Повеќе е како анксиозност. Јас фала богу сум била сама, беби си е најнормално си игра си се смее се си е нормалнп, ама јас сум забегана а нензнам зошто, и кога сме дома сите пак беби е со мене цело време ама самиот момент што знам дека има уште некој дома со мене одма ми е подруго и полесно како да кажам...
Мајки, дојдов да споделам дека наидов на интересна апликација на македонски Bebbo, преку која може да се следи развојот на бебето, има интересни информации, игри соодветни за возраста, мене ми изгледа доста интересна и со едукативен карактер.
Те разбирам, јас првите 3месеци се осеќав слично за вечерното успивање ако бев сама. Маж ми мн често има обврски и покасно и кога ќе требаше да останам сама со нејзе после 18h ептен ми беше лошо и страшно. Ама, работев на себе, се учев да го засакам тој момент, учев што сака за да ја успијам поубаво и побрзо, следев што и смета и како да си олеснам. Кога ќе ја успиев за награда секогаш ќе си направев какао и ќе си пуштев филм на слушалки на тел да гледам лежејќи до неа. Така поминуваа денови и месеци и се ми изгледаше полесно од ден на ден.
Добро е што знам дека не сум само јас што се чувствува вака.. еве денес ќе пробам сама да ја бањам скроз, до сега секако ја сама ја бањав и облакав ама во собата секогаш имаше некој мм или свекрвата во случај да плаче кога ја облакам да ја занимаваат ама денеска ќе пробам скроз сама никој да нема во собата. Мене фактички страв у анксиозност ми создава кога она ќе заплаче..
Тоа гледај го како добро, здраво дете мора да реагира на дразби, мора да заплаче, да закенка. Значи има здрав нервен систем. Па најубаво е кога ќе го земеш и ќе го гушнеш, занишкаш, ќе му зборнеш да се смири. Тоа те знае тебе твоето срцебиење го слушало. Верувај никој нема да го смири како ти. Ти си за него мирна лука а ти се плашиш и стресираш. Јас имав еве чуство на страв дека нема да се снајдам во авион и ја зеде мм и кога ја слушнав дека плаче он се мачи да ја смири. Ја зедов и во секунда заспа. И седнав така полна во себе, ете викам јас сум и требала. Пробувај сама и ќе се избориш со анксиозноста.
Јас еднаш кога се породив, ама сега ептен кратко хаха дури и од тоа што планирав. Фризеркава вика ова пократко излезе од што планиравме. Ќе порасне здравје.
Еве денес сама скроз ја избањав никој немаше со мене ни до мене. Си закенка ама ја смирив во ред е и да заплаче... евентуално ќе морам сама да бидам. Бог да чува сум не сфаќам зашто така се осеќам
Хај! Јас само да се искажам, дека цел ден плачам. Цел Божји ден му ги гледам сликите од новороденче. Мноооогу ми е мака што тој период ми е у магла. Буквално скоро и ништо не памтам. Само плачев, депресија страшна, сите ми беа криви. Маж ми мислам го скренав него повеќе тогаш. И сега кога ми порасна, многу ми е криво. Премногу. Зошто ли не уживав, кога знаев дека е само еден период кој толку брзо поминува. Зошто не си ставив во главата дека ќе помине и ќе биде многу подобро. Зошто морав да си го оставам толку мал со баби за да одам на психолог. Да се клукам со апчиња. Премногу ме погодува ова. Многу сакам да го вратам времето и да му бев најдобрата мајка и најсреќната, ама не бев. Бев депресивна, нервозна со солзи крокодилски цел ден и цела ноќ. Ама реков дека 2026та ќе гледам тоа да го заборавам. И да пробам да не се обвинувам себе си веќе. . . Ај кажете ми дека не сум единствена во ова. Многу сум поврзана со едно ќебенце на бебе што му го купив уште кога бев бремена хаха. Ми остана во душа само што го купив. Со тоа и го земавме од болница. Со тоа и сега си го покривам за дремките. Кога го гледам ќебенцето ме враќа во бременоста, кога бев толку возбудена со секое ново купување за син ми. Ме враќа на тоа колку беше мал, а сега веќе ми е право детенце. Каша-попара направив од постот. Важно ми олесна де. Гушки!
Ова го имам слушнато од уште две другарки кои стварно поминаа лоша постпородилна депресија и исто се каат заради тој период баш со тие зборови дека како магла им поминал периодот. Јас немав поспородилна депресија ама тој период (што го викаат 4 триместар ) ми помина стварно многу брзо и сега од оваа гледна точка се каам што не сум го ценела тој период повеќе и што бев нервозна зошто ми е прво бебе и не знаев како, иако луѓето околу мене ми викаат дека добро се снаоѓам и дека бебево ме смирило.
