Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    Даа, само последнава недела ми ги скрати на 45мин инаку си ги спие да
     
  2. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    19.802
    Како функционирало не знам, ама функционираше саат ипол за него веќе беше успивање и ноќе имав проблем. Поготово вториот пат ако спиел над 45м. Имав една апп се надевам ќе ја најдам по таа се водев
     
  3. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Ве пратам ама опиплива тема е и малце тензична атмосфера па не сакам да го споделам моето мислење, дојдов само да разбијам негативен вајб со сликава. :D
    upload_2026-1-16_17-47-39.jpeg
     
    На spasovskam, Lostinparadise, lala15 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Ист е и мојот, буквално 40 минути, ни минута повеќе, ни минута помалку. Ама се тешам дека е добро тоа, зашто во 4ти скок спиеше точно по 28 минути, па сега 40-минутниве му ги рачунам како стабилизирани дремки :D
    Три пати до сега имам успеано да го презаспијам, ама после откако стана беше многу раздразлив и кенкав, па веќе не се ни трудам.
     
    На happygirl и Baby warrior им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    9.130
    Пол:
    Женски

    Еве сме

    perception-reality.jpg

    На ист кревет со 2-3 годишник
     
    На MeowMeow, lala15, reliable и 3 други им се допаѓа ова.
  6. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Хахах и ние исти, вчера вака се разбудивме. :D
    8 месеци сме и почна 360 степени да се врти во сон цела се открива треба да и земам од тие вреќичките за спиење со ногавици.
     
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Женски
    На темата рутина, денот не ни е баш со некоја рутина ама ноќе за успивање од новороденче тераме исто и барем за тоа успивање на прсти се бројат патите кога се мачела да заспие што верувам се должи на рутината. Ја бањаме, облакаме во чисти пижамки, вреќичка, цица во темно легната и шум во позадина и за 10тина минути е заспана, чекам уште 10тина па ја префрлам во креветче. Ќе поспие фино во креветче 5-6 саати и после станува бара цице и обично останува меѓу нас на спална до сабајле дека сонот и е многу полесен, се врти цело време сака да ме осети. Јас најчесто сум толку преморена што стварно немам сила да чекам да зацврсти сон па да ја враќам во креветче, но и некогаш кога ќе успеам пак по 2 саати ќе стане и ќе ме бара и тогаш секако си останува на спална. На штрек спијам цело време, се сецнувам на секое вртење нејзино, дури и секое дишење подлабоко ме подразбудува ама тоа е, не гледам дека имам избор сега за сега. Има ноќи каде по иницијалното или второто станување по цел саат -саат ипол се врти низ кревет и пробува да презаспие и не и оди, па ќе се изнервира, ќе плаче, ќе лази, ќе не штипе, ќе се заигра, ќе дрнда… Ретко има и ноќи кога 2 пати ќе стане и лесно ќе презаспие без мака. Е во тие ноќи јас се будам сама и ја чекам да се разбуди…

    9ипол месеци со сецкан сон.
    Дали станува подобро, не.
    Дали се надевам дека ќе стане подобро, секако дека да, но кога не знам. Некогаш во 9 веќе сум кома и пак вкупно имам 5 саати сон што за мене е премалку.

