Јас пак ќе кажам, се тргнува од тие лажни инста и тик ток светови, премногу се огледувате на странски мајки кои имаат 24/7 помош или не готват, не чистат, не прават ништо, па животот им е снимање за интернет. Баталете тоа, следете деца и живот во Македонија. И да, не велам децата во сред вируси да ги носите во игротека, ама кога нема епидемии ја грипови ништо нема да им е и во игротека и во мол и во гужва. Зоолошка е наша цела пролет и лето, со бус одиме и тоа, од Ѓорче, па ништо не им е. Во игротеки не одиме, ама уживаат да пазариме, па Сити мол е често дестинација кога сакаме да утепаме време. Луѓе сме, природата ни е да комуницираме, не да се затвориме дома, а фала богу живееме во 21 век со триста опции и може и треба да имаме комуникација со луѓе и да се дружиме и да шетаме. Деца се, пребрзо се учат на нови рутини, не им се плашете како да се кукли, ако не спие 2 саата во количка, ќе спие пола саат, утре 40мин, задутре 1 саат (нормално дека фигуративно зборувам), ништо не доаѓа преку ноќ. Мајки, психичкото здравје е половина од решението на проблемите, на тоа дете повеќе од ред му треба психички силна мајка, емоционално стабилна, а не да плачеш и да осети дека нешто не е во ред. На едно дете мајка му му е цел свет, другите во почетокот се пропратна станица, мајката е најважна, ако таа е вознемирена и детето ќе биде.
Тоа е мој личен став и како јас гледам на работите, не знам од каде заклучи дека те судам и осудувам за нешто, не може да се напише мислење а некој да не се чувствува навреден, повреден ако немаме ист став кон нештото. Но нешто кога ќе споделите треба да прифатите дека не секој ќе се согласи со вас. Вие сте заглавени во вашата рутина, не сакате да излезете од комфорната зона, имате милион изговори зошто не би направиле нешто што сакате да го направите за да се чувствувате посреќни. Во тој момент кога ќе се осудите да излезете од вашата рутина и ќе го направите првиот чекот, ќе бидете посреќни, пробајте барем секој ден да правите нешто ново, или еднаш неделно доволно е да се спакувате и да си речете сега ќе одиме на прошетка, кога ќе се вратите ќе бидете посмирени, позадоволни, а и бебка. Не сум гаталец, туку паталец, знам низ што поминав, знам колку е тешко, мајчинството е најтешко, еве се разбуди со плачење и спие стуткана во мене додека го пишувам мислењето. Верувам во тоа дека сте една храбра мајка што го прави и сака само најдоброто за своето дете.
Да и после кога ќе има 4 + ќе ти ср плаче кога ќе нема ред и ќе се тегнете за заспивање во 11-12. Не зборам на памет, секое дете е исклучок. Ама ред треба да се воведе. Секако не на мало бебе, ама како што ќе расте треба да се знае кога се спие, кога е доручек. А не на 12мес да си играме до 1 сабајле... Гледам факти околу мене. Сите што имале ред со децата сега имаат 5годишни деца што си легнуваат во 20ч стануваат во 7 итн. Тие од мали што правеа како детето ќе им каже, сега мака мачат и не им заспиваат децата пред 11-12. Не некои не им пречи тоа и пак е во ред. Ама дека има влијание и ефект редот има. Моето имаше дремка 2часа дома до лани, тие што се водеа по децата, малтене воопшто дома не им легнуваа попладне, и ми се чудеа како ми спиел мене а во градинка каде што има ред си спиеле по 2часа. Пак ќе кажам има исклучоци, среќа имав моево дете беше по книга и многу лесно поминав и можев да го оставам на било кој ќе заспие во 19:00 ние шетавме... на секого посакувам да му спие убаво детето
