@Guns N` Roses те гушкам и мојот треба на 8 месеци да почне во градинка и толку тешко ми паѓа тоа, откако наполни 5 месеци се имам чувство како некој часовник во позадина да ни го одбројува остатокот од заедничкото време сами дома, постојано заедно. А кога ќе ми текне дека пред да останам бремена му викав на мм јас да почнам порано на работа, а он да го земе последниот месец од породилното не ми се верува колку ми се сменија погледите и од преголем кариерист, сега се би дала да можам подолго да си останам дома со син ми. Почнавме да планираме и патување пред да треба да почне во градинка, а јас на работа и многу му се радувам на нашето прво заедничко патување. И сакав да ве прашам, дали е многу амбициозно првиот лет на бебе на 7 месеци да биде 4 часа или да си бараме некоја поблиска дестинација, какви се вашите искуства со првите летови? Некако сите не предомисливаат за пократок лет а нас баш ни е желба за Мадрид да ни е прва дестинација со бебо.
Добро утро мајки Дете спие уште јас станата од 6и30 ке го носам во градинка, глеам надвор снег, ладно кочан, нека седи дома ке излеземе после надвор да се радува. Многу страни сте изнапишале, многу теми сте опфатиле, 3 дена крадам време за да ве прочитам сите. Синко има 2години и 5 месеци, единственото нешто што ме има спасено првите месеци со него е да сум надвор, обавезно по 2 часа на ден некогаш и повеќе, он ке спие јас дали кафето и ке вртам со количка или кафе со другарка битно да сум излезена, куќава ако сака нека земе нозе и нека си оди. Ем психички се осеќаш како да ти се сменил светот, ти се сменил секако нели имаш дете, мајка си, истовремено најубавата и најтешката работа што еден човек може да ја има. Ама за тие вредни, златни, убави човечиња да бидат среќни им треба среќна мајка прво. Воопшто да не се замарате кој што кажал, да си го терате ќејфот и како што вие умеете, зарем има нешто посилно од мајчинскиот инстикт. Излегувајте на воздух ке му прија и на бебето, а на вас уште повеќе. Наоѓајте занимации, дали книга, кафе во тишина, филм, крадете мали моменти за вас, чистењето и готвењето нема да побегнат секако. Не очекувајте од другари, фамилија кој сеуште немаат деца да ве разберат како е со дете, зошо не можат, сум се обидувала да им објаснам ама не те разбираат зошто едноставно тоа ти што го збориш скокови, сепарациска, заби нив се им е не познато, не сте едноставно во иста каша моментално во животот најдете барем една мајка со која ке можете да се искажете и да си дадете одишка. И да знаете дека не сте сами, никогаш, сите сме го поминале горе долу истото ама најважно поминало. @Tulip023 да шетате, со бебо ке си поминеш многу поубаво и полесно одколку што мислиш верувај ми. Ке темпираш денот да има дремка во авион, малку ке игра ке го прошеташ и сте стасале. Не е страшно. Во текот на денот таму ке си терате ред како дома со спиење, јадење и нема да имате мака. Имајте убав ден мајки
Добро утро и од мене. Да си се олеснам и јас Бебе за 2дена прави месец, мене некако баш ме стига уморот. Мм не му дадоа нит ден слободен од работа. Свекрва немам, свекор имам ама само фиктивно, апсолутно ништо не помогна во тековниов месец. Мајка ми два пати неделно доаѓа по некој саат ама и кога е тука јас не можсм често да спијам зошто бебе цица. Плус многгууу маки со цицањето имавме(и уште имаме, десно е болни само почна некако да фаќа едвај) . Многу ми се спие не знам како ќе ги гурам деновиве сама
Добро утро/ден ..бебе ми заспа..прва дремка јас пијам капучино во тишина во дневна седната до парното и гледам од прозорците како врне снегубава среда
