Форумџика на годината

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    4.853
    Пол:
    Женски
    @Stone и ние слично функционираме т.е си имаме рутина што ја тераме, зошто баш од што го следам детето согледувам дека рутина и предвидливост и прија и на нејзе. Знаци дека и се спие покажува прекасно, некогаш се занесува толку во играта што мислиш цел ден може треба да тера без да спие. Сум пробала 100 пати да ја легнувам според нејзините знаци и секогаш е преморена, ќе се унервози и се успиваме по сто саати, ај тоа, него и не спие убаво, се буди. Имам заклучено дека на ќерка ми 15мин покасно легнување многу и играат улога, а не па повеќе. Исто е и кога ќе се успие од сабајле и ќе стане покасно од вообичајно. Колку и да одложиме се соодветно - покасно дремки, јадења..едноставно не иде. Се буди порано од дремките, после успивањето навечер трае 600 саати и следното утро станува обавезно порано што значи минимум еден саат и бил пократок ноќниот сон. Точно дека ни ние не спиеме секој ден исто, неможеш да натераш со сила да спие дете, али исто така сметам дека во првите години посебно сонот и те како им е битен за нивниот развој. Така што правам се што можам да го заштитам нејзиниот сон, за да биде убаво одмерена и да има сила да совладува нови вештини. Кој што сака нека збори, и мене знаат да ми спомнат: “еј па ти се држиш до распоред”. Да се држам и што? Ако гледам дека тоа му одговара на моето дете и има доволно сон во текот на денот, што е лошото тука? Секој си прави како смета дека е најдобро за своето дете. И јас сум таков човек што сум организирана и се губам ако цело време се ми е непредвидливо. Сакам да имам некоја структура во текот на денот. Ова посебно ми стана важно од кога почнав да спремам по 3 оброци за неа. Кога ни беше по флексибилен распоредот за ништо не наоѓав време, ни да се прошетаме, ни да завршиме некои обврски, ни ништо…Така што робот или не, кој како сака нека си ги дефинира работите, ич нека не те тангираат такви коментари. Секој си има различен начин на функционирање и ако е различно немора дс значи дека е погрешно.

    Во однос на спиењето заедно во кревет, те разбирам комплетно. Јас имаше еден период кога спиев со нејзе зошто стануваше и цицаше по 600 пати и цело време спиев во грч и под штрек нешто несакајќи да не и направам. Од кога почна па и немирно да спие и да де превртува…око не склопував. Сд помачивме малце ама ја вратив во кревет. Сега сите си спиеме раат. Ние имавме голем проблем со спиењето до негде 9-10 месеци, посебно кога совладуваше некој нов скил како вртење, седење, лазење, исправување…Траума имам уште од тие ноќи, уште па кога ќе се расонеше скроз и по 2 саати ќе беше будна хорор! Таа хронична ненаспаност на се почна да ми влијае, многу бев понервозна со краток фитиљ и без трпение. Земав консултација кај др. гуднајт и некако ми даде сила и храброст да пробам да ја научам да спие самостојно. Јас го сфаќам самостојното спиење како некаков скил што мора да го научи. Некои деца го учат порано, некои покасно, но дефинитивно станува многу полесно од кога ќе почнат да преспиваат. Највеќе ми помогна тоа што и го прекинав ноќното цицање и што една недела маж ми ги превзимаше ноќните станувања. Јас спиев во друга соба, секако се будев кога ќе заплачеше, ама оставав на сопругот да се справи. Од тогаш да не урочам, ама еве скоро 2.5 месеци си спие цела ноќ без проблем. Некогаш ќе ја осетам, ќе се подрасони и ќе почне нешто да си зборка и да си се вртка, али сама си презаспива, најчесто без никаква интервенција од наша страна. Со нас најверојатно се чувствуваат најбезбедно и имаат најголема слобода да си изводат, ѓубренца мали :inlove:.

    Верувам дека многу ти е тешко што си сама и изолирана, влезена во бубањ и истото е секој ден, посебно ако немаш услови да излезеш и да се помешаш со луѓе. Ама еве, уште малце ќе тргнете во градинка, ти како што разбрав работиш од дома, ќе можеш и повеќе да се посветиш на работата и мислам дека колку толку ќе ти добие друга димензија денот и ќе ти биде поубаво. На крајот на денот ако толку ти е тешко и неможеш да се пронајдеш да живееш толку подалеку, разговарајте со сопругот да се вратите назад во град. Не сите можат да се пронајдат да живеат подалеку, што исто така е океј.

    Те гушкам :hug: и како што вика Владо Јаневски - “Што и да е, ќе помине”. Времето лета, дур трепнеме ќе ни пораснат, па ќе ги молиме после да ги гушкаме:)
     
    На Noemi, Simon4e0507 и Stone им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    26.132
    Пол:
    Женски
    Loco croco имаш, офис плус.
     