Добро бе буквално ме цирираш со спиењето до 8 а потоа викаш кој те суди тебе.Кого судиш?Не прочитав некој друг.И не сум ни повредена ни навредена не било прв пат да го слушнам тој муабет па дури и од поблиски.Јас верувам дека моето темпераментно дете му е подобро кога точно знае што следи ,полесно му е отколку нешто ново да тера и да му е изненадување што е следно.Милион статии има како бебињата сакаат рутина.Крајно ако не одговарало нешто или бебето не било како по книга не би терала нешто насилно.Но еве ја сум ја имала таа шанса да му одговара рутина.Човек сум што сака да е колку толку организиран па ако имам шанса да воспоставам ред не гледам што е лошо.Сметам дека е подобро да знам кога детето ќе има дремки отколку на среќа кога заспие тогаш. Да се надоврзам и на @AngelOfArh воопшто не се огледувам на инста мамички кои среќно отишле на патување со дете и се е совршено ,а позади нив е фамилија од баби и дедовци кои думкаат бебе во друга соба.И не сметам дека е грешно што отишле сите туку лажната слика ја има за жал.Но пак ќе речам мене не ми е репер нивниот живот.Моите очекувања некакви и замисли кои сум ги имала се скршени.Немам опција за шетам,не можам бебе да го ставам во бус со илјада луѓе,страв ми е од вирус.Не сум имала шанса досега да оставам бебуш и да вежбам за да возам кола.И на некого ова ќе му се изговори,мене ми е страв.Во маалото имаме чопор кучиња кои напаѓаат.И храна да им дадеш преголем број се и многу пати нападнале,страв е бе луѓе да искочам со бебе,он ми е цел свет.Едноставно не можам да пројдам.И јас на секого совет би дала дека психичкото здравје е најважно,апсолутно.Дека треба менување средина и се остало.Ама некогаш не е така лесно да се направи како да се каже.Јас ве сфаќам сите но и себе и својот страв го сфаќам. Прво ми е се ми е ново ,ако не ја спие цела дремка ја паничам бидејќи сметам дека треба,и што ќе правам потоа,одма паника блокада. Еве лежам на спална и си мислам ако му ги скратам дремките да се помалце како што ми советуваа тогаш ќе му се поклопи време за дремка со јадење,а ќе е пребрзо за порано,прекасно за после дремка.Одма паника и блокада.Ако стане порано како да го терам денот.Порано се се поместува?Не знам како да ви опишам дека не знам,ново ми е и после 10м јас не знам точно да се снајдам во оваа улога.Сите сме различни каракрети некои поопуштени некои постриктни.Не ми менува мене дали некој ќе ме осуди или не...јас пак сум таа на која чека ова мало човече.
А имате ли нешто план до кога вака ќе терате? Градинка, работа, како ќе го носиш во градинка итн? До 9 месеци и јас бев на породилно, го немам оставено подолго од саат(само со сопругот), освен еднаш. После мајка ми доаѓаше и го чуваше додека јас работев од дома и го доев, успивав, пресоблекував итн. Ама и кога бев на породилно и мајка ми кога го чуваше, го носевме надвор освен кога е многу загадено. Сакам да кажам имаш ли планови зашто уште некој месец ќе оди ќе трчка, ќе сака и да се прошета надвор да истражува, некако не ми е ок да се затвориш со дете во 4 ѕида.
@Stone не гледам дека некој те осуди, се гледа дека имаш мака, пробувам да те разберам, живеев на место кај што не можев да прошетам со бебе, ама јас возев и ја вадев секој ден.... така да можам само да претпоставам колку ти е тешко, претешко е да си затврен во 4 ѕида и секој ден одново да го живееш истиот ден...рачунај дека бебето кај и да е ќе ти прооди, 10 месеци има, мора некако да го извадиш од дома, едноставно ти се наспива преку ден, затоа ти се буди навечер, тоа бебе ќе биде дете ќе мора да го умориш некако, зашто не го пуштиш во градинка? така ќе имаш време да земеш часови за кола може, не знам размислувам на долг рок и за понатаму...