    Најголемиот проблем е што спие до 5ипол едвај, така да колку и да не сакам, мојот ден почнува во мугрите. Пробував менување дремки, заспивање порано, покасно, џ-а-б-е. Во 6ипол вечер е преморена, престимулирана и до кај 7 е заспана за ноќно, а во 5ипол сабајле е спремна за почеток на денот. Сакала, нејќела, го прифатив тоа како нејзин биоритам. Како ќе издржам кога ќе се вратам на работа не знам, а работата ми е до касно. Ако има некој совет како да сменам, добредојден е ама мислам веќе е доцна и и е навика. Дури и да е будна од пример 2 ипол до 4 ноќта и да не може да презаспие, максимум во 15 за 6 она е веќе будна. И да ја заспијам во 6 вечерта и во 7 и во 8 она повеќе од 5ипол сабајлето не спие. Како ќе правиме за во градинка не знам, уште се надевам дека можда ќе смени. Можда ќе пробам да тераме со една дремка кога ќе наполни 11м па за на годинка во градинка да и е полесно. Имаме уште 2ипол месеци до некаква промена. Треба и успивањето за дремки со цицање да го смениме. Имавме период кај што го сменивме, но кратко траеше и пак се вративме на цицање. Нејќе нишкање, многу е насилна кога пробувам така ако наумила дека сака цице, ретко некад ноќе за презаспивање само прифаќа. Некогаш и презаспива само со гушкање и тапкање по газе, ама секако само од мама.

    Сега една друга тема, вчера прв пат по 9.5 месеци завршивме на итна во Систина и тоа од глупост. Животов ми се скрати бар за некој месец и си добив уште неколку бели влакна. Ја бањавме и нешто беше пренервозна (вади двојка цела отечена и е и плус затната од тоа пуна мрсули). Почна да мрда многу да станува, па како што и ја миев косата од шампонот, мрдајќи успеа голем дел од водата со шампон да голтне и почна да се дави, да кашла, да плаче. Ја држев навалена и ја тапкав по грб да искашла и поврати ептен обилно, цела хрчеше и тешко дишеше и после читање по интернет испаничени решивме да ја носиме на преглед. А уште недопакувани за денес да одиме на зимување, јас со добиено и преморена. Мм паничи дека и влегла вода во бели дробови и може да не задржат во болница, јас пробувам да сум смирена и да ја гушкам за да не се растревожи и она повеќе. Во кола беше преумна, во болница исто така, глас не испушти. Душичка, златна, храбра. Ја прегледаа и рекоа дека нема ништо на плуќа и сатурацијата и е супер и да тераме планот за зимовање што сме го имале. Камен од срце ми падна.

    Тргнав да го пишувам ова дур спиеше во кола, јас куцкав тука да си ги средам мисливе да си олеснам. Иако прифаќаше АД и некогаш и без млекце заспиваше во кола, овојпат ме изнамачи и не знам колку пати ја доев скичмена и ја префрлав едвај во седиште заспана.

    Стигнавме, се сместивме и немавме време за ништо денес, можеби утре…Ја продолжувам пишанкава дур спие она а го чекам мм нешто да купи за јадење. Веќе еднаш ја презаспав, пренемирно спие којзнае уште колку пати ќе стане ноќва. Некако уште позатната е и се мислам утре да бараме пак некој доктор да ја слушне да не паничам. Си размислувам колку е стресна улогата мајка ама колку е убава. Колку сум исцрпена ама колку сум исполнета. Колку сакам да си легнам ама колку сакам и малку време да поминам со себе, со мм. Колку сакам да помине овој период а колку и не сакам да ми порасне брзо. Колку сакам да имаме помош со мм ама колку и не сакам никој да ми се меша. Колку сакам да не ја пуштам во градинка ама колку и знам дека е сепак добро за неа…

    Се изнаприкажав, мисливе си останаа каша попара, јас уште уморна и ненаспана.
     
    На Eho, merriel0, Anaroz1 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    6.334
    Пол:
    Женски
    Да исто и мојава, не знаат да продолжат во наредниот циклус и тоа е тоа :( ќе научат да се живи и здрави само
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    6.334
    Пол:
    Женски
    Да исто
    јас и купив од вибо преубава и спиеше супер во неа до пред една недела - е сега пошто пролазува и се врти по 100пати од меше на грб и обратно и ровари на сите страни преку ден, почна и во сон по спална амаааа вреќава и е проблем и доаѓа како плус ми се буди на секој обид да се заврти :drunk: маки танталови и минатата недела у сред ноќ и ја соблеков од што се изнервирав па сеа цела ноќ покриј откриј со кебе правиме :drunk:
     
  10. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.499
    Мајки здраво :inlove: Одамна ме нема на форумов ама оваа мајка тргна на работа па и нема време многу за шкрткање низ форумов :D Бебе порасна, прославивме прв роденден, заби уште немаме :rofl: Многу интересен период е ова после годинка, имам многу да пишувам на темата но свратив за друго да пишам..

