@Stone одамна неам пишано тука, ама си читам, си враќам филм кога бев тазе мајка. Искрено бебињата thrive on routines, Ама пробај да ја направиш по него рутината, а не по книги, правила саати. Секаде пишување дека бањање пред спиење моето се расонуваше мислиш 7 сабајле е.. И не биваше, ја бањав за да продолжам wake windows После последна дремка. До 4 месеци спиев со неа.. На гарнитура... Она на танка перница за да е доволно тврда подлога, јас искривена на скоро половина под неа, за да не ја смачкам.. Кога ми рекоа супер напредува не ја буди ноќе, тогаш се префрлив на креветче, траеше транзицијата Ама успеав.. Муабет ми е, пробувај како на бебе му одговара, пошо верувај ќе се распаднеш од умор.. А и те читам затворена дома... Воопшто не излегувате? Свеж воздух и те како влијае на сон... Не знам од каде си, но верувам тука ќе најдеш некој во твоја близина, пробај да се дружиш.. Не со мајки што ти солат памет туку некој што те сваќа.. Ете и свекрва имаш што ја вежбаш да чува.. Пола саат излези сама... Така ќе ја научиш уше побрзо.. Не е страшно и да поплаче, и да му е наугодно. Знам дека сум една од милион што те советуваа, ама ств паника ме фаќа мене кога те читам.. Не е жал, паника е дека ќе ти ескивира ситуацијава во неш полошо за тебе, не за бебе, туку за тебе... @LiquidLuna Она за родителство што си пишала ме потсети.. Ми ѕвони маж од пред чаир испадни на џам Да ја видам.. Ауу не ако мрдне нагло и ми рипне.. Бебе повиено, од 2 дена, ќе ми рипне
Не треба ништо да напрајш сега во моментов е мало. Можеш од 9-10месеци тоа да практикуваш. Многу ти е мало бебето за да ме сфатиш, плус па браво и за таа возраст пак гледаш дека имате ред. Моево е 5 години и благодарение на тој ред имам дете што спие и немало проблем ни да го оставам на спиење кај бабите и нив лесно им било со дете со ред, што не се буди ноќе или седи будно до 1. Ќе видиш како што ќе расте, поготово ако одиш на работа ќе ти треба тој ред итекако.
Нема врска ова што го пишуваш. Едно е се споделуваат искуства, друго е да се заплашуваат мајки “ако не вака, тогаш така”. Морам да ти реплицирам бидејќи и јас сум била мајка со мало бебе како многу членки сега и читајќи мислења како твоево ми стварало притисок и паника дека нешто правам погрешно и дека ете ќе биде проблем во иднина ако не воспоставам ред. Секое дете си е приказна за себе и правила нема. И јас имам дете од 4 години кое од бебе протестираше на вештачко воспоставување на режими, колку и да се трудев тој нон стоп мењаше, па сега имам дете кое знае да каже кога му се спие, кога е гладен, од 3 години без проблем си спие кај баба му и си заспива порано таму бидејќи стануваат порано и си тера еден “ред”, дома си има други рутини кои се скроз променливи и прилагодливи. Едино ми заспивал во 12 кога почнав на работа, а тој не заспиваше никако за дремка освен со мене и траеше дури ја исфрливме дремката, ама тоа е друга тема. Не сите функционираме под саат, на некој му одговара да има структура на денот, други се послободни карактери. Проблем настанува кога ќе се погодат различни такви карактери во една фамилија, било деца или партнери. Ако вас ви е полесно така да функционирате, тоа е океј, но истовремено од спротивниот крај сме и ние кои функционираме сосема во ред со тоа што им даваме на децата ручек по два саати од ручек ако се гладни, уште еден саат навечер ако не се уморни и не ги креваме на нозе и за викенди во 7 ако им се спие.