Планот ми е веднаш чим прооди да го запишам во градинка,во меѓувреме сега почнуваме да ја учиме свеки да го чува преку ден за јас да работам(иако сум дома) да се навикнат и научат.Тешко иде ама нема избор.Не ни сакам да го држам детето затворено,сметам дека градинката е одлично место и дека секое дете треба да иде само мое мислење е да прооди прво па да го пуштам.Сигурна сум дека многу работи ќе ни се сменат тогаш и ќе има дел полесно дел потешко но сепак додека се издржи е тешко.
Пишав во меѓувреме,не ми е пријатно непрооден да го пратам во градинка.Веднаш чим ќе е прооден ќе оди,и градинка и се е средено на таа тема.Сигурна сум дека ќе е подобро тогаш.Ова со живеење секој ден ист ми е најтешкиот дел од се.Се чуствувам дека на бебе не му се радувам зошто чекам само да помине денот.Тие што не искусиле на своја кожа вакви ситуации нема да сфатат.
Добро е што имате план, те разбирам колку ти е тешко. И ние сме уште така навикнати да го растеме надвор иако сега е поголем, веќе и дома има занимации со сложувалки, коцки, книги. Кога треба да седиме за викенд дома не фаќа некоја флегма, нервоза не можам да опишам. Едвај чекам пролет да дојде и да не е загадено. Се сеќавам и мајка ми кога го чуваше, едвај чекаше да дојде време да го изнесе. Полесно се чува дете така
@Stone , те сфаќам комплетно бидејќи еве 3 години има, ако прескокне дремка на пладне, моево може да заспие во 16:00 пример, да ја оставам да спие 1+ час, следно значи ќе си легнеме после полноќ, а јас која станувам во 6 наутро ќе бидам претепана цел ден. Или ќе заспие во 19:00, во најдобар случај ќе ја спие цела ноќ, во најлош случај ќе стане во 20:00, па со часови ќе се убедуваме дека треба да продолжи со спиење. А да, 3 години е и сеуште сама си правам нервози ако биде вака, ако биде така. Посебно што моево дете одбира такви "екцеси" да прави кога попладнето сме на роденден, на гости некаде, треба да ни дојдат гости итн. Па не знам ненаспана како би се однесувала итн. За вируси од мала е во градинка, ние на работа, прележува и повеќе од што треба, дали ние сме донеле, дали таа. Во автобус е возена 100тици пати, со воз, со такси. Мораш прво малку и на тебе и твоите стравови да поработиш. Не само возењето, туку еве од уништување на рутината. Ништо нема да му е ако замениш редослед на оброк и млеко. Ништо нема да му е и оброк ако прескокне еден ден или наместо да заглавиш во кујна и готвиш посебно, јаде готова каша/оброк. На крај на денот и леб со јогурт надробен е оброк, кој може не е за секој ден ама е опција кога ти треба издишување. И што вика Ангел, 40 минути во количка надвор е дремка. Малку релакс и за домот, не мора секој ден избришана прашина или секој ден да имаш ручек. Или да е со правосмукалка поминато. Или навечер да изгледаш филм со маж. Нафрлам само идеи, не знам ни што, ни каков ти е распоредот и што очекувања имаш во денот. Повеќе пати имам пишано ама во моментот кога решив дека не морам секоја вечер да трчам од парк дома, за да зготвам вечера и може и во пекара да јадиме, најубавата одлука во животот што сум ја донела.
@Stone внимателно те пратам од вчера и мораш да се смириш за себе. Не мислам дека си нервна лудача сега, туку дека некогаш ќе мораш да ги пуштиш работите од контрола и да си тераат свој тек. За твоите ставови нема да те разубедувам само сакам да споделам дека тотално те разбирам. И јас сум сама скроз, и полудував првите 2 години. Сеа е добро шо збори па ми е другарка иначе збеснав, нервни сломови добивав секој ден. Се ќе биде подобро, само пази си го паметот да ти остане саглам.
И ја се надевам искрено,еве планови за болје идат Благодарам мајка.Се надевам ќе има ден коа нема да се пожалам само туку и ќе се пофалам.Морам да си го сменам мајндсетот некако колку и да е тешко.