    На мој близок пријател ќеркичката му боледува од акутна лимфобластна леукемија. По 6 месеци болеста повторно и се појави и овој пат мора лекувањето да го продолжат во странство. Да замолам кој колку може и сака да донира за побрзо да започнат со лекување.
    “Софија е мал херој и голем борец.
    Таа веќе еднаш победи, а сега повторно се бори за живот.

    Потребно е лекување во странство за Софија да ја добие втората битка.

    Секоја донација значи надеж.
    Секое споделување значи чекор поблиску до победа.

    Ви благодариме од срце.”
    Сметка за донација:200002263223586
    Цел на дознака: донација за лекување
    Наскоро ќе бидат пуштени и бројчиња па штом имам инфо и за тоа ќе споделам.

    Ви оставам и линк од статијата од пред неколку месеци кога Софија веќе еднаш ја победи болеста. Дај Боже повторно да победи :l:
    https://www.femina.mk/mala-superher...-ZWGqO8jsVm1Utu1Eo_aem_LiHvZQD0WhcgAlNzWkEFJA
     
    На La-loca, Eho, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Епа и јас сакам од Вибо да и земам. 1.5 или 0.5 тог имате? Ако не може да се врти во подебелата да земам потенка па одоздоле подебелко да ја облекувам.
     
  12. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    1.934
    Пол:
    Женски
    Мајка те читам за спиењето моето прво дете беше неспијач најголем сега 3 години ќе прави,до 7-8 м спиеше во креветче ама станував 3500 пати беше цицољубач не презаспиваше никако освен со цицка и по два,три пати ја спуштав додека да заспие,после 8м јас морав да тргнам на работа и ја земав со мене не можев да издржам на секој сат,поласат да станувам,не успеав никако да ја навикнам во креветче и ден денес спие со нас ама од 1.5 г ја преспива ноќта со мало проќенкување ништо страшно ама ја одбив,останав со 2 бремена,е сега со втрото поучена од првото не подлегнав ни на регресии,заби и триста чуда едноставно го оставив во креветче има 10м скор цела ноќ ја преспива еднаш два пати дали станува да цицне.
    Со второво од 6м почнав со тренинг за само успивање за да може да заспива во градинка ама не сум го оставала да плаче премногу,не сум излегувала од соба да го оставам сам или па на мажот ми,му пеев песнички,го тапкав по газе,ако гледав дека заплачува ќе го кренев занишкав,ќе го гушнев и пак ќе го вратев,се додека не заспи и ми вроди со плод.Навечер дали преку ден се навикна така па навечер почна да врзува повеќе сон,ако заќенка не станувам одма чекам да видам дали ќе се подразбуди,само тогаш станувам го земам и му давам цице и одма презаспива и го враќам во креветче.Кога вадеше заби знаеше почесто да станува сум пробала до мене да го легнам едноставно повеќе се будеше и немаше комоција,повеќе сака во креветче.
    Исто така заприметив дека на постелнината повеќе ми се буди,имам неколку мекани ќебенца од ќерка ми и плус за него ми донесоа му ги ставам како постелнини и не ми се буди,потоплички му е со нив.
    А дека е тешко со мали деца е претешко,посебно кога си сам,кога немаш помош ни за до тоалет да отидеш,мене второ ми е јас не можам,стално си викам ќе помине и ова,ама ми е претешко сама посебно сега со две,таман малата ми пркна и видов малку живот,дојде второ пак се наново и уште потешко,бидејќи малата ми е прељубоморна,ни секунда несмеам сами да ги оставам,го бутка,штипе итн...а малиот почнува да проодува и се нервира писка кога ќе го седне или бутне.
    Едвај чекам да потпораснат,да земам малку здив и психички да олабавам малку.
     