  3. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Од А до Ш зборовите преточни,се надевам и дека други мајки кои ги мачат истиве и слични работи ќе им помогне оваа поддршка.Мора да идат подобри денови,верувам во тоа.
     
    На Hygge-girl и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  4. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    822
    Пол:
    Женски
    Уште вечер ќе пробаме па ќе ви пишам резултат :)
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.668
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Од една вечер не може, да знаеш.
     
    На LaTama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.105
    Па ти буквално сама се правиш жртва, не дека сите викаат дека мајчинството е жртва. Убаво ти кажуваат членките пробај вака, пробај така ти упорно следиш некој си ред кој не ти одговара. Не е тренд бебе да спие на спална, секогаш е тренд да спие во креветче затоа постојат и тренизнзи за спиење во ова време, а не порано кога сите бебиња си спиеле во креветче. Тоа што не излегуваш никаде и не одиш по затворени простории е исто до тебе,не е толку страшно во молови како што си замислила, настинка секако дека ќе хо фати некогаш го пазела ти или не, сега кога се помали поминуваат полесно.
    Треба да се опуштиш малку и да се препуштиш на улогата мајка а не да си ствараш притисок за секоја можна ситуација оти е лошо само за тебе а и за бебе бидејќи си под стрес и тоа те осеќа.
     
    На Marijanche33 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.079
    Допаѓања:
    11.616
    Советов воопшто не ти е добар, дури се чудам како сте функционирале вака. Децата од премора се будат повеќе, а не од многу сон. 2 дремки по 30-45мин е премалку на 10 месеци, до 14 месеци се препорачуваат 2 дремки и тоа севкупно 2 до 3 часа да се. Јас се сметам дека имам low sleep needs дете па пак спие 1.30ч и 1ч дремки.
     
  8. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    1.251
    Пол:
    Женски
    Мајкаа 2 месеци веќе имам проблем со ноќно спиење. Ноќеска стануваше на секој 1 час, а во 3 реши дека е време за игра и си гугаше, се смееше, ќебето преку глава си го ставаше. Исто од бебе што до 3ипол месеци си спиеше во креветче со едно, максимум две будења ноќно време. Денски во глобала му е запазен редот ама пак не е по книга. Имаше дремки од 1ипол час сега сум среќна 45 мин да преспие. Инаку го оставам на спална или во креветче и јас имав мака со спиење во раце ама ризикував неколку дена да се буди по 15мин дремка и упорно го спуштав.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.403
    Допаѓања:
    68.494
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено ова наше нетрпение само се влошува со текот на годините. Како растат, нам ни изгледаат нели веќе поголеми и очекувањата ни се зголемуваат, па сакаме брзо, подобро, или нешто очекуваме едноставно да знаат да го направат, ама ним не им работи уште така кликерот, мозокот не е до толку развиен.
    Јас свесно морам да се сопрам во моментот да не бидам ко, Господе Боже, како тоа не можеш да го направиш??? Ко, види колку е просто човече.:wasntme:
    И морам да се потсетам дека иако е поголема е сепак дете, не размислува ко мене, не, не ги знае сите работи кои мене ми изгледаат толку лесно да се направат. Па, ќе си се приберам и објаснам стрпливо. Првите два пати, третиот пат веќе отиде стрпливоста.:D
     
    На Miss_S, LiquidLuna и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    120
    И сега успешнп ли ги спие дремките во креветче?
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.845
    Допаѓања:
    188.175
    Пол:
    Женски
    Бебињата се будат и од премор поради недоволен сон дење, ама и ако премногу спиеле дење можат да имаат пофрекфрентни будења ноќе. Тешко е да се одреди до што е некогаш ако вклучиме скокови, скилс, заби и разни промени што ги доживуваат.

    А општите препораки апсолутно не се правило за секое бебе. Еве моите никогаш немале повеќе од 30-45 минути дневни дремки, едноставно не спие поише од тоа и толку е. Еднаш на сина месечина како денеска саат ипол. И автоматски нема да ми спие во 7 вечер. Ама се буди расположен не е раздразлив и поспан. Двајцата ги отфрлија дневните дремки на 2 години иако препораките се за подолго. Секако дека кога имаа потреба си дремнуваа за power nap, ама не секој ден. Некои деца со помалку сон веќе ја задоволиле потребата од истиот. Ќерка ми можеше на 2 години да издржи до 10 навечер, син ми на 3 години сега, во 8 и 15 најдоцна ако не е легнат заспива кај стигне. Ранобудни двајцата. Проблем е ако се будат и се раздразливи, поспани, нерасположени, нервозни. Ноќе исто. Ама ако станува длабоко во ноќта и два саати си игра расположено, тоа е наспано дете.
     
    На Трагедијаупмм, Tulip023, Autumn Love и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Моето се буди и стои,значи си стои во креветче некое време си прави стани седни не плаче.Ама чим го земам во раце заспива веднаш.Без да се трга да кенка било што такво.