Само да ви пишам дека моите и двете уште од првиот ден дома сами си имаа некаков ред и заспиваа околу 20ч, ноќеска 2 пати стануваа за млеко, супер си спиеја цела ноќ. Еве ги сега 5 и 8 години не можам до 11 да ги легнам. И уште со нив спијам, во нивната соба, во таа дупката меѓу двата кревета споени, не се навикнати сами да спијат, што ако се две. Сакам да кажам децата се менуваат, само трпение треба.
Ќе се надоврзам за ова да сменам малку тема и ќе тргнам од себе. Многу бев нетрпелива за некои работи шо требаше да ги постигне детево нели. И ден денес се фаќам како ја "брзам" да направи нешто, да се облече да се соблече само зашо јас немам трпение. А го имам целото време на светов, нишо не ми мењаат 2те минути шо ќе се излигави за облекување пример. Еве на шо ќе работам да подобрам у 2026та
И минатиот пат лошо ме разбра, и овој пат. Не планирам да се докажувам, не те напаѓам а ти упорно мислиш дека никој не те разбира иако повеќето сочувствуваме со тебе и од искуство ти даваме совет. Што имав ти кажав, понатака не ти реплицирам зошто не прифаќаш совети.
Прво би сакала да кажам дека дете што не спие е голема мака за родители, особено кога трае со месеци и уморот само се собира и доаѓа моментот кога и умот и телото откажуваат. Те разбирам мајка. Со неспиење 10 месеци не можеш ни да фунционираш ни да резонираш рационално, нормално е. Моето лично искуство е дека за моето дете рутините, прозорците на будност, и слични работи кои функционираат кај многу бебиња кај моето не даваа ефект. Пробано е се кај мене, не спиеше преку ноќ и се будеше до 1 година. Јас веќе не можев да издржам и морав да се снаоѓам, на 5 месеци ја ставив во кревет со мене и некако беше поиздржливо, на моето дете му требаше да биде до мене и колку и да бев против тоа се помирив бидеќи само така можев да фунционирам сама со неа преку ден. После година почна да ја преспива ноќта, со будења кратки, но презаспиваше брзо. На 2 години ја тргна денската дремка, сите ми викаа дека е до мене проблемот, јас не сум била упорна и што се не. Само мајки на деца шо не спијат ќе може да ме разберат. Мозокот на децата се развива и преку сон, особено кога се многу мали до 2,3 години кога проаѓаат во премногу развојни фази и не секое дете реагира исто на спиење и тоа е нормално. Тешко е за родителот многу и затоа треба само поддршка. На мајка која не спиела 10 месеци можам само да и кажам дека е многу силна и јака бидејќи секој ден го чува тоа дете без тронка енергија и сила и нерви и ти посакувам набрзо да се среди спиењето. Мој совет е да видиш што вас ви одговара највише дури и да е против твоите убедувања, некогаш во некои фази ќе мора да се бираат битките. Со лесно
Мене не ми е јасно зошто бебево мое почна да станува толку често навечер значи на 3 саати станува за млеко, а до сега само еднаш стануваше во 5 сабајле.. преку ден пие 120мл и тие некогаш не ги допива.. може еднаш во денот да испие 150 и тоа ретко.. не знам стварно што да правам више. Инаку 5 месеци е. Исто така цело време се жалам дека дневните дремки ги спие во раце кај мене и по 40-45 минути.. некогаш знае да спие саат време ама ретко. Сега почнав постепено да ја успивам во спална затемнета на тивко во раце и да ја оставам во креветче нејзино. Вчера беше успешно една дремка а денес ќе пробам две дремки така да спие во креветче па ќе видиме .. ако не сака пак во раце и пак ке се обидувам за во креветче не знам што друго да правам.
Инаку ме интересираше во што им ги ставате нивните работи кога одите надвор, некако веќе торбата што и е од новороденче ми е голема пошо не ни носам толку многу работи за нејзе, пелени крема влажни цуцла и тоа у глобала.. па сега сакам ранче да земам ама да прашам вака вие дали во ранче ставате и од каде наоѓате убаво слатко ранче