Да у право си, кој како си мисли така најдобро нека прави. Тоа што функционирало кај мене кај друг нема. Со лесно на сите да ви спијат децата
Можеби грешам, ама имам чувство дека малце погрешно некои од вас ги разбраа мислењата околу запазување ред и структура на денот. Секако, редот се крои според тоа како му одговара на детето во тој период, анализа на расположение, колку долго спиело, колку јадело и сл. и според тоа гледаш да се држиш до нешто што си заклучил дека му одговара највеќе во тој период. Секако менуваат пребрзо, а со тоа и тој ред се менува според потребите, не е ништо запишано на камен, па така да мора да биде по секоја цена до крај. Ако има само 1 или 2 дремки мислам дека е нормално да целиме да спијат подолго, зошто им треба сила да го избуткаат денот. Секако има денови кога не иде по план, не јадат како што треба или спијат пократко и се прилагодуваш на тоа. Барем јас не терам ништо со сила, ако станала порано и спиела само 30мин да кажеме, ќе пробам да ја презаспијам. Ако гледам дека не иде, боже мој се прилагодувам и тоа е тоа. Не е дека до минута се мора да биде под конец се точно. Мислам дека генерално повеќето кога ќе им потпораснат малце бебљаците, посебно и ако се тргне на работа, се држиме до некаков ред што одговара на лајфстајлот на фамилијата како што кажа @Autumn Love. Пишав и во претходниот пост, според мене нема подобар или полош начин. Сите ние сме си најдобри мајки за нашите деца. Тука сме да споделиме искуство, па ако некоја од нас се двоуми и сака да смени нешто ќе се фокусира повеќе на советите што највеќе и одговараат на нејзе и нивниот фамилијарен лајфстајл. Барем јас така гледам на работите, а не дека е натпревар или е во прашање чиво функционирање е подобро
Мене ми е многу чуден тој назив “по книга”. 3 книги прочитав додека бев трудна, за бременост, мајчинство, бебе, дете… Откако се роди ќерка ми и истражував по нет и читав искуства и бабицата што доаѓаше ја мрднав жената со прашања и приватно и пишував на вацап пораки и тука на форумов прашував и читав искуства и по другарки прашував и пак ништо не можеше да ме спреми за тоа што ме чека понатаму. Бебето само си диктираше како му одговара ние го следевме. Од ден за ден од недела за недела некогаш менуваше навики. Бабицата ми даде еден совет што го следам “гледај дали е среќна”. Ако е бебето среќно, весело, се смее, си игра значи се правиш како што треба. Кога беше периодот на грчевите научив нешто, дека што понервозна сум јас толку потешко ќе ми биде неа да ја смирам и нервозна ќе биде и таа. Затоа секогаш три пати диши, издиши и ќе си ја гушнам. Ако е мама мирна и бебе ќе биде мирно и сите среќни, задоволни. Ред да се има да, нема играње во глуво доба нормално, ама и човечиња се, не се роботи.
Мајки, а јас како да го одбијам ова дете од доење? 2.8г е, се надевав дека сам по себе ќе се одбие, ама веќе не можам. Цица само за заспивање, не дека бара по цел ден или нешто, ама и тоа заспивање некогаш е мачно на цицка, сепак голем е. Пробав со зборење, збориме веќе 2 ипол месеци за одбивање, дека е голем, дека не треба веќе, дека ќе се гушкаме и сите тие финти, ќе си испие млеко пред спиење и вика сега цице. Разбира се, нема проблем да се разбереме ама моментот да не цица некако многу го растажува. Неам опција друг да го успива или слично и стварно немам поим како да го изведам ова. Внуката беше иста до 3 г и нешто беше доена, и еден ден само рече не сакам веќе и толку. Јас се надевав дека ќе е така… Исто и за пелените, денски почнува веќе да е со гаќи за мочкање кажува и моча во туте, ама за какање жива глава не сака да тргне пелени. Малце инаетчија е ама ќе видиме кој е поголем од мене и него @Yowannty ме праша за прстето, супер е, помина веќе и порасна ново, ама он на секое минување од кај таа порта си кажува каде се убил А уште колку незгоди имавме од тогаш ехее
Мајки оти ви е тешко да прифатите дека секое дете и секој родител е приказна за себе? Да не беше Др.Гуднајт и Чат ЏПТ ќе знаевте за прозори на будност, број и должина на дремки? Нашите родители (вадамм просек дека сме накај 30 год овде) имале една книга од екс ЈУ и по таа се воделе и врска немале за овие модерни термини. Еве јас ќе кажам, се сум направила "како треба" т.е. " по книга" и пак и пак детево спиело кога сакало и колку сакало. И рутина сме терале и пак спиела по 30 мин дење на 15 месеци. Такво е детето, можам да го заспијам ама не можам во глава да му влезам да го сетирам да спие подолго. Кога ќе прочитам дека ТРЕБА да спие толку и толку ми се лоши. Ова се деца не роботи. Ок е да се има мислење и да се даде совет, затоа постои форумот, ама мора да се сфати дека не може да се осудуваме ако нашиот пристап не успева кај друга мајка. Бидете фини, на сите ни е тешко ради нешто.
