Pregnacare ги земав и priorin капсулите за коса од Солун. Ампули за коса на Inebria + шампон Inebria Немам поима што помогна или пак природно беше се ама за 3ипол месеци се обнови скроз
Мене па ич не ми паѓа да не се почудам, мислам ми паѓа ама по некое влакно наоѓам како и претходно, дури и претходно повеќе ми паѓала
@Baby warrior Мислам ти пишуваше за колострумот од Димас. Дали е безбеден при доење? Ги земав и колагенот и колострумот.
Нее не ја следам Зои тука ко да прочитав, а може и во друга тема било, баш ќе побарам. Колагенот го имам пиено пред бременост и супер ми беше. Ама сега сакав и колострумот да го пробам зошто имунитетов ми е крш Ќе се редактирам, @Baby warrior пишала за марнис капсулите а јас само колострум од све тоа сум запамтила, затоа и сум ја тагнала. Mom brain на најјако
На Димас го користев пред бременост. Сега земав пак ама не сум почнала зошто не сум баш сигурна дали смее со доење. Ќе се консултирам па ќе ти кажам.
Ја гледав Ангела Костовска дека цело време го користи, а доеше до пред 1 недела. Пиши и на неа за сигурност, ама така гледав на инста
Јас вака да си кажам нешто што ми се случува чудно откако се породив. Да почнам од почеток. Во пожарот во Кочани имам повреден многу близок член од фамилијата, тешко многу тешко повреден и сеуште не опоравен, и кога дознав за тоа бев 4 месец трудна. Бременоста за среќа на цел тој стрес помина одлично.. секој ден плачев и и се извинував на бебка зошто плачам..Цела бременост едвај чекав да ја родам да си бидеме заедно и слично, немав страв од ништо на светов. Откако се породив уште во болница ме фати некој страв за како јас ќе останувам сама со неа, што ако не можам да ја смирам ако не знам што да и правам и слично. Ја доев многу кратко затоа што ептен имав проблеми ( може и стресот си го направил своето ). Се плашев дома кога ке дојдеме како ке биде, ке знам ли да се грижам за неа и слично.. Едноставно ми беше премногу страв да останам скроз сама со нес, мм кога требаше до продавница да оди тоа ми беше невиден стрес. 5 месеци поминаа јас сеуште имам некој страв да бидам сама со неа, ако заплаче а јас не успеам или не знам како да ја смирам. Мм има свој бизнис па беше со мене 24/7, сега свекрвата не оди на работа и она е со мене 24/7. Но за брзо ке се селиме и јас ке треба да бидљм скроз сама цел ден со беби.. ме фаќа паника, а истовремено се чувствувам многу лошо што имам некои такви мисли и таков страв. Може се е од стресот од случувањата и дека моите воопшто не можеа да доаѓаат да ја видат и не можеа ни да се израдуваат убаво и сеуште е така.. морав да го споделам ова некаде..
Е и за марнис да пишам пошто изгледа тука не кажав - ги купив и ги вратив. Матичната ме искара дека можело да сменат вкус на млекото и за имунитет додека дојам да не пијам ништо толку озбилно иако марнис се едни од најдобрите во светот и за деца и за возрасни
@MariaBouli @Baby warrior Фала ви девојки. Секако за колострумот ми е побитно ама ќе прашам и стручно лице секако.
Многу тешка ситуација мајка.. дали имаш можност да поразговараш со стручно лице? Не сакам да се расфрлам со зборови, искрено ми звучи како постпартум анксиозност, нешто што е многу често, и решливо, само треба да се работи за да се реши. Секако дека стресот и траумата влијаат на сето тоа, ама мора да најдеш начин да го надминеш и да можеш да функционираш нормално.
Да си одбереш психолог и да си почнеш одма. Мн е озбилно да имаш страв сама да си со детето. Ти си му се, нема други очекувања освен мајката да е до него и да го смири. Психологот ќе ти даде насоки како да почнеш да размислуваш и да ја зацврстиш врската за да се дигнеш и ти самата.