Добро утро и од мене, емотивни теми сте отвориле ме разнежнивте сабајлево На темата за ќебенцата од бебе, еве јас баш ја замотав денес за од кола до влез на контрола на доктор во првото ќебенце што и го купив јас и едвај ја собра Ми порасна, со мм веќе девојче си ја викаме наместо бебе. Болничка беше ама еве скоро оправена, почнавме со плачки инхалации и стигнавме до смешки и седење весело дур инхалираме од вчера. Како да разбра дека е за нејзино добро дека и помага Кога стигна ова девојче да доручкува scrambled eggs со мене не ми се верува… Брзо ми поминаа овие 9.5 месеци со неа но среќа не ми се во магла. Читајќи многу на форумов и слушајќи други мајки стварно се трудев да го почувствувам секој момент со неа. Дури и оние со cluster feeding кога ми спиеше на цице, кога вриштеше од грчеви, кога не можев ни вода да земам да се напијам. Сочувствувам со тие што пишавте за постпородилна депресија, пресреќна сум што не ја искусив но можам да замислам само како ви било. И бидете горди што сте поминале од тој период и што сте останале свесни и посветени мајки за вашите бебенца. Никој не е крив за тој пресврт на хормони и некогаш е посилно од нас во некој период. На темата оставање во градинка, еве денес требаше да биде денот кога се враќам на работа. Не знам како ќе се осеќав да не ја донесевме оваа одлука со мм и она да беше сега во градинка а јас на работа. Си мислам дека стварно сум имала среќа што ја имав опцијата да останам уште некој месец со неа дома и да не се одделиме толку брзо, не секој можел вака. И еве размислувам сега како максимално да го искористиме ова време што ќе си го имаме двете додека тргнам на работа. Сакам повеќе да ја социјализирам, да ја мешам со дечиња да се навикне за во градинка ама со вирусиве тешко… Ајде може февруари ќе е подобар. Останете ми поздравени и уживајте во снежниов ден. Излезете малце надвор ако имате можност, подишете воздух дур е убаво
Добро утро и од мене, леле што убаво се разбудивме во бело Скопје Ние живееме најгоре и имаме поглед на цело Скопје со голема тераса, преубаво е сабајлево, се некако ми се чини успорено. И купив дуњи вчера, па сабајлево ги варем и цела дневна и трпезарија ми мириса на зима и компот. Се изнаручка сабајлево дуња и палента буцкарка мајкина И мојот ден за крај на породилното се приближува и ние со мм ми почнавме да зборуваме што ќе правиме. И двајцата се согласивме дека не сакаме да ја запишеме во градинка барем до септември ако не и јануари. Ќе видиме како ќе биде. Јас сум малце на сто ума што да правам, имам опции милион, маж ми вика да не се враќам на работа и да си го изуживам летото со ќерка ми по плажи јас не знам што да одлучам, имам и свој бизнис имам и плус одговорна позиција во бизнис што имам удел и двете работи си ги сакам многу, ама некако се повеќе си мислам дека имам време од наредна година за се тоа. Мојот бизнис си го работам веќе од октомври се вратив, од дома ми е работата и оваа година сакам да засилам со активности секако, ама работното место што ми е надвор од дома бара ептен посветеност, мн состаноци, клиенти, медиуми итн и не знам дали ја имам силата да се вратам скроз сеуште си викам има време ќе ми дојде одлуката кога ќе дојде време, животот знае најдобро, мождс ќе прифатам некој формат на работа поинаков од претходно ќе видам, само да ми е жива и здрава мојата среќичка се друго уверена сум дека ќе се намести како треба! Од друга страна мн сум среќна што имам маж што воопшто не ме форсира за работа, што е до него јас цел живот може да го поминам на фризер и маникир со ќерка ми ама јас ич не сум таков човек, мн ми значи активноста умствена, настани, луѓе, доедукација а се тоа сега го немам… а вероватно не треба ни да го имам си лежам до ќерка во спална и си ја гледам како ми расте и ми ја полни душата со најубави моменти… убав ден мајки
Мајки ми треба совет од вас.Викендов требаше да идеме на прв роденден кај блиски во ресторан.Знаете дека ја малце забегував со уплавот од грипов ама јбг си викав цело време нема да биде ништо.Другарка што е исто поканета е веќе болна неколку недели од грипот,сега дознав.Ми вика се надевала ќе оздрави за да иде.Уште толку шубе ми се направи,и да не е она некој друг ќе е .Знам дека не можам се во страв да живеам ама сега и кога знам не ми се носи бебуш.Дали да идеме ние сами без бебуш или ич да не идеме.Неам веќе памет ,два месеци не мрдаме во затворени простории молови од страв. Бебуш го изнесов денес да го осети прво снекче,ми се наполни душа,сонував за овие моменти.Штета мм мораше на работа и кога ќе дојде нема да може дс искочи со него али ја си ја наполнив душата