И мене ми е во магла сѐ и мене ми е криво и многу ми е криво што толку многу се форсирав со доењето што се истрошив се преморена бев и дозволив на помош да дојдат двете наши мајки и бебето се осеќам ко три мајки да има оти им го подавав во раце често и сега ми е криво што не бев повеќе информирана за доењето за ад и капки и сите тие глупости што бебето цел месец само вриштење и плачеше и иако може не беше моето депресија многу ми беше тешко а ни во еден момент не заплакав што е полошо и од премор ми крахираше имунитет и имав лошо воспаление и заврши со хоспитализација 5 дена на кои бебето дома со двете баби се утепало од плачење и многу ми е криво Тогаш ми дојде памет некако и реков стоп полека И полека после почнав опуштено малку Но не можам да го вратам назад тој период јбг бидна Да бидеме сега тука за нив и да сме пред сѐ живи здрави најбитно Тоа го сфативме со моето останување во болница сите дома и а и јас Ти праќам гушки не си сама во тој емоционален вртлог
@MariaBouli најдобриот избор си го направила. Веќе две години сум со скроз кратка коса со андеркат и ако сега ми порасне и ми ги допре ушите с'клет ме фаќа. Плус пери носи фризура. Малку восок чуда прави. Плус сама се фарбам, иако сигурно 2 месеци веќе немам ставено фарба на коса. Додека бебе ми виси на цицка заспана, а маж ми и фенира коса на ќере (им стана ритуал, а тој пресреќен како и била писта косата), решив дека од сабајле кратам уште еден подој. Останува тој пред заспивање да се тргне за макс месец. Почнавме да се спремаме за роденден. Fuck, кога летна времево? Али денес добив, за прв пат после пораѓај, после 11 месеци. Вака не сум се радувала на локва крв никогаш. Одма полесно се дише.
Не сум до толку храбра хаха, до рамена ми е шишана, ама рачунај колкава ми беше За мене ова ми е спас, се фаќа со едно мало репче или шнола и готово. Како млада носев и многу кратка коса, ама сега сум буценце во фацата и не ми стои. Ама здравје во целите од 2026 стои и да ослабнам, па може и во пакет ќе оди кратката коса со тоа За времето, не знам кога летна. За точно една недела е роденденот. Денес почнавме да шетаме да бараме фустани, ништо не ми се допаѓа, не знам зошто се мора да е натрупано. Еден ми се допадна ама имаше само 2ка, а мојава и во 1 плива
Првите месеци кога некој ќе ми речеше се заборава секогаш им викав овие работи никад нема да ги заборавам.Периодот со грчеви ми беа најтешкиот и најболниот момент а потоа само се трупаа работи.Деновите ги терав само да преживеам и да дојде нов ден не застанувајќи да дишам и да го гледам како расте.Уште еден месец славиме роденден а јас сеуште на моменти не ми е верно дека сум мајка.Го сакам толку многу иако деновите ми се претешки.Пробувам секој ден да сум посмирена и да дозволам простор да учи да седи со други наместо само со мене за да почнам да застанувам на нозе и да се чуствувам пак како човек.Деновиве почна да прави чекорчиња а мене не ми се верува,го гледам и само трепкам.Се радувам но не им верувам на очиве.Преку ноќ забележувам промени. Најмногу ме плаши што еве 10м сме скоро 11, а не прави чао,не прави браво,не ти подава работи.Гуга кажуба баба дада мама ама повеќе е ко да се дере а не да гуга.Треба ли да паничам? Темата и местото за роденден е одбрано и се спремаме,тоа ми е фокус за да си наоѓам занимација од некои лоши мисли. Препорачајте фотографи од кои сте задоволни,во ист ден и крштевка ќе правиме. Постојат ли некои кои декорираат по нормални суми без да е како да го женам а не да му славам прв роденден или ја сум заостаната со очекувања?
Ме изнасмеа да не биде ко да го женам а не да му славам прв роденден Хахаха ама имаш право скроз декоративниве бизниси се главни. Јас сум мн задоволна од фотографи и од loveclick и од studio 49 преубави фотографии и моменти ми зачуваа. Ја па и сакам да се сликам па откако е родена ќерка ми само закажувам сесии и си наоѓам поводи
@QweenSM Немавме пуштено перални и вчера за дремка и го извадив "свеченото" ќебенце за вадење од болница што ја потрупуваше тогаш, а сеа беше смешно едвај ја префати, абе очи водопади Само си праќаме видеа со маж ми од кога била ептен мала и се чудиме кога порасна. Се спремаме и ние за роденден со голема радост од една страна, од друга срце ми се кине дека не ми ја собира во едно раче на гради да ми спие. Слатко горка радост Благодарна сум на универзумот, Господ, што и да е што постои што ја имаме и што не спои уште повеќе со маж ми. Мислам буквално светот ни се комплетира, како да не постоело ништо пред неа, како да сме биле други луѓе во друг свет, љубовта, почитта и разбирањето се издигнаа на ново ниво. Посмирени сме, повеќе присутни во моментот, со изјаснети цели за иднината. Знам дека еднаш ќе е волку мала и се правам да поминуваме максимално време заедно, а сепак времето ми ја краде.
Прва играчка што и ја купив од џамбо, бело плишано мече со бела музика и ѕвездено небо. Многу ја засака музиката уште од почеток, а мечето не го ни гледаше само се вртеше по звукот, зачувани ми се тие моменти со видео, секоја вечер си ги гледам. Јас кога и да ја слушнев музиката солзи водопади, плачам, плачам, хормони, страв, не знам дали ќе можам да се грижам за нејзе, породена со итен царски и тоа некако многу ми влијаеше, се се собра некако. Сега навечер и го пуштам мечето, а на таванот ѕвездено небо во разни бои и го забележа дека и се шаренее(се изненадив), ги отвори широко очињата и гледа, прави некој фаци. Брзо ми порасна бебето, нема да има ни 8 месеци, а ќе мора да оди во градинка, премногу е малечка, душата ме боли, но немам кој да ми ја чува.