Не можам да се воздржам да не прокоментирам.Секое дете е различно,секоја фамилија е различна и тоа е факт.Дали има некои стандарди кои важат за сите деца?Да.Плус минус кога ќе погледнеш и да не следиш прозори на будност отприлика поголем број на бебиња во исти месеци исклучуваат број на дремки(читај дека горе доле прозори на будност се отприлика точни)Дали има исклучоци?Како и во било што,да.Еве мајки кажаа дека прво дете по книга второ не,и обратно.Дали ако на моето дете му одговара редоследот,спие точно како аларм е лошо што се водам по книга.Валјда нема мајка што насила нешто би терала.Будењето од дремките е посебна тема,ако некој студирал и потрошил пола живот на тема сон на бебе и кажал дека ако има премногу дневен сон го нарушува ноќниот и гледаш дека ако спие подолго преку ден ,нема да го будиш бебето? читам како терале нашите мајки баби и не знам што,не знаеле за прозори ,па не знаеле затоа кога детето кенкало од премор,од грчеви го носеле на бајачки.Требало јајцата да му се спуштат за да спие добро машко бебе на бајачка ајде.Да спие подобро стави бисквити во млекото.И спиело.Правилно ли е? Еве може по 10 години ќе е грешно и ова ние сеа што го читаме. Чат гпт не секогаш е лоша опција за во Македонија и нашето здравство.Прв пат мајка одам на педијатар почнувам со ад,педијатар вели не го фрлај недопиено млеко стави во фрижидер па дај.Педијатар. Дали треба секогаш да се потпираш на чат џбт,не!Дали ќе продолжам да прашувам и истражувам зошто здравството ни е крш,да. Ќе го завршам ова со само уште една мисла. Обвинубање на родител кој што воведел ред и рутина која што функционира е лудо.Дали децата кога идат во градинка се учат сите заедно да спијат,сите заедно да јадат во исто или приближно време?Да.Нема разлика за возраст ,во други земји многу порано почнуваат. Ништо од ова погоре напишано не беше напад кон некого ниту сакам да звучам грубо.Ви посакувам убав ден на сите мајки,нека викендов ви е мирен и со многу сон ноќва на сите терминот по книга не мора да е страшен израз,кога функционира кај бебе
Ред и рутина се воспоставува за да се изгради правилен биоритам, не сме ние ноќни птици. За жал, се' повеќе деца и млади се со нарушен биоритам и тоа се одразува и на нивното нормално функционирање. Моите двајца од бебиња се со истиот ред, иако се скроз различни и двајцата, со различен карактер, големиот неспијач, малото спанко, ама и ден денес ред имаат и за станување и за оброци и за легнување. Го воспоставив редот од прв ден дома, на прсти се брои колку отстапки сум направила, оти секоја отстапка беше тортура за децата. Сега самите си го тераат редот, не морам да им стојам над глава. Знаат кога што треба да прават и си го следат тоа. @Stone иста бев, мој совет ти е да не се притискаш и форсираш себеси да направиш како што имаш зацртано, што можеш да направиш, можеш, другото кога ќе имаш време. Уживај со малото, ќе ти недостигаат овие моменти, верувај. Јас со првото бев сама две и пол години, мм беше во странство, свекор и свекрва работеа, моите во друг град. Сама и дење и ноќе бев, па се трудев до редот да се држам, ич не беше лесно. Не знаев да уживам во тоа што имам дете, себеси целосно се запоставив, па те разбирам како се осеќаш. Две и пол години ми се видоа ко вечност. Помина и тоа, со второто ми беше полесно, и бев многу поопуштена, некако подруго го перцепирав, ама и постара, поискусна бев. И не се замарав некако, само гледав редот да го држам, без да се форсирам себеси дека морам нешто баш така да направам, сега и одма. Сега ми фали тоа гушкање, тоа спиење заедно во кревет, тие насмевки наутро кога ќе се разбудеа до мене, дури на моменти сакам и трето. Ама тоа тешко да се оствари, не ми се поминува пак низ бременост.
