувам нешто.Жал ми е и мене што се водам по книга и не можам да го искоренам тоа од себе,не знам како.
     
    На fragaria, sani99, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    967
    Пол:
    Женски
    Стоун, те имам читано и претходно ти имам и реплицирано. Испукај се што ти тежи на душа. Јас те разбирам ама по 90% од мислењата што ги прочитав, луѓето не можат да разберат. Ние сме исто скроз сами, останав бремена после многу тежок период за нас, период во којшто се изолиравме и дистанциравме од 99% од луѓето околу нас. После бебето скоро со сите, зошто нели после прво бебе отвараш очи, затвараш врата.
    Со единствената другарка со којашто сме најблиски и од деца и сум во контакт, не живее во Македонија.
    Буквално помош немам ни за лек што би се рекло и социјални контакти еден на два месеца. На работа кога останав бремена милион перипетија па ни таму не ми беше опција дружба. Мм со смени 12ки, 24ки, терени, дома преморен, одговорна работа гледам да го поштедам.
    И се ова не го кажувам во контекст да се самосожалувам, туку да ти кажам дека те разбирам. Последното мислење тука го имам пишано пред нова година дека ќе престанам да поминувам време тука и од тогаш 2-3 пати имам на блиц отворено и мене многу позитивно ми влијае. Не очекувај од жени што живеат во заедници, со мајки, свекрви спремни за помош, со жени дадилки итн да можат да разберат како е. И нема ништо лошо во тоа дека некои жени и имаат помош само што не можат ни да замислат како е во оваа позиција и повеќе ти одмогнува да читаш отколку да ти помогне.
    Јас тоа што почнав да практикувам исто е првично немам никаков стриктен ред. Нема ништо да му се случи ако остане повеќе буден од тоа што е предвидено, нема мозокот да престане да му се развива. Битен е вкупен сон во 24часа, тоа гледај го.
    Друго, дека си дома цело време разубави си нешто низ дома. Купи нови убави шолји, стави си кафе во нив. Купи нов сет чинии, зготви нешто ручек/вечера нека е и макарони во сос, послужи ги убаво. Нарачај од тему има сетови за везење, плетење, да работиш нешто со раце и да си присутна во моментот. За време на дремка прочитај 10 страници книга, не мора повеќе. Колку да излезеш од овој зачаран круг.
    Дистанцирај се малку од виртуелен свет, од форумов. Добиваш совети од луѓе коишто многу веројатно живеат во различни околности од твоите и сите што се со покрути коментари ти гарантирам дека не би ги дале истите совети кога би биле наменети за драга особа на којашто и ги знаат околностите.
    Може звучам сурово ама само луѓе што скроз сами прошле низ првата година од родителство можат да разберат. Или со мажи што работат од дома па пак може да го погледаат 5минути да се измочаш раат.
    Јас точно знам како е и 10 дена да не стасаш да измиеш коса и со флеки на тренерки да шеташ 2 дена и да немаш со денови со кого да размениш 5 збора.
    Ама на крајот од денот, нема ритрн полиси. Ни се сменил животот и јас сум сакала да се акнам од земја некои денови колку ми било тешко, сум мислела ќе се онесвестам од умор ама тоа е ко што пиша некоја од членките погоре, иди во вц исплачи се, измиј се со ладна вода и назад. Ќе помине побрзо од што замислуваме, знам добро колку ти е тешко. Ти стојам на располагање да ми пишеш во секое време за да се испукаш. :l:
     