На темава за градинка срце ме боли. Редовно треба да се вратам следен месец ,бебе не јаде каши количински само цице сака и супер напредува но како ќе седи гладна 9 + часа во градинка? На која локација ќе ме стават. Немам ни официјално дека е примена. Сакам неплатен ,само калкулирам и ништо... Еден месец доволно ли ќе е ,ќе има ли промена. За три финансиски дали ќе се издржи на страна што за одмор сигурно ќе нема. Големата на година и нешто почна и тоа само до пладне првите месеци (со баба и беше ) а сега на 8 м да ја оставам.. Ми се седнува и ми се вришти онака прозорите да попукаат. Сериозно минимум 1 г треба да е породилново. Инаку на снегов ќефој големата ,,прва" стана сабајле. Мамааа дојди да видиш што се случува. Па бевме трите надвор ги насликав ,скокаше ,лазеше. Колку и да не ја сакам зимава само за нејзин ќеф излегов. А бебпка па кога ја внесов дома плачеше Заборавив да јадам сабајлево ,отидов да направам нешто
Јас од 02.02 се враќам на работа здравје. Бебка не ја пуштам во градинка, не планирам пред 2год да тргне. До тогаш ќе ја чува дадилка дома кај нас, истата што ми го чуваше и синко. Почна да доаѓа жената, ама сепарациска кај бебка е пуштена на најјако и само кај мене сака, во никој друг не оди, инаку плаче, вришти. Не беше така залепена за мене, ја имам оставено со свекорите за свадби, именден, Нова Година, не правела проблем. Сега ниту кај нив не сака да оди ни кај мм ако јас сум во собата. Како ќе се навикне со дадилката стварно сум загрижена.
Прекрасен е Мадрид, да одите, мн подобро со бебе во авион отколку со тодлер супер кажа @Carolin. битно да му го почитувате редот на јадење и спиење таму, се ќе биде добро. Земете си кенгур, Мадрид е доста ридест град и не е најзгодно сегде со количка како La latina тие делови, ама зависи што сакате да правите ќе си се спремате.
Синоќа му зборев на мм, колку ми е жал што не уживав во тие денови со неа, што бев под стрес, напната, маки со доење, коментари од страна. Депресија на најјако, уште сум така, ама понекогаш. Со мм за среќа не пукна развод тогаш мислам дека очи ќе си извадевме. На тема градинка ич не знам што ќе правам денес ќе седнеме со мм да размислиме која би била најдобра опција. Денес направи 5 месеци, како големо бебе веќе ја гледам некако Огромна љубов е ова
И да не е другарката, маж ти оди на работа и може секаков грип, вирус да донесе. Ајде опушти ги мислите и размислувај каква промена ќе имаш. Ќе искочиш, ќе направиш муабет со луѓе. Ајде направи чекор и опушти се. Сите се плашиме од грипови, вируси, ама затворени дома…
И 1година да ни дадат пак ќе е малце. Има во некои земји можност до 3г како Унгарија, ама далеку сме да сонуваме. И јас рано го пуштив на 10м ама па мене ми јадеше, не знам зошто ја држиш толку на доење не е новороденче. Одбивај ја полека, намалувај за да може да јаде храна и треба, во градинка стварно е грев да седи толку мала гладна ќе им плаче ќе ти се јавуваат. Имај во предвид дека секако ќе си често на боледувања, по мене е нон сенс да зимаш неплатено да седиш дома ништо нема да постигнеш. Нека тргне, ќе видиш ќе отиде 2нед па дома ќе сте 2 недели. Таман за 2-3 месеци ќе ти е адаптирано. Јас бар така размислувам, веќе ако можностите се тие...
Сте отвориле тема за враќање на работа... јас кога ќе помислам на тоа дека треба да го пуштам пак бебето на 9 месеци во градинка ми се стега желудникот... и првата ја пуштив на неполни 9 месеци, исто ќе биде и сега... дефинитивно породилново треба барем една година да трае... ама тоа е што е. Свекрва ми е сега во пензија, за големата не беше, но она не сака да чува внуци, а и искрено кога ќе размислам подобро е во градинка да оди, јас исто имам мој бизнис, ама морам да се вратам, единствено што ме теши е дека ќе бидам полабава за зимање денови кога ќе треба за разлика од првата ќерка кога бев вработена, па секое разболување беше хорор... Не ми се верува кога поминаа 5 месеци, ова породилно навистина го уживам максимално, со првата бев некако јас понервозна и она беше плачливо бебе, буквално едвај чекав да дојде маж ми од работа, сега му викам на маж ми абе можам 24/7 сама да бидам со бебево и никој не ми треба, дали јас сум сега полабава дека второ или така ми се погоди бебето не знам. На друга тема, почнавме со вкусови, и дадов прво јаболче, абе не сака ни една лажичка да голтне само ми плука ќе пробам утре со нешто друго па ќе видиме како ќе биде.