    На Simon4e0507 и Stone им се допаѓа ова.
  13. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    1.5 тог имам ја,од Вибо купени имам две зошто некад ќе пушти пелената па да не трчам да перам.Земи 1.5 тог според мене одоздола боди по долги и долни пижами чорапчиња ,таман е.
     
    Последна измена: 16 јануари 2026
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Мене ми е најлош тој мајндсет што и јас го имам односно мислата леле нека порасне...не уживам и осеќам вина но преморот си го прави своето.Навистина не обвинувам ниту пак мислам дека е лошо ако детето спие со родителите без разлика на возраст но за мене ќе е неуспех тоа зошто ќе сум на штрек.Почнав да воведувам промени од денес па ќе видиме следни денови дали ќе има резултат.Навистина е тешко да останеш при себе од умор ненаспаност и нервоза.Не сакам да сум мајка која не си ужива со детето.Пак ќе кажам се чуствувам неблагодарно што го имам со вакви мисли.Пробувам еве давам се од себе да си ја сменам главата и малце поопуштено да терам но не е така лесно да се смени човек,може ми е карактерот тежок.И нејќев да ја отварам оваа тема пак зошто гледам дека е како негативнст да ширам.Јас сепак не ми мења дали некој ќе мисли дали се правам жртва,во пораки имам премногу мајки кои исто се чуствуваат но немале храброст да пишат за да не ги нападнат и осудат.Така да јас моето го кажав.Не ми е се розево,тешко како на секоја мајка,не се мери тежина,но давам се од себе за да имам среќно бебе.Ви благодарам многу на сите на искуствата критиките и препораките.Идат подобри денови,морам да верувам во тоа.
     
    На 1209, Simon4e0507, le.soleil и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    6.334
    Пол:
    Женски
    1.5 е … имав 0.5 од ело ама ептен беше тенка како помала октомври ја носеше и таа и беше со затворени нозе не ја сакаше :( иначе од вибо преубава прекрасен материјал мн ми се свиѓа
     
    Последна измена: 16 јануари 2026
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.169
    Допаѓања:
    11.899
    Многу се тенки на Виббо зимните 1.5тог нема шанси да му смета на вртење. Јас како есенска ја користев, за зима не ми е за на 22 степени ем нема ракави ем е потенка, сега спие само по шпикозни и 2.5тог на Некст со ракави. Убави се материјалите на Виббо ама за зима зима не се, за лето пролет се екстра.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    6.334
    Пол:
    Женски
    Ептен топол стан имаме и оваа и е многу
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.561
    Допаѓања:
    18.261
    Пол:
    Женски
    Не си во право. Еве веќе 5 месеци е бебка си има ред и на дремки и на заспивање и сама си заспива без присилно да ја успивам. Откако е родена навечер си спие, нормално со станување за цицање и сама заспива. Еве трета вечер ми се буди со плачење(гледам дека нешто ја мачи, најверојатно мешето, затоа што почнавме со вкусови), не дека немало и такви моменти и претходно, но ретко. За мене нормално е да се буди за хранење, а од 6ти месец кога ќе воведувам и цврста храна ќе видиме како ќе биде со спиењето навечер.
    Се сложувам дека има влијание да се следи прозор на будност и дремки, тоа и го правам, но не по строг распоред дека мора да стане во 7, да кога ќе почнеме во градинка ќе мора да стане и сака, нејќе ќе стекне рутина. Не дека моето бебе нема никаков ред, си има има 3-4 дремки ама таа дремка некогаш знае да трае и 15 минути, а некогаш да затера два часа да спие. Што треба да направам ако дремката и е 15 минути?? Да ја нишкам уште пола саат за да се успие за да направи дремка од 40 минути. Има период кога дремките и се од 40 мин до саат, саат ипол, но тоа е периодично, не е константно исто.