    На Lostinparadise, fragaria, Valkii и 4 други им се допаѓа ова.
  16. reliable

    reliable Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    19
    @Stone Не сум активна на форумов, ама читам кога имам време. А почнав да читам во бременоста со второто и почесто по породувањето. Јас сум од оние кои обожаваат ред и дисциплина. Големата ми беше дете по книга, апсолутно по неа можев аларм да местам. Од прв ден спиеше во креветче, од неполни 2 месеци почна да врзува по 6+ часа ноќно спиење, заспиваше сама, со бел звук, јадеше по табела, што треба и колку треба, до грам. Малиот, 13 месеци, тотална спротивност од неа.
    Првите 2 недели се менувавме со сопругот бидејќи спиеше исклучиво во раце, до 3 месеци спиев на тросед во дневна, а он на двосед во гнездо. После пресеков па почнавме да спиеме во спална, он во креветче, се будеше за цицање и продолжуваше да спие. Веќе 2 месеци спие на спална меѓу мене и сопругот (доаѓа и дада понекогаш). Прво почнав да го зимам во сред ноќ, кога ќе станеше, сега веќе цел месец и се успиваме така, легнати, зашто не можам да го нишкам. Муабетот ми е, во првите 2 недели, секој ден имаше момент кога сама себе си велев "што ми беше потребно ова, на веќе пораснато дете". Звучи себично, ама хормоните и уморот си го прават своето. Сакам да ти кажам дека има бебиња и деца кои се по книга, а има и такви поради кои ќе ти прелетаат како молња мисли, за кои во следната секунда веќе жалиш. Пробав и инсистирав да терам со ред со него исто како и со големата, ама во моментот кога се откажав, станав посмирена. Од 11 месеци е со една дремка дневно, некогаш саат некогаш трае 2 часа. Дремката му е околу 11 најкасно до 13. Станува околу 7 сабајле легнува околу 20.00/20:30. За се што кажував дека нема да правам и не правев со големата, се направив со него. Ова ти го кажувам зашто апсолутно разбирам како ти е, за се што имаш пишано. Пробај една вечер, две, нека спие помеѓу двајцата. Верувај, како што кажаа и другите членки, ќе го осетиш и кога ќе прдне. Можеби ќе спие поубаво и он, па ќе одмориш и ти.
     
    На Lostinparadise, fragaria, Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Мислиш ако ја оставам 2-3 дена сама со татко и ќе смени нешто?
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.562
    Допаѓања:
    18.261
    Пол:
    Женски
    Не можам да го сфатам моментот да се третираат мали бебиња како роботи, дека мора да стане во 8, мора да јаде во 8ипол и тн. Разбирам кога имаш обврски, работа, па да се водиш по некаков распоред, ама сега дома со бебка сами и да ја будам во 6, 7 намерно, а да и се спие. Па после два саати во 8 да ја успивам намерно, за да заспие во 8, 8ипол најкасно. Вие секој ден исто спиете? Секој ден исто јадете? Секој ден сте расположени??
    Никогаш нема тоа да го правам, следам кога и се спие, кога и се јаде, ама дека на сила ќе ја успивам и будам, нема. Да ако сум решила да излезам во 13 часот попладне, а заспала тогаш, нема да излезам или ќе излезам покасно и големо чудо ако и се помести следната дремка, не сме роботи, живи луѓе сме. Само се следат некој правила, некој трендови, рутини, тренинзи кои не резултираат со ништо, само залудно фрлени пари, само се лута по нешто, се бара да се постигне некое совршенство. Дишете, опуштете се, уживајте малку во мајчинството, период е, тежок е за секоја мајка, ама од нас зависи дали дополнително ќе си го отежниме или олесниме.
     
    На Mumoftwo30, Lostinparadise, Liza38 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.100
    Допаѓања:
    7.055
    ни јас не разбирам како им успева да заспијат дете кога не му се спие, никад не ми било јасно, сум пробала, не бива.... :drunk::drunk::drunk:

    @Stone се споделија премногу приказни и искуства овде, да не должам и јас сега, секоја планина своја тежина, знам што значи да живееш со малку сон.... знам која напнатост ја предизвикува, НО прво сакам да те утешам дела не е вечно и дека поминува и се менува, второ, од она што прочитав на блиц, мислам дека ти се наспива преку ден и затоа ти станува навечер, пробај да скратиш на дневни дремки..
     
    На fragaria, Baby warrior, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Кога бебето ќе тргне во градинка ќе го будиш во исто време?Таму во исто време јадат?Ок фала многу.Заврши темата на роботи тука.
    Мене ми одговарало распоред а и на бебе бидејќи од бебе кое е активно точно си знае распоред.МОЕТО бебе не е помалце среќно од твоето.Си расте и си се развива правилно.Те молам немој да судиш нечив начин и став,јас твојот не го судам.Секое семејство функционира на начин кој што му одговара.Јас вака сум се научила.И нема везе следење распоред на бебе со ебано тешко мајчинство.