Јас 2мес бебе (полно е козле)во грипот и вирусите не би носела, да е надвор на отворено на топло да ама вака не знам зошто би го мачеле по ладново... Додуша би одел маж ми на 1-2 часа, не би го ни оставала на чување, реално секој ќе те разбере имаш мало бебе. Ај да е поголемо да ама ова да врисне ќе зајде од плачење дури си дојдеш..
Ние минатиот викенд бевме поканети на роденден и спремни да одиме со одбран подарок, спакуван, внукава од братучетка на маж ми, 18год прави прво внуче во семејството им е девојка цела стана јас дека сум со маж ми 11години од детенце ја гледам како расте и стварно ја сакам ептен. Не сум многу потресена за неискачање сегде ја носиме нашава ама некако како да ми удри нешто во глава викам јави се претходниот ден бе да видиме спремни ли се за роденден. Се јавува маж ми на мајка и / негова братучетка и вика аааа спремни сме спремниии / она малце одмара денес за утре да може да издржи преку ден со гости на ручек со вас па вечерта ќе искача со друштвото нели а некако омалаксана е сабајле со температура се разбуди ама до утре ќе е како нова - роденден 18ти мора да оздраве и се смее маж ми на спикер ја имаше ставено дека нешто готвеше во кујна додека збореше ја со детево на маса ја ранам и слушам маж ми ме погледнува и вика аааа епа добро убаво да поминете ние наредна недела ќе дојдеме кога ќе оздраве скроз пошто 7месеци е нашава девојка и онака мртва ладна ако бе кога сакате, врата е отворена ве чекаме кога ќе можете не и ни текна што и збори маж ми Не се потресувам ама ако знам дека некој е болен не ја пикам со тие луѓе - откажувам
Јас не би одела и не би ја носела. Периодов и Барем уште неколку недели избегнувам слави, родендени, имендени и слично. Видов како е бебе полно со шлајм две недели што не може да дише и повраќа шлајм секој ден (среќа полошо не беше) и доволно ми е да решам да поседам дома уште некое време. Не е дека сме затворени, излегуваме од дома ама не одам на прослави и собиранки со мн луѓе.
Ќе ја тагнам и @Stone, се согласувам со пишаново на Маријанче. Еве јас имам бебе што повраќа шлајм и до вчера едвај дишеше и не е лесно стварно… Пишував баш вчера, мојава во лифт се разболе од една што и се изнакашла, нема од каде друго не сум ја мешала на затворено со болни. Едно е да не знаеш дали има некој болен и да се надеваш дека нема ама па мешање со некои што знаеме дека се болни од мене НЕ. Ти треба излегување од дома и на тебе и бебе дефинитивно но не по секоја цена, шеткајте сами по снег тоа секако ќе ви годи
Па тие се можностите зошто сум во заедница со свекрвата која не е баш ок за да оставам бебе но нема ни да прифати друга жена да доаѓа а и кога веќе би плаќала жена наместо неа да и давам пари ќе си седам јас дома... Не дека јас не давам да јаде ,не сака затвора уста се бутка бега не можам со сила да дадам. Пробав и да не и дадам да цица и не е проблем нема да цица нема ни да јаде и така си е до вечерта. Пробав во секоја каша молзено ништо ,единствено каснува нешто ако е парчиња па сама да си ги јаде ама така не знам таму дали ќе и дадат... знам по ,,шема " му е како за сите така и за неа. Околу мене ми викаат таму ќе јаде бидејќи ќе гледа дека јас не сум... А ова со неплатен па некакко пораат ќе сум не знам ,хаос сум како шо кажав ми иде да викам прозори да попукаат. Инаку друго е од сите аспекти на годинка. Некои веќе проодуваат а и да не прооделе поподвижни се. И јадат повеќе и сепарациската што е околку 8 ми месец е потпомината и многу работи се различни. А до 3 е идеално ама сама кажа само на сонување можда.