    @Stone што и да напишам гледам дека погрешно ќе бидам сфатена.
    Оваа мајка денеска немаше време да напише мислење во убаво спаковано пакетче со розова панделка како останатите членки, но истиот момент се потрудија да ти го доловат, споделувајќи и сопствено искуство со цел да те охрабрат, но забележав дека упорна си во тоа што си го имаш намислено и не отстапуваш од истото.
    На прашањето зошто бебето ти се буди и седи будно, самата си одговори, штом го земам во раце заспива и ти упорна ќе кратиш дремки, ќе правиш се друго, само не тоа што треба. Тоа бебе сака да те допре, да те помириса, да ја почувстува твојата топлина, може период му е.
    Памтам кога се приклучив во темава како новопечена мама дека се жалеше на истото, истото го минував тогаш, па и хормони плус, по тоа памтам. На прсти се брои колку пати ја имам изнесено малава од истите причини и верувај секој пат наоѓав изговори зошто не би испаднала. Имам пишувано на темава и не би сакала да се повторувам, секој божиј ден плачев, бебе залепено до мене, еве 5 месеци е и уште спие залепена до мене. Си легнува рано во 20, 21-21:30 најкасно и ние легнуваме тоа време. Денеска заспа во 20ч, само што станав да каснам нешто, не поминаа ни 10 минути се разбуди со плачење, ја зема татко и уште толку вриска оти не сум јас, јас ја земам и одма си продолжува да спие. Тоа не е еден ден вака, секој ден е, навечер до тоалет не можам да отидам одма се буди со плачење, но го прифатив тој начин на функционирање. Да не должам многу, ти посакувам што побрзо да го надминеш овој тежок период за тебе.
     
    Последна измена: 16 јануари 2026
    На AngelOfArh, 1209 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    6.601
    Јас уште го имам тој мајндсет леле нека пораснат а 3.5 години се, паничев и паничам сеуште ама па и многу работи ми се надминати до степен сама на себе да си се смеам како сум можела до тој степен да бидам. Ново ти е, уморна си, животот ти е превртен наопачки, ама како поминува времето ќе се менува бебе, ќе се менуваш и ти. Некои работи ќе станат полесни, некои потешки ама ти ќе станеш поискусна и поинаку ќе ги доживуваш. Моите прв пат преспаа цела ноќ на 23 месеци кога ги одбив. Со месеци бдеев над нив кога спиеа и сакав што побрзо да станат, да си муабетиме, да си играме. Ти следи убав период на многу први работи, прв збор, прв чекор, прва реченица, мототонијата што сега те убива ќе се претвори во ден исполнет со муабети, прашања до степен да ушите ти пулсираат од детскиот џагор, кои ќе те уморуваат ама и ќе ти го полнат срцето. Така да, држи се, ќе биде подобро.
    Еден совет од мене, ако не го праиш веќе тоа, спреми си термос со млака вода и спремно ад до себе за да кога ќе стане за млеко одма да му дадеш, да нема време да се расони, ако веќе го правиш тоа а ти се буди и останува будно, тогаш може и да е скок, и тоа поминува за две три недели...до следниот. Батали се што не е неопходно да правиш и спиј одма штом ќе можеш. Кога беа на таа возраст си легнував у 9, и 9 и пол зашто знаев што ме чека цела ноќ. Сега сум далеку поненаспана зашто касно легнувам, направи едно, направи друго, пушти серија и оп дошло полноќ. А нив им текнува у 5 сабајле дека им се јаде чоколадо и ме тегнат да станам :D
     
    На DELFINA81, LiquidLuna, naturally и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Оф леле душа мила. Дај Боже побрзо да оздрави и дај Боже ниту едно дете да не поминува низ вакви маки. Објави кога ќе им и бројчиња
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.