Мислам дека секој кој имал второ дете истото го кажува дека се поопуштени и дека така требало и со прво.Мислам дека самиот момент на новост и страв не дозволува баш дека е и прво,но пак и карактер е прашање.Ветувам дека ќе дадам макс од себе да сум поопуштена и да не размислувам за се 1000 чекори однапред.
Бебка спие до мене (тато го избркавме во дневна пошто ʼрчи ) се шириме на спална. Кога беше период на грчевите (ѝ траеа месец дена) спиеше врз мене и дремки и ноќно спиење. Вчера после 6 месеци пак заспа врз мене и се потсетив на тој период и сфатив дека многу ми фалат тие контакт дремки толку краток период а толку многу работи се сменија како друго бебе е. Колку брзо растат тоа е чудо.
Пред некој ден колешка со училишни деца ми вика, едвај чекам некое од децава да има тренинг или екстра активност оти тоа време е време за мене. Додека чекам да заврши, читам книга или пијам раат кафе или гледам на телефон серија... Знаете колку идеално ми зазвучи тоа Бар 2 пати неделно по 1-1,5 час за мене. Е бидејќи сме далеку од тоа, засега само ќе си правам филм за нештово. Меѓудругото, и ние поминавме недели спиење на мојот стомак. Еве ја 3 години сеуште на моменти сака да се гушка така и да лежи на мене. Од друга страна пак и јас си сакам свој мир и простор посебно кога ќе си легнам.
Цела недела читам и не ми се пишува ни па расправа, има многу различни карактери од сите нас мајки, што е нормално. Да не се убедуваме што е подобро и како е, тоа се знае секој во својот кревет. Ама и секое дете е различно има различни гени и ѕвезди. Па така да ја средиме малку темава да може да се жалиме пак.Немам каде да се пожалам. И мажите што хрчат да си направат една група и да најдат лек иначе црно им се пише. Почнав да работам од дома, ќуќа хаос, дете кенкаво, мм си тера на работа му кажав да си најде ден од дома да работи заш ќе излезам од 5 сабајле некој ден пред него и ќе се чуди кај сум. Сите се со настинати деца, бегам несакам никој да видам. Продолжен викенд во Скопје, сивило. Се радувам расте денот, ќе дојде пролет. Несакам зима ни снег ни ништо, едвај чекав да поминат празнициве од гости глава да кренам и од пакетчиња. Решив да сменам имиџ, да сменам исхрана, поздрава Лејди за 2026та. поз
За мајките што хрчат има група?Пола вечер се расправам со мм дека хрчи,другата половина од ноќта он со мене.Купив последно едно мало машинче за white noise и светилка од Фаларина па ми е спас бидејќи бебуш само со white noise спие .Едно време завчера мм хрчи на најјако ја капната само што презаспав бебе не можам од него да заспијам,после си викам може и ова му е white noise на бебево па се откажав да го клоцам за да прекине
Хахах, истово си го имам помислено. Некогаш се чудам како бебо мирно си спие додека мм хрчи. @Ladyme го пријавувам и мојот во групата
Ние сите си хрчиме како да се натпреваруваме кој појако може Бебка па сеа како што е затната цела и хрчи и свири и што не
Како се справувате со вирусов ? Се вративме ние Македонија и стандард сите да кренат бебе, да погалат за лице ( коса ми се крева ) дс бацат, нема разбирачка, да бегам негде настрана ама пак не можам да го држам во стаклено звоно, нека билда имунитет ама мислам дека е многу мал и ме плаши ова со вирусот, плус со многу луѓе сум опколена од кои деца, како да се справам хелп Еднаш и реков на свекрва дури беше настината да не го крева тоа плачки тоа лутење до кавга стигна муабетот.
Не бери гајле ќе се врати. Јас бев очај, фризерката ќе плачеше со мене заедно. Само засили витамини и земи ампули некои за зацврстување на влакното, јас ги користев на инебриа. Еве сум сеа цела со антени цела коса се обнови скроз и сеа сум заникаде џабе се фенирам цела со антени ама ај да не се жалам оставам тука фото првата слика 4месеци по пороѓај, втората 7месеци по пороѓај